ПОЧЕТОК И ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Дополнителното осигурување од последици на несреќен случај со осигурување на живот според овие Посебни услови започнува од 00,00 часот од оној ден кој е означен во полисата како почеток на осигурување на живот, ако до тој ден е платена премијата според Посебните услови на осигурувачот, со кои се договора ова дополнително осигурување. 2. Ако осигурувањето по овие Дополнителни услови е обновено истовремено со осигурување на живот, обврската на осигурувачот почнува во 24:00 часот оној ден кога осигурувачот го потврдил прифаќањето на обновувањето на осигурувањето, ако до тој ден е уплатена договорената премија. 3. Ако осигурувањето по овие Услови е вклучено подоцна, обврската на осигурувачот почнува во 24:00 часот оној ден кога во додатокот на полисата е означен како почеток на осигурувањето, ако до тој ден е уплатена договорената премија. 4. Обврската на осигурувачот по овие Дополнителни услови престанува: (a) во 00:00 часот на денот кој во полисата е наведен како ден на истек на осигурувањето;
Appears in 4 contracts
Samples: Дополнителни Услови За Осигурување На Лица Од Последици На Несреќен Случај Со Осигурување На Живот, Дополнителни Услови За Осигурување На Лица Од Последици На Несреќен Случај, Дополнителни Услови За Осигурување На Лица Од Последици На Несреќен Случај Со Осигурување На Живот