Contract
Д О Г О В О Р
ЗА ЈАВНА НАБАВКА-АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК 1 ОД УЛИЦА,,ФИЛЕ РИСТОВ,,СПОЈ СО ВИНИЧКИ ПАТ ВО С.ЗРНОВЦИ - ОПШТИНА ЗРНОВЦИ
Склучен на ден 29.03.2017 година помегу следните
I.Договорни страни:
1. Општина Зрновци ул,,Илинденска,, бб Зрновци
Застапувана од Градоначалникот на Општина Зрновци Блаже Станков , (во понатамошниот текст Нарачувач) од една страна
и
2. СТОИМЕНОВ ДООЕЛ КОЧАНИ, ул. ,,Киро Кикенски, бр.3 Кочани, Застапувана од Одговорното лице Xxxxx Xxxxxxxxx (во понатамошниот текст Изведувач ) од друга страна.
II. ДЕФИНИЦИИ (ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПОИМИТЕ)
Член 1
За целите на овој Договор, одделни поими и изрази употребени во овој Договор го имаат следното значење :
„Нарачувач“ е Договорен орган кој стекнал право на градење, а во чие име и за чија сметка се гради градба и го ангажирал Носителот на набавката како Изведувач за извршување на работите.
„Изведувач“,односно, „Носител на набавката“ е регистрирано физичко лице или правно лице, односно, Понудувач чија понуда е избрана за најповолна за изведување на работите од страна на Инвеститорот, односно Договорниот орган.
„Понуда на Изведувачот“ е комлетирана понудбена документација поднесена од Изведувачот до Н.
„Надзор на градба“ е правно лице кое има соодветни лиценци за надзор на изведување на работи или физичко лице со соодветни овластувања, за вршење на надзор на изведување на работи, назначено од Нарачувачот да врши надзор на градба, за што Изведувачот е писмено известен.
„Градба“ е се што настанало со изградба и е поврзано со земјиштето, а претставува физичка, техничко-технолошка и градежна целина заедно со изградените инсталации, односно, опрема. Градбата се до нејзиното запишување во јавната книга на недвижности претставува прирасток и припадок на земјиштето.
„Градење“ е изведување на претходни работи, изработка на проектна документација, подготвителни работи, изградба на нова градба, реконструкција и адаптација на постојна градба што опфаќа: земјани работи, изведување на градежна конструкција, градежно- инсталатерски работи, градежно- завршни работи, вградување постројки или опрема и други работи со кои се оформува целината на градбата.
„Привремена градба“ е градба изведена за потребите на градилиштето, за примена на соодветна технологија на изградбата, за потребите на одржување на саеми, јавни манифестации и слично.
„Реконструкција“ е изведување на работи на постојна градба со кои се влијае врз исполнувањето на основните барања за градбата и со кои се менува усогласеноста на градбата со проектот, според кои е изградена, со изведување на доградба, надградба, менување на фасада, изведување на работи за пренамена на дел на градбата, промена на технолошки процес, санација на конструктивни елементи и слично.
„Адаптација“ е изведување на работи во внатрешноста на постојна градба со што не се менуваат конструктивните елементи на градбата.
„Употреба на градежен објект“ е вршење активности во градежен објект согласно со неговата намена утврдена со решението за локациски услови и основниот проект.
„Градежен производ“ е производ кој е произведен за трајно вградување во градби, за кој е добиена позитивна техничка оцена дека производот е соодветен за употреба за предвидена намена.
„Постројка“ е збир на поврзана опрема која служи за остварување на технолошкиот или друг процес согласно со намената за градбата.
„Опрема“ се поединечни уреди, процесни инсталации и други производи од кои се состои постројката или самостојно се вградени во градбата и служат за технолошкиот или друг процес, согласно со намената за градбата.
„Претходни работи“ се работи кои, во зависност од видот и карактерот на градбата, опфаќаат истражување и изработка на анализи и други стручни материјали, прибавување на податоци со кои се анализираат геолошките, геотехничките, геодетските, хидролошките, метеоролошките, урбанистичките, техничките, технолошките, економските, енергетските, сеизмичките, водостопанските и сообраќајните услови, услови за заштита од пожари и заштита на животната средина, како и други услови предвидени со закон.
„Проектна документација“ претставува севкупност на меѓусебно усогласени студии, проекти, елаборати, анализи, експертизи и друга документација, со која се утврдува концепцијата и се дефинира техничкото решение на градбата, се разработуваат условите и начините на изградбата и се обезбедуваат нејзината технолошка функција, предвидената трајност и услови за употреба.
„Подготвителни работи“ се изведување на при времени градби и други активности за организирање и уредување на градилиштето, како и овозможување на примена на соодветни градежни технологии.
„Градилиште“ е простор на кој се гради, реконструира, адаптира, изведуваат работи за одржување или отстранување на градба и привремено зафатениот простор потребен за примена на соодветни градежни технологии.
„Отстранување“ е изведување на работи на уривање или на демонтирање на градба, градежен објект или нивни делови, на собирање и транспорт на градежниот материјал и отпад создаден со уривањето, односно со демонтирањето на градбата и на соодветно уредување на земјиштето.
„Градежен Дневник“ е документ кој што, за време на изведувањето на Работите на изградбата, секојднево и перманентно се води на градилиштето и во кој се внесуваат, како минимум, следните податоци: датумот, работното време, временските услови, бројот, структурата и квалификацијата на работната рака и персоналот на Изведувачот, ангажираната градежна механизација, постројки, опрема, на Изведувачот, описот на дневно извршените работи со точна назнака на позициите според Предмерот, разни известувања што ги разменуваат Изведувачот и Надзорот на градба и налози на Надзорот на градба и сл.
Изведувачот го води Градежниот Дневник во оргинал и копија, при што оргиналот е за Надзорот на градба, а копијата останува за Изведувачот.
Во секој момент Градежниот Дневник треба да биде на располагање на Надзорот на градба за преглед, коментари, корекции, забелешки и потпис.
„Градежна книга“ е документ кој што, за време на изведувањето на Работите на изградбата перманентно се води на градилиштето и во кој, врз основа на мерењата што заеднички ги извршиле Изведувачот и Надзорот на градба, или ги извршил Изведувачот, а ги проверил и потврдил Надзорот на градба, се внесуваат количините на вистински извршените Работи на изгрдабата на пизиции на Предмерот.
Изведувачот ја води Градежната книга во оргинал и копија, при што оргналот е за Надзорот на градба, а копијата останува за Изведувачот.
Градежната Книга во секој момент треба да биде на располагање на Надзорот на градба за преглед, коментари, корекции и потпис.
„Предмер-пресметка“ значи комлетна Предмер пресметка со внесени цени, која е дел од Понудата.
„Вишоци на работи„ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи.
„Денови“ се календарски денови; месеци се календарски месеци .
„Недостаток“ е било кој дел од работите кој не е комлетиран во согласност со Договорот.
„Техничка документација“ се урбанистичките, геодетските, хидро-геолошките и геомеханички подлоги, проектите со неопходните описи, пресметки графички прилози, посебните елаборати и актите со кои се утврдуваат и разработуваат условите за изградба на објектот, условите и начинот на градбата на објектот, како и услови пропишани со закон и прописи донесени врз основа на закон.
„Документација на градилиште“ е документација која Изведувачот на градба на градилиштето е должен да ја има и се состои од: решение за упис во трговскиот регистар и лиценца за Изведувач на градба; акт за именување на главен инженер на градилиштето, раководен инженер на градилиштето, односно инженер на градилиште; акт за именување надзор на градба односно надзорен инженер на градилиштето; решение за локациски услови; одобрение за градење со основен проект; изведбен проект; извештај за извршена ревизија од ревидентот; градежен дневник и градежна книга; доказ за пропишан квалитет за вградените градежни производи; акт за обележување на градбата; елаборат за заштита при работа; комплетни податоци за учесниците во изградбата и друга документација ако со друг закон е пропишана обврска дека изведувачот треба да ја има на градилиштето.
