УСЛОВИ ЗА КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА Примери за клаузули

УСЛОВИ ЗА КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА. Изведувачот е должен, согласно правилата на струката, да ја испита правилноста на техничките решенија во проектната документација и да го предупреди Нарачувачот за грешките што ќе ги забележи.
УСЛОВИ ЗА КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА. Член 23 Изведувачот е должен, согласно правилата на струката, да ја испита правилноста на техничките решенија во техничката документација и да го предупреди Инвеститорот за грешките што ќе ги забележи. Член 24 Изведувачот е должен во објектот да вградува материјали и опрема што му одговараат на пропишаниот или договорениот квалитет. Доколку е потребно Инвеститорот може да изврши соодветно испитување на материјалот. Ако методите на испитување на материјалите не се определени со техничката документација или со техничките прописи, истите ги определува Инвеститорот. Трошоците за испитување на материјалите ги поднесува Изведувачот. Член 25 Изведувачот е должен да го предупреди Нарачувачот за воочените или утврдените недостатоци на материјалите и опремата што се предвидени во проектната документација, како и материјалите и опремата што ги набавил или избрал Нарачувачот. Материјалите и опремата од став 1 на овој член, Изведувачот може да ги вградува само ако Нарачувачот, откако Изведувачот го предупредил за недостатоците, бара да се вградат и ако вградувањето на тие материјали и опрема не ја загрозува стабилноста на објектот, животите на луѓето, соседните објекти, сообраќајот и околината. Изведувачот е должен да го предупреди нарачувачот за воочените или утврдени недостатоци на материјалите и опремата што се предвидени со техничката документација, како и материјалите и опремата што ги набавил или избрал Нарачувачот. Материјалите и опремата од став 1 на овој член, Изведувачот може да ги вградува само ако Нарачувачот, откако Изведувачот го предупредил за недостатоците, бара да се вградат и ако вградувањето на тие материјали и опрема не ја загрозува стабилноста на објектот, животите на луѓето, соседните објекти, сообраќајот и околината. Член 26 Ако Изведувачот не ги изведува работите според договорот, техничките прописи и стандарди, како и според резултатите од сопственото испитување и правилата на струката, Нарачувачот има право да бара запирање на натамошното изведување на работите, односно, да бара промена на материјалите или употреба на материјали и опрема од соодветен квалитет. Ако на тој начин е доведена во прашање сигурноста на објектот, животите на луѓето или на соседните објекти, Нарачувачот има право да бара Изведувачот да ги урне изведените работи и работите повторно да ги изведе на свој трошок на начин што е договорен. Член 27 Изведувачот е должен да даде докази за квалитетот на употребените материјали и опрема и на изведените работи и да му овозможи кон...
УСЛОВИ ЗА КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА. Изведувачот е должен, согласно со правилата на струката, да ја испита правилноста на техничките решенија во техничката документација и да го предупреди Нарачувачот за грешките што ќе ги забележи.

Related to УСЛОВИ ЗА КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.

  • Набавки од мала вредност Набавки од мала вредност

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.