MUNICIPALITY OF VELES
ОПШТИНА ВЕЛЕС
MUNICIPALITY OF VELES
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР
СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ, ЗОНА 3(ТРИ)
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Општина Велес / Municipality of Veles Panko Brasnar No 1
1400 Veles, Macedonia
Tel/fax: xx000 00 000 000
e-mail: xxxx@xxxxx.xxx.xx xxx.xxxxx.xxx.xx
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е Општина Велес, со адреса на ул. Панко Брашнар бр. 1, телефон за контакт 043/232-406 факс 043/232-966
електронска адреса: xxxxx.xxxxxxxx@xxxxx.xxx.xx контакт лице Xxxxx Xxxxxxxx.
2. Предмет на договорот за јавна набавка
Предмет на договорот за јавна набавка е изградба на дел од фекална канализација за населено место Горно Оризари со анаеробна пречистителна станица за отпадни води, Зона 3(три).
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
3. Рок на испорака на работите
Носителот на набавката е должен да даде прецизен рок на испорака на работите кои се предмет на договорот.
4. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
5. Начин и рок на плаќање
Начинот на плаќање е во законски рок веднаш по приемот на фактурата
6. Квалитет
(не се бара).
7. Гаранциски период
Носителот на набавката е должен да го искаже рокот на гаранција во години или месеци, за изведените работите кои се предмет на договорот
8. Постпродажни сервиси
( не се бара ).
9. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
9.1. Лична состојба
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
9.2. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран во Централен Регистар како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое има лиценца Ц издадена од Министерството за транспорт и врски.
9.3. Економска и финансиска состојба
Критериум за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се: Извештај за билансот на состојба и билансот на успех издаден од Централен регистар. Минимум 5.000.000,00 денари годишен обрт на сретства.
9.4. Техничка или професионална способност
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се:
Список на главни испораки во последните 3 (три) години со количини, видови на градби, висона на договорите и набавувачи
(референтна листа);
Најмалку 3 Потврди од договорни органи за квалитетно извршување на работите, сертификати издадени од надлежни органи, организации или други правни лица за контрола на квалитетот со кој ќе се потврди сообразноста на материјалите со техничките спецификации или стандарди барани во тендерската документација;
Опис на техничките постројки и опрема со која располага понудувачот;
Бројчана и квалификациона структура на вработениот персонал на понудувачот;
Изјава за вработениот технички персонал и други вработени кај понудувачот кои ќе бидат одговорни за реализација на договорот, како и изјава за лицата задолжени за контрола на квалитетот и
Изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од повикот.
10. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот треба да ги поседува следниве документи за докажување на својата способност, во зависност од критериумите предвидени во точка 4 од оваа тендерска документација, и тоа:
10.1. За докажување на личната состојба:
- изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки издадени од надлежен орган;
- уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Документите од точка 9.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот. Ако договорниот орган се сомнева во документите за утврдување на личната состојба на понудувачот, тој го задржува правото да побара информации директно од надлежните органи кои ги издале документите за утврдување на личната состојба.
10.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност
За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да има на располагање документ за регистрирана дејност ДРД образец издаден од Центарлен регистар, како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое има лиценца Ц издадена од Министерството за транспорт и врски.
10.3. За докажување на економската и финансиската состојба:
Извештај за билансот на состојба и билансот на успех на понудувачот издаден од Централниот регистар, Минимум 5.000.000,00 денари годишен обрт на сретства.
10.4. За докажување на техничката или професионалната способност:
Список на главни испораки во последните 3 (три) години со количини, износ на договорите и набавувачи (референтна листа);
Најмалку 3 Потврди од договорни органи за квалитетно извршување на работите, сертификати издадени од надлежни органи, организации или други правни лица за контрола на квалитетот со кој ќе се потврди сообразноста на материјалите со техничките спецификации или стандарди барани во тендерската документација;
Опис на техничките постројки и опрема со која располага понудувачот;
Бројчана и квалификациона структура на вработениот персонал на понудувачот;
Изјава за вработениот технички персонал и други вработени кај понудувачот кои ќе бидат одговорни за реализација на договорот, како и изјава за лицата задолжени за контрола на квалитетот и
Изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од повикот.
11. Изготвување и поднесување на понудите
11.1. Начин на изготвување на понудата
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација, со користење на оригиналните обрасци дадени во прилог. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок со ознака „оригинал“. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот. Сите страници на понудата, освен за неизменетата печатена литература, ги парафира лицето кое ја потпишува понудата. Секое пишување меѓу редовите, бришење или пишување врз претходен текст важи само доколку е парафирано од лицето кое ја потпишува понудата.
11.2. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
- Образец на понуда (Прилог 2),
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност (Прилог 3),
- Банкарска гаранција на понудата во висина од 3% од проценетата вредност на понудата, со важност не помалку од 14 дена по денот на истекот на важноста на понудата.
- Избраниот понудувач по склучувањето на договорот задолжително доставува банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во износ од 15% од вредноста на договорот, со важност до целосното реализирање на договорот.
11.3. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод на македонски јазик.
11.4. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува минимум 90 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
11.5. Запечатување на понудата
Понуда може да поднесе само понудувач кој ја има набавено тендерската документација од договорниот орган. Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- го содржи бројот на огласот,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите. Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
11.6. Принцип на една понуда
Едно правно или физичко лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група на понудувачи. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа правно или физичко лице се отфрлаат.
12. Краен рок и место за поднесување на понудите
12.1. Краен рок за поднесување на понудите е 09.04.2009 година во 11,30 часот.
