Contract
1
Дополнителни услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода)
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 15.10.2004 година и со одлука бр.06/04-3 се применуваат од денот на донесувањето.
Содржина
• Дополнителни услови за осигурување на раководители (менаџери) од последици на несреќен случај (незгода) со примена на валутна клаузула
- во еур стр.1
• Дополнителни услови за паушално осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.4
• Дополнителни услови за колективно осигурување членови на домаќинството на земјоделски производители од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.4
• Дополнителни услови за колективно осигурување на пензионери од последици на несреќен случај (незгода) со ризикот смрт поради болест стр.5
• Дополнителни услови за осигурување членови на спортски организации од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.5
• Дополнителни услови за осигурување членови на ловечки и риболовни организации од последици на несреќен случај (незгода)..................стр.6
• Дополнителни услови за осигурување на лица при вршење доброволна противпожарна и друга спасувачка дејност од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.7
• Дополнителни услови за осигурување членови на културно- уметнички друштва од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.8
• Дополнителни услови за осигурување на учесници во доброволни работни акции од последици на несреќен случај (незгода)...............стр.8
• Дополнителни услови за осигурување на младинци за време на обука во единиците на територијална одбрана или цивилна заштита од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.9
• Дополнителни услови за осигурување на студенти за време на престојот во странство од последици на несреќен случај (незгода).................стр.10
• Дополнителни услови за осигурување на посетители на објекти за рекреација од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.10
• Дополнителни услови за осигурување на посетители на културно- уметнички, спортски и други приредби од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.11
• Дополнителни услови за осигурување на туристи и излетници од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.11
• Дополнителни услови за осигурување на потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици на несреќен случај (незгода)..стр.12
• Дополнителни услови за осигурување на претплатници од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.13
• Дополнителни услови за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.14
• Дополнителни услови за осигурување на демонтери на мини, гранати и други експлозивни средства од последици на несреќен случај (незгода) стр.14
• Дополнителни услови за осигурување на каскадери и лица кои учествуваат во акробации и други опасни сцени од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.14
• Дополнителни услови за осигурување на учесници на територијална одбрана и членови на цивилна заштита од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.15
• Дополнителни услови за осигурување на лица за време на феријално летување, зимување и логорување од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.15
• Дополнителни услови за осигурување учесници на курсеви за скијање и пливање од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.15
• Дополнителни услови за осигурување учесници на работнички спортски игри, детски или младински олимпијади и слично од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.16
• Дополнителни услови за осигурување на хајкачи (гонители) во лов од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.16
• Дополнителни услови за осигурување на нуркачи од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.16
• Дополнителни услови за осигурување на доброволни даватели на крв од последици на несреќен случај (незгода)...................стр.17
• Дополнителни услови за осигурување на членови на планинарски сојуз од последици на несреќен случај (незгода...................стр.17
• Дополнителни услови за доброволно осигурување на патници во јавниот превоз од последици на несреќен случај (незгода).............стр.18
Дополнителни услови за осигурување на раководители (менаџери) од последици на несреќен случај (незгода) со примена на валутна клаузула - во еур
Осигурувачот со овој документ се согласува со осигуреникот во висина и на начин утврден во полисата, доколку осигуреникот претрпи телесна повреда во периодот додека важи ова осигурување, да му плати на осигуреникот или неговите извршители или управувачи согласно додатокот за надомест откако ќе поднесе комплетно оштетно побарување според ова осигурување.
Со тоа што отсекогаш:
1. Обесштетувањето не се врши според повеќе, туку само според една точка од додатокот за надомест во однос на последиците од една незгода, освен за надоместокот кој се плаќа во однос на привремена целосна неспособност за време на лекување.
2. Вкупниот износ кој се плаќа според ова осигурување во однос на секоја или на повеќе незгоди да не ја надмине најголемата осигурена сума на било кој од ризиците наведени во додатокот за надомест, или е додаден на ова осигурување со индосамент (додаток), а осигурувачот како дополнение ги плаќа лекарските трошоци.
3. Ако точка 1 од додатокот за надомест не е покриена со осигурување, тогаш не се плаќа ниту едно оштетно барање, освен привремена целосна неспособност за времето на лекувањето и лекарските трошоци, во однос на секоја незгода за која е поднесено оштетно барање согласно точка 1, доколку таа точка е покриена со осигурување.
4. Доколку точка 1 од додатокот за надомест е покриена со осигурување, а незгодата предизвикала смрт на осигуреникот во рок од 12 месеци од датумот на незгодата, пред да се одреди ликвидирање на надоместокот за инвалидитет како во точката 2 од додатокот за надомест, се плаќа единствено надоместокот предвиден во случај на смрт.
5. Надоместокот се плаќа согласно точките од додатокот за надомест ако:
(a) Под точка 1, смртта настапи во рок од 12 месеци од денот на незгодата;
(b) Под точка 2, тоталниот (целосен) траен инвалидитет - загуба настапи во рок од 12 месеци од денот на незгодата;
(c) Под точка 2, осигуреникот станува трајно делумно инвалид - во рок од 12 месеци од денот на незгодата;
(d) Под точка 3, привремената целосна неспособност за време на лекување се плаќа за секој работен ден за кој осигуреникот не е способен за работа поради лекување од последиците на несреќен случај, а за кој осигуреникот добил лекарски третман, во рок од 12 месеци од денот на незгодата;
(e) Под точка 4, лекарските трошоци настанати во однос на точките 1 и 2 дополнително се плаќаат од осигурувачот, но најмногу до 10.000 ЕУР, со учество на осигуреникот од 1.000 ЕУР во секое оштетно барање за надомест на лекарски трошоци.
Дефиниции во ова осигурување:
1. Телесна повреда значи очигледна физичка повреда која:
(a) е предизвикана од несреќен случај, и
(b) единствено и независно од друга причина, освен болест како директна последица на тоа или настанати лекарски или хируршки третмани по таа повреда, настаната смрт или неспособност на осигуреникот во рок од 12 месеци од денот на незгодата.
2. Незгода значи ненадејна, неочекувана, невообичаена специфична случка која настанала во одредено време и место, но исто така вклучува изложување кое резултира од несреќа со возило во кое патува осигуреникот.
3. Привремена целосна неспособност значи неспособност која целосно го спречува осигуреникот од извршување на дејноста или занимањето од било кој вид.
4. Привремена делумна неспособност значи неспособност која го спречува осигуреникот за вршење на основната дејност или занимање.
5. Трајна целосна неспособност значи неспособност која целосно го спречува осигуреникот од извршување на дејност или занимање од било кое или кој вид и кое трае 12 месеци и по истекот на тој период нема надеж да се подобри.
6. Губење на дел од телото значи губиток со физичко одделување на раката на или над дланката или на стапалото на или над глуждот и вклучува целосен или ненадоместлив губиток на користењето на дланката, раката или ногата.
7. Лекарски трошоци значи трошоците настанати по потреба од страна на осигуреникот за третман од: лекар, болница, хирургија, манипулативен третман, масажа, терапевтски, рентгенски и третман од негователки, вклучувајќи и трошоци за медицински помагала и наем на амбулантно возило.
8. Патување со авион значи да се биде во или на или се вози со авион и за цел на патувањето со авион, влегување и излегување по летот,
9. Франшиза значи учество на осигуреникот во секое оштетно барање (оштета).
10. Зборовите напишани во машки род вклучуваат и женски род.
2 Услови
1. Ако осигуреникот редовно се ангажира во некое занимање, спорт,
(Континентална скала - Табела)
Табела
поминатото време или активност каде може да настане материјално поголем ризик отколку изложување во врска со ова осигурување без прво да се извести осигурувачот и да се добие писмена согласност за дополнение на ова осигурување (подлежи на плаќање на дополнителна премија бидејќи осигурувачот може разумно да бара разгледување на таква согласност, тогаш ниту едно оштетно барање не се исплаќа за било каква незгода која произлегува од истото.
2. Ако последиците од незгодата се отежнуваат (влошуваат) со состојба или физичка неспособност на осигуреникот која постоела пред да настане незгодата, износот на надоместокот кој треба да се плати според ова осигурување за последиците од незгодата ќе биде износот кој разумно би се платил ако тие последици не се толку отежнати.
3. Писмено известување мора да се достави до осигурувачот веднаш штом ќе биде разумно можно по незгодата која предизвикува или може да предизвика неспособност во рамките на значењето на ова осигурување, а осигуреникот мора што е можно побрзо да се обрати за нега од соодветен стручен лекар.
Известувањето мора да се достави до Осигурувачот колку што е можно разумно и практично побрзо во случај на смрт на осигуреникот како резултат или се тврди дека е резултат од незгодата.
Услов пред одговорноста на Осигурувачот да го плати надоместокот на осигуреникот или неговите претставници е сите лекарски податоци, потврди, белешки и коресподенција во однос на субјектот на оштетното барање или претходните услови да бидат достапни за увид на барање на секој лекарски советник кој е назначен од или во име на осигурувачот и тој лекарски советник или советници со цел да се разгледа оштетното барање да можат да го прегледаат лично лицето - осигуреникот, толку пати колку што ќе ценат дека е потребно.
4. Секоја измама сокривање или намерно погрешни изјави било во пријавата на која се базира ова осигурување или во врска со друга работа која влијае на ова осигурување или во врска со поднесување на оштетно барање, ќе се смета ова осигурување како неважечко и сите поднесени оштетни барања по ова осигурување се казнуваат.
Исклучоци
Ова осигурување не покрива смрт или неспособност (траен инвалидитет) директно или индиректно кои произлегуваат како последица од или предизвикана од:
1. Војна, инвазија, акт на странски непријатели (без оглед дали има објавено војна или не), граѓанска војна, побуна, револуција, востание или воена или узурпаторска сила;
2. Радиоактивна контаминација ако настанала директно или индиректно;
3. Осигуреникот е ангажиран во или учествува во:
(a) служење во или акции во поморска војна или авио војна;
(б) зимски спортови (освен лизгање на мраз или вртење).
• во било какво одморалиште за зимски спортови или
• насекаде вон Република Македонија.
(в) нуркање со помошни апарати за дишење, качување по карпи и планинарење со нормална употреба на јажиња и водичи, симнување во јами, едриличарство, падобранство, ловење со коњи или возење или јавање на било кој вид трки;
(г) возење на моторцикли или скутери, освен мопеди;
(д) професионален спортист и спортски екипи;
(ѓ) редовна војска;
(е) екипаж на бродови.
4. Осигуреникот ангажиран во авиопатување како персонал и екипаж во авиокомпанијата освен како патник во соодветно овластен авион со повеќе мотори со кој оперира овластен стопански авиопревозник или е сопственост или управуван од стопански концерн.
5. Самоубиство или обид за самоубиство или намерна повреда на себе или ако осигуреникот е ментална нездрава состојба.
6. Синдромот СИДА или комплекс кој се однесува на СИДА како и да е добиен овој синдром или да се именува.
7. Намерно изложување на особена опасност (освен во обид да се спаси човечки живот) или сопствен криминален акт на осигуреникот или ако осигуреникот е под дејство на алкохол или дрога.
8. Инфекции.
9. Смрт од било која причина, освен незгода.
10. Незгоди здобиени од свесна вовлеченост на осигуреникот во вршење или обид за вршење криминал, злосторство или кривично дело.
11. Труења здобиени со внесување на цврсти и течни супстанци низ грлото.
Тотален (целосен) траен инвалидитет | |
Целосно губење на видот на двете очи | 100% |
Целосно неизлечива болест | 100% |
Загуба на двете раце или шаки | 100% |
Отстранување на долната вилица | 100% |
Изгубен говор | 100% |
Загуба на една рака и една нога | 100% |
Загуба на една рака и едно стопало | 100% |
Загуба на една шака и едно стопало | 100% |
Загуба на една шака и една нога | 100% |
Загуба на двете нозе | 100% |
Загуба на двете стопала | 100% |
Траен делумен инвалидитет | |
Глава | |
Загуба на коскената материја на черепот во цел слој | |
површина од најмалку 6 см2 | 40% |
површина од 3 до 6 см2 | 20% |
површина помалку од 3 см2 | 10% |
Делумно отстранување на долната вилица, поголем дел од целокупноста или половина од максилиарната коска | 40% |
Загуба на едното око | 40% |
Целосна глувост на едното уво | 30% |
Горни екстремитети десно лево | |
Загуба на една рака и една шака | 60% 50% |
Значителна загуба на коскена супстанца во раката | |
(одредено ненадоместива повреда) | 50% 40% |
Целосна парализа на горен екстремитет | |
(неизлечива болест на нервите) | 65% 55% |
12. Патолошки пореметувања кои се должат на физички реакции без оглед на нивната причина.
ПРИЛОГ бр.1 - За определување на процент за траен инвалидитет за дополнително осигурување на раководители (менаџери) од последици на несреќен случај (незгода) со примена на валутна клаузула - во ЕУР. Процентот на осигурени суми за Траен - целосен и Траен делумен инвалидитет е како следи:
Завршни одредби
1. Овие услови важат со Посебните услови за осигурување на раководители (менаџери) од последици на несреќен случај (незгода) со примена на валутна клаузула, доколку нивната содржина е во спротивност со содржината на Посебните услови важат овие услови.
2. Составен дел на овие услови е Табелата (Континентална скала - Табела) за определување на процент за траен инвалидитет за дополнително осигурување на раководители (менаџери) од последици на несреќен случај (незгода) со примена на валутна клаузула - во ЕУР.
3
Анкилоза на прстите (освен палец и показалец) и на прстите на нозете (освен палецот на ногата) подлежи на 50% надомест кој се дава за загуба на наведените членови.
Целосна парализа на циркумфлексниот нерв | 20% 15% |
Анкилоза на рамото | 40% 30% |
Анкилоза на лактот | |
во поволна состојба ( 15 степени околу десниот зглоб) | 25% 20% |
во неповолна состојба | 40% 35% |
Поголема загуба на коскената материја во двете коски на подлактица (одредена и неизлечива повреда) | 40% 30% |
Целосна парализа на средниот нерв | 45% 35% |
Целосна парализа на радиалниот нерв на торзиона подлога | 40% 35% |
Целосна парализа на радиалниот нерв | |
на подлактицата | 30% 25% |
Целосна парализа на радиалниот нерв на шаката | 20% 15% |
Анкилоза на рачниот зглоб во поволна | |
позиција (право и во предвидена) | 20% 15% |
Анкилоза на рачниот зглоб во неповолна | |
позиција (флексација или истегната или пасивна позиција) | 30% 25% |
Целосна загуба на палец | 20% 15% |
Делумна загуба на палец (ангуален фаланкс) | 10% 5% |
Целосна анкилоза на палецот | 20% 15% |
Целосна ампутација на показалецот | 15% 10% |
Ампутација на две фаланги на показалецот | 10% 8% |
Ампутација ангуалниот фаланкс на показалецот | 5% 3% |
Истовремена ампутација и на палец и на показалецот | 25% 20% |
Остеомијелитис рецидивирачки | 75% 20% |
Ампутација на два прста освен палец и показалец | 12% 8% |
Ампутација на три прста освен палец и показалец | 20% 15% |
Ампутација на четири прста со палец | 45% 40% |
Ампутација на четири прста без палец | 40% 35% |
Ампутација на среден прст | 10% 8% |
Ампутација на прст освен на палец, среден и показалец | 7% 3% |
Долни екстремитети |
Ампутација на бут (горна половина) | 60% |
Ампутација на бут (долна половина) | 50% |
Целосна загуба на стапало (тибио-терзална дисартикулација) | 45% |
Делумна загуба на стапало (под-зглоб-коска дисартикулација) | 40% |
Делумна загуба на стапало (средна-терзална дисартикулација) | 35% |
Делумна загуба на стапало (тарзо-ментатарзална дисартикулација) | 30% |
Целосна парализа на долен екстремитет (нелечива повреда на нервот) | 60% |
Целосна парализа на надворешен поплитичен скиатичен нерв | 30% |
Целосна парализа на внатрешен поплитичен скиатичен нерв | 20% |
Целосна парализа на двата нерва | |
(надворешен и внатрешен поплитичен скиатичен нерв) | 40% |
Анкилоза на колк | 40% |
Анкилоза на колено | 20% |
Загуба на коскена супстанца од бутот или двете коски на | |
ногата (неизлечива состојба) | 60% |
Загуба на коскена супстанца од колено со голема одвоеност | |
на фрагменти и голема тешкотија при движење и виткање на | |
ногата | 40% |
Загуба на коскена супстанца на коленото додека движењата | |
се сочувани | 20% |
Скратување на долниот екстремитет најмалку 5 см | 30% |
Скратување на долниот екстремитет од 3 до 5 см | 20% |
Скратување на долниот екстремитет од 1 до 3 см | 10% |
Целосна ампутација на сите прсти на ногата | 25% |
Целосна ампутација на четири прсти и палец на ногата | 20% |
Целосна ампутација на четири прсти | 70% |
Анкилоза на палецот | 70% |
Ампутација на два прста | 5% |
Ампутација на еден прст, освен палецот | 3% |
4 Траен инвалидитет предизвикан од незгода, а не е наведен погоре, се надоместува согласно нивната сериозност споредено со тие што се веќе наведени, а занимањето на лицето не се зема во предвид. Делумен или целосен инвалидитет за функции, кој не е посебно обработен во Скалата на трајниот инвалидитет за екстремитет или орган се третира како делумна или целосна загуба на наведениот екстремитет или орган. Вкупниот надомест кој се плаќа во однос на неколку вида инвалидитети од иста незгода се добива со собирање на неколку износи, но да не ја надминува вкупната осигурена сума од Додатокот за надомест.
Ако осигуреното лице е левучар и тоа го има посебно нагласено во Понудата, ќе се применуваат процентите горенаведени за разни инвалидитети на десен горен екстремитет и лев горен екстремитет.
Дополнителни услови за паушално осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за паушално осигурување на лица од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за паушално осигурување на лица од последици на несреќен случај, кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач во смисла на овие Дополнителни услови може да биде физичко лице или правно лице од земјоделска дејност, градежништво и сл. кај кое работникот засновува граѓанско правен однос.
(3) Лицата што се осигуруваат во смисла на овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба и општата работна способност, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврска на осигурувачот и траење на осигурувањето
(1) Обврската на осигурувачот во однос на секој осигуреник започнува во 24:00 часот оној ден кога е платена договорената премија, но не порано од 24:00 часот оној ден кој во полисата е наведен како почеток на осигурувањето.
(2) Осигурувањето се склучува со издавање на поединечна полиса за секој осигуреник или со заедничка полиса со која се приложува список на сите осигурени лица и тоа на траење од најмногу една година. Осигурувањето за наредната година може да се договори само со издавање на нова поединечна или заедничка полиса.
(3) Обврската на осигурувачот се однесува само за лица од 14 до 75 години живот, а останатите помлади и постари лица не може да се осигураат.
Член 3
Осигурени суми
(1) Наведената осигурена сума во полисата претставува најголем износ на обврската на осигурувачот за одделни осигурени случаи.
Член 4
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за колективно осигурување членови на домаќинството на земјоделски производители од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за колективно осигурување на членови на домаќинство на земјоделски производители од последици на несреќен случај (незгода) - (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за колективно осигурување на членови на домаќинство на земјоделски производители од последици на несреќен случај, што договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) За членови на домаќинство на земјоделски производител се сметаат: брачните другари, нивните деца кои не се во брак, дете во брак со неговото семејство ако земјоделскиот производител живее во неговото семејство, нивните претци (родители, баба и дедо) ако живеат во заедничко домаќинство со земјоделскиот производител.
Под заедничко домаќинство на земјоделски производител се подразбира трајна заедница на лицата погоре наведени, кои живеат заедно и заеднички ги трошат своите приходи.
Сродството настанато со посвојување се изедначува со крвното сродство, а вонбрачната заедница која траела најмалку една година се изедначува со брачната.
(3) Договорувач на осигурувањето може да биде претпријатие, здружение или друга организација, односно секое правно лице кое има интерес да ги осигура своите членови и нивните фамилии.
(4) Осигурувањето може да се договори колективно за случај на смрт и за случај на траен инвалидитет од последици на несреќен случај. За сите членови на домаќинството се договараат исти осигурени суми. По овие Дополнителни услови можат да бидат осигурени членови на домаќинството од 7 години до навршување на 80 години живот.
(5) Лицата наведени во став (1) од овој член се осигурени без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност кои во секој случај се исклучени од осигурување.
Член 2
Обврска на осигурувачот и траење на осигурувањето
(1) Обврската на осигурувачот во однос на секој осигурен член на домаќинството почнува во 24:00 часот оној ден кој во полисата е означен како почеток на осигурувањето.
(2) Ако е договорено колективно осигурување со вклучување на ризикот смрт поради болест, осигурувачот е должен да исплати:
1. 50% од договорената осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи во текот на првите шест месеци на траењето на осигурувањето, односно од стапувањето во осигурување.
2. 50% од износот за кој е зголемена осигурената сума кога се врши зголемување на осигурената сума, а смртта на осигуреникот настапила во текот на првите шест месеци од извршеното зголемување на осигурената сума и договорената осигурена сума пред да се изврши зголемување на осигурената сума.
3. целата осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи по шест месеци од почетокот на осигурувањето, односно од стапувањето во осигурување.
4. целата осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи по шест месеци од почетокот на извршеното зголемување на новодоговорената осигурена сума.
(3) Обврската на осигурувачот за сите членови на домаќинството престанува во 24:00 часот оној ден кој е наведен во полисата како истек на осигурувањето или престанал по некој друг основ.
(4) Осигурувачот нема никаква обврска за исплата на осигурената сума за случај на смрт:
1. ако осигуреникот во првата година на траење на осигурувањето, односно од своето пристапување во осигурувањето изврши самоубиство;
2. ако смртта на осигуреникот настапи поради извршување на смртна казна;
3. ако смртта на осигуреникот настапи поради настан кој директно се препишува на војна, инвазија, чин на надворешниот непријател, воени дивеења или воени операции (без оглед дали е објавена војната или не), граѓанска војна, востание, буна или револуција.
(5) За лице кое престанало да биде член на домаќинството (мажење, женење итн) во тек на траење на осигурувањето, осигурувањето е на сила до истек на тековната година на осигурувањето.
Член 3
Осигурени суми
(1) Наведените осигурени суми во полисата за еден осигуреник претставуваат најголем износ на обврската на осигурувачот за секој поодделен осигурен случај.
Член 4
Плаќање на премија
(1) Договорувачот на осигурувањето премијата ја плаќа веднаш и однапред за цела година за сите осигуреници без исклучок, ако не е поинаку договорено.
(2) Ако договорувачот на осигурувањето не ја исплати премијата најдоцна во рок од 20 дена од денот на завршувањето на откупот, за секој ден на пречекорување на рокот осигурувачот ќе засмета затезна камата во висина определена со законски прописи.
Член 5
Пријава на несреќен случај
Договорувачот на осигурувањето, осигуреникот или корисниот е должен на осигурувачот да му го пријави секој несреќен случај што му се случил на осигуреникот - членот на домаќинството во рок предвиден со член 13 од Општите услови и должен е да му ги даде сите потребни известувања заради појаснување на настанатиот несреќен случај.
Член 6
Корисник на осигурување
(1) Ако во полисата не е поинаку предвидено, корисниците за случај на смрт на членовите на домаќинството се одредуваат според член 16 од Општите услови.
(2) За случај на инвалидитет, корисник е самиот осигуреник.
(3) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума се исплатува на неговите родители, односно старатели.
Член 7
Обврска на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 години Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреното лице на возраст од 7 до 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за колективно осигурување на пензионери од последици на несреќен случај (незгода) со ризикот смрт поради болест
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за колективно комбинирано осигурување на пензионери од последици на несреќен случај со ризикот смрт поради болест (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за колективно комбинирано осигурување на пензионери од последици на несреќен случај со ризикот смрт поради болест, кој договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето можат да бидат сите правни лица.
Член 2
Способност за осигурување
(1) По овие Дополнителни услови можат да се осигуруваат пензионери без оглед на годините на старост и здравствената состојба и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност кои во секој случај се исклучени од осигурување.
Член 3
Начин на склучување на договорот
(1) Договорот за колективно комбинирано осигурување на пензионери од последици на несреќен случај може да се склучи по список со назначување на името и презимето и годината на раѓањето.
Член 4
Траење на осигурувањето
(1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24:00 часот оној ден кој е означен како почеток на осигурувањето и престанува во 24:00 часот оној ден кој во полисата е наведен како ден на истек на осигурувањето.
