ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ Примери за клаузули

ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ. Значи било кои и сите патенти, модели на користење, права на дизајн, авторски права (вклучувајќи било кои права на компјутерски софтвер и програма) права на база на податоци или права на топографија (без оглед дали истите се регистрирани или не и вклучувајќи пријави за регистрација на било која таква работа) и било кои права или форми на заштита од слична природа или кои имаат сличен ефект врз било кои од оние кои можат да постојат било каде во светот.
ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ. (1) Кога работникот во својата работа, при исполнување на своите работни обврски или по упатство на работодавачот, ќе создаде дело од интелектуална сопственост (авторско дело, објект на сродно право, патентабилен пронајдок, топографија на интегрално коло, нова растителна сорта, индустриски дизајн, трговска марка, и друго право од индустриска сопственост предвидено со закон) му припаѓа на вработениот. (2) Сите права на интелектуална сопственост создадени од страна на работникот во случаите од став (1) на овој член ги остварува работодавачот, во рок од пет години од стекнување на законските услови за заштита, согласно закон. (3) Работникот има право на удел во евентуалните приходи од комерцијализацијата извршена во рок од пет години од стекнување на законските услови за заштита. (4) По истекот на рокот од ставот (2) на овој член, работодавачот може да побара негово продолжување со плаќање на соодветен надоместок.
ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ. 13.1 Правата на ИС во сите материјали на клиентот и сите спецификации се ексклузивна сопственост на клиентот. Освен ако не е поинаку договорено, добавувачот ќе му ја додели на Клиентот целосната и неоптоварена сопственост, со целосна гаранција за сопственоста на сите права на ИС на стоки или во која било работа создадена од Добавувачот специјално за Клиентот или од која било трета страна во согласност со Договорот во име на Добавувачот , исто така специјално за Клиентот, за употреба без никакво ограничување како на пример во однос на времето, територијата или медиумите, кои постојат сега или кои може да постојат во иднина. Добавувачот ќе (и ќе набави сите вработени или трети страни ангажирани во снабдувањето со стоки и услуги) да ги направат сите дејствија и работи и веднаш да ги изврши сите такви документи што ќе ги бара Клиентот за да ги реализира или заврши тие задачи. За да се избегне сомнеж, оваа клаузула 13.1 не се применува за стоки што се продаваат „надвор од полица“ од Добавувачот (т.е. стоки развиени од Добавувачот не специјално за клиентот и продадени од Добавувачот на отворен пазар). 13.2 Освен ако конкретно не е договорено поинаку, ништо во овие Услови нема да се толкува како да ѝ дава на Страната право да ги користи правата на ИС на другата Страна, како што се корпоративно име, имиња на домени, авторски права, наслов на основање, патенти, дизајни, трговски тајни, какви било карактеристични знаци или други заштитни знаци поднесени или регистрирани од другата Страна. 13.3 Во случај кога преносот на ИС бара дополнителен договор, таквиот договор ќе биде навремено склучен од страна на Страните и ќе ја одразува намерата на овој договор. Доделувањето на правата на ИС потоа ќе се изврши за најдобро да ги одрази намерите на Страните и ќе ги опфати минимум полињата на експлоатација предвидени во важечкиот закон.
ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ. Сите права на интелектуална сопственост на Новапарк припаѓаат на Макаларм Сервис ДООЕЛ Скопје. Немате никакви други права во однос интелектуалната сопственост, освен правото да ја користите апликацијата во согласност со овие Правила и услови.
ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ. 6.1 За целите на овој член, под „Права на интелектуална сопственост“ се подразбираат авторски права (вклучувајќи ги и авторските права за софтвер), патенти за услуги од областа на софтверот, услуги поврзани со човечки ресурси и услуги од областа на информатиката (сите заедно „Даватели на услуги што се сопственици на лиценца“), заштитени трговски марки на Даватели на услуги што се сопственици на лиценца, заштитени марки на услуги на Даватели на услуги што се сопственици на лиценца, имиња на домени, права над датабази, доверливи информации (вклучувајќи информации за практични знаења и вештини и трговски тајни) на Даватели на услуги што се сопственици на лиценца, и сета друга слична или еквивалентна интелектуална сопственост без оглед на тоа дали е регистрирана или не, вклучувајќи ги сите нејзини примени и сите слични или исти права или форми за заштита што постојат, било сега или во иднина, во било кој дел на светот. 6.2 Услужната компанија со овој Договор и дава на Компанијата клиент неексклузивна и непренослива лиценца (меѓутоа, Компанијата клиент може да им даде подлиценца на своите даватели на услуги) да ги користи Правата на интелектуална сопственост што и припаѓаат на Услужната компанија до онаа мера што е потребна за да може Компанијата клиент во полна мера да ја добива сета корист од Услугите во дадено време и да го врши својот бизнис. 6.3 Услужната компанија со овој Договор и дава на Компанијата клиент неексклузивна, непренослива подлиценца (меѓутоа, Компанијата клиент може да им даде подлиценца на своите даватели на услуги) да ги користи Правата на интелектуална сопственост што им припаѓаат на еден или повеќе Даватели на услуги што се сопственици на лиценца до онаа мера што е потребна за да може Компанијата клиент во полна мера да ја добива сета корист од Услугите во дадено време и да го врши својот бизнис. 6.4 Лиценцата на Правата на интелектуална сопственост од Дел 6.3 се дава под истите услови и подлежи на истите ограничувања како и соодветниот договор за лиценца меѓу односниот Давател на услуги што е сопственик на лиценца и Услужната компанија, во онаа мера во која тие услови се однесуваат на користењето на лиценцата од страна на Компаниите клиенти. Услужната компанија ќе и достави на Компанијата клиент копија од сите такви релевантни договори за лиценца. 6.5 Компанијата клиент ќе се придржува кон условите наведени во Дел 6.4, вкллучително: 6.5.1 ќе се придржува кон сите услови кон кои треба да се придржуваат Компаниите клиенти; и 6.5.2 ќе дозв...
ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ. 13.1 Каква било Спецификација (технички опис), цртежи или податоци што ние ќе ви ги доставиме на вас, или што вие ќе ги произведете врз основа на таа Спецификација, цртежи или податоци што ние сме ги дале, во врска со производството на Стоките и/или извршување на Услугите по нашето упатство, заедно со сите права за интелектуална сопственост овде ќе бидат наша ексклузивна сопственост и вие не може да ги користите за каква било цел, комерцијална или поинаква, освен како што се бара за извршување на вашите обврски според Договорот или како што е директно наведено од нас. Вие се обврзувате да извршите каква било формална задача што ќе ја побараме и да ни помогнете во формалното регистрирање на тие права на интелектуална сопственост. 13.2 До степенот до кој Договорот овозможува Стоките да бидат произведени или Услугите да бидат извршени според вашите или дизајните и спецификациите на вашиот подизведувач, вие ќе бидете одговорни за обезбедување на сите цртежи, спецификации, пресметки и други информации што се неопходни за извршување на таа работа. Вие ќе бидете одговорни за какви било грешки или пропусти во цртежите, спецификациите, пресметките или другите информации што ги доставувате без оглед дали истите се одобрени од наша страна или не и вие треба да ги поправите сите грешки и пропусти. Вие сте одговорни за трошокот за каква било поправка/корекција која ќе биде потребна освен ако грешките и пропустите се настанати како резултат на несоодветна информација што е доставена написмено од нас, освен ако не се работи за некоја грешка што би требало да биде разумно очигледна на искусен доставувач или требало да биде откриена од вас и вие не сте успеале навреме да ја предочите истата.
ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ 

Related to ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган. 2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите. - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. 2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган. 2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи. 2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. 2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина: