ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.
Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти. 1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа: - тендерската документација, - техничките спецификации, и - понудата на Носителот на набавката. За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.
Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:
ОПШТИ ОДРЕДБИ Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица - резиденти (во понатамошен текст: Рамковен договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи. Во рамки на овој Рамковен договор, Банката на барање на Корисникот може да отвoри една или повеќе платежни сметки во денари и/или во девизи (во понатамошен текст: платежна сметка) и/или може да овозможи користење на платежни услуги наведени во член 2 по отворена платежна сметка под услови и на начин утврдени во Општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) без склучување на посебни договори со Корисникот. Составен дел на овој Рамковен договор се следните документи (во понатамошен текст: Документација за рамковен договор): - Барање за отворање платежна сметка и други поединечни барања за користење на платежни услуги, - Општи услови, - Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопјe (во понатамошниот текст: Посебни општи услови) и други посебни општи услови за платежни услуги кои не се уредени со Општите услови , - Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица, - Извадок од важечката Одлука за Тарифата на надоместоци и провизии за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за Тарифа на надоместоци), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги, - Извадок од важечката Одлука за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за каматни стапки), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги. Со потпишување на овој Рамковен договор Xxxxxxxxxx потврдува дека бил информиран и запознаен пред склучување на истиот со неговата содржина, како и запознаен и согласен со придружната документацијата преку доставување на примерок од Документацијата за рамковен договор. Документацијата за рамковен договор е јавно објавена и достапна на веб страницата на Банката. На барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ја даде Документацијата за рамковен договор и во хартиена форма или на друг траен медиум. Корисникот е согласен со потпишување на Рамковниот договор Банката да врши промена во обемот и содржината на одделните видови на услуги и условите на деловна соработка регулирани со Рамковниот договор, Општите услови, Посебните општи услови, Одлуката за тарифата на надоместоци, Одлуката за каматни стапки, актите на Банката и останатите документи кои го регулираат работењето со платежната сметка и вршењето на платежните услуги, за што го известува Корисникот на начин утврден во Општи услови и Посебните општи услови.
Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган I.1.1) Назив на договорниот орган: Народна банка на Република Македонија I.1.2) Адреса: Xxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxx бр.1 I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000 I.1.4) Интернет адреса: I.1.5) Лице за контакт: Xxxx Xxxxxxxxx Адреса на е- пошта: xxxxxxxxxx@xxxx.xx Телефон/Факс: ++000 0 0000 000/ I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат На горната адреса I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 4 став 1 алинеја б) од Законот - Општи јавни услуги II.1) Предмет на договорот за јавна набавка: УСЛУГИ ЗА СЕРВИСРАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И ГОДИШНА ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА НА ЛИФТОВИТЕ II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 1.500.000,00 II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга број: 1 Услуги за одржување и поправка Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Народна банка на Република Македонија со седиште на бул. „Кузман Xxxxxxxxxx Xxxx’ бр. 1 Скопје II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не II.5) Групна набавка: Не II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: е даден во тендерската документација II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Не II.8) Дали предметот на набавката е делив: Да Дел број Опис на делот за набавка
Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.