Заштита на податоци. Банката и Корисникот се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со платежната сметка, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не се договорат. Податоците за состојбата и промените на платежната сметка на Корисникот се банкарска тајна и банката може да ги открие само со согласност на Корисникот, односно во случаи предвидени со Законот за банките и други законски прописи. Со потпишувањето на Договорот, Корисникот изрично се согласува банката да ги преземе сите дејствија поврзани со обработка и размената на податоци кои произлегуваат од Договорот, а кои се собрани во согласност со правото на банката да собира, складира, евидентира, организира податоци заради извршување на своите активности. Воедно, Корисникот се согласува собраните податоци банката да ги обработува за целите на спречување перење пари и финансирање на тероризам, заради спроведување на обврските од регулативата FATCA (Законот за даночна усогласеност по странски сметки), обработка со цел откривање и истражување на измама и злоупотреба на плаќање.
Appears in 8 contracts
Samples: Општи Услови За Платежна Сметка И Платежни Услуги, Општи Услови За Платежна Сметка И Платежни Услуги, Општи Услови За Платежна Сметка И Платежни Услуги
Заштита на податоци. Банката и Корисникот се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со платежната сметка, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не се договорат. Податоците за состојбата и промените на платежната сметка на Корисникот се банкарска тајна и банката Банката може да ги открие само со согласност на Корисникот, односно во случаи предвидени со Законот за банките и други законски прописи. Со потпишувањето на Договорот, Корисникот изрично се согласува банката Банката да ги преземе сите дејствија поврзани со обработка и размената на податоци кои произлегуваат од Договорот, а кои се собрани во согласност со правото на банката Банката да собира, складира, евидентира, организира податоци заради извршување на своите активности. Воедно, Корисникот се согласува собраните податоци банката Банката да ги обработува за целите на спречување перење пари и финансирање на тероризам, заради спроведување на обврските од регулативата FATCA (Законот за даночна усогласеност по странски сметки), обработка со цел откривање и истражување на измама и злоупотреба на плаќање.
Appears in 1 contract