ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Примери за клаузули

ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Во случај на доцнење со испораката на стоките предмет на овој Договор, од страна на Економскиот оператор , Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна - пенали. Во случај на доцнење со испораката на стоките Договорниот орган има право на договорна казна-пенали во висина од 5 % од вредноста на неиспорачаните стоки со вклучен ДДВ, за секој ден задоцнување. Во случај на доцнење со испораката, Договорниот орган има право, по претходно доставено писмено известување до Економскиот оператор за дополнително оставениот рок од 2 дена, да го раскине Договорот за испорака на стоките со проста изјава за раскинување на Договорот и за задржување на правото на договорна казна и надомест на штета.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Во случај на доцнење на испораката на стоката, од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорни пенали. Договорната казна се определува во висина на 0,1% од вредноста на неиспорачаната стока за секоја започната недела за првите две недели, односно 0,5% за секоја недела задоцнување, но не повеќе од 5% од вредноста на неиспорачаната стока.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се договорија дека носителот на набавката ќе му плати на договорниот орган определен паричен износ (договорна казна) ако задоцни со нејзиното исполнување или ако не ја исполни својата обврска.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Член 18 Договорната казна изнесува 1%o ( 1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната цена на работите. Член 19 Договорната казна се пресметува до примопредавањето на објектот, односно, на дел од објектот што претставува економско-техничка целина и може да се користи самостојно. Ако Нарачувачот го започнал користењето на објектот или на дел од објектот пред примопредавањето, договорната казна се пресметува до почетокот на користењето. Член 20 Барањето за остварување на правото на договорна казна може да се истакне најдоцна до завршетокот на конечната пресметка. Член 21 Кога казната е договорена за случај на неисполнување на обврската, Нарачателот може да бара или исполнување на обврската или договорна казна. Нарачателот го губи правото да бара исполнување на обврската ако побарал исплата на договорната казна. Кога казната е договорена за случај да се задоцни со извршување на обврската, Нарачателот може да бара и исполнување на обврската и договорна казна. Член 22 Нарачателот има право да бара договорна казна и кога нејзиниот износ ја надминува висината на штетата што ја претрпел, како и кога не претрпел никаква штета. Ако штетата што ја претрпел Нарачателот е поголема од износот на договорната казна, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Во случај на доцнење со испораката на предметот на набавката од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна. Договорната казна се определува во висина од 2 промила дневно, но износот не може да биде поголем од 5% од вредноста на подоцна испорачаната стока. Во случај на 2 (две) последователни неиспораки (кога предметот на набавката се испорачува сукцесивно), Договорниот орган има право по предходно доставено писмено известување до Носителот на набавката за испорака на предметот на набавката, во дополнително оставен рок од три дена, да го раскине Договорот за испорака на предметот на набавката со проста изјава и да склучи Договор за испорака на предметот на набавката со второрангираниот понудувач. Во случај на став 3 од овој член, Носителот на набавката е должен да му ја надомести штетата на Договорниот орган. Договорниот орган неможе да бара договорна казна поради задоцнување ако го примил исполнувањето на обврската, а без одлагање не му соопштил на Носителот на набавката дека го задржува своето право на договорна казна.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Нарачувачот и Изведувачот се согласни Изведувачот да му плати на Нарачувачот определен паричен износ или ќе му прибави некоја друга материјална корист (договорна казна), ако: - не ја исполни својата обврска, или - задоцни со нејзиното исполнување.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Во случај на доцнење од страна на Носителот на набавката со извршувањето на работите предмет на овој договор, тој е согласен на договорниот орган да му плати договорна казна во износ од 0,5% од вкупната вредност на овој Договор за секој ден задоцнување, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да е повеќе од 5% од вкупната вредност на договорените работи.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Доколку Носителот на набавката од било која причина, нема да ја изврши услугата, Договорниот орган е овластен тие услуги да бара да ги изврши друга страна друга страна, а за сметка на Носителот на набавката. Во случај на задоцнување во исполнувањето на обврските од страна на Носителот на набавката, тој е согласен да му плати на Договорниот орган договорна казна во висина од 0,2% од вредноста на Договорот за секој ден доцнење.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Член 8 Во случај на доцнење со испораката на стоките што се предмет на овој договор, од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна. Договорната казна се определува во висина од 3.000 денари за секој ден задоцнување. Во случај на 2 ( две ) последователни неиспораки , договорниот орган има право по претходно доставено писмено известување до Носителот на набавката за испорака на стоките што се предмет на овој договор, во дополнително оставен рок од уште дв адена , да го раскине Договорот за испорака на стоките предмет на овој договор, со проста изјава и да склучи Договор за испорака на истите стоки со второрангираниот понудувач. Во случај на став 3 од овој член , Носителот на набавката е должен да му ја надомести штетата на Договорниот орган. Договорниот орган не може да бара договорна казна поради задоцнување ако го примил исполнувањето на обврската, а без одлагање не му соопштил на Носителот на набавката дека го задржува своето право за договорна казна. X.ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРАТА Член 9 При изготвувањето на фактурата, Носителот на набавката е должен да ги наведе следните елементи • Назив на Договорниот орган, место, седиште и даночен број • Број и дата на Договорот • Колилчини со опис на стоката, дефинирани по елемнти како во член 2 од договорот • Единични договорни цени на секој од елементите • Вкупни цени по елемнти • Вкупна цена на фактурата • Правдање на даден авнас ( доколку го имало) • Други зголемувања или намалувања, согласно со договорните услови ( камати, пенали, разлики на цени и сл.) • Пресметка на ДДВ • Вкупна цена за исплата по фактурата ( во случаи на правдање на аванс и тн_ • Валута на плаќање XI.НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, ЗАТЕЗНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ Член 10 Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши на следниов начин- вирмански преку жиро сметка Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши во рок од 30 дена , од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, на сметка и банка за која писмено ќе го извести Носителот на набавката. Прилог на фактурата е уредно заверена испратница Во случај Договорниот орган да не ја плати фактурата во договорениот рок, се засметува законска затезна камата во висина определена согласно позитивните законски прописи во Р. Македонија. XII.КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА Квалитативн и квантитативен прием на стоката што е предмет на овој дого...
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Во случај на доцнење со испораката на од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна. Договорната казна се определува во висина од 2 промила дневно, но износот не може да биде поголем од 5% од вредноста на подоцна испорачаната стока. Во случај на 2 (две) последователни неиспораки, Договорниот орган има право по предходно доставено писмено известување до Носителот на набавката во дополнително оставен рок, да го раскине Договорот со проста изјава и да склучи Договор со второрангираниот понудувач. Во случај на став 3 од овој член, Носителот на набавката е должен да му ја надомести штетата на Договорниот орган. Договорниот орган неможе да бара договорна казна поради задоцнување ако го примил исполнувањето на обврската, а без одлагање не му соопштил на Носителот на набавката дека го задржува своето право на договорна казна.