„Подизведувач“ е физичко или правно лице, кое има Договор со Изведувачот за да изведе дел од работите во Договорот, кои вклучуваат работа на Градилиштето.
„Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи.
„Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат.
„Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени и не се нужни за исполнувањето на договорот, а Нарачувачот бара да се изведат.
„Примерен рок“ е рокот во кој по редовен тек на нештата може да се изврши обврската што е во прашање во конкретниот случај.
„Идеен проект“ е збир на меѓусебно усогласени графички прикази и документи со кои се утврдуваат основните облици, функционални и технички решенија на градбата и се прикажува поставеноста на градбата во локацијата.
„Основен проект“ е збир на меѓусебно усогласени проекти со кои се дава техничко решение на градбата, се прикажува поставеноста на градбата во локацијата и исполнувањето на основните барања за градбата.
„Изведбен проект“ е проект со кој се разработува техничкото решение содржано во основниот проект. Изведбениот проект мора да биде изработен во согласност со основниот проект.
„Проект на изведена состојба“ е проект со кој што се прикажува фактичката состојба на изградената градба. Проектот на изведена состојба го изготвува изведувачот и/или проектантот во текот на изградбата и служи како основа за изработка на проектот за употреба и одржување.
„Проект за употреба и одржување“ е проект со кој се утврдуваат оптималните техничко- технолошки и функционални услови со кои се обезбедува проектираната трајност на одделни делови, односно на градбата во целина и содржи особено: вид, начин, намена и рокови на периодична проверка во утврдени интервали, на состојбата на конструктивниот систем, опрема, уреди и инсталации; периодично следење во утврдени интервали со анализа на влијанијата на технолошкиот процес, на климатски влијанија, односно влијанија на околната средина врз носивоста и стабилноста на одделни елементи, односно конструкцијата во целина; роковите за тековен, односно генерален ремонт на постројки, уреди, опрема и инсталации, како и роковите за задолжителна замена на одделни елементи, делови, уреди, опрема, инсталации и друго.
„Воведување на Изведувачот во работа“ е исполнување на оние обврски на Нарачувачот без чие претходно исполнување започнувањето на работите фактички не е можно или правно не е дозволено.
III. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој договор е набавка на работи – Асфалтирање на Крак 1 од улица,,Филе Ристов,,спој со Винички пат во с.Зрновци - Општина Зрновци
IV.ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Вкупната вредност на работите на предметот од член 2 на овој Договор изнесува 1.005.580.00 денари без ДДВ.
ДДВ изнесува вкупно 181.004.00 денари.
Составен дел на овој договор е корегираната понудата на економскиот оператор по последната понудена цена на е-Аукцијата од 17.03.2017 година.
Средствата за реализација на овој договор се обезбедени од Буџетот на Општина Зрновци .
V.НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Член 4
Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 дена по завршување на работите и достава на завршна ситуација ,сметано од денот кога надзорниот инженер назначен од Општина Xxxxxxx ја потпишал доставената завршна ситуација. Во прилог на завршната ситуација изведувачот задолжително треба да достави Градежна книга потпишана од двете страни(лице од страна на изведувачот и надзорот назначен од страна на Нарачувачот).
Доколку при извршувањето на работите предмет на договорот за јавна набавка се утврдат недостатоци, изведувачот е должен истите да ги поправки во рок кој ќе му биде даден од страна на инвеститорот, во спротивно инвеститорот ќе биде принуден да ја активира банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот за јавна набавка.
Корекција на цените не се прифаќа тие остануваат исти за целото времетраење на договорот, освен ако корекцијата на цените е поповолна за договорниот орган.
VI. ДИНАМИКА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ
Член 5
Рокот за извршување на работите од член 2 на овој Договор изнесува најмногу 30 дена од денот на воведување во работа од страна на инвеститорот.
Рокот започнува да тече од моментот на воведување во работа од страна на надзорниот инжинер назначен од Општина Зрновци.
За денот на воведувањето во работа инвеститорот е должен писмено да го извести изведувачот.
Рокот за изведување на работите претставува рок во кој се вбројуваат сите денови, а не само работни денови.
Во рокот за изведување на работите нема да се пресметуваат деновите во кои изведбата ќе биде запрена поради непредвидени климатски услови кои би го попречиле нормалното изведување на работите предмет на овој договор.
Член 6
Ако изведувачот не ги започне работите веднаш по воведувањето во работата, Нарачувачот ќе му остави дополнителен примерен рок од 10 дена за започнување на работите.
Ако Изведувачот ниту во рок од став 1 на овој член, не започне со изведување на работите, Нарачувачот може да го раскине договорот и да бара од изведувачот надомест на штетата.
Член 7
Ако постои оправдано сомневање дека работите ќе бидат изведени во договорениот рок, Нарачувачот има право да побара од Изведувачот да превземе потребни мерки со кои се обезбедува соодветно забрзување на работите и нивно усогласување со договорениот план на градењето.
случаи:
Член 8
Предвидениот рок за завршување на работите може да се продолжи во следните
- ако двете договорни страни се согласни
- поради виша сила
- други случаи предвидени со ЗОО
VII. ОБВРСКИ НА НАРАЧУВАЧОТ
Член 9
Нарачувачот е должен благовремено да ги отстрани сите постоечки проблеми во предвидениот рок за воведување на изведувачот во работа со што би се овозможило непречено извршување на работите.
Член 10
Нарачувачот е должен пред започнувањето со работите да именува свој надзорен инженер и написмено да го извести изведувачот.
Член 11
Нарачувачот се обврзува да му ја плати настанатата штета на изведувачот во колку ги запре работите или го намали нивниот обем без вина на изведувачот.
Член 12
Нарачувачот е должен по писмено барање на изведувачот да обезбеди прием на објектот.
Од денот кога ќе почне да се користи објектот престануваат обврските на изведувачот во поглед на чување на извршените работи, а гарантираниот рок ќе тече од денот кога е започнато ваквото користење.
VIII. ОБВРСКИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Член 13
Изведувачот е должен работите од член 2 на овој Договор да ги изведе на начин и во роковите што се определени со овој Договор, прописите и правилата на струката.
Член 14
Изведувачот е должен на објектот да води градежен дневник и градежна книга кои ќе бидат потпишани од Надзорот на градба.
Член 15
Изведувачот е должен на градилиштето да презема мерки заради обезбедување на сигурноста на објектот и на работите, опремата, уредите и инсталациите, работниците, минувачите, сообраќајот, соседните објекти и околината.
Ако на исто градилиште работи изведуваат повеќе изведувачи, секој Изведувач презема мерки на заштита и ја обезбедува сигурноста на работите што тој ги изведува.
Трошоците за спроведување на мерките од став 1 и 2 на овој член, ги поднесува Изведувачот што ги презема тие мерки.
Член 16
Од почетокот на изведувањето до предавањето на работите на Нарачувачот, изведувачот на погоден начин ги обезбедува и чува изведените работи, опрема и материјали од оштетување, пропаѓање, однесување или уништување.
Ако на исто градилиште работи изведуваат повеќе изведувачи секој од нив ги обезбедува и чува своите работи, опрема и материјали.
Изведувачот ги поднесува трошоците на обезбедувањето и чувањето на изведените работи, опрема и материјали и на ризикот на нивното оштетување, уништување, однесување и пропаѓање.
Член 17
По завршените работи, односно, по раскинувањето на договорот, изведувачот е должен од градилиштето да ги повлече своите работници, да ги отстрани преостанатите материјали, опрема и средства за работа, како и привремените објекти што ги изградил и да го исчисти објектот и градилиштето.
Трошоците настанати во врска со работите од став 1 на овој член, извршени по завршетокот на договорените работи, ги поднесува Изведувачот.
Трошоците настанати во врска со работите од став 1 на овој член, извршени во случај на раскинување на Договорот, ги поднесува договорната страна што е одговорна за раскинување на Договорот.
IX. ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 18
Договорната казна изнесува 1%o ( 1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната цена на работите.
Член 19
Договорната казна се пресметува до примопредавањето на објектот, односно, на дел од објектот што претставува економско-техничка целина и може да се користи самостојно.
Ако Нарачувачот го започнал користењето на објектот или на дел од објектот пред примопредавањето, договорната казна се пресметува до почетокот на користењето.
Член 20
Барањето за остварување на правото на договорна казна може да се истакне најдоцна до завршетокот на конечната пресметка.
Член 21
Кога казната е договорена за случај на неисполнување на обврската, Нарачателот може да бара или исполнување на обврската или договорна казна.
Нарачателот го губи правото да бара исполнување на обврската ако побарал исплата на договорната казна.
Кога казната е договорена за случај да се задоцни со извршување на обврската, Нарачателот може да бара и исполнување на обврската и договорна казна.
Член 22
Нарачателот има право да бара договорна казна и кога нејзиниот износ ја надминува висината на штетата што ја претрпел, како и кога не претрпел никаква штета.
Ако штетата што ја претрпел Нарачателот е поголема од износот на договорната казна, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.
X. УСЛОВИ ЗА КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 23
Изведувачот е должен, согласно правилата на струката, да ја испита правилноста на техничките решенија во техничката документација и да го предупреди Инвеститорот за грешките што ќе ги забележи.
Член 24
Изведувачот е должен во објектот да вградува материјали и опрема што му одговараат на пропишаниот или договорениот квалитет.
Доколку е потребно Инвеститорот може да изврши соодветно испитување на материјалот.
Ако методите на испитување на материјалите не се определени со техничката документација или со техничките прописи, истите ги определува Инвеститорот.
Трошоците за испитување на материјалите ги поднесува Изведувачот.
Член 25
Изведувачот е должен да го предупреди Нарачувачот за воочените или утврдените недостатоци на материјалите и опремата што се предвидени во проектната документација, како и материјалите и опремата што ги набавил или избрал Нарачувачот.
Материјалите и опремата од став 1 на овој член, Изведувачот може да ги вградува само ако Нарачувачот, откако Изведувачот го предупредил за недостатоците, бара да се вградат и ако вградувањето на тие материјали и опрема не ја загрозува стабилноста на објектот, животите на луѓето, соседните објекти, сообраќајот и околината.
Изведувачот е должен да го предупреди нарачувачот за воочените или утврдени недостатоци на материјалите и опремата што се предвидени со техничката документација, како и материјалите и опремата што ги набавил или избрал Нарачувачот.
Материјалите и опремата од став 1 на овој член, Изведувачот може да ги вградува само ако Нарачувачот, откако Изведувачот го предупредил за недостатоците, бара да се вградат и ако вградувањето на тие материјали и опрема не ја загрозува стабилноста на објектот, животите на луѓето, соседните објекти, сообраќајот и околината.
Член 26
Ако Изведувачот не ги изведува работите според договорот, техничките прописи и стандарди, како и според резултатите од сопственото испитување и правилата на струката, Нарачувачот има право да бара запирање на натамошното изведување на работите, односно, да бара промена на материјалите или употреба на материјали и опрема од соодветен квалитет. Ако на тој начин е доведена во прашање сигурноста на објектот, животите на луѓето или на соседните објекти, Нарачувачот има право да бара Изведувачот да ги урне изведените работи и работите повторно да ги изведе на свој трошок на начин што е договорен.
Член 27
Изведувачот е должен да даде докази за квалитетот на употребените материјали и опрема и на изведените работи и да му овозможи контрола на Нарачувачот.
Конечната оцена на квалитетот на изведените работи и на употребените материјали и опрема се врши при примопредавањето на изведените работи.
Ако контолата на Нарачувачот бара откривање на одделни работи или просечување отвори, Изведувачот е должен да го овозможи тоа.
Трошоците на контролата ги поднесува Нарачувачот. Трошоците на контролата го опфаќаат и откривањето на работите, просечувањето на отвори и поправки, односно, враќање на работите во состојба која се наоѓале пред извршената контрола.
По исклучок од став 4 на овој член, трошоците на контролата ги поднесува Изведувачот ако не му е овозможи на Нарачувачот на време да ја изврши конторолата на изведените работи и на употребените материјали и опрема, па поради тоа при подоцнежната контрола настанале трошоци што инаку би ги немало.
Член 28
Сите наоди на контролата на Изведувачот и на контролата на Нарачувачот се запишуваат во градежниот дневник.
Во случај на несогласност на наодите на контролата на Изведувачот и на контролата на Нарачувачот, ќе се изврши заедничка дополнителна контрола. Трошоците на заедничката дополнителна контрола паѓаат на товар на договорачот чиј наод не е потврден.
Член 29
Ако Изведувачот во текот на изведувањето на работите не постапи по основаното барање на Нарачувачот и не ги отстрани недостатоците на изведените работи, Нарачувачот може да го раскине договорот и да бара од Изведувачот надомест на штета што настанала поради неквалитетно изведените работи и поради раскинувањето на договорот.
Ако Изведувачот не ги отстрани во примерениот рок од 5 дена недостатоците што се утврдени при примопредавањето на изведените работи, Нарачувачот може, врз товар на Изведувачот отстранувањето на недостатоците да му го отстапи на трето лице. При тоа Нарачувачот е должен да постапува како добар стопанственик.
XI. НАДЗОР НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ
Член 30
Нарачувачот има право да врши надзор на изградба над работите на Изведувачот заради проверување и обезбедување на нивно уредно изведување, особено во поглед на видот, количеството и квалитетот на работите, на материјалните и опремата и на предвидените рокови.
Заради вршење на надзор на изградба Нарачувачот има право на пристап на градилиштето, во работилниците, погоните и местата за складирање на материјалите.
Надзор на изградба го врши надзорниот инжинер што ќе го определи Нарачувачот.
За надзорниот инжинер што е определен да врши надзор на изградба и за неговите овластувања Нарачувачот го известува Изведувачот.
Член 31
Изведувачот е должен да му овозможи на Нарачувачот вршење на надзор на изградба.
Член 32
Забелешките во поглед на начинот на изведувањето на работите, на употребениот материјал или на текот на изведувањето на работите Нарачувачот е должен без одлагање да му ги соопшти на Изведувачот.
Сите забелешки и наоди од Нарачувачот се соопштуваат во писмена форма или се запишуваат во градежниот дневник.
Член 33
Изведувачот е должен да постапи по сите основни барања од Нарачувачот поднесени во врска со вршењето на стручниот надзор.
XII. НАЧИН НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ИЗВЕДЕНИТЕ РАБОТИ
Член 34
Веднаш по завршувањето на работите Изведувачот го известува Нарачувачот дека работите што се предмет на договорот се завршени.
Член 35
Нарачувачот и Изведувачот се должни без одлагање да пристапат кон примопредавање и конечна пресметка.
Член 36
Ако Нарачувачот започнал да го користи објектот пред примопредавањето, се смета дека примопредавањето е извршено со денот на почетокот на користењето.
Член 37
За примопредавањето се составува записник кој ги содржи особено следните податоци:
1) дали работите се изведени според договорот, прописите и правилата на структурата;
2) дали квалитетот на изведените работи му одговара на договорениот квалитет, односно, кои работи Изведувачот треба на свој трошок да ги доработи, поправи или повторно да ги изведе и во кој рок тоа треба да го стори;
3) за кои прашања од техничка природа не е постигната согласност помеѓу овластените претставници на договорачите;
4) констатација за примопредавањето на гарантните листови и атести за опремата што е вградена;
5) датумот на завршувањето на работите и датум на извршеното примопредавање.
Член 38
Записникот за примопредавање може да го состави и само еден договорач без учество на другиот ако другиот договорач неоправдано го одбие учеството во примопредавањето или неоправдано не се одзове на поканата да учествува во примопредавањето. Таквиот записник се доставува до другиот договарач. Со денот на доставувањето на записникот настануваат последиците во врска со примопредавањето.
Член 39
Ако во записникот за примопредавањето обострано се констатира дека Изведувачот треба на свој трошок да доработи, поправи или повторно да изведе одделни работи, Изведувачот е должен веднаш да пристапи кон изведување на тие работи.
Ако Изведувачот не ги изведе работите од став 1 на овој член во примерениот рок, Нарачувачот може да ангажира друго лице да ги изведе врз товар на Изведувачот.
XIII. ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 40
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
XIV. ВИША СИЛА
Член 41
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
XV. ГАРАНТЕН ПЕРИОД
Член 42
Изведувачот гарантира дека изведените работи во времето на примопредавањето се во согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека немаат мани што ја оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност или нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата определена со договорот.
Член 43
Нарачувачот е должен за забележаните недостатоци да го извести Изведувачот без одлагање.
Член 44
Гарантниот рок за квалитетот на изведените работи изнесува 2 години.
Член 45
Гарантниот рок започнува да тече од примопредавањето на објектот или на дел од објектот на кој се изведени работите, а ако користењето на објектот или на дел од објектот започнало пред примопредавањето - од почетокот на користењето.
Член 46
За опремата што ја вградува Изведувачот важи, во поглед на содржината и рокот, гаранцијата од произведителот на опремата, со тоа што Изведувачот е должен сета документација за гаранциите на производителот на опремата, заедно со упаствата за употреба, да ги прибави и да му ги предаде на Нарачувачот.
Член 47
Изведувачот е должен на свој трошок да ги отстрани сите недостатоци што ќе се покажат во текот на гарантниот рок, а кои настапиле поради тоа што Изведувачот не се држел кон своите обврски во поглед на квалитетот на работите и материјалите.
Нарачувачот ќе му определи на Изведувачот примерен рок од 10 дена за отстранување на недостатокот.
Нарачувачот има право и на надомест на штета по основ на став 1 и 2 на овој
член.
Член 48
Ако Изведувачот не ги отстрани недостатоците во рокот што Нарачувачот ќе му
го определи, Нарачувачот може да ги отстрани недостатоците на сметка на Изведувачот, со што е должен да постапува како добар стопанственик.
Член 49
Изведувачот не е должен да ги отстрани оние недостатоци што настанале како последица од нестручно ракување и употреба, односно, не наменско користење на објектот или на делови од објектот.
XVI. ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАТОЦИТЕ
Член 50
Изведувачот одговара за недостатоците во изработката на градежот што се однесуваат на неговата солидност, доколку тие недостатоци би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите.
Изведувачот одговара и за недостатоците на земјиштето на кое е подигнат градежот, што би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите, освен ако специјализирана организација дала стручно мислење дека земјиштето е погодно за градење, а во текот на градењето не се појавиле околности кои ја доведуваат во сомневање основаноста на стручното мислење.
Оваа одговорност не може со договорот ниту да се исклучи, ниту да се ограничи.
Член 51
Изведувачот не се ослободува од одговорноста ако штетата настанала поради тоа што при изведувањето на определени работи постапувал според барањата на Нарачувачот.
Но, ако пред извршувањето на определена работа по барање на Нарачувачот го предупредил овој за опасноста од штетата, неговата одговорност се намалува, а според околностите на конкретниот случај може и да се исклучи.
XVII. ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 52
Договорните страни се должни да ги исполнат обврските кои произлегуваат од овој Договор.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување, другата договорна страна има право да бара и надомест на штетата што ја претрпела поради тоа.
За штетата поради задоцнување со исполнувањето одговара договорната страна на која другата договорна страна и дала примерен дополнителен рок за исполнување.
Договорната страна одговара и за делумната или целосната невозможност за исполнување иако не ја криела таа невозможност ако настапила по нејзино доаѓање во задоцнување за кое одговара.
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека она што е предмет на обврската случајно би пропаднало и кога таа својата обврска би ја исполнил на време.
Член 53
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека не можела да ја исполни својата обврска, односно дека задоцнила со исполнувањето на обврската поради околности настанати по склучувањето на договорот кои не можела да ги спречи, отстрани или избегне.
Член 54
Со договор може да се прошири одговорноста на договорната страна и врз случај за кој тој инаку не одговара.
Исполнувањето на ваквата договорена одредба не може да се бара ако тоа би било во спротивност со начелото на совесност и чесност.
Член 55
Одговорноста на договорената страна за намерата или крајното невнимание не може однапред со договор да се исклучи.
Судот може, по барање од заинтересираната договорна страна, да ја поништи и договорната одредба за исклучување на одговорноста за обично не внимание, ако таквата спогодба произлегува од монополската положба на договорната страна или воопшто од нерамноправниот однос на договорните страни
Член 56
Договорната страна има право на надомест на обичната штета и испуштената корист, кои другата договорна страна морала да ги предвиди во време на склучувањето на договорот како можни последици од повреда на договорот, со оглед на фактите што тогаш и биле познати или морале да бидат познати.
Во случај на измама или намерно неисполнување, како и неиполнување поради крајно невнимание, договорната страна има право да бара од другата договорна страна надомест на целокупната штета што настанала поради повреда на договорот, без оглед на тоа што другата страна не знаела за посебните околности поради кои настанале тие.
Ако при повреда на обврската, покрај штетата, за договорната страна настанала и некоја добивка, при определувањето на висината на надоместот за неа ќе се води сметка со разумна мера.
Страната што се повикува на повреда на договорот е должна да ги преземе сите разумни мери за да се намали штетата предизвикана од таа повреда, инаку другата страна може да бара намалување на надоместот.
Член 57
Договорната страна која е должна да ја извести другата страна за фактите што се од влијание врз нивниот меѓусебен однос, одговара за штетата што ќе ја претрпи другата страна поради тоа што не била известена на време.
XVIII. УСЛОВИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 58
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штета.
Член 59
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна, мора да му остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Ако договорната страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна може да го раскине договорот.
Член 60
Една од договорните страни може да го раскине договорот и без да и остави на другата договорна страна, дополнителен рок за исполнување ако од нејзиното однесување произлегува дека таа нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Член 61
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штета.
Член 62
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Член 63
Договорот не може да се раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврската.
Член 64
Со раскинувањето на договорот двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуална штета.
Член 65
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било неспроведливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите
околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да и надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа.
Член 66
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не и било соопштено на време.
XIX. КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 67
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
XX. ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 68
Доколку дојде до спор во врска со одредбите на овој Договор, истите ќе се решаваат спогодбено.
Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.
Член 69
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 70
За сѐ што не е уредено со овој договор, ќе се применуваат одредбите на Законот за облигациони односи и Законот за јавните набавки.
Член 71
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 72
Овој договор е склучен на македонски јазик и кирилско писмо.
Времетраењето на овој Договор престанува кога ќе бидат исполнети обврските коишто со овој Договор ги имаат превземено договорните страни, односно до конечно завршување на договорените работи.
Член 73
Овој договор е составен во 4 (четири) еднакви примероци, од кои по 2 (два) за двете договорни страни.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
ЗА ИЗВЕДУВАЧОТ СТОИМЕНОВ ДООЕЛ
Директор (менаџер) Xxxxx Xxxxxxxxx
ЗА НАРАЧУВАЧОТ
Општина Зрновци Градоначалник Блаже Станков