ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 05/2017
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 05/2017
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКА
МИГРАЦИЈА НА „Exchange“ И „Active Directory“ СО ВКЛУЧЕНА НАБАВКА НА ЛИЦЕНЦИ
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
Скопје, април 2017 годинa
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Царинска управа на Република Македонија, со адреса на ул.,,Лазар Личеноски’’ бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон за контакт: xx000 0 0000 000; електронска адреса: xxxx@xxxxxxx.xxx.xx; има потреба од јавна набавка на стока, ,,Миграција на „Exchange“ и „Active Directory“ со вклучена набавка на лиценци‘‘, согласно техничката спецификација во прилог на тендерската документација.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на стока со отворена постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/15, 78/15 192/15 и 27/16), за што објави оглас број 05/2017.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договор за јавна набавка најдоцна до 22.05.2017 година, во 12:00 часот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори".
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, техничка спецификација, модел на договор, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, изјава за сериозност на понудата, изјава за независна понуда, образец на листа на доверливи информации и образец на понудата.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат1. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Oтворањето на понудите се врши електронски преку ЕСЈН и истото ќе биде јавно и ќе се одржи на 22.05.2017 година, во 12:00 часот.
Однапред Ви благодариме на соработката.
Во Скопје, 09.05.2017 година
Царинска управа на Република Македонија
1 Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
- „Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведување на работи, испорака на стоките или обезбедување на услуги кои претставуваат предмет на договорот;
- „Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување на стоки, услуги или работи;
- „Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
- „Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
- „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
- „Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
- „Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
- „Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
▪ врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
▪ кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
- „Доминантно влијание“ е кога:
▪ едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
▪ постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
- „Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
- „Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
- „Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполну- вањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
- „Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карак- теристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
- „Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
- „Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
- „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
- ,,Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став
(4) од Законот за јавните набавки;
- „Одговорно лице на договорен орган“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната
самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
- „Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
- „Електронски систем за јавни набавки - ЕСЈН“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
- „Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
- „Профил на економски оператор“ е функционалност на Електронскиот систем за јавни набавки со која се олеснува докажувањето на исполнетоста на одредени критериуми за утврдување способност од страна на регистрираните економски оператори.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Царинска управа на Република Македонија, со седиште на адреса: xx. ,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија; телефон: xx000 0 0000 000; факс xx000 0 0000 000; електронска адреса: xxxx@xxxxxxx.xxx.xx; интернет адреса:xxx.xxxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лица за контакт кај Договорниот орган се Xxxxx Xxxxxxx и Xxxxx Xxxxxxxx, телефон: xx000 0 0000 000, електронска пошта: vesna.zmajsek@ customs. xxx.xx и xxxxx.xxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на стоки
,,Миграција на „Exchange“ и „Active Directory“ со вклучена набавка на лиценци‘‘. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.
1.3.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката.
1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот
„Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.
1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15 и 27/16 и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда, најмалку носителот на групата треба да биде регистриран на ЕСЈН. 3
Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма.
3 Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
Во случај некој од членовите на групата да не е регистриран на ЕСЈН, понудата не треба да се отфрли како неприфатлива. Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
1.8.6 Член во групата економски опеартори не може да се повлече од групата економски оператори до склучување на договорот за јавна набавка доколку:
− е носител на групата еконономски оператори,
− ја обезбедува гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани средства,
− групата на економски оператори не може да го докаже исполнувањето на критериумите за утврдување на способност што се барале во постапката без тој член или
− другите членови од групата солидарно не ги превземаат обврските на членот од групата кој сака да се повлече од групата економски оператори.
Повлекувањето на член од групата економски оператори спротивно на наведеното од претходниот став се смета за повлекување на групната понуда .
1.8.7 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.8 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.9 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.10 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
1.8.11 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ број 41/08).
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и
4.9 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- техничката или професионалната способност
- способноста за вршење професионална дејност,
2.1.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН.
Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документацијата во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите.
