Право на приговор Примери за клаузули

Право на приговор. Кога ги обработуваме Вашите податоци врз основа на легитимен интерес за маркетинг цели, вклучително и профилирање, може да се спротивставите на таквата обработка во секое време. Вие имате право да побарате да обработуваме само лични податоци кои се строго неопходни за примена на методи за обработка на лични податоци со кои поединецот се согласи, или дека ние ги обработуваме во согласност со важечкото законодавство.
Право на приговор. 9.1. Претплатникот има право до Операторот да поднесе Приговор во врска со обезбедувањето на услугите, Приговор на износот со кој е задолжен за обезбедената услуга, Приговор за квалитетот на обезбедената услуга, како и Приговор поради повреда на одредбите од склучениот Договор за приклучок и користење на јавна комуникациска мрежа и/или јавно достапни електронски комуникациски услуги во согласност со Закон. 9.2. Приговорот се поднесува во писмена или електронска форма во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата, односно од денот на настанатата повреда, предмет на приговорот. 9.3. Доставата на Приговор и одговор на Ориговор се врши на еден од следниве начини: – со предавање лично од Претплатникот во официјалните продажни места на Операторот и од страна на Операторот лично на Претплатникот; – по пошта со препорачана пратка; – по електронски пат на емаил адреса info@mtel.mk; 9.4. Операторот е должен да одговори по однос на вложениот Приговор во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на истиот. 9.5. Доколку Операторот не постапи по Приговорот во утврдениот рок, Претплатникот има право до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да достави Барање за решавање на спор во рок од 35 (триесет и пет) дена од денот на поднесувањето на Приговорот до Операторот. 9.6. Доколку Претплатникот не е задоволен од одговорот на Приговорот има право во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред АЕК. 9.7. Претплатникот може да добие остварување на своите права со повикување на бесплатниот телефонски број 190 на контакт центарот на АЕК. 9.8. Во случај на поднесување на Приговор во врска со износот на сметката, сѐ до донесување на конечна одлука од страна на АЕК, Претплатникот е должен да го плати износот на месечната претплата во рокот определен во сметката.
Право на приговор. Доколку смета дека е оправдано во однос на посебната ситуација во која се наоѓа, лицето на кое се однесуваат податоците има право во секој момент да поднесе приговор до Порше Лизинг ДООЕЛ Скопје за обработката на неговите лични податоци. Контролорот е должен да прекине со обработката на податоците за лицето што поднело приговор, освен ако даде на знаење дека постојат законски причини за обработка кои се над интересите, правата или слободите на лицето на кое се однесуваат тие податоци или се во врска со поднесувањето, остварувањето или одбраната на правно барање. Лицето на кое се однесуваат податоците има право во секое време да поднесе приговор за обработката на неговите лични податоци кои се обработуваат за потребите на директно рекламирање, вклучувајќи и креирање профил, во мерка во која тоа е поврзано со директното рекламирање. Ако лицето на кое се однесуваат податоците поднесе приговор за обработката за потребите од директно рекламирање, личните податоци повеќе нема да може да обработуваат за такви цели.
Право на приговор. Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат во поглед на видот и обемот на последиците на осигурениот случај, осигуреникот може да поднесе приговор до Второстепената комисија за решавање на штети кај Осигурувачот.
Право на приговор. 8.1. Комисии за преиспитување на оцената Член 153 Овластеното службено лице кое не е задоволно од оцената, може во рок од осум дена од денот на известувањето за извршеното оценување, да поднесе приговор до комисиите за преиспитување на оцената, што ги формира министерот. Комисиите од ставот 1 на овој член се формираат во Министерството - за преиспитување на оцената за овластени службени лица во организациските единици кои вршат работи за потребите на Министерството; во Бирото - за преиспитување на оцената за овластени службени лица во организациските единици во Бирото и во Управата - за преиспитување на оцената за овластени службени лица во организациските единици во Управата. Комисиите се составени од претседател, двајца членови и нивни заменици, од кои еден член и заменик се претставници на Синдикатот, со мандат од четири години, со право на реизбор. Во работата на комисијата учествува и секретар - записничар, без право на глас. Член 154 Приговорот од членот 153 од овој колективен договор ги содржи следните податоци: - Член 155 Комисијата за преиспитување на оцената по приемот на приговорот од членот 153 од овој колективен договор, приговорот со приложените документи го доставува до овластеното службено лице кое го извршило оценувањето - оценувачот, на одговор. Одговорот по приговорот од ставот 1 на овој член, оценувачот го доставува до комисијата во рок од пет работни дена. Во одговорот на приговорот, оценувачот може да се изјасни за наводите во приговорот и да предложи докази. Доколку оценувачот го оспорува приговорот во целост, должен е да ги наведе фактите врз кои ги заснова своите наводи и евентуалните докази со кои се утврдуваат тие факти. Член 156 Комисијата за приспитување на оцената работи на расправа. Расправата ја свикува и со неа раководи претседателот на комисијата. За расправата по оценка на комисијата може да се повикаат подносителот на приговорот, оценувачот и други лица. Член 157 На расправата претседателот на комисијата утврдува дали се присутни сите повикани лица и започнува со утврдување на фактичката состојба, преку читање на приговорот, одговорот на приговорот и изведување на предложените усни односно писмени докази. Член 158 За текот на расправата, комисијата за преиспитување на оцената води записник. Записникот од ставот 1 на овој член содржи: - состав на комисијата; - датум и место на одржување на расправата; - присутни лица на расправата; - број и датум на приговорот; - број и датум на одговорот на приговорот; - податоци за подн...
Право на приговор. Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на Друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на Друштвото.
Право на приговор. Договарачот, осигуреникот или корисникот на осигурувањето можат да достават приговор до Комисијата за доброволни осигурувања формирана кај осигурувачот. Договарачот, осигуреникот или корисникот на осигурувањето по извршено постапување од претходниот став, можат да достават приговор во однос на осигурувачот до Агенција за супервизија на осигурување, како орган надлежен за супервизија на друштвата за осигурување.

Related to Право на приговор

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.