(2) Ако во полисата е наведен само почетокот на осигурувањето, договорот за колективно комбинирано осигурување се продолжува од година во година се додека една од договорните страни не го откаже во смисла на член 8 од овие Дополнителни услови.
(3) За работниците кои се пензионирани по почетокот на осигурувањето означен во полисата, осигурувањето им започнува во 24:00 часот оној ден кога им престанал работниот кај договорувачот на осигурувањето поради одење во пензија, под услов тоа договорувачот да го пријави кај осигурувачот во рок од 30 дена.
(4) Договорот за осигурување престанува за секој осигуреник во 24:00 часот оној ден кога ќе поднесе писмено барање дека не сака да биде осигурен или договорот престанал по друг основ.
Член 5
Осигурена сума
(1) Осигурената сума означена во полисата е највисокиот износ до кој осигурувачот е во обврска за секој одделен осигуреник.
Член 6
Обврски на осигурувачот
(1) За случај на смрт поради болест, осигурувачот е должен да исплати:
1. 50% од осигурената сума, ако осигуреникот почине во текот на првите шест месеци на траењето на осигурувањето, односно од неговото пристапување во осигурување.
2. 50% од износот за кој е зголемена осигурената сума кога се врши зголемување на осигурената сума, а смртта на осигуреникот настапила во текот на првите шест месеци од извршеното зголемување на осигурената сума и договорената осигурена сума пред да се изврши зголемување на осигурената сума.
3. целата осигурена сума, ако осигуреникот почине по шест месеци од почетокот на осигурувањето, односно од неговото пристапување во осигурувањето.
(2) Целата осигурена сума за случај на смрт:
1. ако осигуреникот пред тоа имал колективно комбинирано осигурување, а каренцата од шест месеци изминала во целост,
2. ако се изврши измена на осигурената сума со издавање на нова полиса, а каренцата од шест месеци изминала во целост.
(3) Осигурувачот нема никаква обврска за случај на смрт:
1. ако осигуреникот во првата година на траењето на осигурувањето, односно од неговиот пристап во осигурување изврши самоубиство,
2. ако смртта на осигуреникот настапи со извршување на смртна казна,
3. ако смртта на осигуреникот настапи поради земјотрес,
4. ако смртта на осигуреникот настапи поради настан кој директно се препишува на војна, инвазија, чин на надворешниот непријател, воени дивеења или воени операции (без оглед дали е објавена војната или не), граѓанска војна, востание, буна или револуција.
(4) Обврската на осигурувачот по основ на осигурување од последици на несреќен случај се регулира со одредбите на членовите 5, 8, 9 и 10 од Општите услови.
Член 7 5
Начин и рокови на пресметување и плаќање на премија
(1) Пресметување на премијата се врши во рокот означен во полисата за осигурување според фактичкиот број на осигурениците.
(2) Премијата се плаќа однапред за времето утврдено во полисата, доколку поинаку не е договорено.
(3) Постои обврска на осигурувачот спрема осигурувањето и во случај кога договорувачот не ја платил премијата во рокот означен во полисата, ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членовите 6 и 19 од Општите услови.
(4) Конечна пресметка на премијата се врши на крајот на траењето на годината на осигурување. За пензионерите кои пристапуваат во текот на траењето на осигурувањето се плаќаат онолку дванаесеттини од годишната премија колку што месеци е на сила нивното осигурување до истекот на годината на осигурување.
(5) Договорувачот е должен на осигурувачот да му ја стави на увид евиденцијата и документацијата од која ќе може да се утврди бројната состојба на пензионерите, како и висината на пресметаната и уплатена премија.
Член 8
Раскинување на договорот
(1) Секоја договорна страна, доколку договорот не престанал од некои други причини, може да го раскине договорот за за колективно комбинирано осигурување на пензионери со неодредено траење.
(2) Раскинувањето на договорот се врши по писмен пат најмалку три месеци пред истекот на тековната година на осигурувањето.
Член 10
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај, а доколку се во спротивност со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување членови на спортски организации од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување членови на спортски организации од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување за членови на спортски организации од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде правно или физичко лице.
(3) Лицата што се осигуруваат во смисла на овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане:
1. При спортска дејност на осигуреникот во онаа гранка на спортот, што изрично е наведена во полисата, како и сите други гранки на спортот, кои според утврдениот распоред на спортовите во тарифата на премии спаѓаат во иста или пониска (помалку опасна) класа на опасност од спортот што е наведен во полисата.
2. За време додека осигуреникот се наоѓа на директен (непрекинат) пат надвор од седиштето на спортската организација чиј член е, и тоа од куќата до определеното вежбалиште или местото определено за натпреварување и при враќањето дома.
3. При вршење определени должности по налог на управата на спортското друштво, и тоа: учество на спортски состаноци, конференции, набавка на спортски реквизити и сл., како и за време додека се наоѓа на пат во врска со вршење на овие работи.
(2) Ако несреќниот случај настане при спортска дејност на осигуреникот во онаа гранка на спортот, што изрично не е наведена во полисата, а која спаѓа според утврдениот распоред на спортовите во тарифата на премии во потешка класа на опасност (повеќе опасна) од спортот што е наведен во полисата, осигурувачот е во обврска да ја исплати осигурената сума само во оној обем што му одговара на односот помеѓу платената премија и премијата што би требало да се плати за соодветната класа на опасност.
(3) Осигурувачот не е во обврска ако несреќниот случај настане поради причините наведени во член 10 од Општите услови.
Член 3
Осигурување со назначување имиња на осигурениците
(1) Ако е договорено колективно осигурување со назначување на имиња на осигурениците, осигурени се само оние членови на определена спортска организација, кои во полисата или во списокот приложен кон полисата поименично се наведени.
Договорувачот е должен при склучувањето на договорот за осигурување, да му предаде на осигурувачот поименичен список на членовите
6 определени за осигурување.
(2) Во случај на измена во составот на членовите во списокот,
осигурување УНИКА а.д. Скопје.
Член 7
осигурувањето на новопријавените членови започнува во 24,00 часот оној ден од кога важи направената писмена пријава, но најрано од 24,00 часот оној ден кога осигурувачот ја примил пријавата. За одјавените членови осигурувањето престанува во 24,00 часот оној ден што е означен во одјавата како ден на престанок на осигурувањето.
(3) Секоја промена во бројната состојба на осигурените членови во списокот се спроведува со издавање нова полиса.
Член 4
Осигурување без назначување имиња на осигурениците
(1) Ако е договореното колективно осигурување без назначување на имињата на осигурениците, со осигурување се опфатени сите лица кои во службените евиденции се водат како активни членови на спортската организација наведена во полисата.
(2) Ако осигурувањето е договорено со постојана и непроменлива годишна премија, без клаузула за пресметување на премијата на крајот на годината на траењето на осигурувањето, осигурената сума која е утврдена во полисата за секој одделен член кога ќе се случи несреќен случај, се менува во сооднос со бројот на членовите назначени во полисата и вистинскиот број на лицата кои се водат како активни членови на спортската организација, односно нејзиниот одреден клуб или секција според евиденцијата на денот на настанување на несреќниот случај.
(3) Ако е договорено на крајот на годината на осигурувањето да се врши конечна пресметка на премијата според просечниот број членови, осигурените суми кои се означени во полисата за секој одделен член не се менуваат.
(4) За секој новодојден член осигурувањето започнува автоматски, без претходна пријава, во 24:00 часот оној ден кога стапил во членство, а осигурувањето престанува во 24:00 часот оној ден гога престанало неговото членство во одредена спортска организација.
Член 5
Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија
(1) За осигурувањата, склучени по член 4, став (1) од овие Дополнителни услови, премијата се плаќа однапред за целото времетраење на осигурувањето според бројот на осигурениците означен во списокот приложен кон полисата.
(2) За осигурувањата, склучени по член 4, став (2) од овие Дополнителни услови, премијата се плаќа однапред за целото времетраење на осигурувањето според бројот на осигурениците наведени во полисата.
(3) За осигурувањата, склучени по член 4, став (3) од овие Дополнителни услови, премијата се плаќа при склучувањето на договорот за една година однапред според постоечкиот број на активни членови според службената евиденција на договорувачот на денот на склучувањето на договорот, со тоа што конечна пресметка на премијата да се изврши на крајот на годината од осигурувањето според просечната бројна состојба на членовите. Просечната бројна состојба на членовите во текот на една година на траење на осигурувањето се утврдува на тој начин што ќе се собираат бројните состојби на членовите по службената евиденција на договорувачот на последниот ден на секој месец на годината на осигурувањето за кој се врши пресметка на премијата, па добиениот збир се дели со 12. Ако при тоа се утврди, дека просечниот збир на членови е поголем од бројот на членовите наведен во полисата на денот на склучување на осигурувањето, договорувачот на осигурувањето е во обврска да ја плати разликата на премијата. Во рок од 30 дена по завршената пресметка. Доколку тој број е помал, осигурувачот е во обврска во истиот рок да ја врати повеќенаплатената премија.
(4) Договорувачот е должен на овластениот претставник на осигурувачот да му ги стави на увид евиденциите од кои може да се утврди бројната состојба на членовите, односно на негово барање да поднесе писмена потврда до надлежниот потсојуз за бројот на регистрирани членови на денот на настанување на несреќниот случај.
(5) Договорувачот е должен договорената премија да му ја плати на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за целото времетраење на осигурувањето во рокот назначен во полисата.
Ако премијата се испраќа по пошта се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(6) Обврска на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договорувачот не ја платил премијата во рокот означен во полисата, ако несреќниот случај настанал за времетраењето на осигурувањето во смисла на членовите 6 и 19 од Општите услови.
(7) Ако договореното осигурување е на неодредено траење, а договорувачот не ја плати премијата за наредната година ниту по истекот на 30 дена од рокот на значен во полисата, осигурувачот има право да му пресмета затезна камата за секој ден на задоцнување.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 и постари од 75 години
Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за
Исплата на дневен надоместок
Ако е договорено осигурување и за случај на преодна неспособност за работа, осигуреникот кој поради несреќен случај не е способен за работа, добива дневен надоместок во договорената висина, и тоа почнувајќи од првиот ден за кој му следува, односно од денот на започнатото лекување, до последниот ден на траењето на работната неспособност, но најмногу до 200 дена. При тоа се зема во предвид само времето за кое осигуреникот бил неспособен за извршување на работите од редовното занимање, а не и времето за кое бил неспособен за вршење на спортски дејности.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување членови на ловечки и риболовни организации од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување членови на ловечки и риболовни организации од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на членови на ловечки и риболовни организации од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач во смисла на овие услови може да биде секоја ловечка, риболовна и друга организација која организира лов или риболов.
(3) Осигурувањето може да се договори одделно или групно. Кај одделното осигурување се издава посебна полиса за секој осигуреник. Групно осигурувањето може да се договори со ловечка и риболовна организација здружена во сојуз или друга организација која организира лов и риболов, под услов со неа да се опфатени најмалку 10 лица.
(4) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане при вршењето на спортска или професионална ловечка или риболовечка дејност и тоа:
1. при лов или риболов, при чистење на ловечка пушка и при подготвување на муниција, при учество на вежби и спортски приредби, освен при учество на приредби со цел на забава;
2. при вршење на определена должност по налог на организацијата, како што се учество на состаноци и конференции на организацијата, набавување на ловечки или риболовен материјал и на тоа слично;
3. за времето додека осигуреникот ловец или риболовец се наоѓа на директен пат од неговата куќа до местото определено за дејноста и извршување на должностите од точка 1 и 2 на овој став и при директно враќање дома.
Член 3
Начин на склучување на договорот
Договорот за колективно осигурување може да се склучи со назначување или без назначување на имиња и презимиња на осигурениците.
Член 4
Осигурување со назначување имиња на осигурениците
(1) Ако осигурувањето е договорено со назначување на имињата на осигурениците, осигурени се само оние членови кои се наведени поименично во приложениот список кон полисата.
Договорувачот е должен при склучувањето на договорот за осигурување, на осигурувачот да му го предаде списокот на членовите што ги осигурува.
(2) Во случај на измена на списокот, обврската на осигурувачот за новопримените членови започнува во 24:00 часот оној ден кога осигурувачот ја примил пријавата. За одјавените членови обврската на осигурувачот престанува во 24:00 часот оној ден што е назначен во одјавата како ден на престанување на осигурувањето.
Обврската на осигурувачот за одделни осигуреници престанува во секој случај во 24:00 часот оној ден кога престанал да биде член на организацијата.
Член 5
Осигурување без назначување имиња на осигурениците
(1) Ако осигурувањето е договорено според бројната состојба без назначување на имињата и без одредби за конечна пресметка на премијата на крајот на годината на осигурување, тогаш се осигурени сите членови. Осигурената сума што е одредена во полисата за пооделен член, во тој случај се одредува во сооднос помеѓу бројот на членовите означен
во полисата и вистинскиот број на членови на денот на настанување на несреќниот случај.
(2) Ако е договорено осигурувањето според регистрација, картотека или друга евиденција, со пресметка на премијата на крајот на годината на осигурувањето, осигурени се сите членови што се заведени во тие евиденции.
Во тој случај договорените осигурени суми во полисата не се менуваат.
(3) Обврската на осигурувачот за одделен член започнува во 24:00 часот оној ден што е назначен како ден на почеток на осигурувањето и престанува во 24:00 часот оној ден кога престанал да биде член на организацијата.
(4) За новопримените членови на организацијата обврската на осигурувачот започнува без претходна пријава во 24:00 часот на денот на стапувањето во членство.
Член 6
Плаќање на премијата
(1) За осигурувањето, во смисла на член 4, став (1) и член 5, став (1) од овие Дополнителни услови, премијата се плаќа однапред за целата година на осигурувањето и тоа за вкупниот број на членови наведени во полисата, односно во евиденцијата на договорувачот.
(2) За осигурувањето, во смисла на член 5, став (2) од овие Дополнителни услови, премијата се плаќа веднаш при склучувањето на осигурувањето за цела година и тоа за вкупниот број на членови на организацијата на денот на склучувањето на осигурувањето. Конечната пресметка на премијата се врши на крајот на годината на осигурувањето, доколку во текот на годината пристапиле нови членови. Договорувачот е должен во рок од 30 дена по истекот на годината на осигурувањето да го пријави бројот на новите членови и за нив да ја уплати годишната премија.
(3) Премијата е недделива. Се плаќа за секој осигуреник во годишен износ без оглед на времето за кое бил член на организацијата во текот на соодветната година.
(4) Договорувачот е должен договорената премија да ја плати на осигурувачот без исклучок и за целото време на траење на осигурувањето во рокот назначен во полисата.
(5) Обврската на осигурувачот спрема одделен осигуреник постои и во случај кога договорувачот не ја плати премијата во рокот назначен во полисата, ако несреќниот случај настанал за времетраењето на осигурувањето во смисла на членовите 6 и 19 од Општите услови.
(6) Договорувачот е должен на овластениот претставник на осигурувачот да му ја стави на увид својата евиденција од која може да се утврди бројната состојба на членовите и нивната промена.
(7) Ако осигурувањето е договорено на неодредено траење, а договорувачот не ја плати премијата за идната година ниту по истекот на 30 дена од рокот назначен во полисата, осигурувачот има право на затезна камата.
Член 7
Дневен надоместок
Ако е договорено осигурување и за случај на преодна неспособност за работа, осигурувачот му плаќа на осигуреникот кој поради несреќниот случај не е способен за работа, дневен надоместок во договорената висина, и тоа од денот кој му следува, односно од денот кога лекувањето започнало, а најмногу до 200 дена. Кај дневниот надоместок се зема во предвид само времето за кое осигуреникот бил неспособен за извршување на редовната работа, а не и времето кога бил неспособен за вршење на ловечка и риболовна дејност, освен ако оваа дејност е исклучиво занимање на осигуреникот.
Член 8
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 9
Пријава на несреќен случај
Договорувачот на осигурувањето е должен на осигурувачот да го пријави секој несреќен случај кој ќе му настане на осигуреникот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за утврдување на основот и висината на неговата обврска.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на лица при вршење доброволна противпожарна и друга спасувачка дејност од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен 7
случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на лица при вршење доброволни противпожарни и други спасувачки дејности од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на лица при вршење доброволни противпожарни и други спасувачки дејности од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач може да биде секое доброволно противпожарно друштво, противпожарен сојуз или друга организација на спасувачки екипи.
(3) Според овие Дополнителни услови од последици на несреќен случај се осигуруваат членовите на доброволното друштво означено во полисата, односно противпожарната единица или спасувачка екипа (во понатамошен текст: спасувачка екипа).
(4) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај му се случи при вршењето на својата должност во рамките на општата спасувачка дејност и тоа:
1. При гаснење пожари и при вршење на сите потребни подготовки за тоа, како и при укажување помош (спасување) со цел да се сочува имотот и да се заштити здравјето и животот на граѓаните при елементарните и други катастрофи.
2. При вршење превентивна, стражарска и чуварска служба.
3. При учество на вежби, предавања, курсеви и во училишта, доколку сето тоа е наменето за стручно образование на членовите, при учество на состаноци, седници, собранија на спасувачките друштва на кои членот бил повикан со општа или посебна покана, при учество на јавни настапувања и приредби од пропагандно значење, како и при учество на доброволни работи што ги организира спасувачката екипа.
4. При управување и возење со возила од сите видови, како и при поправките на овие возила и при потребни манипулации со овие возила непосредно пред почетокот, за време и непосредно по завршувањето на возењето, ако се користат овие возила исклучиво заради извршување на задачите на спасувачката екипа.
5. При преработка и поправка на објекти кои служат за спасувачки цели, при набавка на орудија и прибор за исти цели, како и за време на директен пат со цел за набавка на истите, ако овој пат го извршат определените лица според одлуката на организацијата.
(2) Осигурувачот е во обврска и кога должноста од точка 1 на претходниот став ја врши членот по сопствена иницијатива.
(3) Осигурувачот е во обврска и за последиците на оние несреќни случаи што ќе настанат при патување за извршување на должноста од ставот (1), точка 1, 2 и 3 од овој член, и тоа од моментот на поаѓањето на осигурениот член од својата куќа до зборното место, односно до местото за вршење на определената должност, при враќање од должноста до моментот на доаѓањето дома.
(4) Освен несреќните случаи од членот 5 на Општите услови, како несреќен случај се сметаат настинките и последиците од нив што ќе настанат поради наводенување при извршување на спасувачките должности и при вежби, доколку таквите болести се појават и се утврдат со лекарски наод во рок од 8 дена по завршувањето на акцијата.
(5) Меѓутоа, осигурувачот не е во обврска за последиците на несреќните случаи што ќе настанат при учество на приредби за забава, како и при учество во подготовките за нив, ниту пак за последиците на несреќните случаи настанати за време на патувањето до местото на таквите приредби и при враќањето до својата куќа. Но, доколку во составот на таквата приредба се врши исторемено јавно и организирано пропагандно настапување, осигурувачот е во обврска само за последиците на оние несреќни случаи што ќе настанат за време на таквите настапи.
Член 3
Начин на склучување на договорот
Договорот за колективно осигурување на спасувачките екипи може да се склучи со назначување или без назначување на имињата и презимињата на осигурениците.
Член 4
Осигурување со назначување имиња на осигурениците
(1) Ако е договорено осигурувањето со назначување на имиња на осигурениците, тоа се однесува само оние лица кои се наведени поименично во список приложен кон полисата. Договорувачот е должен при склучување на осигурувањето, да му предаде на осигурувачот поименичен список на членовите определени за осигурување.
(2) Во случај на измени во составот на лицата во списокот, осигурувањето на новопријавените членови започнува во секој случај во 24:00 часот оној ден од кога осигурувачот ја примил пријавата. За одјавените членови осигурувањето престанува во 24:00 часот оној ден што е назначен во одјавата како ден на престанување на осигурувањето.
8 Обврската на осигурувачот за одделен осигуреник престанува во 24:00 часот оној ден кога престанал да биде член на спасувачката екипа.
Член 5
Осигурување без назначување имиња на осигурениците
(1) Ако е договорено осигурување според бројната состојба без назначување на нивните имиња и без клаузула за конечна пресметка на премијата на крајот на годината на траењето на осигурувањето, со осигурувањето се опфатени сите лица од соодветната спасувачка екипа. Осигурената сума што е одредена во полисата за секое одделно лице, во тој случај се определува во однос помеѓу фактичкиот број на лицата на денот на настанување на несреќниот случај и бројот на лицата означени во полисата.
(2) Ако е договорено осигурувањето според регистарот, картотеката или според други евиденции, а со xxxxxxxx за пресметка на премијата на крајот на годината на осигурувањето, осигурени се сите членови кои се завпишани во тие евиденции.
Во тој случај договорените осигурени суми во полисата не се менуваат.
(3) Обврската на осигурувачот за секој одделен член започнува во 24:00 часот оној ден што е назначен како ден на почеток на осигурувањето и престанува во 24:00 часот оној ден кога престанал да биде член на спасувачката екипа. За новопримените членови на спасувачката екипа, обврската на осигурувачот започнува без претходна пријава во 24:00 часот на денот на стапувањето во членство.
Член 6
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) За осигурувањето според член 4, став (1) и член 5, став (1) од овие Дополнителни услови, премијата се плаќа годишно однапред и тоа за вкупниот број на членови наведени во списокот, односно во евиденцијата на договорувачот.
(2) За осигурувањето според член 5, став (2) од овие Дополнителни услови, премијата се плаќа веднаш при склучувањето на осигурувањето за цела година и тоа за вкупниот број на членови на спасувачката екипа на денот на склучувањето на осигурувањето. Конечната пресметка на премијата се врши на крајот на годината на осигурувањето, доколку во текот на годината пристапиле нови членови.
Договорувачот е должен во рок од 30 дена по истекот на годината на осигурувањето да го пријави на осигурувачот бројот на новите членови и за нив да плати годишна премија.
(3) Премијата е недделива и се плаќа за секој осигуреник во годишен износ, без оглед на времето за кое бил член на спасувачката екипа во текот на односната година на осигурувањето.
(4) Договорувачот е должен договорената премија да ја плати на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за целото времетраење на осигурувањето во рокот назначен во полисата.
(5) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и во случај кога договорувачот не ја уплатил премијата во рокот означен во полисата, ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на претходниот став на овој член и члено 6 и 19 од Општите услови.
(6) Договорувачот е должен на овластениот претставник на осигурувачот да му ја стави на увид својата евиденција од која може да го утврди бројот на членовите и нивните имиња.
(7) Ако осигурувањето е договорено на неодредено траење, а договорувачот не ја плати премијата за идната година ниту по истекот на 30 дена од рокот назначен во полисата, осигурувачот има право на затезна камата.
Член 7
Дневен надоместок
За исплата на дневниот надоместок се зема во предвид само времето за кое осигуреникот бил неспособен да ги врши работите на своето редовно занимање, а не и времето во кое бил неспособен да ги врши спасувачките дејности.
Член 8 Обврска на осигурувачот кога осигурените лица се постари од 75 години Ако осигуреното лице што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 9
Осигурување на пионери и членови на подмладокот
(1) Членовите на подмладокот и пионери на спасувачки екипи до 14 години живот се осигуруваат според овие Дополнителни услови на посебно издадени полиси.
(2) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
Член 10
Корисници на осигурувањето
Доколку не е поинаку предвидено во полисата како корисник на осигурувањето се смета:
1. во случај на смрт - лицето кое ќе докаже дека ги исплатило трошоците за закопот, или е во обврска да ги плати;
2. во случај на инвалидитет - самиот осигуреник;
3. во случај на краткотрајно нарушување на здравјето - лицето кое ќе докаже
дека ги исплатило трошоците за лекување или е во обврска да ги плати.
Член 11
Пријава на несреќен случај
Договорувачот на осигурувањето е должен на осигурувачот да му го пријави секој несреќен случај кој ќе му настане на осигуреникот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови и да ги даде сите потребни известувања за утврдување на основот и висината на неговата обврска.
Член 12
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување членови на културно- уметнички друштва од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на членови на културно-уметнички друштва од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на членови на културно-уметнички друштва од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач може да биде секое културно-уметничко друштво или сојуз на културно-уметнички друштва.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Траење на осигурувањето
За секој новодојден член, осигурувањето започнува без претходно пријавување во 24:00 часот на денот на стапување во членството, а престанува за секој член во 24:00 часот оној ден кога престанало неговото членство.
Член 2
Обврски на осигурувачот
(1) Ако е договорено осигурување за професионални членови, осигурувачот е во обврска за целото време на траење на осигурувањето.
(2) Ако е договорено осигурување за аматери членови на културно- уметничкото друштво, осигурувачот е во обврска кога несреќниот случај ќе настане:
1. Додека осигуреникот се наоѓа на пат од дома до местото на состанокот (за поаѓање на пат), проба или настап;
2. За време на проба или настап;
3. Од местот на разделувањето (при враќањето од пат), проба или настап на пат до дома;
4. За време на организирано патување-турнеи поради настап.
Член 4
Обврска на осигурувачот кога осигуреникот е помлад од 14 или постар од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 5
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на учесници во доброволни работни акции од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на учесници во доброволни работни акции од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на учесници во доброволни работни акции од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач може да биде младинска организација, инвеститори на работите, градежни претпријатија и други правни лица.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Траење на осигурувањето
(1) Во однос на секој одделен осигуреник осигурувањето започнува од моментот на неговото поаѓање од својата куќа на акција и трае се до неговото враќање од акцијата, при што како патување при заминувањето и враќањето се подразбира, директнитот пат од станот на осигуреникот во местото одредено за формирање на бригада и од местото на расформирање на бригадата до куќата.
(2) Осигурувањето трае за секој одделен осигуреник најмногу два месеца, не сметајќи ги во тоа време патувањата при заминувањето на акцијата и при враќањето од акцијата, како и времето што е потребно за подготвување за враќање по завршената акција.
(3) Ако младинецот остане на работна акција повеќе од два месеца, треба да биде повторно осигурен и да се плати премија за следните два месеца.
Член 3
Обврски на осигурувачот
(1) Со ова осигурување се опфатени и случаите на смрт на осигуреникот поради обични или инфективни болести (добиени за времетраење на осигурувањето), ако смртта настапила во текот на траењето на осигурувањето или најдоцна во рок од една година, сметано од денот на започнувањето на болеста.
(2) Несреќниот случај што ќе настане за време на патувањата што ги презеле одделните младинци со цел за вршење на приватни работи не е опфатен со осигурувањето.
(3) Лицата што учествуваат на работите во својство на платени работници не се опфатени со осигурувањето во смисла на овие Дополнителни услови.
Член 4
Плаќање на премија
(1) Премијата е неделива и во секој случај се наплатува во износ од двомесечно траење на осигурувањето, без оглед дали осигурувањето трае помалку од два месеца.
(2) Ако не е договорено поинаку, договорувачот е должен да ја плати премијата одеднаш однапред, во рокот наведен во полисата, за сите младинци чиј број се утврдува според планот на целата акција.
(3) Договорувачот е должен да води уредни евиденции за сите младинци, да го известува осигурувачот за бројната состојба на секоја смена што заминува на акција, најдоцна во рок од 30 дена од нејзиното настапување и по завршувањето на целата акција веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена да му достави на осигурувачот точни податоци за бројот на сите младинци што учествувале во целата акција. Доколку се покаже дека во сите смени учествувале во акцијата повеќе младинци од бројот што е означен во полисата и за кои е платена премија, за оние младинци што го преминуваат овој број, договорувачот на осигурувањето е во обврска во истиот рок да му доплати на осигурувачот соодветна премија, а доколку нивниот број е помал, осигурувачот е должен да му ја врати на договорувачот на осигурувањето повеќе наплатената премија.
(4) Договорувачот е должен да му ги плаќа на осигурувачот договорените износи на премијата за сите осигуреници без исклучок и за сето времетраење на осигурувањето во рокот означен во полисата.
Ако премијата се испраќа по пошта се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката. Ако договорувачот не ја плати доспената премија до договорениот рок, а тоа не го направи некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува по истекот на 30 дена од денот кога на договорувачот му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за доспеаноста на премијата со тоа што тој рок не може да измине пред да поминат 30 дена од доспеаноста на премијата.
(5) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник пооделно постои и во случај кога договорувачот не ја уплатил премијата во рокот означен во полисата, ако несреќниот случај настане за времетраењето на осигурувањето во смисла на член 6 и 19 од Општите услови, како и член 3 од овие Допонителни услови.
Член 5
Корисник на осигурување
Ако поинаку не е договорено во полисата, договорувачот е корисник на осигурувањето во случај на смрт на осигуреникот.
Член 6
Пријава на несреќен случај
Договорувачот е должен секој несреќен случај кој ќе му се случи на осигуреникот да му го пријави на осигурувачот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови, да приложи записник за несреќен случај чии последици се опфатени со ова осигурување и да ги даде сите важни известувања кои се потребни за разјаснување на случајот, а кои се од важност за обврските на осигурувачот.
Член 7
Обврска на осигурувачот кога осигурениците се помлади од 14 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад
од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци 9
за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на младинци за време на обука во единиците на територијална одбрана или цивилна заштита од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на младинци за време на обука во единиците на цивилна заштита од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на младинци за време на обука во единиците на цивилна заштита од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето во смисла на овие Дополнителни услови можат да бидаат органи и организации што организираат обука за цивилна заштита.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Траење на осигурувањето и обврска на осигурувачот
(1) Осигурувањето започнува во 24:00 часот оној ден кој е назначен во полисата како почеток на осигурувањето, без оглед на тоа дали е платена премијата.
(2) За секој осигуреник одделно, обврската на осигурувачот започнува во моментот кога осигуреникот отишол од дома на извршување на должноста на која што е повикан од договорувачот, а трае до неговото враќање дома. Осигурувањето не е на сила за несреќните случаи кои ќе настанат на патот од станот на осигуреникот до зборното место и назад.
(3) Со осигурувањето се опфатени и случаите на смрт на осигурениците поради обични или инфективни болести добиени за времетраење на осигурувањето, ако смртта настапила во текот на времетраењето на осигурувањето или во рок од една година почетокот на болеста.
(4) Ако осигуреникот остане на обука повеќе од два месеца, потребно е повторно да се осигура и плати премија за наредните два месеца.
Член 3
Обврски на осигурувачот
(1) Врз основа на овие Дополнителни услови, осигурувачот е во обврска да исплати:
1. Целата осигурена сума што е назначена во полисата за случај на смрт, ако смртта на осигуреникот настапи како последица на несреќен случај;
2. Надомест на направените трошоци за превоз на телото и погреб до износот на осигурената сума назначена во полисата за случај на смрт од несреќен случај, ако смртта на осигуреникот настапи поради болест;
3. Целата осигурена сума назначена во полисата за случај на трајна загуба на општата работна способност, односно нејзиниот пропорционален дел, ако поради несреќен случај настапи потполна, односно делумен траен губиток на општата работна способност на осигуреникот;
4. Надомест на неопходните трошоци до износот означен во полисата, ако на осигуреникот му биде потребна лекарска помош поради последиците на несреќниот случај или заболувањата што ќе се случат за времетраење на осигурувањето, освен трошоците за лекување на заби и трошоците за набавка на очила и ортопедски помагала, доколку овие трошоци не настанале поради несреќен случај.
Член 4
Пријава на несреќен случај
(1) При настанување на осигурен случај, осигуреникот, односно корисникот е должен веднаш да се јави на лекар заради укажување на потребна помош и да ги превземе сите потребни мерки за лекување. За осигурениот случај е должен веднаш да поднесе пријава на осигурувачот на пропишан образец, односно кога тоа ќе му го дозволи здравствената состојба.
(2) Во случај на смрт на осигуреникот поради болест, пријава поднесува лицето што извршило превоз, односно погреб со поднесување на докази за вистинските трошоци.
(3) Барањето за исплата на надомест на трошоци за лекување го поднесува осигуреникот веднаш по враќањето во земјата со поднесување на оригиналната сметка и потврда за вистинските трошоци за лекување кои се надоместуваат до висина на осигурената сума во смисла на овие Дополнителни услови.
10 Член 5
Обврска на осигурувачот кога осигуреното лице е помладо од 14 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје
Член 6
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
осигурената сума, односно надоместот на трошоците за превоз на починатиот осигуреник и за погреб, но најмногу до износот на осигурената сума означен во полисата за случај на смрт на лицето што ќе докаже дека го извршило превозот, односно погребот, а разликата до осигурената сума на наведениот корисник на осигурувањето за во случај на смрт наведен во полисата.
(2) Надомест на трошоците за лекување најмногу до означениот износ во полисата, се исплатува на осигуреникот или на здравствената установа, доколку осигуреникот го овласти осигурувачот за таква исплата.
(3) Надомест на трошоците за лекување или превоз на телото, односно закопот може да се испалти во валута на земјата во која тие трошоци се направени, според прописите што важат на денот на исплата на надоместот.
Дополнителни услови за осигурување на студенти за време на престојот во странство од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на студенти за време на престој во странство од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на студенти за време на престој во странство од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секое лице што сака да склучи осигурување на студенти на факултети, високи и виши школи кои преку свои организации заминуваат во странство и се задржуваат таму заради пракса, студии и други работи во врска со студиите.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба и општата работна способност, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Траење на осигурувањето
(1) Осигурувањето започнува од моментот на поаѓањето од дома на пат во странство, но не порано од почетокот означен во полисата и трае до враќањето дома, а најдоцна до 24:00 часот оној ден што е означен во полисата како ден на истен на осигурувањето.
(2) Траењето на осигурувањето може да се продолжи со додаток кон полисата и се плаќа доплатна премија.
Член 3
Обврски на осигурувачот
(1) Според овие Дополнителни услови, осигурувачот е должен да ја исплати:
1. Целата осигурена сума што е означена во полисата за случај на смрт, ако смртта на осигуреникот настапи како последица на несреќен случај;
2. Надоместокот на фактичките трошоци за превоз на телото и за погреб најмногу до означената осигурена сума во полисата за случај на смрт поради несреќен случај, ако смртта на осигуреникот настапи поради болест;
3. Целата осигурена сума што е означена во полисата за случај на трајна загуба на општата работна способност, односно нејзиниот пропорционален дел, ако поради несреќниот случај настапи потполна, односно делумна трајна загуба на општата работна способност на осигуреникот;
4. Надомест на неопходните трошоци за лекување до означениот износ во полисата, ако на осигуреникот му биде потребна лекарска помош поради последиците на несреќниот случај или заболувањата што ќе се случат за времетраење на осигурувањето, освен трошоците за лекување на заби и трошоците за набавка на очила и ортопедски помагала, доколку овие трошоци не настанале поради несреќен случај.
Член 4
Пријава на осигурен случај
(1) За настанувањето на осигурен случај, осигуреникот, односно корисникот е должен:
1. Веднаш да се пријави на лекар заради укажување на потребна помош и да ги превземе сите потребни мерки за лекување.
2. За несреќниот случај веднаш да поднесе пријава до осигурувачот на пропишан образец, кога тоа според неговата здравствената состојба ќе му биде можно.
(2) Во случај на смрт на осигуреникот поради болест, пријава поднесува лицето што го извршило превозот, односно погребот со поднесување на докази за направените фактички трошоци.
(3) Барањето за исплата на надоместок на трошоците за лекување го поднесува самиот осигуреник веднаш по враќањето во земјата со поднесување на оригинални сметки и потврди за фактичките трошоци за лекување кои се надоместуваат до висина на осигурената сума во смисла на овие Дополнителни услови.
Член 5
Исплата на надоместок
(1) Во случај на смрт поради несреќен случај, осигурувачот ја исплатува
Член 6
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на посетители на објекти за рекреација од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на посетители на објекти за рекреација од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на посетители на објекти за рекреација од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секое правно лице што се занимава со организирање на спортска рекреација за посетителите на објектите или терени за рекреација како пливање, лизгање, возење ролшуи, јавање, гимнастика, тенис, возење велосипеди, веслање и слично.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Начин на склучување на договор
Договорот за осигурување за секој посетител на објект за рекреација (во понатамошен текст: посетител) се склучува според вкупниот број на продадени влезни билети за време на траењето на осигурувањето.
Член 3
Траење на осигурувањето
Ако не е во полисата поинаку договорено, осигурувањето започнува за секој одделен посетител во моментот кога со купениот влезен билет влегол во просторот на објектот за рекреација, а престанува во моментот кога ќе го напушти просторот на објектот, односно теренот за рекреација.
Член 4
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувачот е во обврска, ако несреќниот случај настане на просторот на објектот, односно теренот за рекреација.
(2) За несреќните случаи што ќе настанат надвор од просторот на објектот, односно теренот за рекреација, осигурувачот е во обврска само тогаш кога несомнено е утврдено дека настраданото лице било корисник на просторот означен во полисата и дека во времето на настанувато на несреќниот случај имало своја облека оставена во кабина или на некое друго место определено за тоа.
(3) Кон осигурувањето на корисниците на објектот за рекреација се вклучува осигурувањето од одговорност на договорувачот спрема осигурените корисници поради телесни повреди, оштетување, односно исчезнување на некој од нивните предмети до износите означени во полисата. Правата и обврските од ова осигурување се регулирани со Посебните услови за осигурување од одговорност на договорувачот на осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) и од овие Дополнителни услови.
Член 5
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Премијата за осигурување се пресметува врз основа на вкупно продадените влезни билети.
(2) Во случај кога со еден влезен билет се служат повеќе посетители (влезни билети за заеднички кабини) или влезните билети се плаќаат паушално за определен период време од страна на поединци или група посетители, договорувачот е должен за тие групни и претплатни влезни билети да ја пресмета вкупната вредност на тие билети, така што ќе се подели со износот на цената на еден редовен влезен билет за еднократно користење на објектот за рекреација од страна на одделен корисник, па потоа ќе се пресмета и премијата за осигурување.
(3) Договорувачот е должен да му ги стави на увид на осигурувачот сите свои книги и евиденции од кои може да се утврди бројот на продадените влезни билети.
(4) Договорувачот е должен да му ја плаќа на осигурувачот договорената премија за целото времетраење според рокот договорен во полисата.
(5) Ако премијата се исплаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(6) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договорувачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, доколку несреќниот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членот 3 од овие Дополнителни услови и член 6 и 19 од Општите услови.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 7
Пријава на несреќен случај
(1) Договорувачот е должен веднаш да му го пријави на осигурувачот секој настан кој според овие Дополнителни услови има влијание врз обврската на осигурувачот (несреќен случај, оштетување или исчезнување на предмети), како и да им го пријави на органите надлежни за кривично гонење, доколку таков настан повлекува чија и да е кривична одговорност. Исклучена е обврската на осигурувачот за оштетување или исчезнување на предмети, ако оштетното побарување е поставено на договорувачот од гостин по губење на својството гостин.
(2) Договорувачот, исто така, е должен на барање на осигурувачот да му ги даде сите потребни известувања со цел за разјаснување и утврдување на висината на неговата обврска.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на културно-уметнички, спортски и други приредби од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето во смисла на овие Дополнителни услови можат да бидат претпријатија за прикажување на филмови, управите на театри, концертни сали, спортските и сите други организации што имаат својство на правно лице. Како културно-уметнички приредби се сметаат кинематографски претстави, концерти, изложби, саеми и други приредби со културно-уметнички програми, предавања, дебатни состаноци и на тоа слично.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Начин на склучување на договор
Договорот за осигурување од последици на несреќен случај за секој одделен посетител се склучува според вкупни продадените влезни билети за време на траењето на осигурувањето.
Член 3
Траење на осигурувањето
Ако во полисата не е поинаку договорено за секој поодделен посетител на приредбата, осигурувањето започнува од моментот кога со влезниот билет купен или бесплатен, влегол во просториите на теренот или во друг простор, што е определен за гледачи, односно од моментот кога тој застанал во ред да купи влезен билет пред местото определено за тоа, и престанува во моментот на напуштањето на просториите, теренот
или другиот простор по завршената приредба, односно во моментот на 11
оддалечувањето од местот за купен влезен билет и стапнување на улица.
Член 4
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувањето ги опфаќа несреќните случаи што ќе ги претрпат посетителите: во салата за приредби, во просториите надвор од салата во кои им е дозволено задржување само на посетителите со купен влезен билет без оглед на тоа дали во конкретниот случај повредениот посетител на приредбата има влезен билет или не, во просторот околу спортскиот терен, или на друго место каде што се одржува приредба или спортски натпревар ако тоа место е определено за гледачи.
(2) Осигурвањето ги опфаќа и оние несреќни случаи што ќе ги претрпат посетителите на приредби за време на чекањето за купување влезен биллет на местото определено за тоа.
(3) Осигурувањето не ги опфаќа лицата кои според својата службена должност се наоѓаат во просториите, или на теренот каде се одржуваат приредбите, односно натпрварите, како: активни учесници на приредбите, односно натпреварите, резервни играчи, разводници, киноапаратери, дежурни противпожарникари, судии на натпревари, дежурни лекари, дежурни делегате, дежурни функционери и сл.
(4) Кон осигурувањето на посетители се вклучуваат и осигурувањето од одговорност на договорувачот спрема осигурените посетители поради телесни повреди, оштетување, односно исчезнување на нивните предмети до износите означени во полисата. Правата и обврските од ова осигурување се регулирани со Посебните услови за осигурување од одговорност на договорувачот на осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) и според овие Дополнителни услови.
Член 5
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Премијата за осигурување се пресметува во рокот означен во полисата за осигурување, врз основа на вкупно продадените (издадените) влезни билети.
До тој рок договорувачот е должен да му го пријави на осигурувачот бројот на продадените велзни билети и да изврши уплата на соодветната премија.
(2) Во случај кога се издава претплатен влезен биллет, кој важи за повеќе претстави, премијата се пресметува во повеќекратен износ, зависно од бројот на претставите и се уплатува во рокот од претходниот став на овој член.
(3) Договорувачот е должен да му ги стави на увид на осигурувачот книгите и другите евиденции од кои може да се утврди бројот на продадените (издадените) влезни билети секој одделен ден во договорениот рок, како и бројот и вредноста на продадените претплатни влезни билети.
(4) Договорувачот е должен да му ги плаќа договорените износи на премијата на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за целото времетраење на осигурувањето. Ако премијата се исплаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(5) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договорувачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, доколку несреќниот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членот 3 од овие Дополнителни услови и член 6 и 19 од Општите услови.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 7
Пријава на несреќен случај
(1) Договорувачот е должен да го пријави на осигурувачот секој настан кој според овие Дополнителни услови има влијание врз обврските на осигурувачот (несреќен случај, оштетување или исчезнување на предмети), како и да им го пријави на органите надлежни за кривично гонење, доколку таков настан повлекува чија и да е кривична одговорност.
(2) Договорувачот, исто така, е должен на барање на осигурувачот да му ги даде на увид сите потребни известувања за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на неговата обврска.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на туристи и излетници од последици на несреќен случај (незгода)
12 Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на туристи и излетници од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на туристи и излетници од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секоја организација која според својата дејност организира групни излети и превоз на туристи и излетници.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Начин на склучување на договор
Договорот за осигурување на излетници се склучува според вкупно издадените билети или пријави за одење на излет и врз основа на предвидениот број на денови на траење на излетот, за секој поодделен излетник.
Член 3
Траење на осигурувањето
Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето во однос на секој поодделен излетник, почнува од моментот кога дошол на собирното место за поаѓање за излет, а престанува во моментот на напуштањето на местото определено за враќање на излетникот непосредно по враќањето, односно во моментот на оддалечувањето од местото определено за купување билет или за пријавување за заминување на излет.
Член 4
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувањето се однесува само на излетниците што организираат групни излети во одделни места или поблиската околина на појдовното место и тоа преку означената организација во полисата.
(2) Осигурувањето ги опфаќа сите несреќни случаи во смисла на член 5 од Општите услови што ќе ги претрпат излетниците, како при заминувањето и враќањето од излет, така и за време на престојувањето на излетничките места.
(3) Осигурувањето ги опфаќа несреќните случаи што ќе ги претрпат излетницитеза време на чекањето за поаѓање на излет на, за тоа определеното собирно место, како и непосредно по доаѓањето од излет, додека излетникот не се оддалечи од местото определено за враќање од излет.
(4) Осигурувањето не ги опфаќа лицата кои според својата службена должност се наоѓаат со излетниците, било како организатори или водичи, возачи, кондуктери и на тоа слично.
(5) Кон осигурувањето на излетници се вклучува осигурувањето од одговорност спрема осигурените лица поради телесни повреди, оштетување, односно исчезнување на нивните предмети до износите означени во полисата.
Правата и обврските од ова осигурување се регулирани со Посебните услови за осигурување од одговорност на договорувачот на осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) и според овие Дополнителни услови.
Член 5
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Премијата се пресметува во рокот означен во полисата за осигурување, врз основа на вкупно издадените билети или пријави за заминување на излет и врз основа на предвидените во нив денови за траење на излетот за секој одделен излетник.
(2) Договорувачот е должен на осигурувачот да му достави на осигурувачот пресметка на премијата во договорениот рок за претходното траење и едновремено дам у го дозначи вкупниот износ на премијата според пресметката.
(3) Договорувачот е должен на осигурувачот да му ги стави на увид сите книги и други евиденции од кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознаката на премијата.
(4) Договорувачот е должен да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за целото времетраење на осигурувањето во рокот договорен во полисата.
(5) Ако премијата се испраќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(6) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договорувачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, доколку несреќниот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членот 3 од овие Дополнителни услови и член 6 и 19 од Општите услови.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од
14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 7
Пријава на несреќен случај
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен да му го пријави на осигурувачот секој настан кој според овие Дополнителни услови има влијание врз обврските на осигурувачот (несреќен случај, оштетување или исчезнување на предмети), како и да им пријави на органите надлежни за кривично гонење, доколку таквиот настан повлекува чија и да е кривична одговорност.
(2) Договорувачот, исто така, е должен на барање на осигурувачот да му ги даде потребните известувања со цел за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на неговата обврска.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секое претпријатие кое сака да ги осигура своите потрошувачи.
(3) Осигурувањето може да се договори за случај на смрт и за случај на траен инвалидитет како последица на несреќен случај. Кон ова осигурување може да се договори и осигурување за случај на смрт поради болест.
(4) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Начин на склучување на договор
(1) Договорот за осигурување на потрошувачи на електрична енергија, гас и слично од последици на несреќен случај се склучува врз основа на службената евиденција на договорувачот на осигурувањето.
(2) Со овој договор можат да се осигураат и членовите на домаќинството на потрошувачот.
Член 3
Траење на осигурувањето
(1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24:00 часот во оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето за сите потрошувачи што биле тој ден воведени во службените евиденции на потрошувачи на договорувачот на осигурувањето, односно и членовите на нивното семејство.
За секој нов потрошувач, односно член на неговото домаќинство, осигурувањето започнува во 24:00 часот на денот кога бил запишан во службените евиденции на договорувачот на осигурувањето.
За секој одделен потрошувач, осигурувањето престанува во 24:00 часот оној ден кога го загубил својството на потрошувач во смисла на претходниот член.
Член 4
Обврски на осигурувачот
(1) Ако е договорено осигурување со вклучување на ризикот смрт од болест, осигурувачот е должен да исплати:
1. 50% од договорената осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи во текот на првите шест месеци на траењето на осигурувањето, односно од неговото пристапување во осигурување.
2. 50% од износот за кој е зголемена осигурената сума кога се врши зголемување на осигурената сума, а смртта на осигуреникот настапила во текот на првите шест месеци од извршеното зголемување на осигурената сума и договорената осигурена сума пред да се изврши зголемување на осигурената сума.
3. Целата осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи по шест месеци од почетокот на осигурувањето, односно од неговото пристапување во осигурувањето.
4. Целата осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи по шест месеци од почетокот на извршеното зголемување на новодоговорената сума.
(2) Со осигурувањето се опфатени:
1. Оние потрошувачи на чие име гласи сметката за потрошена електрична енергија, односно гас и др. и кои таквата сметка ќе ја платат веднаш или најдоцна во рок од 15 дена од денот на нејзиното примање,
2. Членовите на семејствата на потрошувачите.
(3) Како членови на домаќинството во смисла на претходниот став се сметаат лицата што живеат во постојната куќна заедница со осигуреникот
- потрошувач, без оглед на нивното сродство со него и заедно ги трошат своите приходи.
(4) Како доказ за платената премија, односно платената сметка ќе служи сметката на договорувачот или талончето од чекот, ако сметката е платена во пошта или банка. Како ден на уплата се смета денот кога уплатата е извршена на касата на договорувачот, односно во пошта или банка.
Член 5
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Пресметката на премијата се врши во рокот означен во полисата за осигурување според фактичкиот број на осигурените потрошувачи.
(2) Договорувачот е должен да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за целото времетраење на осигурувањето во рокот договорен во полисата.
(3) Ако е договорено месечно плаќање, договорувачот е должен да му ја достави на осигурувачот сметката на премијата до 30ти секој месец за изминатиот месец на осигурување и истовремено да му го дозначи вкупниот износ на премијата според пресметката, без оглед дали плаќа премија од своите средства или ја наплатува од потрошувачите. Месечната премија за ова осигурување е неделлива. Месечната премија се пресметува врз основа на бројната состојба на претплатниците на крајот на секој календарски месец.
Таа се плаќа во полн месечен износ за секој потрошувач без оглед на тоа кога во текот на месецот започнало осигурувањето за секој одделен потрошувач.
(5) Договорувачот е должен на осигурувачот да му ги стави на увид сите книги и други евиденции од кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознаката на премијата.
(6) Ако премијата се плаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(7) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договорувачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, доколку несреќниот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членот 3 од овие Дополнителни услови и член 6 и 19 од Општите услови.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 7
Пријава на несреќен случај
Договорувачот е должен да му го пријави на осигурувачот секој несреќен случај што ќе го претрпи осигуреникот според рокот предвиден во член 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на неговата обврска.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на претплатници од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на претплатници од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на потрошувачи на претплатници од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секое претпријатие кое 13
xxxx да ги осигура своите претплатници.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Начин на склучување на договор
(1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24:00 часот во оној ден кој како почеток на осигурувањето е означен во полисата за сите претплатници кои што тој ден биле редовни претплатници. За секој нов претплатник што се претплатил по почетокот на осигурувањето започнува во 24:00 часот од оној ден кога е извршена уплатата на касата на договорувачот, односно во пошта или банка.
(2) За секој одделен претплатник осигурувањето престанува да важи во 24:00 часот оној ден кога го изгубил својството на претплатник.
Член 3
Обврска на осигурувачот
(1) Ако претплатник е правно лице (организација и слично), осигурувачот е во обврска само тогаш кога договорувачот писмено му го соопштил името и презимето, занимањето и местото на престој на лицето на кое треба да се однесува осигурувањето или сите лица на кои се однесува осигурувањето или на сите лица според бројот на претплатниците, ако претплатата е колективна.
(2) Кога одделен претплатник (физичко лице) има повеќе претплатници кај ист договорувач, за него во секој случај секогаш важи само едно осигурување.
Член 5
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Пресметката на премијата се врши во рокот означен во полисата за осигурување според фактичкиот број на осигурените претплатници.
(2) Договорувачот е должен да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за целото времетраење на осигурувањето во рокот договорен во полисата.
(3) Ако е договорено месечно плаќање, договорувачот е должен да му достави на осигурувачот пресметка на премијата до 30ти секој месец за изминатиот месец на осигурувањето, и истовремено да му го дозначи вкупниот износ на премијата според пресметката, без оглед дали плаќа премија од своите средства или ја наплатува од претплатниците. Месечната премија се пресметува врз основа на бројната состојба на претплатниците на крајот на секој календарски месец.
(4) Месечната премија за ова осигурување е неделлива. Таа се плаќа во полн месечен износ за секој претплатник без оглед на тоа кога во текот на месецот започнало осигурувањето за секој одделен осигуреник.
(5) Договорувачот е должен на осигурувачот да му ги стави на увид сите книги и други евиденции од кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознаката на премијата.
(6) Ако премијата се плаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(7) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договорувачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, доколку несреќниот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членот 3 од овие Дополнителни услови и член 6 и 19 од Општите услови.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 7
Пријава на несреќен случај
(1) Договорувачот е должен да му го пријави на осигурувачот секој несреќен случај што ќе му настане на осигуреникот во рокот предвиден во членот 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на неговата обврска.
(2) Договорувачот, исто така, е во обврска да му издаде потврда за тоа дека лицето што претрпело несреќен случај е опфатено со осигурувањето во својство на претплатник.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие
14 Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде банка, штедилница или друга организација што се занимава со таква дејност.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Начин на склучување на договор
(1) Договорот за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај се склучува според евиденцијата на договорувачот на осигурувањето означен во полисата.
Член 3
Траење на осигурувањето
(1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24:00 часот оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето за секој штедач што тој ден бил заведен во пропишаната евиденција на договорувачот.
(2) За секој нов штедач осигурувањето започнува во 24,00 часот оној ден кога по пропишана постапка е заведен во евиденцијата на договорувачот.
(3) За секој одделен штедач осигурувањето престанува во 24,00 часот оној ден кога по определена пропишана постапка е избришан од евиденцијата на договорувачот.
Член 4
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувањето важи за секој штедач чиј штеден влог го преминува износот означен во полисата, сметајќи ги и стасаните камати што припаѓаат.
(2) Штедачот кој има повеќе штедни книшки на свое име во секој случај е осигурен еднократно.
(3) Кај штедните книшки со популарен влог за повеќе малолетници, осигурувањето важи само во тој случај, ако е исполнет условот од став
(1) на овој член за секој малолетник посебно и ако договорувачот плаќа премија за секој од нив.
(4) Правните лица што имаат штеден влог не се опфатени со осигурувањето според овие услови.
Член 5
Начин и рокови за пресметување и плаќање на премија
(1) Пресметката на премијата се врши во рокот означен во полисата за осигурување според вистинскиот број на штедачи.
(2) Договорувачот е должен на осигурувачот да му ја стави на увид евиденцијата и документацијата од кои може да се утврди бројната состојба на штедачите.
(3) Договорувачот е должен да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за целото времетраење на осигурувањето во рокот договорен во полисата.
(4) Ако е договорено месечно плаќање, договорувачот е должен да му ја достави на осигурувачот пресметката на премијата до 30-ти секој месец за изминатиот месец и истовремено да му го дозначи вкупниот износ на премијата според пресметката.
(5) Месечната премија за ова осигурување е неделлива. Таа се плаќа во полн месечен износ за секој штедач без оглед кога во текот на месецот започнало осигурувањето за секој одделен осигуреник.
(6) Договорувачот е должен на осигурувачот му ја стави на увид евиденцијата и документацијата од кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознаката на премијата.
(7) Ако премијата се плаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(8) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и кога договорувачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, доколку несреќниот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членот 3 од овие Дополнителни услови и член 6 и 19 од Општите услови.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци
за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 7
Пријава на несреќен случај
(1) Договорувачот е должен да му го пријави на осигурувачот секој несреќен случај што ќе го претрпи осигуреникот според рокот предвиден во член 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на неговата обврска.
(2) Договорувачот е во обврска да му издаде потврда за тоа дека лицето што претрпело несреќен случај е опфатено со осигурувањето во својство на штедач.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на демонтери на мини, гранати и други експлозивни средства
од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на демонтери на мини, гранати и други експлозивни средства од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на демонтери на мини, гранати и други експлозивни средства од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде правно и физичко лице.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане само за време на извршување на дејноста за која е склучено осигурувањето.
Член 3
Траење на осигурувањето
Осигурувањето започнува за секој осигуреник од моментот на почетокот на вршењето на подготвителните работи за демонтирање, а престанува кога предметот за демонтирање е ставен во таква состојба во која веќе не е опасен.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 4
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на каскадери и лица кои учествуваат во акробации и други опасни сцени од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на каскадери и лица кои учествуваат во акробации и други опасни сцени од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на каскадери и лица кои учествуваат во акробации и други опасни сцени од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст:
осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секоја организација која има интерес да ги осигура таквите лица.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане само за време на извршување на дејноста за која е склучено осигурувањето.
Член 3
Траење на осигурувањето
Осигурувањето започнува за секој осигуреник од моментот на почетокот на вршењето на подготовки за дејноста за која е склучено осигурувањето, а престанува по завршувањето на скокови, акробации или опасни сцени, ако не е поинаку договорено.
Член 5
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на учесници на територијална одбрана и членови на цивилна заштита од последици на несреќен случај (незгода)
Општи одредби
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на учесници на народна одбрана и членови на цивилна заштита од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на учесници на народна одбрана и членови на цивилна заштита од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со “СИГМА” Друштво за осигурување X.X. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето можат да бидат организатори на народна одбрана и цивилна заштита
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Траење на осигурувањето и обврска на осигурувачот
(1) Осигурувањето започнува во 24:00 часот оној ден кој е назначен во полисата како почеток на осигурувањето, без оглед на тоа дали е платена премијата.
(2) За секој осигуреник одделно, обврската на осигурувачот започнува во моментот кога осигуреникот заминал од дома на извршување на должностите на кои е повикан од договорувачот и трае до неговото враќање дома. Осигурувањето не е на сила за несреќните случаи што ќе настанат вон директниот пат од станот на осигуреникот до зборното место и обратно.
Член 3
Плаќање на премија
(1) Премијата мора да се плати за секој осигуреник што се јавил по повик на договорувачот на осигурувањето.
(2) Договорувачот е должен да ја плати на осигурувачот договорената премија за сите осигуреници и за сето времетраење на осигурувањето во договорениот рок во полисата.
(3) Доколку е договорена пресметка на крајот на истекот на годината на осигурувањето, односно по завршувањето на вежбите договорувачот е должен да ја плати премијата за предвидениот број на осигуреници при склучувањето и за сите повикани учесници да води точна евиденција. По завршувањето на вежбата или по истекот на годината на траењето на осигурувањето, договорувачот е должен најдоцна во рок од 30 дена да го извести осигурувачот за точниот број на осигурениците. Доколку се утврди дека бројот на осигурениците поголем од бројот за кој е платена премија, договорувачот е должен да плати разликата во рок од 30 дена по извршената пресметка. Доколку се утврди помал број, осигурувачот е должен во истиот рок да ја врати на договорувачот повеќе платената премија.
Член 4
Пријава на несреќен случај
Договорувачот е должен да му го пријави на осигурувачот секој несреќен случај што ќе го претрпи осигуреникот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови, да приложи записник за несреќен случај чии последици се опфатени со ова осигурување и да ги даде сите потребни известувања за разјаснување на настанот, а се до влијание врз обврската на осигурувачот.
Член 5 15
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на лица за време на феријално летување, зимување и логорување од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на лица за време на феријално летување, зимување и логорување од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на лица за време на феријално летување, зимување и логорување од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секоја организација што организира феријално летување, зимување, логорување или престој во самата организација и секое физичко лице.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот и траење на осигурувањето
(1) Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане:
1. За време на летување, зимување или логорување, и тоа на места што се определени од страна на организаторот.
2. За време додека осигуреникот е на директен пат од собирното место до определеното место за престој, како и на местата за собирање, односно пред заминувањето.
3. При давање помош поради заштитан а здравјето и животот на граѓаните и зачувување на имотот, како и при вршење на превентивна служба.
(2) Осигурувањето започнува во 24:00 часот оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето за сите лица, но не порано од 24:00 часот оној ден кога е платена премијата, ако не е поинаку договорено.
Член 6
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 8
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување учесници на курсеви за скијање и пливање од последици на несреќен случај (незгода) Општи одредби
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на учесници на курсеви за скијање и пливање од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на учесници на курсеви за скијање и пливање од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секое правно лице.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане за време додека осигуреникот се наоѓа на пат од дома до одреденото вежбалиште или
16 одредено за вежбање, за време на курсот, како и патот на враќањето дома.
Член 3
Исплата на дневен надоместок
Ако е договорено осигурување и за случај на преодна неспособност за работа, осигурувачот му исплатува на осигуреникот кој поради несреќен случај не е способен за работа, дневен надоместок во договорената висина, и тоа почнувајќи од првиот ден од денот кога лекувањето започнало, а најмногу до 200 дена.
При тоа се зема во предвид само времето за кое осигуреникот бил неспособен за извршување работите на своето редовно занимање, а не и времето кога бил неспособен за учество на курсот означен во полисата.
Член 4
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 5
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување учесници на работнички спортски игри, детски или младински олимпијади и слично од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на учесници на работнички спортски игри, детски или младински олимпијади и слично од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на учесници на работнички спортски игри, детски или младински олимпијади и слично од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде секое правно лице кое има интерес да ги осигура учесниците.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
(1) Ако настане несреќен случај осигурувачот е во обврска:
1. При спортска и физичко рекреативна активност во рамките на организираните работнички спортски игри, детски или младински олимпијади и слично, како и при тренинг за нив,
2. За време додека осигуреникот се наоѓа на директен (непрекинат) пат од закажаното место на поаѓањето до местото на натпреварувањето и за време на враќањето до одреденото место на разделување, под услов заминувањето и враќањето од игрите да е заедничко и организирано,
3. При вршење на должност во врска со организирањето и спроведувањето на натпреварувањето, како и учествување на состаноци, набавка на реквизити и сл. за времетраење на игрите.
Член 3
Начин на склучување на договорот
(1) Ако е договорено осигурување со назначување на имиња на осигурениците, осигурени се само оние членови кои се поименичнонаведени во полисата на одредена организација или во списокот приложен кон неа. Договорувачот е должен при склучување на осигурувањето, на осигурувачот да му даде поименичен список на членовите одредени за осигурување. Во случај на промена на составот на членовите според списокот, осигурувањето на новопримените членови започнува во 24:00 часот оној ден до кога важи направената пријава, но најрано од 24:00 часот оној ден кога осигурувачот ќе ја прими пријавата.
(2) Ако е договорено осигурување без назначување на имиња на осигурениците, со осигурување се опфатени сите ученици во игрите според посебните евиденции на договорувачот.
Во секој случај на осигурување без назначување на имиња на осигурениците при склучување на осигурувањето се плаќа премија за предвидениот број на учесници, а конечна пресметка на премијата се врши по истекот на осигурувањето.
Член 4
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од
14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 5
Пријава на несреќен случај Договорувачот наосигурувањето е должен да му го пријави наосигурувачот секој несреќен случај што ќе го претрпи осигуреникот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови, и да му ги даде сите потребни известувања за разјаснување на секој настанат несреќен случај.
Член 6
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на хајкачи (гонители) во лов од последици на несреќен случај (незгода)
Општи одредби
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на хајкачи (гонители) во лов од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на хајкачи (гонители) во лов од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде ловечка, туристичка или друга организација овластена за организирање на лов.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
Осигурувачот е во обврска, ако несреќниот случај настане од моментот на доаѓањето на осигуреникот на ловиштето, за време на подготовките, траењето на ловот и до моментот на напуштањето на ловиштето.
Член 3
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 4
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на нуркачи од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на нуркачи од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на нуркачи од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето може да биде правно или физичко лице.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
Осигурувачот е во обврска, ако несреќниот случај настане за додека осигуреникот се наоѓа на директниот (непрекинат) пат од дома до местото на нуркање, за време на подготовките, како и за време на нуркањето и патот до враќање дома.
Член 3
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на доброволни даватели на крв од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на доборволни даватели на крв од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за доброволно осигурување на доборволни даватели на крв од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач може да биде организација на Црвен крст, односно правно лице кое има интерес да склучи вакво осигурување.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
Член 2
Обврски на осигурувачот
(1) Со осигурувањето се опфатени евидентираните доброволни даватели на крв за несреќни случаи што ќе им се случат за време на:
1. Непрекинатиот директен пат до местото определено за давање на крв;
2. Престој пред давање, за време на давање и за опоравувањето по давањето на крв; и
3. Непрекинатиот директен пат до дома или работното место.
(2) Со осигурувањето се опфатени евидентираните даватели на крв за случаи што се непосредна последица на давањето на крв.
Непосредна последица на давањето на крв се смета смрт или трајна загуба на општата работна способност (инвалидитет) до што дошло поради:
1. Скриени физички или психички мани на давателите;
2. Грешки на медицинскиот персонал;
3. Самото давање крв;
4. Неисправност на инструментите за земање на крв; и
5. Непочитување на упатствата за однесување по давање крв.
(3) Лице кое прв пат дава крв станува евидентиран давател од моментот кога е превземено во организираниот превоз до местото за давање на крв.
Член 3
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Премијата се плаќа врз основа на бројот на давања за секој евидентиран давател во текот на една година на осигурувањето.
(2) Премијата се плаќа однапред за сите евидентирани даватели спрема евидентираниот број на давања во текот на претходната година, а крајната пресметка на премијата е по истекот на годината на осигурувањето спрема вистинскиот број на евидентираните даватели на крв и нивниот број на давање крв.
(3) Договорувачот е должен во рок од 30 дена по истекот на годината на осигурувањето да му пријави на осигурувачот точен број на евидентираните даватели и вкупен број на давања крв и врз основа на тоа да ја уплати разликата за целата годишна премија.
(4) Договорувачот е должен да му овозможи на осигурувачот во својата евиденција од која може да се утврди вистинскиот број на евидентираните даватели на крв и вкупниот број на давања крв, како и тоа дали лицето на кое му се случило осигурен случај било во тоа време евидентиран давател на крв.
(5) Обврска на осигурувачот за секој осигуреник одделно постои и во случај кога договорувачот не ја уплатил премијата навреме, а осигурениот случај настанал за времетраењето на осигурувањето.
Член 4
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за осигурување на членови на планинарски сојуз од последици на несреќен случај (незгода)
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен 17
случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на членови на планинарски сојуз од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на членови на планинарски сојуз од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето во смисла на овие Дополнителни услови може да биде само Планинарски сојуз.
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на живот, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
(4) Според овие Дополнителни услови може да се склучи доброволно осигурување на сите патници во јавниот превоз по земја и вода, освен за патници во воздушниот превоз.
Член 2
Траење на осигурувањето За секој новопримен член осигурувањето започнува без претходна пријава во 24:00 часот оној ден кога стапил во членство, а престанува за секој член во 24:00 часот оној ден кога престанало членството во организацијата на договорувачот.
Член 3
Обврски на осигурувачот
(1) Осигурувачот е во обврска, ако несреќниот случај настане при вршење на спортска и рекреативна дејност во планинарење и алпинизам.
(2) При извршување на одредена должност по налог на договорувачот на осигурувањето.
(3) За време додека осигурениот член се наоѓа на пат од дома до местото на извршување на планинарски, алпинистички и рекреативни дејности и извршување на должности од став 2 од овој член и на враќање дома.
Член 4
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Премијата е неделлива и се плаќа во годишен износ за секој осигуреник без оглед на времето за кое бил член на организацијата во текот на осигурителната година. Премијата се плаќа однапред според бројот на членови по евиденцијата на сојузот на почетокот на секоја година на осигурување, а дефинитвната пресметка се врши на крајот на траењето на годината на осигурување, доколку во текот на годината имало нови членови. Договорувачот е должен во рок од 30 дена по истекот на годината на осигурувањето да му ги пријави на осигурувачот бројот на новите членови и истовремено за нив да уплати соодветна годишна премија.
(2) Договорувачот е должен на овластениот орган на осигурувачот да му ги стави на увид книгите и останатите евиденции од кои може да се утврди вистинската бројна состојба на членовите во текот на секоја година на осигурување, како и тоа дали лицето што претрпело несреќен случај било член на сојузот во времето на неговото настанување.
(3) Договорувачот на осигурувањето е должен договорените износи на премијата да ги плаќа на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок, за целото времетраење на осигурувањето во рокот означен во полисата. Ако премијата се исплаќа по пошта се смета дека е уплатена во 24:00 часот оној ден на кој е уплатена по пошта. Ако се плаќа со вирман се смета дека е платена во 24:00 часот оној ден на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(4) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и во случај кога договорувачот не ја уплатил премијата во рокот означен во полисата, ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на претходниот став на овој член и члено 6 и 19 од Општите услови
(5) Ако осигурувањето е договорено на неодредено траење, а договорувачот не ја плати премијата за следната година по истек на 30 дена од рокот означен во полисата, осигурувачот има право на затезна камата.
Член 5
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 или постари од 75 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години, осигурувачот е во обврска да исплати само 50% од износот кој инаку би требало да го плати.
Член 6
Осигурување на трошоци за спасување
Со овие Дополнителни услови во осигурување се вклучени и трошоците за спасување. Осигурувачот ги надоместува трошоците на организираната спасувачка акција за секој осигурник најмногу до износот кој е договорен за овој случај во полисата.
Член 7
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување
18 на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Дополнителни услови за доброволно осигурување на патници во јавниот превоз од последици на несреќен случај (незгода) Општи одредби
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за доброволно осигурување на патници во јавниот превоз од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за доброволно осигурување на патници во јавниот превоз од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Договорувач на осигурувањето во смисла на овие Дополнителни услови може да биде организацијата која се занимава со превезување на патници и е овластена за таа дејност..
(3) Лицата што се осигуруваат по овие Дополнителни услови, осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 5 на Општите услови, освен лицата потполно лишени од работна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
(4) Според овие Дополнителни услови може да се склучи доброволно осигурување на сите патници во јавниот превоз по земја и вода, освен за патници во воздушниот превоз.
Член 2
Траење на осигурувањето
(1) Осигурувањето за секој патник започнува од моментот на купувањето на возен билет и полисата за осигурување, за време на возењето, задржувањето на патните станици па до доаѓањето на станицата означена во возниот билет.
(2) Ако возниот билет и полисата за осигурување е купен во претпродажба, осигурувањето започнува од моментот на доаѓањето на одреденото место за патување (перон, чекална и сл.),
(3) Осигурувањето престанува во секој случај при напуштање на крајната или одредената станица, односно во станицата во која патувањето е прекинато.
услови, пари, скапоцености и накит.
Член 4
Начин и рокови за пресметка и плаќање на премија
(1) Премијата се пресметува врз основа на вкупно продадените полиси за осигурување.
(2) Договорувачот е должен да му достави на осигурувачот пресметка на премијата за договорениот пресметковен временски период и истовремено да му го дозначи износот на вкупно пресметаната премија.
(3) Договорувачот е должен на овластениот претставник на осигурувачот да му ги стави на увид сите книги и други евиденции од кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознака на премијата.
(4) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник поединечно постои и во случај кога договорувачот не ја уплатил премијата во рокот означен во полисата, ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на претходниот став на овој член и члено 6 и 19 од Општите услови
Член 5
Обврски на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 години
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со Одлука на Управниот одбор на Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
Член 6
Пријава на несреќен случај
(1) Ако настане несреќен случај, договорувачот е должен да го пријави на осигурувачот, во рокот предвиден во член 13 од Општите услови, секој настан кој според овие Дополнителни услови влијае на неговата обврска (несреќен случај), оштетување или уништување на багажот.
(2) Договорувачот, исто така, е должен на осигурувачот кога тој ќе го побара тоа, да му ги даде сите потребни известувања за разјаснување и утврдување на постоењето на основот и висината на неговата обврска.
Член 7
Завршни одредби
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.
Член 3
Обврски на осигурувачот
(1) Со осигурувањето се опфатени патниците за несреќни случаи што ќе им настанат за време на возењето, при влегување во превозното средство или излегување од него, потоа за време на задржување на станичниот и друг простор определен за задржување на патниците.
(2) Осигурувањето важи за секој патник само ако во времето на несреќата поседува полиса за осигурување која е купена на касата на појдовната станица или друга овластена организација за продавање и ако полисата содржи ист датум со возниот билет, или ако се докаже дека ја имал полисата по ова осигурување, а таа се уништила во моментот на несреќата доколку со посебен договор оваа околност поинаку не е договорена.
(3) Патниците кои поседуваат месечни патни исправи или исправи за повеќе патувања, а немаат посебна полиса која се издава со месечна претплатна карта, можат, исто така, да бидат осигурени под услов за секое патување да купат посебна полиса на која датумот е идентичен со патната исправа, ако оваа околност не е поинаку регулирана со посебен договор.
(4) Докажувањето дека некое лице било патник и дека е осигурен, паѓа на корисникот на осигурувањето.
(5) Со осигурувањето се опфатени лицата кои по својата службена должност се наоѓаат во превозното средство (возачи, кондуктери, контролори, придружници, лица во патната пошта, службени спроводници на МВР и сл.)
(6) Ако патникот поседува повеќе полиси за осигурување осигурувачот е во обврска спрема таквиот патник само до износот на осигурените суми означени во една полиса за осигурување, додека другите полиси се сметаат за неважечки. Ваквото ограничување ќе мора да биде задолжително содржано и во полисата.
(7) Осигурувањето на патниците кои патуваат со повратен возен билет важи само ако и за повратникот е наплатена односно купена полиса за осигурување.
(8) Патниците што имаат месечни возни билети, или билети за повеќе патувања, можат исто така да бидат осигурени под услов, за секое патување да купат посебна полиса чиј датум е еднаков со датумот на заверената возна карта ако со посебен договор не е поинаку регулирана оваа околност.
(9) Со осигурувањето е опфатено и оштетувањето или уништувањето на багажот на осигурениот патник, а кое би настанало поради судир или хаварија на возилата. Оутѓување, кражба или други оштетувања на предмети не се опфатени со осигурувањето.
(10)За оштетување или уништување на багажот поради хаварија, осигурувачот е во обврска да ја надомести штетата на патникот само до висината на осигурената сума означена во полисата за осигурување.
(11) Со осигурувањето не се опфатени во смисла на овие Дополнителни