ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ Примери за клаузули

ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. Договорувачот на осигурувањето, осигуреникот или корисниот е должен на осигурувачот да му го пријави секој несреќен случај што му се случил на осигуреникот - членот на домаќинството во рок предвиден со член 13 од Општите услови и должен е да му ги даде сите потребни известувања заради појаснување на настанатиот несреќен случај.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. Осигуреникот што е повреден поради несреќен случај е должен:
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. (1) Договорувачот е должен да му го пријави на осигурувачот секој несреќен случај што ќе му настане на осигуреникот во рокот предвиден во членот 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на неговата обврска. (2) Договорувачот, исто така, е во обврска да му издаде потврда за тоа дека лицето што претрпело несреќен случај е опфатено со осигурувањето во својство на претплатник.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. Договорувачот е должен да му го пријави на осигурувачот секој несреќен случај што ќе го претрпи осигуреникот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови, да приложи записник за несреќен случај чии последици се опфатени со ова осигурување и да ги даде сите потребни известувања за разјаснување на настанот, а се до влијание врз обврската на осигурувачот.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. (1) Осигуреникот кој е повреден поради несреќен случај е должен: 1. Според можностите веднаш да се јави на лекар, односно да повика лекар заради преглед и укажување потребна помош и веднаш да ги преземе сите потребни мерки заради лекување, како и да се придржува на лекарските совети и упатства во поглед на начинот на лекувањето; 2. За несреќниот случај писмено да го извести осигурувачот веднаш кога е тоа можно според неговата здравствена состојба; 3. Со пријавата за несреќен случај на осигурувачот да му ги даде сите потребни известувања и податоци особено за местото и времето кога настанал случајот, целосен опис на настанот, име на лекарот што го прегледал, или што го лекува, наод на лекарот за видот на телесните повреди, за настаните и евентуалните последици, како и податоци за телесните мани, недостатоци и болести што осигуреникот евентуално ги имал уште пред настанувањето на несреќниот случај (чл. 9 Став 3, точка 3 од овие услови). (2) Ако осигурениот случај имал за последица смрт на осигуреникот, корисникот на осигурувањето е должен за тоа писмено да го извести осигурувачот и да ги обезбеди потребните документи. (3) Трошоците за лекарски прегледи и извештаи (почетен и заклучен извештај на лекарот, повторен лекарски преглед и наод на специјалист) и другите трошоци што се однесуваат за докажувањето на несреќниот случај и правата од договорот за осигурување, паѓаат на товар на подносителот на барањето. (4) Осигурувачот има право да бара од осигуреникот, договарачот, корисникот или од кое и да е друго правно или физичко лице, дополнителни објаснувања, како и на свој трошок да преземе пиотребни мерки за лекарски преглед на осигуреникот преку свои лекари, лакарски комисии и здравствени организации за да се утврдат важните причини во врска со пријавениот несреќен случај.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. Договорувачот на осигурувањето е должен на осигурувачот да го пријави секој несреќен случај кој ќе му настане на осигуреникот во рокот предвиден во член 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за утврдување на основот и висината на неговата обврска.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. Договарачот е должен на осигурувачот да му го пријави секој несреќен случај што ќе го претрпи осигуреникот според рокот предвиден во членот 13 од Општите услови и да му ги даде сите потребни известувања за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на неговата обврска.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. (1) Договорувачот е должен веднаш да му го пријави на осигурувачот секој настан кој според овие Дополнителни услови има влијание врз обврската на осигурувачот (несреќен случај, оштетување или исчезнување на предмети), како и да им го пријави на органите надлежни за кривично гонење, доколку таков настан повлекува чија и да е кривична одговорност. Исклучена е обврската на осигурувачот за оштетување или исчезнување на предмети, ако оштетното побарување е поставено на договорувачот од гостин по губење на својството гостин. (2) Договорувачот, исто така, е должен на барање на осигурувачот да му ги даде сите потребни известувања со цел за разјаснување и утврдување на висината на неговата обврска.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. 1. Осигуреникот или корисникот се должни по настапот на осигурениот случај да поднесат до осигурувачот писмена пријава , за што во случај кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво, oсигуреникот може да побара помош од страна на осигурителното брокерско друштво . 2. Пријавата се пополнува на соодветен образец на осигурувачот или друго писмено барање за надомест и со неа се поднесуваат следните документи: a) Надомест за несреќен случај незгода I. Комплетна медицинска документација од почетокот до завршувањето на лекувањето II. Записник од надлежни органи (МВР, ОЈО) доколку е настаната незгода за која е извршен увид III. Фотокопија од возачка, сообраќајна дозвола на осигуреникот и резултати од извршен тест за присуство на алкохол или други наркотични средтва (доколку незгодата е настаната како резултат на сообраќајна незгода ) IV. Фотокопија од важечки документ за идентификација на осигуреникот V. Фотокопија од трансакциска сметка на име на осигуреникот b) Дневен надомест ( болнички ден ) I. Комплетна медицинска документација од почетокот до завршувањето на лекувањето II. Отпусно писмо од болница III. Податоци за историја на болеста IV. Записник од надлежни органи (МВР, ОЈО) доколку е настаната незгода за која е извршен увид V. Фотокопија од важечки документ за идентификација на осигуреникот VI. Фотокопија од т-ска сметка на осигуреникот 3. Осигурувачот има право да бара и други докази потребни за утврдување на правото на исплата. 4. Подносителот на пријавата ги сноси трошоците кои настанале во врска со пријавувањето на осигурениот случај. 5.Друштвото е должно најдоцна во рок од 14 дена од денот на поднесување на барањето за надомест на штета да провери дали кон барањето за надомест е доставена потребната документација за реализација на оштетното побарување и да изврши увид и проценка на оштетувањата. Доколку барањето е некомплетно ,осигурувачот во рокот од 14 дена, по писмен или електронски пат е должен до осигуреникот или од него овластено лице, да побара да се комплетира барањето .
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ. Осигуреникот што е повреден поради несреќен случај е должен : Кога ќе настане несреќен случај осигурувачот ги исплатува износите договорени во договорот за осигурување и тоа: