Паричен надомест Примери за клаузули

Паричен надомест. За часовите по балетска уметност, родителот, односно законскиот старател на ученикот со кој е склучен овој договор е должен за цело времетраење на договорот да исплаќа месечен паричен надомест на училиштето, во бруто износ од денари со пресметано ДДВ од 18%. Доколку родителот, односно законскиот старател на ученикот го извести овластеното лице на училиштето дека ученикот би отсуствувал од сите закажани редовни часови во тековниот месец, истиот е должен да уплати половина од определениот месечен надомест во став 1 на овој член, односно бруто износ од Во секој друг случај и со присуство на само дел од редовните часови во тековниот месец родителот, односно законскиот старател на детето е должен да го уплати целиот износ определен во став 1 на овој член. Паричниот надомест родителот, односно законскиот старател на ученикот е должен да го уплати најдоцна до 10-тиот ден во тековниот месец, по издадена фактура од страна на училиштето. Горенаведениот износ се однесува за месечната работа на училиштето. Во случај на задоцнето плаќање на износот определен во став 1 и став 2 на овој член, Буллфрогс Продуцтион има право да пресмета и наплати законска казнена камата во висина на Референтната стапка на НБРМ што важела за секое полугодие на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени сметана од истекот на рокот за уплата утврден во член 6 став 4 од овој договор до конечната исплата. Во случај на неисполнување на обврската на родителот, односно на законскиот старател на ученикот, во смисла на месечна уплата на надоместокот утврден во член 6 став 1 и 2 на овој договор, училиштето има право да го раскине договорот и исплатата на истите да ја побарува по судски пат пред надлежен нотар и надлежен суд.
Паричен надомест. За претрпени физички болки, за претрпени душевни болки поради намалување на животната активност, нагрденост, повреда на угледот, честа, слободата или правата на личноста, смрт на блиско лице, како и за страв судот, ако најде дека околностите на случајот, а особено јачината на болките и стравот и нивното траење го оправдува тоа, ќе досуди справедлив паричен надомест, независно од надоместот на материјалната штета, како и во нејзиното отсуство.

Related to Паричен надомест

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа: - тендерската документација, - техничките спецификации, и - понудата на Носителот на набавката. За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Разлики во цена (корекција на цени) 7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.