Раскинување на договор на платежна сметка со основни функции. 1. Банката има право еднострано да го раскине Договорот доколку: - постои сомневање дека кориникот со намера ја користел платежната сметка со основни функции за незаконски цели; - Корисникот доставил неточни информации заради отворање на платежна сметка со основни функции, а врз основа на точните информации би немал право да отвори и користи платежна сметка со основни функции; - со платежната сметка со основни функции не е извршена платежна трансакција во непрекинат период од 24 месеци; - Корисникот повеќе нема законското престојувалиште или го загубил основот за законското престојувалиште според кој го имал правото на отворање и користење платежна сметка со основни функции, или - се утврди дека Корисникот по отворањето на платежната сметка со основни функции отворил кај друг давател на платежни услуги платежна сметка во денари. Едностраното раскинување на Договорот согласно со точка (1) алинеја 1 и 2 на овој член, стапува во сила веднаш. Доколку банката го раскине Договорот согласно со точка (1) алинеја 3,4 и 5 должна е за едностраното раскинување да го извести Кoрисникот без надоместок, писмено или по електронски пат најмалку два месеца пред раскинувањето на Договорот да стапи во сила, при што ќе ги наведе причините за раскинувањето, освен доколку наведувањето на причините е спротивно на целите на националната безбедност или јавниот интерес,со правна поука за правата на Корисникот. Банката во периодот од определениот рок од 2 (два) месеца може да се договори со Корисникот, статусот на постоечката платежна сметка со основни функции да се промени во платежна сметка, без истата да се затвори. Доколку при еднострано раскинување на Договорот има позитивно салдо на парични средства, износот на позитивното салдо се пренесува на евиденциска сметка со посебна намена кај давателот на платежните услуги при што не престанува правото на сопственост на корисникот над паричните средства, вклучувајќи ги подоблиците на правото на сопственост и другите права што произлегуваат од сопственоста.
Appears in 6 contracts
Samples: Општи Услови За Платежна Сметка И Платежни Услуги, Општи Услови За Платежна Сметка И Платежни Услуги, Општи Услови За Платежна Сметка И Платежни Услуги