ОСИГУРУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. (1) Министерството е должно да ги осигура работниците во Министерството за случај на смрт, телесно оштетување или губење на работната способност настанати како резултат на несреќа при работа. (2) Во постапката за подготовка на тендерот за избор на компанија за осигурување на работниците, учествува и МПС, во делот на утврдување на критериумите, основите и условите за осигурување на работниците. (1) Во случај на професионално психофизичко нарушување на здравјето на работниците утврдено од соодветна здравствена комисија, Министерството е должно да ги покрие сите трошоци настанати во врска со неговото лекување. (2) Под сите трошоци во смисла на став (1) на овој член се подразбираат трошоците за лично учество при користење на здравствени услуги во примарна, специјалистичко- консултативна и болничка здравствена заштита и надомест на патните тршоци ако работникот е упатен да користи здравствени услуги надвор од местото на живеење. (3) Надоместокот на трошоците за лично учество при користење на здравствени услуги го исплатува Министерството, во висина на платеното учество од страна на работникот. (4) Надоместокот на патните трошоци го исплатува Министерството, во висина на трошоците за превоз во јавниот сообраќај.
Appears in 2 contracts
Samples: Општи Колективен Договор, Collective Agreement
ОСИГУРУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. (1) Министерството е должно да ги осигура работниците во Министерството за случај на смрт, телесно оштетување или губење на работната способност настанати како резултат на несреќа при работа.
(2) Во постапката за подготовка на тендерот за избор на компанија за осигурување на работниците, учествува и МПССиндикатот, во делот на утврдување на критериумите, основите и условите за осигурување на работниците.
(1) Во случај на професионално психофизичко нарушување на здравјето на работниците утврдено од соодветна здравствена комисија, Министерството е должно да ги покрие сите трошоци настанати во врска со неговото лекување.
(2) Под сите трошоци во смисла на став (1) на овој член се подразбираат трошоците за лично учество при користење на здравствени услуги во примарна, специјалистичко- консултативна и болничка здравствена заштита и надомест на патните тршоци ако работникот е упатен да користи здравствени услуги надвор од местото на живеење.
(3) Надоместокот на трошоците за лично учество при користење на здравствени услуги го исплатува Министерството, во висина на платеното учество од страна на работникот.
(4) Надоместокот на патните трошоци го исплатува Министерството, во висина на трошоците за превоз во јавниот сообраќај.
Appears in 2 contracts
Samples: Collective Agreement, Collective Agreement