ИСПОРАКА Примери за клаузули

ИСПОРАКА. И покрај Клаузулата 8 погоре што се однесува на достапноста на производ и освен во исклучителниоколности, ќе се потрудиме да ја испратиме нарачката која се состои од производот (производите) дадени во секоја Потврда за испорака пред датумот даден во Потврдата за испорака за која станувазбор, или доколку не е специфициран датум за испорака, во зададената временска рамка дадена при селектирањето на методот на испорака и, во секој случај во максимален период од 30 дена од датумот на Потврдата за нарачка. Сепак, може да има одолжувања поради причини како појавата на непредвидени околности или зоната за испорака. Доколку поради која било причина, не сме во можност да го исполниме датумот за испорака, ќе ве информираме за ситуацијата и ќе ви дадеме можност да продолжите со купувањето, одредувајќи нов датум за испорака, или да ја откажете нарачката со целосен надомест на платениот износ. Запомнете во секој случај дека не вршиме достави на домашна адреса во саботи, недели или празници кога банките не работат. За целта на овие Услови, „испораката“ ќе се смета за извршена, или нарачката за „доставена“ кога вие или трета страна посочена од вас ќе се стекне со физичка сопственост на добрата, што ќе се евидентира со потпишување на сметката за нарачка на адресата за испорака посочена од вас.
ИСПОРАКА. Комбинираните мерни трансформатори и приклучните стегалки да се испорачаат (транспорт и истовар) во ТС 110/35 kV Кавадарци. Комбинираните мерни трансформатори се испорачуваат од страна на Носителот на набавката на ДДП-паритет (Инкотермс 2010). Комбинираните мерни трансформатори треба да се пакуваат внимателно на таков начин што да се заштитени од механички повреди и оштетувања од вода и климатските услови со кои се соочуваат за време на транспортот до нивната дестинација, како и за време на складирање пред нивното вградување. • Пополнета табела со податоци, • Извештаи од типски испитувања за понудениот тип комбинирани мерни трансформатори, • Податоци за трансформаторското масло, • Програма за фабрички приемни испитувања, • Цртежи на мерните трансформатори со димензии и маси, • Цртежи на приклучните стегалки, • Извештај (атест) од рутински испитувања на мерните трансформатори, • Извештај (атест) од физичко-хемиска анализа на трансформаторското масло, • Упатство за монтажа и одржување на мерните трансформатори. Упатството треба да содржи, покрај другото, методи и препораки за испитување и критериуми за оцена на состојбата на мерните трансформатори од теренски испитувања, графици на промена на отпорот на изолација, капацитетот и коефициентот на диелектрични загуби (tgδ) во зависност од темепературата на изопацијата на мерните трансформатори. Исто така, во упатството да се дадени и критериуми за оцена на состојбата врз основа на резултати добиени од гасно-хроматографска анализа на маслото. Сите упатства треба да се на македонски јазик во печатена (3 примероци) и електронска форма.
ИСПОРАКА. Мерните трансформатори, раставувачите и приклучните стегалки да се испорачаат (транспорт и истовар) во ТС 110/35 kV Велес. Сите делови за транспорт треба да се пакуваат внимателно на таков начин што да се заштитени од механички повреди и оштетувања од вода и климатските услови со кои се соочуваат за време на транспортот до нивната дестинација, како и за време на складирање пред нивното вградување. Носителот на набавката ја испорачува опремата, ја поминува на царина, ја транспортира и ја истоварува на објект.
ИСПОРАКА. Услугата предмет на овој Договор ќе се испорача во периодот од април 2016 до мај
ИСПОРАКА. Услугата предмет на овој Договор ќе се испорача во периодот април 2017.
ИСПОРАКА. Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. С. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот. Испораката не се наплаќа без оглед на висинита на износот на нарачката, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација. Рокот на испорака до Купувачот е 5 работни дена по извршената онлајн нарачка, за што Македонски Телеком го контактира купувачот за точно време на испорака во рамки на утврдениот рок . Доколку доставувачот - овластеното лице на партнерот за логистика на Македонски Телеком за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот. 3.1. Купувачот ќе има можност услугата - продолжување на претплатничкиот договор за период од 12 месеци без купување на уред со попуст за претплата да ја нарача единствено преку апликација Телеком APP . Регистрацијата, нарачката и испораката на оваа услуга ќе се прави на начин утврден погоре.
ИСПОРАКА. Нашата цел е да обезбедиме најдобра услуга за испорака. За жал, работите не одат секогаш по планираното и на нашата работа влијаат многу фактори, како што се условите во сообраќајот и временските услови. Тие фактори може да не спречат во постигнувањето на нашите цели. Ние ќе се потрудиме вашиот оброк да биде предаден во времето наведено во е-мејлот што ќе ви пристигне и времето наведено на веб-страницата. Тајмингот на вашата нарачка се утврдува со земање во предвид на бројот на нарачки и околностите со кои се соочуваат рестораните партнери во тоа време.
ИСПОРАКА. (1) На сите кутии, Добавувачот ќе ги наведе неопходните информации за ракување и испорака, броевите на PO, датумот на испорака, како и имињата на примачот и испраќачот на пратката. (2) Секоја испорака ќе биде придружена со детална фактура и список на пакувања, како и друга документација потребна за домашен и меѓународен транзит, за одобрувања според прописите или за идентификување на добрата или ставките за испорака. (3) Microsoft ќе плати само за доставеното количество, кое не треба да го надмине максималното нарачано количество. (4) Microsoft или негов претставник ќе ги задржат вишокот испораки на ризик и трошок на Добавувачот во разумен период додека се чека упатство за испорака од Добавувачот. (5) испораката и трошоците за достава нема да ги плати Microsoft. (6) Освен ако не е поинаку договорено, Добрата и Испорачаните ставки ќе се достават на 10-от ден од датумот на налогот за нарачка: (1) франко (FOB) до локацијата за испорака назначена од Microsoft, доколку Производите и Испорачаните ставки потекнуваат од истата јурисдикција во која спаѓа и локацијата за испорака назначена од Microsoft; или (2) испорака со платена царина [DDP (Incoterms 2010)] до локацијата за испорака назначена од Microsoft за прекугранична испорака на Добрата и Испорачаните ставки до локацијата за испорака назначена од Microsoft. (7) Добавувачот ќе го сноси целиот ризик од загуба, оштетување или уништување на Добрата или Испорачаните ставки, делумно или целосно, кои се случиле пред нивното крајно прифаќање од страна на Microsoft на локацијата назначена за испорака. Microsoft е одговорен за секаква загуба предизвикана од сериозна невнимателност на неговите вработени, пред приемот.
ИСПОРАКА. Испораката на нарачаните производи се врши со курир до определена канцеларија или адреса за испорака на територијата на Република Македонија. Испораката е на сметка на Корисникот, освен ако спротивното е експлицитно наведено на xxxx://x0x.xx.xxxxx.xxx/ .
ИСПОРАКА. Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот. Испораката не се наплаќа без оглед на висинита на износот на нарачката, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација. Испораката на нарачките ќе се врши преку Глобко логистика ДОО Скопје – партнер за логистика на Македонски Телеком за овој вид испораки. Глобко логистика ДОО Скопје - партнер за логистика на Македонски Телеком за овој вид испораки, има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака во рок од 5 работни дена по извршената онлајн нарачка. Доколку доставувачот - овластеното лице на партнерот за логистика на Македонски Телеком за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот.