Измама и корупција Примери за клаузули

Измама и корупција. (Текстот во овој додаток нема да се менува)
Измама и корупција. Во случај Купувачот да утврди дека Добавувачот и/или било кој од неговиот персонал, агенти, под-договарачи, консултанти, обезбедувачи на услуги или вработени се вклучени во корупциски, измамнички, противзаконски, присилни или недозволени активности (кои се дефинирани во постоечките правила и процедури, во делот на санкции на Светска Xxxxx), заради склучување или извршување на Договорот, Купувачот може во рок од 14 дена да го раскине потпишаниот договор со добавувачот, согласно точка 3 од овој договор.
Измама и корупција. Ако Работодавачот утврди дека Изведувачот и/или било кој од неговите вработени, или претставници или подизведувачи, под-консултанти, вршители на услуги, добавувачи и / или нивните вработени се дел од постапки на корупција, измама, тајни, принудни или опструктивни постапки при процесот на тендерската постапка за добивање на договорот или при неговото извршување, тогаш Работодавачот има право да го раскине Договорот во рок од 14 дена откако ќе достави писмено известување до Изведувачот и да го побара да се отстрани Изведувачот од локацијата при што ќе важат одредбите од точка 4 доколку оваа точка е применлива.
Измама и корупција. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе ги преземе сите потребни чекори, во согласност со добрата работна практика за спречување на било која недозволена активност од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ (вклучувајќи ги неговите акционери, членови, директори и вработени) односно од страна на испорачувачите, застапниците, подизведувачите односно нивните вработени на ИЗВЕДУВАЧОТ во врска со приемот на пари од КУПУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ веднаш ќе го извести КУПУВАЧОТ ако има причина за сомневање дека настанала или настанува или има веројатност да настане измама. ИЗВЕДУВАЧОТ нема да понуди или да даде или да се согласи да даде, на било кој вработен, застапник, службеник или претставник на КУПУВАЧОТ било кој подарок, провизија или друг надоместок од било кој вид како поттик или награда за вршење, воздржување од вршење, или за она што е извршено или воздржано од извршување, на било кој чин во однос на добивање или потпишување на било кој ДОГОВОР или било која(кои) спогодба(и) со КУПУВАЧОТ, или за покажување или воздржување од покажување на наклоност или ненаклоност спрема било кое лице во однос на ДОГОВОР или било која(кои) друга(и) спогодба(и) со КУПУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ гарантира дека не платил провизија, ниту се согласил да плати провизија на било кој вработен, застапник, службеник или претставник на КУПУВАЧОТ во врска со било кој ДОГОВОР или било кој(а) друга(и) спогодба(и) со КУПУВАЧОТ. Онаму каде што ИЗВЕДУВАЧОТ или вработените, службениците, подизведувачите, испорачувачите или застапниците на ИЗВЕДУВАЧОТ или било кој кој настапува во име на ИЗВЕДУВАЧОТ се впушти во однесување забрането со горе наведените одредби во однос на било кој ДОГОВОР или било кој(а) друга(и) спогодба(и) со КУПУВАЧОТ, КУПУВАЧОТ има право: