Обврски на претплатникот, кога Македонски Телеком се јавува како оператор давател. Претплатникот треба да е согласен дека претплатничкиот договор склучен со Македонски Телеком се раскинува поради остварување на правото на претплатникот за пренесување на број. За таа цел, претплатникот потпишува барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број кое го поднесува до операторот примател. Претплатничкиот договор со Македонски Телеком се раскинува со моментот на фактичкото пренесување на бројот. По пренесувањето на бројот, претплатникот е обврзан да ги подмири сите обврски за раскинување на претплатничкиот договор кон Македонски Телеком, кои ги имал до моментот на фактичко пренесување на бројот. Претплатникот може да поднесе барање за пренесување на еден, повеќе или сите броеви вклучени во претплатничкиот договор. Претплатникот има право повторно да го пренесе пренесениот број на кој било друг оператор, вклучително на Македонски Телеком и на кој било претходен оператор по истекот на 30 дена од денот на започнувањето на услугата по претходното пренесување.
Appears in 4 contracts
Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос