ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ Примери за клаузули

ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. (комуникација помеѓу работодавачот и синдикатот) Работодавачот обезбедува задолжително редовно и навремено информирање на работниците за деловните и развојните решенија од влијание на економската и социјалната положба на работниците, а особено за: − годишни и повеќегодишни планови за развој; − организациски промени; − одлуки со кои се уредуваат правата од работен однос на работниците; − годишни деловни резултати; − други значајни деловни и развојни решенија; − други прашања од заеднички интерес. Информирањето се врши писмено, а за одредени работи и усно и може да се врши, преку гласило, билтен, на состаноци и на друг начин утврден од страна на работодавачот или со колективен договор на ниво на работодавач.
ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 99 Министерството обезбедува информирање на работниците најмалку еднаш годишно или по потреба, за прашања од значење за нивната економска и социјална положба. Информирањето се врши на начин соодветен на информацијата што треба да се пренесе и може да се однесува за сите или за определена група вработени, по нивно барање. Информирањето може да биде писмено, усно, по електронски пат, на огласна табла, преку надлежен работник, преку овластен претставник на Синдикатот или на друг начин, во зависност од информацијата која се пренесува.
ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 100
ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ за: Работодавачот обезбедува редовно и навремено информирање на работниците -годишна програма за работа и годишни финансиски извештаи; -значајни решенија што влијаат на економската и социјалната положба на работниците; -нацрти, односно предлози на акти со кои се уредуваат одредени прашања од областа на работните односи во детската градинка и детското одморалиште; -организациски промени; -спроведување на мерките и прописите за заштитата на работа и работната средина; -платите, придонесите на плати и додатоците на плата и другите примања на работникот и -користење на средствата од донации, спонзорства и од средствата добиени од сопствени приходи. Начинот и формите на информирање на работниците се врши писмено, за одредени работи и усно, преку огласна табла и други средства за информирање.
ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 83 Работодавачот обезбедува задолжително редовно и навремено информирање на работниците за деловните и развојните решенија од влијание на економската и социјалната положба на работниците, а особено за: - годишни и повеќегодишни планови за развој; - организациски промени; - одлуки со кои се уредуваат правата од работен однос на работниците; - годишни деловни резултати; - други значајни деловни и развојни решенија x - други прашања од заеднички интерес. Информирањето се врши писмено, а за одредени работи и усно, преку гласило, билтен, инфо-интерн, на состаноци и на друг начин утврден од страна на работодавачот или со колективен договор на ниво на работодавач.
ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 54 Работодавачот обезбедува редовно и навремено информирање на работниците за: - годишна програма за работа и годишни финансиски извештаи; - значајни решенија што влијаат на економската и социјалната положба на работниците; - нацрти, односно предлози на акти со кои се уредуваат одредени прашања од областа на работните односи во детската градинка и детското одморалиште; - организациски промени; - спроведување на мерките и прописите за заштитата на работа и работната средина; - платите, придонесите на плати и додатоците на плата и другите примања на работникот и - користење на средствата од донации, спонзорства и од средствата добиени од сопствени приходи. Начинот и формите на информирање на работниците се врши писмено, за одредени работи и усно, преку огласна табла и други средства за информирање.
ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 59 Работодавецот е должен редовно и навремено да ги информира работниците за: - програми за работа, - позначајните решенија што влијаат на економската и социјалнаа положба на работниците, сл., - инвестициони вложувања од приходи на установата и од донации, спонзорства x - нацртите односно предлозите на акти со кои се утврдуваат одредени прашања од областа на работните односи, организациони промени и заштита на работа и на работната средина, - годишните финансиски планови и завршната сметка, - платите, надоместоците и другите примања, - спроведувањето на мерките и прописите за заштита на работа и на работната средина. Информирањето го врши во рок од 3 дена од донесувањето на актите. Формите на информирање на работниците се вршат согласно Статутот на НУУБиблиотека „Xxxx Xxxxxx“-Штип, (член 38).
ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 86 Работоводниот орган на претпријатието е должен редовно и навреме да ги информира работниците и Синдикатот за: - годишни и повеќегодишни планови за развој; - позначајни деловни и развојни решенија што влијаат на економската и социјалната положба на работниците; - организациони промени во претпријатието; - годишни деловни резултати; - нацртите, односно предлозите на акти и одлуки со кои согласно Колективниот договор на претпријатието, се уредуваат правата и положбата на работниците; - платите, надоместоците и други примања и станбени прашања, согласно Колективни- от договор на јавното претпријатие. Информациите од претходниот став работоводниот орган ги дава пред органот на управување, преку весниците на претпријатието и на други начини. За информирање на работниците во претпријатието постојат весници, билтени, соопштенија и други видови на информирање.

Related to ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Правниекономскифинансиски И Технички Информации IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда:Да IV.1.2)Гаранција на понудата:Не IV.1.3)Изјава за сериозност:Да IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [5,00%] IV.1.5)Авансно плаќање:Не IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина: