Надлежен суд Примери за клаузули

Надлежен суд. За толкување и сите правни прашања поврзани со употреба на материјалите објавени на овие веб страници, се применува исклучиво словенечкиот закон. За побарувања и спорови во врска со употребата на споменатите материјали надлежен е судот во Љубљана.
Надлежен суд. 17.1. Во случај на спор, Договорните страни ќе се обидат да го решат по мирен пат. Доколку не успеат во тоа, надлежен суд за решавање на спорови е Основниот граѓански суд Скопје.
Надлежен суд. Во случај на спор помеѓу договорувачот на осигурување, односно осигуреникот и осигурувачот месно надлежен е надлежниот суд според местото на склучување на договорот за осигурување
Надлежен суд. 4.1 Доколку дојде до спор помеќу договорните страни, истите ќе се потрудат истиот да го решат спогодбено – вонсудски, во спротивно надлежен е Основниот Граѓански Суд Скопје. 4.2 Договорните страни во целост се согласуваат со содржината на овој Договор, кој е израз на нивните волји и истите своерачно го потпишуваат. 4.3 Договорот стапува на сила со неговото потпишување од двете договорни страни.
Надлежен суд. 1) Сите спорови настанати во врска со спроведувањето на овој Договор, ќе се решаваат спогодбено. 2) Доколку настанатиот спор не може да се реши спогодбено, за спорот ќе биде надлежен Основниот суд во Штип.
Надлежен суд. Во случај на спор ќе решава надлежниот суд во Штип.
Надлежен суд. Во случај на спор меѓу договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот и осигурувачот, месно е надлежен Основниот суд Скопје 2, Скопје.
Надлежен суд. Овие општи услови ќе се раководат и толкуваат според позитивните законски прописи на Република Македонија. Со користењето на апликацијата, крајниот корисник се согласува дека секој спор или секое барање, произлезени од или во врска со овие услови, или во врска со нивното спроведување, се во надлежност на Основниот суд во Скопје.
Надлежен суд. За евентуални спорови настанати од примена на овие услови надлежен е судот според седиштето на осигурувачот.

Related to Надлежен суд

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • ОУД Ангажирање на други изведувачи: Не се применува.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.