Изјава за сериозност на понуда Примери за клаузули

Изјава за сериозност на понуда. Во прилог на понудата, понудувачот задолжително доставува потпишана Изјава за сериозност на понудата согласно член 101 од Законот за јавните набавки, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Изјавата за сериозност на понудата се доставува заедно со понудата и истата ќе биде активирана доколку понудувачот: • ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, • не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, • не го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда, или • не ја обезбеди гаранцијата за квалитетно извршување на договорот. Со Изјавата за сериозност на понудата, понудувачот изјавува дека нема да ги преземе наведените дејствија. Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, Договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно со став 7 од член 101 од Законот за јавните набавки. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата. Негативната референца договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапка. Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, Договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно член 101 став 7 од Законот за јавните набавки. За ситуациите од алинеите 1 и 2 од поточка 4.1.2, предлогот за издавање негативна референца се содржи во извештајот за спроведена постапка. За ситуациите од алинеите 3 и 4 од поточка 4.1.2, предлогот за издавање негативна референца до одговорното лице на договорниот орган го поднесува лицето или организацискиот облик за јавни набавки.
Изјава за сериозност на понуда. Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата (Прилог бр.2), при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Со изјавата за сериозност на понудата, понудувачот изјавува дека нема да ги преземе дејствијата од ставот (6) на член 101 од Законот за јавните набавки (Сл.Весник. 24/2019). Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно со ставот (7) на истиот член. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата. Негативната референца договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

Related to Изјава за сериозност на понуда

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.