Сметководство Примери за клаузули

Сметководство. Сите трошоци треба да се поврзани со одредена буџетска линија. Не смее да се надмине вкупната сума на буџетот. Примателот на грантот ќе набавува стоки и услуги по цена која не е повисока од вообичаената или стандардната цена на пазарот. Примателот на грантот ќе ги користи и достапните рабати, попусти или слични намалувања и ќе ги вметне во сметководствените документи. На Давателот на грантот треба да му се поднесат копии на сите документи (фактури, сметкопотврди, документи за изземања од ДДВ, временски листови за работен ангажман на вработени (timesheets), банкови изводи, патни налози, кои служат како доказ. Документите треба да се достават со кратко образложение на содржината на англиски јазик. Во фактурите мора да бидат прикажани најмалку следниве елементи: продавач (име, адреса, регистраски број) купец (име, адреса, регистарски број) датум на набавка зборот “фактура” број/количина и цена на купената стока/услуга xxxxxxx опис на стоката/услугата/работата потврда за плаќање / сметкопотврда Фактура назначена со името на проектот (генерирана од УЈП) ДДВ (Данок на Додадена Вредност) не е оправдан. Плаќањата треба да се вршат преку банкова сметка. Треба да се избегнуваат готовинските плаќања.Тие се прифатливи единствено во случај кога банковите трансфери не се можни. Доказот за плаќање (дадениот банков извод во случај на баков трансфер) треба да се приложи кон секоја фактура/сметка. Секоја одобрена активност поврзана со патување треба да ги исполни следниве услови: патен налог потпишан од одговорното лице за малиот проект и лицето кое патува треба да се поднесе заедно со наративен и финансиски извештај. Дневниците, ако ги има предвидено во буџетот, ќе се исплаќаат согласно со висината за исплата на дневници во земјата . Доказот за патните трошоци мора да се поднесе во форма на копии од карти или други документи кои ги прикажуваат патните трошоци. Ако се користат возила на Примателот на грантот за обезбедување на локален транспорт во рамки на одобрените активности, треба да се наплатат реалните трошоци. Мора да се води дневник за возилото со следниве документирани информации: колку километри се поминати, целната дестинација, датум и цел на патувањето, поминати километри, име на возачот како и количина и датум на полнење на гориво. Овој дневник треба да се документира и прикаже во извештаите. Пример на дневник за возило е прикажан во Анекс E.
Сметководство 

Related to Сметководство

  • Право на учество 1.9.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество. 1.9.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка. 1.9.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката. 1.9.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот. 1.9.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи. 1.9.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор: 1.9.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган I.1.1) Назив на договорниот орган: Народна банка на Република Македонија I.1.2) Адреса: Xxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxx бр.1 I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000 I.1.4) Интернет адреса: I.1.5) Лице за контакт: Xxxx Xxxxxxxxx Адреса на е- пошта: xxxxxxxxxx@xxxx.xx Телефон/Факс: ++000 0 0000 000/ I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат На горната адреса I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 4 став 1 алинеја б) од Законот - Општи јавни услуги II.1) Предмет на договорот за јавна набавка: УСЛУГИ ЗА СЕРВИСРАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И ГОДИШНА ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА НА ЛИФТОВИТЕ II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 1.500.000,00 II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга број: 1 Услуги за одржување и поправка Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Народна банка на Република Македонија со седиште на бул. „Кузман Xxxxxxxxxx Xxxx’ бр. 1 Скопје II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не II.5) Групна набавка: Не II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: е даден во тендерската документација II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Не II.8) Дали предметот на набавката е делив: Да Дел број Опис на делот за набавка

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • ВИША СИЛА Ниту една од договорните страни не одговара и нема да биде одговорна за неисполнување на обврските по овој Договор до кое би дошло поради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена поради Виша сила, должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ. По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган. 2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите. - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. 2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган. 2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи. 2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. 2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.