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Техничка или професионална способност
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- поседување на искуство од минимум три успешно извршени испораки од иста или слична природа во последните 3 (три) години,
- располагање со соодветен технички персонал, а најмалку со следите експерти :
• Microsoft Certified Solutions Expert или еквивалентно (минимум 1 лице)
• Server Virtualization with Windows Server Hyper-V and System Center Specialist или еквивалентно (минимум 1 лице)
• Certified Technology Specialist: Microsoft Exchange Server 2010, Configuration или еквивалентно или Microsoft Certified IT Professional
- Enterprise Messaging Administrator on Exchange 2010 или еквивалентно (минимум 1 лице)
2.4.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 2.5.1 со доставување на:
- минимум 3 (три) потврди за квалитетно и навремено извршени испораки од иста или слична природа со предметната набавка во последните 3 години, издадени од примателите или, доколку такви потврди не можат да се обезбедат од причини кои се вон контрола на економскиот оператор, само со негова изјава за извршени испораки.
- Изјава за ангажиран технички персонал (без оглед на тоа дали истиот непосредно му припаѓа на понудувачот) и дека истиот ќе биде постојано на располагање за работа во периодот на реализација на предметот на договорот.
Понудувачот треба да располага со најмалку следниве експерти кои ги поседуваат следните сертификати (eдно лице може да се јави во повеќе улоги):
- Microsoft Certified Solutions Expert или еквивалентно (минимум 1 лице)
- Server Virtualization with Windows Server Hyper-V and System Center Specialist или еквивалентно (минимум 1 лице)
- Certified Technology Specialist: Microsoft Exchange Server 2010, Configuration или еквивалентно или Microsoft Certified IT Professional - Enterprise Messaging Administrator on Exchange 2010 или еквивалентно (минимум 1 лице)
2.4.3 Изјавата за квалитетно и навремено извршени испораки, (доколку не можат да се обезбедат потврди од причини кои се вон контрола на економскиот оператор), ја изготвува и електронски ја потпишува самиот економски оператор и таа не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.4.4 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект освен во делот на референтната листа и претходно склучените договори. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
2.4.5 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи:
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на понуда составен од општиот дел и листа на цени и рокови на испорака;
- пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
- документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2.2 од тендерската документација;
- документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во потточка 2.3.2 од тендерската документација;
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во потточка 2.4.2 од тендерската документација;
- изјава за сериозност на понудата;
- изјава за независна понуда x
- договор за групна понуда (само за група на економски оператори),
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација може да биде отфрлена како неприфатлива.
(Ако тендерската документација врз основа на која се изготвува, доставува и оценува понудата, освен на мекедонски се подготви и на англиски јазик, во случај на несовпаѓање на податоците во истите за валидна ќе се смета македонската верзија.)
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел
„Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената. Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни во електронска форма преку ЕСЈН преку модулот „Појаснување/ дополнување на поднесени документи“, кои се причините за таквата цена во рок од 3 (три) дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 180 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Изјава за сериозност на понудата
4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7. Изјава за независнa понуда
4.7.1 Во прилог на понудата, покрај изјавата за сериозност на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за независнa понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити.
4.7.2 Изјавата за независнa понуда ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
4.7.3 Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
4.7.4 Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку изјавата за независна понуда е потпишана од лице овластено за дигитално
потпишување, тогаш истата задолжително треба да е своерачно потпишана од одговорното лице, скенирана и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
4.8 Форма и потпишување на понудата
4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во Прилог 2 од “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Економски оператори".
4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати:
Понудата се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Македонија.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
- Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ број 34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
- Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
- Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓуна- роден договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот.
Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот;
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот; или
в) во хартиена форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.9 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.9.1 Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.9.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документацијата во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН, а на начин опишан во потточка 2.1.2.
4.10 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 22.05.2017 година, до 12:00 часот.
4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.11 Алтернативни понуди
4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.12 Измена, замена и повлекување на понудата
4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10.
4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10.
4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка
4.6.1 .
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Oтворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 22.05.2017 година, во 12:00 часот, во Царинска управа на Република Македонија, ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 и точка
4.9 од тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање
на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07).
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Појаснување на понудите
5.3.1 Во периодот на разгледување и оценување на понудите, договорниот орган може, да побара од кој било економски оператор појаснување на неговата понуда. Барањето од договорниот орган за појаснување и одговорот се во електронска форма преку ЕСЈН – модул
„Појаснување/ дополнување на поднесени документи“.
Никаква промена на цените или на содржината на понудата нема да се бара, нуди или да се дозволува, освен за потврдување на коригирањето на аритметички грешки што ги открил договорниот орган при проценката на понудите.
5.3.2 Секое појаснување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува.
5.4 Исправка на аритметички грешки
5.4.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови,
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.4.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги корегира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за него.
5.4.3 Ако економскиот оператор не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде издадена негативна референца од страна на договорниот орган заради прекршување на изјавата за сериозност на понудата.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.
6.1.2 Доколку во текот на аукцијата нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано поднесената понуда.
6.1.4 Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, односно да не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена во ЕСЈН после што може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот економски оператор кој поднел прифатлива понуда или да ја поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
6.1.5 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.1.6 По завршувањето на електронската аукција/поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција/пред поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН) и цената на
последната понуда (по завршувањето на аукцијата/по поднесувањето на конечна цена во ЕСЈН).
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
- податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
- податоци за застапникот или полномошникот,
- назив и седиште на договорниот орган,
- број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
- број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
- податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
- опис на фактичката состојба,
- опис на неправилностите и образложение по истите,
- предлог на докази,
- жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
- потпис на овластено лице.
6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
- до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
- од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
- од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
- над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.8 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.9 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
- во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
- во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија.
Фактурирањето ќе се врши по извршена услуга. Фактурата задолжително во прилог треба да содржи записник за извршените активности уредно потпишан од страна на овластени лица на Договорниот орган и Носителот на набавката.
7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Рок и место на извршување
7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги изврши услугите и да ја достави стоката која е предмет на Договорот според описот наведен во техничката спецификација од тендерската документација на следнава локација: Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски‘‘, број 13, 1000 Скопје.
Носителот на набавката е должен да ја реализира набавката во период од 60 дена од потпишување на договорот.
7.2.2 Рокот и местото на извршување се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на извршување поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.3 Разлики во цена (корекција на цени)
7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
7.4 Авансно плаќање
7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.5 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ.
7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата.
7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот.
7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје.
7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот.
7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
- се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите,
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
- договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
- избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
9.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
II. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
за јавна набавка – Миграција на Exchange и Active Directory со вклучена набавка на лиценци
1. Предмет на јавна набавка
Предмет на јавната набавка е набавка на Microsoft лиценци, или еквивалентни, со соодветна нивна инсталација, конфигурација и миграција на податоци од постоечка инфраструктура (дадена во делот Опис на тековна состојба). Лиценците кои се предмет на набавка се следни:
Xxxxxxx | Xxxxxxxx |
Windows Server 2012 R2 Standard Goverment или еквивалентно со Hyper-V или еквивалентно | 2 парчиња |
Exchange Server Standard 2016 Goverment или еквивалентно | 2 парчиња |
Exchange Standard CAL 2016 Government - Device CAL или еквивалентно | 555 парчиња |
Exchange Standard CAL 2016 Goverment – User CAL или еквивалентно | 100 парчиња |
Windows Server CAL 2012 Goverment Device CAL или еквивалентно | 655 парчиња |
2. Спецификација на набавката
Опис на тековна состојба
Царинската управа ги поседува следниве системи кои е потребно да се мигрираат на нова инфраструктура:
1. Сервер Active Directory 2003 – Прв домаин контролер
o Сервер тип: HP Proliant DL360 G5
o 2 мрежни карти
o 3 физички хард дискови од 145 GB 10k SAS
o Hard Disk на оперативно ниво: 136 GB
o Оперативен систем: Windows Server 2003 R2 Enterprise SP2
o Ram memory: 4GB
o Processor: Intel Xeon 5160 3.00 GHz
o Active Directory: Version: 5.2.3790.3959
o DNS: Version: 5.2.3790.3959
o DHCP: Version: 5.2.3790.3959
o Group Policy Management: Version: 1.0.2
o Инсталиран Antivirus Trend Micro Office Scan 11.0.2995
o WSUS Local Computer Policy
o Certificate Local Computer Policy
o NTP Time Local Computer Policy
o Certification Authority
2. Сервер Active Directory 2003 – Втор домаин контролер
o Сервер тип: HP Proliant DL350 G5
o 2 мрежни карти
o 2 физички хард дискови од 500 GB 10k SАТА
o Hard Disk на оперативно ниво: 465 GB
o Оперативен систем: Windows Server 2003 R2 Enterprise SP2
o Ram memory: 4GB
o Processor: Intel Xeon 5130 2.00 GHz
o Active Directory: Version: 5.2.3790.3959
o DNS: Version: 5.2.3790.3959
o DHCP: Version: 5.2.3790.3959
o Group Policy Management: Version: 1.0.2
o Инсталиран Antivirus Trend Micro Office Scan 11.0.2995
3. Сервер Microsoft Exchange Server 2003 SP2 Standard + Exchange Patches
o Сервер тип: HP Proliant ML370 G5
o 2 мрежни карти
o 3 физички хард дискови од 146 GB 10k SAS
o 3 физички хард дискови од 146 GB 1 Port 10k Serial SCSI
o Hard Disk на оперативно ниво: 546 GB / 136 GB
o Оперативен систем: Windows Server 2003 R2 Enterprise SP2
o Ram memory: 4GB
o Processor: Intel Xeon 5130 2.00 GHz
o Exchange Information Store: Version: 6.5.7638.1
o Active Directory: Version: 5.2.3790.3959
o Инсталиран ScanMail™ for Microsoft™ Exchange 10.2 SP2
Опис на хардверот на кој треба да се направи инсталацијата, конфигурацијата и миграцијата
Царинската управа за потребите на миграцијата на Exchange и Active Directory има на располагање 2 нови сервера Dell PowerEdge R830, со следниве основни карактеристики:
o Процесор 2 x Intel Xeon E5-4620 v4 2.1GHz,25M Cache, 8.0GT/s QPI 10C/20T, HT, Turbo (105W) Max Mem 2133MHz
o Меморија 64GB (4 x 16GB RDIMM, 2400MT/s, Dual Rank, x8 Data Width)
o Хард Дискови
- 2 x 600GB 10K RPM SAS 12Gbps 2.5in Hot-plug Hard Drive
- Hot-plug хард дискови конфигурирани во RAID 1 како група 1
o Хард Дискови (втора група)
- 3 x 1.8TB 10K RPM SAS 12Gbps 512e 2.5in Hot-plug Hard Drive
- Hot-plug конфигурирани во RAID 5 како група 2.
o Тип на RAID контролер PERC H330 RAID Controller, RAID нивоа: 0, 1, 5, 10, 50
o Поддршка за виртуелизација (Virtualization OS Support): Microsoft Hyper-V и VMware vSphere
o Мрежна карта Broadcom 5720 QP 1Gb Network Daughter Card
o Без оперативен систем.
Преглед на потребни лиценци, предмет на набавка
Р. бр | Опис на софтверска лиценца | Количин а |
1. | Лиценци за серверската платформа односно Windows Server 2012 R2 Standard или еквивалент, со поддршка и лиценци за два виртуелни системи кои се поддржани на серверите на кои е потребно да се мигрираат системите | 2 |
2. | Надградба и проширување на лиценците на постоечкиот емаил сервер, кој е базиран на Exchange Server 2003 Standard инсталиран на Windows Server 2003 R2 Enterprise, кон најнова верзија, при што ќе се зачува интегритетот на податоците на емаил серверот, | 2 |
нема да предизвика било какви барање за промени на емаил структурата и правилата кои се веќе поставени и нема да предизвика застој во работењето при миграцијата на Exchange Server Standard 2010, или еквивалент, инсталиран на Windows Server 2012 R2 Standard или еквивалент | ||
3. | Надградба и проширување на лиценците за пристап кон: - постоечкиот емаил сервер, кој е базиран на Exchange Server Standard CAL – Device CAL, со најнова верзија, при што нема да предизвика застој во работењето или губење на постоечки пораки - проширување на емаил инфраструктурата на нови корисници Exchange Server Standard Device CAL или еквивалентна | 555 |
4. | Надградба и проширување на лиценците за пристап кон: - постоечкиот емаил сервер, кој е базиран на Exchange Server Standard CAL – User CAL, со најнова верзија, при што нема да предизвика застој во работењето или губење на постоечки пораки - проширување на емаил инфраструктурата на нови корисници Exchange Server Standard User CAL или еквивалентна | 100 |
5. | Софтвер за интеграција на клиентски станици, десктоп компјутери и лаптопи, во интегриран систем со постоечките серверски лиценци Windows Server 2003, за воспоставување на полиси за пристап до различни ресурси, Windows Server CAL 2012 Device CAL или еквивалентен | 655 |
Xxxxxxx опис на инсталацијата, конфигурацијата и миграцијата на системите
Понудувачот, покрај испорака на погоре наведените лиценци, треба да испорача услуги за нивна инсталација, конфигурација и миграција на системите која ќе ги вклучува минимум следниве активности:
1. Инсталација на Windows 2012 R2 Standard, или еквивалентно, на два физички сервери и конфигурација на Hyper-V, или еквивалентно
2. Креирање на нови виртуелни машини:
2.1. Две виртуелни машини (по една на секој физички сервер) на кои ќе бидат инсталирани домеин Active Directory контролерите со пропратни улоги (DNS, DHCP, Group Policy Management)
2.2. Две виртуелни машини (по една на секој физички сервер) на кои ќе биде инсталиран Exchange Server 2010 SP3 или еквивалентно
3. Конфигурација на параметрите на виртуелните машини која ќе обезбеди:
3.1. Оптимизација на виртуелната машина за нејзината намена
3.2. Конфигурација според препораки за виртуелизација (best practices) од производителот
4. Инсталација на два нови Windows 2012 R2 Standard, или еквивалентно, домаин контролери како виртуелни машини на Hyper-v, или еквивалентно, со надградба на AD шемата и конфигурација на соодветен Domain Functional Level и Forest Functional Level
4.1 Едниот домаин контролер да биде Active, другиот Passive во Active/Passive Failover конфигурација со постојана синхонизација
5. Конфигурација на улоги со миграција на постоечките конфигурации и тоа:
o DNS
o DHCP
o Group Policy Management
o WSUS Local Computer Policy
o Certificate Local Computer Policy
o NTP Time Local Computer Policy
o Certification Authority
6. Надградба на AD шемата за инсталација на Exchange 2010 или еквивалентно
7. Инсталација на Antivirus Trend Micro Office Scan 11.0.2995 (лиценца која ја поседува Царинската управа)
8. Инсталација на 2 x Exchange 2010 SP3, или еквивалентно, сервери како виртуелни машини на Hyper-v, или еквивалентно, и подесување на висока достапност – Database Availability Group (DAG)
8.1 Едниот Mail сервер да биде Active, другиот Passive во Active/Passive Failover конфигурација со постојана синхонизација
9. Конфигурација на Exchange 2010, или еквивалентно, серверите за успешна коегзистенција со Exchange 2003
10. Промена на маил транспортот од Exchange 2003 на Exchange 2010, или еквивалентно, серверите
11. Подготовка на certificate request file за клиентски пристап до Exchange 2010, или еквивалентно, серверите
12. Мигрирање и преконфигурирање на Offline address list, Е-маил address list
13. Мигрирање, преконфигурирање и репликација на Public folder на новите сервери
14. Тестирање на mail flow од Exchange 2010, или еквивалентно, кон Exchange 2003 и обратно
15. Тестирање на клиентски пристап до новите маил сервери
16. Миграција на 200 mailboxes од Exchange 2003 на Exchange 2010, или еквивалентно, во соработка со назначените лица за следење на договорот од Царинската управа
17. Инсталација на ScanMail™ for Microsoft™ Exchange 10.2 SP2 (лиценца која ја поседува Царинската управа)
18. Конфигурација на стандардна бекап процедура на податоците, физичките и виртуелните машини од сите системи
19. Подготовка и достава на процедура за деинсталација на Exchange 2003
20. Техничка поддршка за системот за период од минимум 12 месеци.
Обврски на понудувачот кој ќе ја обезбеди услугата
- Понудувачот потребно е да направи план за инсталација, конфигурација, надградба и миграција кој ќе обезбеди миграција на цела платформа заедно со сите податоци при што ќе се задржат сите функционалности на платформата и нема да постои застој во работењето. Планот потребно е да биде одобрен од страна на назначените лица за следење на договорот од Царинската управа.
- Планот за инсталација, конфигурација, надградба и миграција треба да биде доставен на одобрување во рок од 7 дена од потпишувањето на договорот.
- Изведувањето на миграцијата на функционалниот систем на набавувачот ќе биде обврска на самиот понудувач во период кој ќе биде договорен со назначените лица од Царинската управа, но пред истекот на 60 дена од потпишувањето на договор.
- При миграцијата понудувачот треба да има во предвид дека системите се во продукција 24/7 и затоа е потребно миграцијата да се изврши со евентуален минимален прекин во работењето и во најкус можен рок и со максимална одговорност за сигурност, заштита и без губење на податоци.
- Понудувачот потребно е да ги отстрани сите забелешки и проблеми откриени при верификацијата на функционалноста на системот, која ќе биде изведена од страна на набавувачот врз основа на претходно дефинирани тест процедури од страна на набавувачот.
- Достава на детален записник со сите извршени активности.
III. Модел на ДОГОВОР за јавна набавка на стоки
,,Миграција на „Exchange“ и „Active Directory“ со вклучена набавка на лиценци‘‘
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Царинска управа на Република Македонија со седиште на ул.„Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје, ЕМБС 4641655, ЕДБ 4030992228017, застапу вано од (во понатамошниот текст: Договорен орган) од една страна и
2. со седиште на ул. _ , бр. _ , ЕМБС _ , ЕДБ , застапувано од управителот (во понатамошниот текст: Носител на набавката) од друга страна.
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни за јавна набавка на стоки ,,Миграција на „Exchange“ и „Active Directory“ со вклучена набавка на лиценци‘‘, согласно Одлуката за јавна набавка бр. _ од 2017 година, спроведената отворена постапка со оглас бр. 05/2017 и донесената Одлука за избор на најповолна понуда број од _ 2017 година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е набавка на стоки ,,Миграција на „Exchange“ и
„Active Directory“ со вклучена набавка на лиценци‘‘ согласно наведеното во техничката спецификација од тендерската документација за отворена постапка со оглас бр. 05/2017, и прифатената понуда на Носителот на набавка број од _.2017 година, кои се составен дел на Договорот.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Вкупната вредност на Договорот ќе се утврди врз основа на реално извршените услуги и набавените лиценци, но не е повеќе од денари со вклучен ДДВ,
Единечните цени на предметот на набавка, искажани во приложената спецификација на цени, се утврдени по спроведената електронска аукција / поднесување на конечна цена како посебна фаза од постапката за јавна набавка.
Договорните страни се согласни дека единечните цени се цени со вклучени трошоци за извршување на услугите и набавката на лиценци, други зависни трошоци и јавни давачки и истите се фиксни и непроменливи за целокупното времетраење на Договорот, а евентуалните промени на цените на пазарот нема да влијаат на вредноста на овој Договор.
Извршените услуги и набавката на лиценци над вкупната вредност на Договорот наведена во овој член, ќе бидат на товар на Носителот на набавката.
НАЧИН, МЕСТО И РОК НА ВРШЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ И ДОСТАВА НА ЛИЦЕНЦИТЕ
Член 4
Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите и да ги достави лиценците кои се предмет на Договорот, совесно, навремено и квалитетно, според описот наведен во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда број од _.2017 година, на следнава локација: Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски‘‘, број 13, 1000 Скопје.
Член 5
Носителот на набавката е должен да ги изврши услугите и да ги достави лиценците во временски период од 60 дена од склучување на договорот, за јавната набавка ,,Миграција на „Exchange“ и „Active Directory“ со вклучена набавка на лиценци‘‘, и тоа:
Набавка на Microsoft лиценци, или еквивалентни, и нивна инсталација, конфигурација и миграција на податоци од постоечка ИТ инфраструктура која ја поседува Царинската управа на Република Македонија на новите сервери.
КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ
Член 6
Квалитативен и квантитативен прием на предметот на набавката од овој Договор врши Договорниот орган врз основа на Записник за извршена услуга и доставени лиценци.
Договорниот орган е должен преку овластените лица за надзор да изврши преглед на извршената услуга и доставените лиценци и ако утврди неисправност или недостаток, истите да ги заведе во Записникот.
Договорниот орган има право поради неисправност или недостаток да бара:
- бесплатно отстранување на недостатокот на извршените услуги
- сразмерно намалување на цената
- раскинување на овој Договор и надомест за претрпена штета.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 7
Договорните страни се согласни дека доколку Xxxxxxxxx на набавката не ги исполни обврските по овој Договор во роковите утврдени во член 5 на овој Договор, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати договорна казна во висина од 0,5% вкупната вредност на Договорот за секој нареден ден задоцнување, но не повеќе од 10 (дена) од утврдениот рок за извршување на обврските.
Утврдениот износ на договорна казна поради задоцнување, Договорниот орган ќе го засмета и одбие при исплатата на износ од фактура на Носителот на набавката доставена за исплата.
Исто така, договорните страни се согласни дека доколку Xxxxxxxxx на набавката не ги изврши обврските во рок и на начин утврден со овој Договор, покрај правото на договорна казна од став 1 на овој член, Договорниот орган има право да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување на Договорот и да бара надомест на штета.
Во овој случај Договорниот орган го задржува правото да склучи Договор со второрангираниот понудувач, а разликата помеѓу цената на услугите и набавката на лиценците утврдена со овој Договор и цената на второрангираниот понудувач, паѓа на товар на Xxxxxxxxx на набавката.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 8
Носителот на набавката се обврзува во рок од 3 (три) дена од склучување на Договорот до Договорниот орган да достави известување за овластено лице за потпишување на фактури и при секоја промена на овластеното лице веднаш да го извести Договорниот орган.
Член 9
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го изврши вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски” бр.13, 1000 Скопје.
Задолжително во прилог на фактурата се Записник за извршената услуга и доставените лиценци, уредно потпишани од страна на овластени лица на двете договорни страни.
Доколку Договорниот орган не ја плати паричната обврска по фактурата во рокот од став 1 на овој член, Носителот на набавката има право на пресметка и наплата на казнена камата за задоцнето плаќање, како и право на надоместок за доцнење, согласно позитивните законски прописи.
За извршување на овој Договор не е дозволено авансно плаќање.
ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 10
Квалитетното, односно целосното, совесното и навременото извршување на обврските по овој Договор, Носителот на набавката го гарантира со доставена безусловна банкарска гаранција за квалитетно извршување на Договорот во висина од 10% од вкупната вредност на овој Договор.
Договорниот орган има право да ја активира и наплати банкарската гаранција од став 1 на овој член и да отпочне со постапка за раскинување на овој Договор при доцнење со извршување на обврските и/или при недостатоци (грешки) за кои Носителот на набавката е директно одговорен и тоа:
- Во случај на ненавремено извршување на обврските по овој Договор од страна на Носителот на набавката и кога доцнењето е подолго од 15 (петнаесет) дена од денот кога требало обврската да се изврши.
- Во случај кога Xxxxxxxxx на набавката сноси одговорност за неквалитетно извршени обврски по овој Договор кои не се во согласност со барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда.
- Договорот е xxxxxxxx и престанал да важи по вина на Носителот на набавката .
Доколку овој Договор се реализира навреме и квалитетно во согласност со одредбите на овој Договор, гаранцијата за квалитетно извршување на Дого- ворот му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 (четиринаесет) дена по целосното извршување на обврските по Договорот.
ВИША СИЛА
Член 11
Ниту една од договорните страни не одговара и нема да биде одговорна за неисполнување на обврските по овој Договор до кое би дошло поради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена поради Виша сила, должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 12
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 13
Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 14
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.
КОРУПЦИСКО ИЛИ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ
Член 15
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.
ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 16
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот е македонскиот јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е македонскиот јазик.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 17
Договорот се склучува за временски период 3 (три) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.
ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 18
Договорот стапува на сила со денот на потпишување на истиот од двете договорни страни.
Член 19
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 20
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 21
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци од кои по 4 (четири) примероци за Договорниот орган и 2 (два) примероци за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН
Царинска управа на РМ Директор
Xxxxxx Xxxxxxx - Крстевска
НОСИТЕЛ НА НАБАВКА
Управител
______________________
Составни делови на овој Договор се:
а) Спецификација на цени,
б) Техничка спецификација од тендерската документација, в) Понудата на Носителот на набавката.
IV. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 05/2017 објавен од страна на Царинска управа на Република Македонија, за доделување на договор за јавна набавка на стоки
,,Миграција на „Exchange“ и „Active Directory“ со вклучена набавка на лиценци ‘‘, со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), и на тендерската документација која ја презедовме преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx), ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
IV.1. ОПШТ ДЕЛ
IV.1.1. Име на понудувачот: _
IV.1.2. Контакт информации:
- Адреса:
- Телефон:
- Факс:
- Е-пошта: _
- Лице за контакт:
IV.1.3. Одговорно лице:
IV.1.4. Лице овластено од одговорното лице: _
(се пополнува само доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, со приложено овластување)
IV.1.5. Даночен број:
IV.1.6. Матичен број:
IV.1.7. Нашата понудата е составена од следниве делови:
- Пополнет образец на Понуда составена од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
- Договор за групна понуда (само во случај на групна понуда се доставува заедно со понудата),
- Документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација;
-Документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност
-Документи за утврдување на Техничка или професионална способност наведени во тендерската документација;
- Изјава за сериозност на понудата,
- Изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно);
- Пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори);
- Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
IV.2. ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА
IV.2.1. Согласни сме да ги понудиме услугите и стоките кои се предмет на договорот за јавна набавка со цените дефинирани во следнава Листа:
Листа на цени
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
Назив | Едини ца мерка | Количина | Единечна цена без ДДВ со вклучени трошоци и попусти | Вкупна цена без ДДВ (3x4) | ДДВ |
Набавка на лиценца за Windows Server 2012 R2 Standard Goverment или еквивалентно со Hyper-V или еквивалентно | парче | 2 | |||
Набавка на лиценца за Exchange Server Standard 2016 Goverment или еквивалентно | парче | 2 | |||
Набавка на лиценца за Exchange Standard CAL 2016 Government - Device CAL или еквивалентно | парче | 555 | |||
Набавка на лиценца за Exchange Standard CAL 2016 Goverment – User CAL или еквивалентно | парче | 100 | |||
Набавка на лиценца за Windows Server CAL 2012 Goverment Device CAL или еквивалентно | парче | 655 | |||
Инсталација, конфигурација и миграција на системи во согласност со техничката спецификација за јавната набавка | паушал | / | |||
Вкупна цена без ДДВ (со бројки): Вкупна цена без ДДВ (со букви): | |||||
Вкупнo ДДВ (со бројки): Вкупнo ДДВ (со букви): |
IV.2.2. Според тоа, вкупната цена на понудата, вклучувајќи ги сите трошоци и попуст без ДДВ, изразена во денари изнесува: (со бројки), _
(со букви). (Во случај понудата да е поднесена од странски економски оператор, вкупната цена се изразува со букви на англиски јазик.)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува (со бројки).
(со букви).
IV.2.3. Изјавуваме дека имаме намера дел од договорот да го отстапиме на подизведувач/и, и тоа:*
- следниот дел од договорот:
- на следниот/те подизведувач/и (фирма, седиште, единствен даночен број и слично):
_
* (Податоците мора да бидат наведени само доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи)
IV.2.4. Изјавуваме дека ги почитуваме законите за заштита на интелектуалната сопственост.
IV.2.5. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка, согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
Место и датум Одговорно лице
(потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
V. ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
И З Ј А В А
Xxx, долупотпишаниот _ [име и презиме] врз основа на член 47 став 1 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека во целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е xxxxxxx и правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршу- вање на оваа изјава во случаите од член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум Одговорно лице
_
(потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
VI. ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно)
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот* [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки ,,Миграција на „Exchange“ и „Active Directory“ со вклучена набавка на лиценци‘‘, по оглас број 05/2017 ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата за постапката по оглас број 05/2017 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што ќе доведе до поведување на соодветна постапка против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
Одговорно лице
_ (потпис)**
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
**Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
VII. ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ (Во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори)
1. Назив на економскиот оператор/ член на група економски оператори: | |
2. Адреса на седиштето: | |
3. Телефон: | 4. Контакт: |
5. Факс: | 6. e-mail: |
7. Место на основањето/ регистрацијата: | 8. Година на основањето / регистрацијата: |
9. Основни дејности на економскиот оператор: |
Место и датум
Одговорно лице
_ (потпис) *
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
VIII. ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува)
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации, | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Место и датум Одговорно лице
(потпис) *