12..2. Понудите се поднесуваат на следнава адреса Општина Велес, ул. Панко Брашнар бр. 1, Велес.
13. Јавно отворање на понудите
13.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на датумот и во часот утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација - во просториите на Општина Велес.
13.2. Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на Комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот.
13.3. Овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на отворањето на понудите со давање на свои забелешки во записникот од јавното отворање на понудите
14. Критериуми за доделување на договорот
Критериуми за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за јавна набавка се:
Цена 70 бода
Гаранција 20 бода
Рок на извршување 10 бода
15. Известување на понудувачите
Сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на договор за јавна набавка со Оглас за прибирање на понуди ќе бидат писмено известени за изборот на најповолна понуда во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за доделување на договорот за јавна набавка, а во прилог на известувањето договорниот орган ќе достави и примерок од одлуката.
16. Правна заштита
Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.
17. Технички спецификации:
ПОСЕБЕН ПРИЛОГ
18. Деливост на набавката
Набавката е делива по делови: Дел 1 и Дел 2.
ПРЕДЛОГ
ДОГОВОР
Склучен на ден 03.2009 година во Велес, помеѓу следните
I. ДОГОВОРНИ СТРАНИ
А. Општина Велес, xx. Панко Брашнар бр.1, Велес, застапувана од Градоначалникот Xxx Xxxxxxxx, во понатамошниот текст како Набавувач (Нарачувач) од една страна,
Б. , ул. бр. застапувано од Директорот во понатамошниот текст Изведувач од друга страна.
II. ДЕФИНИЦИИ (ОБЈАСНЕНИЕ НА ПОИМИТЕ)
Член 1
За целите на овој Договор, одделни поими и изрази употребени во овој Договор го имаат следното значење:
“Нарачувач” е Набавувач кој го ангажирал Носителот на набавката како Изведувач за извршување на работите.
“Изведувач” е физичко или правно лице чија Понуда за изведување на работите е прифатена од страна на Нарачувачот.
“Понуда на Изведувачот” е комплетирана понудбена документација поднесена од Изведувачот до Нарачувачот.
“Надзорен Орган” е компетентно лице именувано од Нарачувачот, да ги извршува должностите на Надзорен Орган, за што Изведувачот е известен.
“Објект” е градежен објект од нискоградба, со сите инсталации, постројки и опрема, кои се во функција на намената на објектот или само инсталациите, уредите, постројките и опремата, ако прават техничко-технолошка целина.
“Градење” е изведување на претходни работи, изработка на техничката документација, подготвителни работи, изградба на нова градба, реконструкција и адаптација на постојна градба што опфаќа: земјани работи, изведување на градежна конструкција, градежно-инсталатерски работи, градежно-завршни работи, вградување постројки или опрема и други работи со кои се оформува целината на градбата.
“Градба” е сé што настанало со изградба и е поврзано со земјиштето, а претставува физичка, техничко-технолошка и градежна целина заедно со вградените инсталации, односно, опрема и градба што не настанала со изградба, доколку со неа се менува намената на земјиштето.
“Одржување на објект” е изведување на работи заради зачувување на основните барања на објектот во текот на неговото употребување.
“Подготвителни работи” се изведување на привремени градби и други активности за организирање и уредување на градилиштето, како и овозможување на примена на соодветни градежни технологии.
“Градилиште” е простор на кој се гради, реконструира, адаптира, изведуваат работи за одржување или отстранување на градба и привремено зафатениот простор потребен за примена на соодветни градежни технологии.
“Градежен Дневник” е документ кој што, за време на изведувањето на работите на изградбата, секојдневно и перманентно се води на градилиштето и во кој се внесуваат, како минимум, следните податоци: датумот, работното време, временските услови, бројот, структурата и квалификацијата на работната рака и персоналот на Изведувачот, ангажираната градежна механизација, постројки и опрема на Изведувачот, описот на дневно извршените работи со точна назнака на позициите според Предмерот, разни известувања што ги разменуваат Изведувачот и Надзорниот орган, упатства и налози на Надзорниот орган и сл.
Изведувачот го води Градежниот Дневник во оригинал и копија, при што оригиналот е за Надзорниот Орган, а копијата останува за Изведувачот.
Во секој момент Градежниот Дневник треба да му биде на располагање на Надзорниот Орган за преглед, коментари, корекции, забелешки и потпис.
“Градежна Книга” е документ кој што, за време на изведувањето на Работите на изградбата перманентно се води на градилиштето и во кој, врз основа на мерењата што заеднички ги извршиле Изведувачот и Надзорниот орган, или ги извршил Изведувачот, а ги проверил и потврдил Надзорниот орган, се внесуваат количините на вистински извршените Работи на изградбата по позиции на Предмерот.
Изведувачот ја води Градежната Книга во оригинал и копија, при што оригиналот е за Надзорниот Орган, а копијата останува за Изведувачот.
Градежната Книга во секој момент треба да му биде на располагање на Надзорниот Орган за преглед, коментари, корекции и потпис.
“Предмер пресметка” значи комплетна Предмер пресметка со внесени цени, која е дел од Понудата.
“Вишоци на работи” се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи.
“Денови” се календарски денови; месеци се календарски месеци.
“Недостаток” е било кој дел од работите кој не е комплетиран во согласност со Договорот.
“Проектна документација” опфаќа пресметки и други информации обезбедени или одобрени од страна на Надзорниот орган за извршување на Договорот.
“Кусоци на работи” се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи.
“Непредвидени работи” се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат.
“Дополнителни работи” се оние работи што не се договорени и не се нужни за исполнувањето на договорот, а Нарачувачот бара да се изведат.
“Примерен рок” е рокот во кој по редовен тек на нештата може да се изврши обврската што е во прашање во конкретниот случај.
“Проект на изведени работи” се цртежите и пресметките на извршените измени и дополненија на техничката документација и на фактично изведените работи врз основа на тие измени и дополненија.
“Воведување на Изведувачот во работата” е исполнување на оние обврски на Нарачувачот без чие претходно исполнување започнувањето на работите фактички не е можно или правно не е дозволено.
III. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој договор е јавна набавка: изградба на дел од фекална канализација за населено место Горно Оризари со анаеробна пречистителна станица за отпадни води, Зона 3(три), по приложена спецификација. Постапката е спроведена со оглас за доделување на договор за јавна набавка по спроведена отворена постапка бр. 07/2009, објавен во Службен весник на РМ бр. и на ВЕБ страната на бирото за јавни набавки под број 02-
/2 од .03.2009 година, а Нарачувачот се обврзува за тоа да му исплати определена цена.
Член 3
Работите од член 2 на овој Договор треба да се изведат во се' според главниот ревидиран проект, описите и количините од договорената пресметка како и важечките прописи, правила и стандарди.
Член 4
Со овој Договор Нарачувачот и Изведувачот ги регулираат своите права и обврски.
V. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Цена
Член 6
Изведувачот, работите наведени во член 2 од овој договор, ќе ги изведе за вкупна
вредност од денари.
Во договорената вредност е пресметан данокот на додадена вредност.
Член 7
Конечната вредност на работите ќе се утврди со конечна пресметка која се врши по примопредавањето на изведените работи.
Член 8
Со конечната пресметка се опфаќаат сите работи изведени врз основа на договорот, вклучувајќи ги и непредвидените и дополнителните работи што изведувачот бил должен да ги изведе, без оглед дали работите се опфатени со привремените ситуации.
Член 9
Конечната пресметка содржи особено:
1) вредност на изведените работи според договорените цени;
2) износ на разликите во цената;
3) износ исплатен по основ на ситуации;
4) конечен износ што изведувачот треба да го прими или врати по неспорниот дел на пресметката;
5) износ на цената што Нарачувачот го задржува за отстранување на недостатоци;
6) податокот дали објектот е завршен во договорениот рок, а ако не е, колку изнесува пречекорувањето на рокот;
7) податок за тоа кој договарач, по кој основ и во кој износ бара наплата на договорната казна и надомест на штета, како и нивни оспорени и неоспорени износи;
8) вкупен износ на цената на изведените работи;
9) податоци за другите факти за кои не е постигната согласност на овластените претставници на договарачите.
Член 10
Ако Нарачувачот без оправдана причина го одбие учеството во конечната пресметка или го одолжува своето учество во изработката на пресметката, Изведувачот може самиот да изврши пресметка и за тоа да го извести Нарачувачот. Тоа право му припаѓа и на Нарачувачот.
Член 11
Секој договарач ги поднесува трошоците на своето учество во изработката на конечната пресметка.
VI. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 12
Времетраењето на овој Договор престанува кога ќе бидат исполнети обврските кои што со овој Договор ги имаат превземено договорните страни, но не повеќе од една година од денот на неговото потпишување.
VII. ДИНАМИКА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ
Член 13
Изведувачот е должен пред отпочнување на работите да достави динамика до набавувачот со која ќе го запази рокот определен од набавувачот за завршување на работите предвидени во член 2 од овој Договор.
Член 14
Рокот за изведување на работите тече од воведувањето на Изведувачот во работа.
Член 15
Ако изведувачот не ги започне работите веднаш по воведувањето во работата, Нарачувачот ќе му остави дополнителен примерен рок за започнување на работите доколку има оправдани причини за тоа.
Ако Изведувачот ниту во рок од став 1 на овој член, не започне со изведување на работите, Нарачувачот може да го раскине договорот и да бара од изведувачот надомест на штетата.
Член 16
Ако постои оправдано сомневање дека работите ќе бидат изведени во договорениот рок, Нарачувачот има право да побара од Изведувачот да превземе потребни мерки со кои
се обезбедува соодветно забрзување на работите и нивно усогласување со договорениот план на градењето.
Член 18
Изведувачот има право да бара продолжување на рокот за изведување на работите во случај во кој поради променети околности или неисполнување на обврските од Нарачувачот бил спречен да ги изведува работите.
Продолжувањето на рокот се определува според траењето на пречката, со тоа што рокот се продолжува и за времето потребно за повторното започнување на работите и за евентуалното поместување на работите во понеповолно годишно време.
Како причини, поради кои, во смисла на став 1 од овој член, може да се бара продолжување на роковите, се сметаат особено:
1) природни настани (пожар, поплава, земјотрес, исклучително лошо време невообичаено за годишното време и за местото на кое се изведуваат работите и сл.);
2) мерките предвидени со акти на надлежните органи;
3) услови за изведување на работите во земја или во вода, што не се предвидени со техничката документација;
4) задоцнување на воведувањето на Изведувачот во работа;
5) непредвидени работи за кои Изведувачот при склучување на договорот не знаел ниту можел да знае дека мораат да се изведат;
6) вишоци на работите над 10% од договорените количества на работите.
Член 19
Изведувачот е должен барањето за продолжување на рокот да го поднесе до Нарачувачот штом ќе дознае за причината поради која рокот може да се продолжи.
VIII. ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 20
Нарачувачот и Изведувачот се согласни Изведувачот да му плати на Нарачувачот определен паричен износ или ќе му прибави некоја друга материјална корист (договорна казна), ако:
- не ја исполни својата обврска, или
- задоцни со нејзиното исполнување.
Член 21
Договорната казна изнесува 1%о (1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната цена на работите.
Член 22
Договорната казна се пресметува до примопредавањето на објектот, односно, на дел од објектот што претставува економско-техничка целина.
Член 23
Барањето за остварување на правото на договорна казна може да се истакне најдоцна до завршетокот на конечната пресметка.
Член 24
Кога казната е договорена за случај на неисполнување на обврската, Нарачателот може да бара или исполнување на обврската или договорна казна.
Нарачателот го губи правото да бара исполнување на обврската ако побарал исплата на договорната казна.
Кога казната е договорена за случај да се задоцни со извршување на обврската, Нарачателот може да бара и исполнување на обврската и договорна казна.
Член 25
Нарачателот има право да бара договорна казна и кога нејзиниот износ ја надминува висината на штетата што ја претрпел, како и кога не претрпел никаква штета.
Ако штетата што ја претрпел Нарачателот е поголема од износот на договорната казна, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.
IX. НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 26
Плаќањето на работите кои се предмет на овој Договор, ќе се врши вирмански по доставената документација за извршени работи.
Член 29
Нарачувачот има право да задржи сразмерен дел од цената за отстранување на недостатоците утврдени при примопредавањето на работите.
Член 30
Задржаниот дел од цената Нарачувачот може да го употреби за отстранување на недостатоците на изведените работи, ако изведувачот на писмена покана од Нарачувачот не ги отстрани тие недостатоци во оставениот примерен рок.
Член 31
Задржаниот износ, односно, неговиот непотрошен дел Нарачувачот му го исплатува на изведувачот во рок од 8 дена од денот на примопредавањето на работите, односно, веднаш по отстранувањето на недостатоците утврдени при примо-предавањето.
Член 32
Ако Нарачувачот доцни со исплата на времената месечна ситуацијата и по истекот на примерениот рок што му го оставил Изведувачот, тогаш Изведувачот има право привремено да го запре изведувањето на работите по овој Договор.
Член 33
Ако Нарачувачот е одговорен за запирањето на работите, должен е на Изведувачот да му ја надомести штетата што ја претрпел поради запирањето на работите. Надоместот на штетата ја опфаќа и загубената добивка.
X. ЗАТЕЗНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 34
Нарачувачот, доколку задоцни со исполнувањето на паричната обврската (плаќањето), односно Изведувачот доколку задоцни со исполнувањето на извршување на работите од овој Договор, долгува покрај главнината и затезна камата по стапката која е договорена.
Член 35
Нарачувачот односно Изведувачот има право на затезна камата без оглед на тоа дали претрпел некаква штета поради задоцнувањето.
Ако штетата што ја претрпел Нарачувачот односно Изведувачот поради задоцнувањето е поголема од износот што би го добил на име затезна камата, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.
XI. ОБВРСКИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Член 36
Изведувачот е должен работите од член 2 на овој Договор да ги изведе на начин и во роковите што се определени со овој Договор, прописите и правилата на струката.
Член 37
Изведувачот е должен навремено и детално да ја проучи техничката документација врз основа на која се изведуваат договорените работи и од Нарачувачот навремено да побара објаснение за недоволно јасните детали.
Член 38
Изведувачот нема право да ја менува техничката документација.
Ако уочи недостатоци во техничката документација или смета дека таа документација треба да се менува заради нејзино подобрување или од други причини, Изведувачот е должен за тоа навремено да го извести Нарачувачот.
Ако уочените недостатоци во техничката документација ја загрозуваат сигурноста на објектот, животот или здравјето на луѓето, сообраќајот или соседните објекти, до отстранувањето на недостатоците Изведувачот ќе го запре изведувањето на работите и ќе преземе мерки за отстранување на недостатоците.
Член 39
Изведувачот е должен на објектот да води градежен дневник и градежна книга кои ќе бидат потпишани од Надзорниот орган.
Член 40
Изведувачот е должен на Нарачувачот да му го предаде Проектот на изведените работи по завршетокот на работите, односно, по раскинувањето на договорот.
Член 41
Изведувачот е должен на градилиштето да презема мерки заради обезбедување на сигурноста на објектот и на работите, опремата, уредите и инсталациите, работниците, минувачите, сообраќајот, соседните објекти и околината.
Ако на исто градилиште работи изведуваат повеќе изведувачи, секој Изведувач превзема мерки на заштита и ја обезбедува сигурноста на работите што тој ги изведува.
Трошоците за спроведување на мерките од став 1 и 2 на овој член, ги поднесува изведувачот што ги презема тие мерки.
Член 42
Од почетокот на изведувањето до предавањето на работите на Нарачувачот, изведувачот на погоден начин ги обезбедува и чува изведените работи од оштетување, пропаѓање, однесување или уништување.
Изведувачот ги поднесува трошоците на обезбедувањето и чувањето на изведените работи, материјали и на ризикот на нивното оштетување, уништување, однесување и пропаѓање.
Член 43
По завршените работи, односно, по раскинувањето на договорот, изведувачот е должен од градилиштето да ги повлече своите работници, да ги отстрани преостанатите материјали, опрема и средства за работа, како и привремените објекти што ги изградил и да го исчисти објектот и градилиштето.
Трошоците настанати во врска со работите од став 1 на овој член, извршени по завршетокот на договорените работи, ги поднесува Изведувачот.
Трошоците настанати во врска со работите од став 1 на овој член, извршени во случај на раскинување на Договорот, ги поднесува договорната страна што е одговорна за раскинувањето на Договорот.
XII. ОБВРСКИ НА НАРАЧУВАЧОТ
Член 44
Нарачувачот е должен да ги отстрани сите постоечки проблеми во предвидениот рок до воведување на Изведувачот во работа со што би се овозможило несметано изведување на работите.
Член 48
Нарачувачот е должен, по склучувањето на Договорот, да го воведе Изведувачот во работа.
Воведувањето на Изведувачот во работа опфаќа, особено:
1) предавање на градилиштето, под кое, зависно од предметот на Договорот, се подразбира:
- обезбедување и предавање на Изведувачот на парцелата или на дел од парцелата на која ќе се изведуваат договорените работи;
- обезбедување на Изведувачот право на пристап на градилиштето;
2) предавање на Изведувачот на техничката документација за изведување на работите во потребен број примероци;
3) предавање на Изведувачот одобрение за изградба;
За воведувањето на Изведувачот во работа се составува посебен записник и тоа се констатира во градежниот дневник.
Член 49
Нарачувачот е должен да постапи по барањето на Изведувачот, со кое бара објаснение за недоволно јасните детали од техничката документација и во примерен рок и во писмена форма да му го даде бараното објаснение од техничката документација.
Член 50
Нарачувачот е должен пред започнување на работите со посебно решение да именува свој Надзорен орган и со писмо да го извести Изведувачот за тоа.
Член 52
Нарачувачот се обврзува да му ја плати на Изведувачот штетата настаната со прекинување на изведбата на работите која не настанала по вина на Изведувачот. Истото важи и во случај на намалување на обемот на работите за повеќе од 15% од договорената вредност.
XIII. РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА
Ако е договорено дека цената на работите нема да се менува во случај по склучувањето на договорот да се зголемат цените на елементите врз основа на кои е таа
определена, Изведувачот може, и покрај ваквата одредба на договорот, да бара измена на цената на работите ако се зголемиле цените на елементите во толкава мера што цената на работите би требало да биде поголема за повеќе од 10%.
И во овој случај Изведувачот може да ја бара само разликата во цената која преминува 10%, освен ако до зголемувањето на цената на елементите дошло по неговото паѓање во задоцнување.
Член 55
Ако во случаите од член 8 и 9 на овој договор, договорената цена би морала да биде значително зголемена, Нарачувачот може да го раскине договорот.
Во случај на раскинување на договорот Нарачувачот е должен да му исплати на Изведувачот соодветен дел од договорената цена за дотогаш извршените работи, како и справедлив надомест за направените неопходни трошоци.
Член 56
Ако е договорена непроменливост на цената на работите, а тие се извршени во договорениот рок, Нарачувачот има право на намалување на договорената цена во случај цените на елементите врз основа на кои е определена цената да се намалиле за толку што цената би била пониска за повеќе од 10% и тоа за разликата во цената над 10%.
Во случај на задоцнување на Изведувачот на работите, Нарачувачот има право на сразмерно намалување на цената на работите за секое намалување на цената на елементите врз основа на кои е определена цената на работите.
XV. УСЛОВИ ЗА КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 58
Изведувачот е должен, согласно со правилата на струката, да ја испита правилноста на техничките решенија во техничката документација и да го предупреди Нарачувачот за грешките што ќе ги забележи.
Член 59
Изведувачот е должен во објектот да вградува материјали и опрема што му одговараат на пропишаниот или договорениот квалитет. Ако е потребно Изведувачот е должен да изврши соодветно испитување на материјалот.
Ако методите за испитување на материјалите не се определени со техничката документација или со техничките прописи, ги определува Изведувачот.
Трошоците за испитување на материјалите ги поднесува Изведувачот.
Член 60
Изведувачот е одговорен за употреба на материјалите и опремата што не му одговараат на договорениот или пропишаниот квалитет.
Член 61
Ако Изведувачот не ги изведува работите според договорената техничка документација, техничките прописи и стандарди, како и според резултатите од сопственото испитување и правилата на струката, Нарачувачот има право да бара запирање на натамошното изведување на работите, односно, да бара промена на материјалите или употреба на материјали и опрема од соодветен квалитет.
Член 62
Изведувачот е должен да даде докази за квалитетот на употребените материјали и опрема и на изведените работи и да му овозможи контрола на Нарачувачот.
Конечната оцена на квалитетот на изведените работи и на употребените материјали и опрема се врши при примопредавањето на изведените работи.
Ако контролата на Нарачувачот бара откривање на одделни работи или просечување отвори, Изведувачот е должен да го овозможи тоа.
Трошоците на контролата ги поднесува Нарачувачот. Трошоците на контролата го опфаќаат и откривањето на работите, просечувањето на отвори и поправки, односно, враќање на работите во состојба во која се наале пред извршената контрола.
По исклучок од став 4 на овој член, трошоците на контролата ги поднесува Изведувачот ако не му овозможи на Нарачувачот на време да ја изврши контролата на изведените работи и на употребените материјали и опрема, па поради тао при подоцнежната контрола настанале трошоци што инаку би ги немало.
Член 63
Сите наоди на контролата на Изведувачот и на контролата на Нарачувачот се запишуваат во градежниот дневник.
Во случај на несогласност во наодите на контролата на Изведувачот и на контролата на Нарачувачот, ќе се изврши заедничка дополнителна контрола. Трошоците на заедничката дополнителна контрола паѓаат на товар на договарачот чиј наод не е потврден.
Член 64
Ако Изведувачот во текот на изведувањето на работите не постапи по основното барање на Нарачувачот и не ги отстрани недостатоците на изведените работи, Нарачувачот може да го раскине договорот и да бара од изведувачот надомест на штета што настанала поради неквалитетно изведените работи и поради раскинувањето на договорот.
Ако Изведувачот не ги отстрани во примерениот рок недостатоците што се утврдени при техничкиот преглед и примопредавањето на изведените работи, Нарачувачот може, врз товар на Изведувачот отстранувањето на недостатоците да му го отстапи на трето лице. При тоа Нарачувачот е должен да постапува како добар стопанственик.
Член 65
Изведувачот го гарантира квалитетот на работите и вградените материјали во согласност со договорениот квалитет.
Доколку Носителот на набавката не се придржува кон договорениот квалитет, Нарачувачот има право да ја наплати банкарската гаранција од 15% за квалитетно извршување на договорот.
XVI. НАДЗОР НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ
Член 66
Нарачувачот има право да врши стручен надзор над работите на Изведувачот заради проверување и обезбедување на нивно уредно изведување, особено во поглед на видот, количеството и квалитетот на работите, на материјалите и на предвидените рокови.
Заради вршење на стручен надзор Нарачувачот има право на пристап на градилиштето, во работилниците, погоните и местата за складирање на материјалите.
Стручен надзор врши лицето што ќе го определи Нарачувачот.
За лицето определено да врши стручен надзор и за неговите овластувања Нарачувачот го известува Изведувачот.
Член 67
Изведувачот е должен да му овозможи на Нарачувачот вршење на стручен надзор.
Член 68
Забелешките во поглед на начинот на изведувањето на работите, на употребениот материјал или на текот на изведувањето на работите Нарачувачот е должен без одлагање да му ги соопшти на Изведувачот.
Сите забелешки и наоди од Нарачувачот се соопштуваат во писмена форма или се запишуваат во градежниот дневник.
Член 69
Изведувачот е должен да постапи по сите основани барања од Нарачувачот поднесени во врска со вршењето на стручниот надзор.
XVII. НАЧИН НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ИЗВЕДЕНИТЕ РАБОТИ
Член 70
Веднаш по завршување на работите Изведувачот го известува Нарачувачот дека работите што се предмет на договорот се завршени.
Член 71
Нарачувачот и Изведувачот се должни без одлагање да пристапат кон примопредавање и конечна пресметка.
Член 73
За примопредавањето се составува записник кој ги содржи особено следните податоци:
1) дали работите се изведени според договорот, прописите и правилата на струката;
2) дали квалитетот на изведените работи му одговара на договорениот квалитет, односно, кои работи Изведувачот треба на свој трошок да ги доработи, поправи или повторно да ги изведе и во кој рок тоа треба да го стори;
3) за кои парашања од техничка природа не е постигната согласност помеѓу овластените претставници на договарачите;
4) констатација за примопредавањето на гарантните листови;
5) датум на завршувањето на работите и датум на извршеното примопредавање.
Член 74
Записникот за примопредавање може да го состави и само еден договарач без учество на другиот ако другиот договарач неоправдано го одбие учеството во примопредавањето или неоправдано не се одзве на поканата да учествува во примопредавањето. Таквиот записник се доставува до другиот договарач. Со денот на доставувањето на записникот настануваат последиците во врска со примопредавањето.
Член 75
Ако во записникот за примопредавањето обострано се констатира дека Изведувачот треба на свој трошок да доработи, поправи или повторно да изведе одделни работи, Изведувачот е должен веднаш да пристапи кон изведување на тие работи.
Ако Изведувачот не ги изведе работите од став 1 на овој член во примерениот рок, Нарачувачот може да ангажира друго лице да ги изведе врз товар на Изведувачот.
XVIII. УСЛОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ НЕДОГОВОРЕНИ РАБОТИ
Член 76
Изведувачот е должен да ги изведе договорените работи на начин и во роковите определени со овој Договор.
Како договорени работи во смисла на став 1 на овој член се сметаат и вишоците на работите.
Член 77
Изведувачот е должен по писмен налог од Нарачувачот да ги изведе непредвидените работи.
По исклучок од став 1 на овој член, Изведувачот може и без претходен налог од Нарачувачот да ги изведе непредвидените работи што се нужни за обезбедување на стабилноста на објектот, правилниот тек на работите и нормалното користење на изградениот објект, или за спречување настанување на штета, ако поради итноста или други оправдани причини нема можности за тие работи претходно да обезбеди налог од Нарачувачот. При тоа Изведувачот може да отстапи од техничката документација врз основа на која ги изведува работите. Во тој случај Изведувачот е должен без одлагање да го извести Нарачувачот за непредвидените работи што ги извел или нивното изведување е во тек и за причините што ги предизвикале непредвидените работи.
Член 78
Нарачувачот е должен изведувањето на непредвидените работи да му го отстапи на Изведувачот, а на трето лице може да му ги отстапи ако Изведувачот одбие да ги изведе воопшто или навремено.
Член 79
Нарачувачот е должен изведувањето на дополнителните работи пред отстапувањето на трето лице да му го понуди на Изведувачот.
Изведувачот може изведувањето на дополнителните работи да го прифати или
одбие.
XX. ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 82
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
XXI. ВИША СИЛА
Член 83
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
XXII. ОСИГУРУВАЊЕ
Член 84
Изведувачот ги осигурува работите од член 2 на овој Договор, како и материјалите и опремата кои треба да ги вгради од вообичаени ризици до нивната полна вредност.
Вообичаените ризици од став 1 на овој член се определуваат според сите околности на конкретниот случај што се од влијание, а особено според видот на работите, местото на кое се изведуваат работите, видот и својствата на материјалите што се вградуваат.
Премијата на осигурувањето ја плаќа Изведувачот.
Член 85
Ако Изведувачот пропушти да изврши осигурување, Нарачувачот може и сам, на сметка на Изведувачот да ги осигури изведените работи, материјали и опрема што тој ги набавил и му ги предал на Изведувачот.
XXIII. ГАРАНТЕН ПЕРИОД
Член 86
Изведувачот гарантира дека изведените работи во времето на примопредавањето се во согласност со договорот, прописите и правилата на струката и дека немаат мани што ја оневозможуваат или ја намалуваат нивната вредност или нивната подобност за редовна употреба, односно, за употребата определена со договорот.
Член 87
Нарачувачот е должен за забележаните недостатоци да го извести Изведувачот без одлагање.
Член 88
Гарантниот рок за квалитетот на изведените работи изнесува години.
Член 89
Гарантниот рок започнува да тече од примопредавањето на неговиот дел од објектот на кој се изведени работите.
Гаранцијата важи и за материјалите што ги вградува Изведувачот.
Член 90
Изведувачот е должен на свој трошок да ги отстрани сите недостатоци што ќе се покажат во текот на гарантниот рок, а кои настапиле поради тоа што Изведувачот не се држел кон своите обврски во поглед на квалитетот на работите и материјалите.
Нарачувачот ќе му определи на Изведувачот примерен рок за отстранување на недостатокот.
Нарачувачот има право и на надомест на штета по основ на став 1 и 2 на овој член.
Член 92
Ако Изведувачот не ги отстрани недостатоците во рокот што Нарачувачот ќе му го определи, Нарачувачот може да ги отстрани недостатоците на сметка на Изведувачот, со тоа што е должен да постапува како добар стопанственик.
Член 93
Изведувачот не е должен да ги отстрани оние недостатоци што настанале како последица од нестручно ракување и употреба, односно, не наменско користење на објектот или на делови од објектот.
XXIV. ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАТОЦИТЕ
Член 94
Изведувачот одговара за недостатоците во изработката на градежот што се однесуваат на неговата солидност, доколку тие недостатоци би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите.
Изведувачот одговара и за недостатоците на земјиштето на кое е подигнат градежот, што би се покажале за време од десет години од предавањето и приемот на работите, освен ако специјализирана организација дала стручно мислење дека земјиштето е погодно за градење, а во текот на градењето не се појавиле околности
кои ја доведуваат во сомневање основаноста на стручното мислење.
Истото важи и за проектантот ако недостатокот на градежот произлегува од некој недостаток во проектот.
Оваа нивна одговорност не може со договорот ниту да се исклучи, ниту да се ограничи.
Член 95
Инвеститорот е должен за недостатоците да ги извести изведувачот и проектантот во рок од шест месеци од кога го установил недостатокот, инаку го губи правото да се повика на него.
Правото на Инвеститорот спрема изведувачот, односно проектантот врз основа на нивната одговорност за недостатоците престанува за една година, сметајќи од денот кога Инвеститорот, односно стекнувачот го известил проектантот односно изведувачот за недостатокот.
Член 96
Изведувачот не се ослободува од одговорноста ако штетата настанала поради тоа што при изведувањето на определени работи постапувал според барањата на Инвеститорот.
Но, ако пред извршувањето на определена работа по барање на Инвеститорот го предупредил овој за опасноста од штета, неговата одговорност се намалува, а според околностите на конкретниот случај може и да се исклучи.
Член 97
Кога за штетата се одговорни изведувачот и проектантот, одговорноста на секој од нив се определува според големината на неговата вина.
Проектантот што изработил проект за градеж и на кого му е доверен надзорот над извршувањето на планираните работи, одговара и за недостатоците во извршените работи настанати по вина на изведувачот ако можел да ги забележи со нормално и разумно надгледување на работите, но има право да бара од изведувачот соодветен надомест.
Изведувачот што ја надоместил штетата настаната поради недостаток во извршените работи, има право да бара надомест од проектантот во мерка во која недостатоците во извршените работи произлегуваат од недостатоците во проектот.
Кога за недостатокот е одговорно лице на кое изведувачот му доверил извршување на еден дел од работата, изведувачот ако сака од него да бара надомест, мора да го извести за постоењето на недостатокот во рок од два месеца, сметајќи од денот кога тој самиот е известен од Инвеститорот за истиот недостаток.
XXV. ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 98
Договорните страни се должни да ги исполанат обврските кои произлегуваат од овој Договор.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување, другата договорна страна има право да бара и надомест на штетата што ја претрпел поради тоа.
За штетата поради задоцнување со исполнувањето одговара договорната страна на која другата договорна страна и дала примерен дополнителен рок за исполнување.
Договорната страна одговара и за делумната или целосната невозможност за исполнување иако не ја криела таа невозможност ако настапила по нејзино доаѓање во задоцнување за кое одговара.
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека она што е предмет на обврската случајно би пропаднало и кога таа својата обврска би ја исполнил на време.
Член 99
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека не можела да ја исполни својата обврска, односно дека задоцнила со исполнувањето на
обврската поради околности настанати по склучувањето на договорот кои не можела да ги спречи, отстрани или избегне.
Член 100
Со договор може да се прошири одговорноста на договорната страна и врз случај за кој тој инаку не одговара.
Исполнувањето на ваквата договорена одредба не може да се бара ако тоа би било во спротивност со начелото на совесност и чесност.
