ОПШТИ ДОГОВОРНИ ОДРЕДБИ Примери за клаузули

ОПШТИ ДОГОВОРНИ ОДРЕДБИ. Член 1 Со овој рамковен договор за платежни услуги се уредуваат правата и обврските надавателот на платежни услуги и на корисникот на платежни услуги во однос на: ▪ условите за отворање, водење и затворање на платежни сметки (редовна и сметка со основни функции, сметка со основни функции за посебни категории на клиенти); ▪ внесување и повлекување на готовина на и од платежните сметки; ▪ издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции; ▪ извршување на платежни трансакции (пренос на парични средства на платежна сметка кај давателот на платежни услуги на корисникот на платежни услуги или кајдруг давател на платежни услуги); ▪ извршувањето на поединечни и/или последователни платежни трансакции; ▪ извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози за потрошувачи и правни лица; ▪ извршување на платежни трансакции кај кои што паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги; ▪ парични дознаки; ▪ издавањето на дебитна платежна картичка поврзана со платежна сметка и извршување на платежни трансакции со истата; ▪ условите за користење на електронско и мобилно банкарство и извршувањето наплатежни трансакции преку овие канали; ▪ извршување на директни задолжувања, вклучувајќи еднократни директни задолжувања. Член 2 Со склучување на рамковниот договор, давателот на платежни услуги може да му отвори една или повеќе платежни сметки на корисникот на платежни услуги и во различни валути, без разлика на нивните карактеристики или намена како и да му ги овозможи сите останати платежни услуги цитирани во член 1 согласно поднесеното барање за платежни услуги до давателот на платежни услуги од страна на корисникот на платежни услуги. Давателот на платежни услуги се обврзува на имателот на сметка да му отвори девизна и денарска платежна сметка врз основа на доставена уредна документација презентирана во оригинал или во фотокопија заверена на нотар со превод на македонски јазик на оригиналната документација, заверени од овластен преведувач. Давателот на платежни услуги задржува фотокопија од истата во согласност со законската регулатива и интерните акти. Член 3 Давателот на платежни услуги и корисникот на платежни услуги го склучуваат овој рамковен договор по поднесено барање за платежни услуги од страна на корисникот на платежни услуги. Корисникот на платежни услуги со потпишувањето на овој рамковен договор потврдува дека пред потпишувањето на Договорот на јасен и недвосмислен начин бил запознаен со содржината на Рамко...

Related to ОПШТИ ДОГОВОРНИ ОДРЕДБИ

  • ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:

  • ОПШТИ ОДРЕДБИ Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица - резиденти (во понатамошен текст: Рамковен договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи. Во рамки на овој Рамковен договор, Банката на барање на Корисникот може да отвoри една или повеќе платежни сметки во денари и/или во девизи (во понатамошен текст: платежна сметка) и/или може да овозможи користење на платежни услуги наведени во член 2 по отворена платежна сметка под услови и на начин утврдени во Општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) без склучување на посебни договори со Корисникот. Составен дел на овој Рамковен договор се следните документи (во понатамошен текст: Документација за рамковен договор): - Барање за отворање платежна сметка и други поединечни барања за користење на платежни услуги, - Општи услови, - Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопјe (во понатамошниот текст: Посебни општи услови) и други посебни општи услови за платежни услуги кои не се уредени со Општите услови , - Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица, - Извадок од важечката Одлука за Тарифата на надоместоци и провизии за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за Тарифа на надоместоци), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги, - Извадок од важечката Одлука за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за каматни стапки), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги. Со потпишување на овој Рамковен договор Xxxxxxxxxx потврдува дека бил информиран и запознаен пред склучување на истиот со неговата содржина, како и запознаен и согласен со придружната документацијата преку доставување на примерок од Документацијата за рамковен договор. Документацијата за рамковен договор е јавно објавена и достапна на веб страницата на Банката. На барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ја даде Документацијата за рамковен договор и во хартиена форма или на друг траен медиум. Корисникот е согласен со потпишување на Рамковниот договор Банката да врши промена во обемот и содржината на одделните видови на услуги и условите на деловна соработка регулирани со Рамковниот договор, Општите услови, Посебните општи услови, Одлуката за тарифата на надоместоци, Одлуката за каматни стапки, актите на Банката и останатите документи кои го регулираат работењето со платежната сметка и вршењето на платежните услуги, за што го известува Корисникот на начин утврден во Општи услови и Посебните општи услови.

  • Општи Информации Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.

  • ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа: - тендерската документација, - техничките спецификации, и - понудата на Носителот на набавката. За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.

  • Оглас Набавка на ХТЗ Опрема за потребите на ТППЕ во рамките на Општина Штип 35000000-4 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.700.000,00ден. Март Набавка на мебел за потребите на ОпштинаШтип 39100000-3 Стоки Набавки одмала вредност 600.000,00ден. Март Набавка на информатичка опрема за потребите на Општина Штип 30200000-1 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.000.000,00ден. Март Набавка на електрична енергија за потребитена Општина Штип 09310000-5 Стоки Отворенапостапка 16.000.000,00ден. Март Набавка на професионални правосмукалки 39700000-9 39200000-4 Стоки Набавки од мала вредност 300.000,00ден. Април Набавка на моторни бензини и дизел гориво за потребите на Општина Штип и ТППЕ во рамките на Општина Штип 09100000-0 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.000.000,00ден. Јуни Новогодишни украси за потребите наОпштина Штип 39295500-1 Стоки Набавки одмала вредност 300.000,00ден. Јули 79800000-2 Знамиња за потребите на Општина Штип 19000000-6 Стоки Набавки од мала вредност 270.000,00ден. Ноември 22000000-0 Набавка на батерија акомулатор за електрично возило во сопственост на Општина Штип 31400000-0 Стоки Набавки од мала вредност 150.000,00ден. Декември Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи V.2) Услови за доставување на понудите V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 10.05.2019 во 12:00 часот V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 04.05.2019 15:30 V.3) Период на важност на понудата: 90 денови V.4) Услови за отворање на понудите Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите 10.05.2019 во 12:00 Место: скопје V.5) Дополнителни информации V.6) Датум на објава: 26.03.2019

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Разлики во цена (корекција на цени) 7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.