Член 101
Одговорноста на договорната страна за намерата или крајното невнимание не може однапред со договор да се исклучи.
Судот може, по барање од заинтересираната договорна страна, да ја поништи и договорната одредба за исклучување на одговорноста за обично невнимание, ако таквата спогодба произлегла од монополската положба на договорната страна или воопшто од нерамноправниот однос на договорните страни.
Член 102
Договорната страна има право на надомест на обичната штета и испуштената корист, кои другата договорна страна морала да ги предвиди во време на склучувањето на договорот како можни последици од повреда на договорот, со оглед на фактите што тогаш и биле познати или морале да и бидат познати.
Во случај на измама или намерно неисполнување, како и неисполнување поради крајно невнимание, договорната страна има право да бара од другата договорна страна надомест на целокупната штета што настанала поради повреда на договорот, без оглед на тоа што другата договорна страна не знаела за посебните околности поради кои настанале тие.
Ако при повреда на обврската, покрај штетата, за договорната страна настанала и некоја добивка, при определувањето на висината на надоместот за неа ќе се води сметка во разумна мера.
Страната што се повикува на повреда на договорот е должна да ги преземе сите разумни мерки за да се намали штетата предизвикана од таа повреда, инаку другата страна може да бара намалување на надоместот.
Член 103
Договорната страна која е должна да ја извести другата страна за фактите што се од влијание врз нивниот меѓусебен однос, одговара за штетата што ќе ја претрпи другата страна поради тоа што не била известена на време.
XXVI. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 104
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред арбитражна комисија која ќе ја сочинуваат 3 (три) члена и тоа по 1 (еден) од двете договорни страни, а третиот член ќе го одберат заеднички од редот на арбитрите на Арбитражниот суд при Стопанска Комора на Република Македонија.
Член 105
Доколку Арбитражната Комисија не даде обострано прифатливо решение сите евентуални спорови ќе ги решава надлежниот суд во Велес.
XXVII. УСЛОВИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 106
Кога една од договорните страна не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнувањето на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штетата.
Член 107
Кога една од договорните страна не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна, мора да му остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Ако договорните страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна, може да го раскине договорот.
Член 108
Една од договорните страна може да го раскине договорот и без да и остави на другата договорна страна, дополнителен рок за исполнување ако од нејзиното однесување произлегува дека таа нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Член 109
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штетата.
Член 110
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа писмено да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Член 111
Договорот не може да се раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврската.
Член 112
Со раскинувањето на договорот двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета.
Член 113
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да и надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа.
Член 114
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не и било соопштено на време.
XXVIII. ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 115
Договорните страни можат да ги дополнат или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 116
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 117
Овој Договор е составен во 4 (четири) примероци, од кои секоја страна задржува по 2 (два) примерока и стапува во сила со денот на неговото склучување.
Нарачувач | Изведувач |
Општина Велес Градоначалник | Директор |
Xxx Xxxxxxxx |
Врз основа на огласот број 07/2009 објавен од страна на Општина Велес, за доделување на договор за јавна набавка на работи: изградба на дел од фекална канализација за населено место Горно Оризари со анаеробна пречистителна станица за отпадни води, Зона 3(три), во отворена постапка со прибирање на понуди, и на тендерската документација која ја подигнавме од договорниот орган, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следните материјали:
.
II.2. Во прилог ги доставуваме бараните документи, и тоа:
II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува:
[со бројки] ( ) [со букви] денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува .
ПОПОЛНЕТЕ ЈА СПЕЦИФИКАЦИЈАТА ОД ПОСЕНБИОТ ПРИЛОГ
Цена |
Гаранција |
Рок на извршување |
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и приложениот предлог – договор.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на способност
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудувачот
во целост ги исполнува критериумите за утврдување на способноста на понудувачите утврдени во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на работи: изградба на дел од фекална канализација за населено место Горно Оризари со анаеробна пречистителна станица за отпадни води, Зона 3(три) објавен од страна на Општина Велес со барање за прибирање на понуди и дека понудувачот ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на овие критериуми, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Изјава од техничкиот персонал одговорен за реализација на договорот
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност во име на сите технички лица вработени во
кои превземаат конкретни активности и обврски утврдени во тендерската документација по огласот за доделување на договор за јавна набавка на работи: изградба на дел од фекална канализација за населено место Горно Оризари со анаеробна пречистителна станица за отпадни води, Зона 3(три), изјавувам дека се целосно одговорни за реализацијата на овој договор, тие се компетентни и стручни, секој во рамките на својата професија. Доколку биде избрана нашата понуда за најповолна ГАРАНТИРААТ дека во целост ќе бидат реализирани превземените обврски од договорот.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Xxxxxx од понудувачот дека не му е изречена правосилна пресуда
И З Ј А В А
Понудувачот , со својот печат и потпис на
овластеното лице , изјавува дека во последните 5 (пет) години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари на Огласот бр. 07/2009 објавен од страна на Општина Велес, за јавна набавка на работи: изградба на дел од фекална канализација за населено место Горно Оризари со анаеробна пречистителна станица за отпадни води, Зона 3(три).
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог – Xxxxxx од понудувачот дека ги прифаќа условите од Огласот
И З Ј А В А
Понудувачот , со својот печат и потпис на
овластеното лице , изјавува дека во целост ги прифаќа условите на Огласот бр. 07/2009 објавен од страна на Општина Велес, за јавна набавка на работи: изградба на дел од фекална канализација за населено место Горно Оризари со анаеробна пречистителна станица за отпадни води, Зона 3(три).
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |