УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. Член 64 Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси. Активноста на синдикатот и на неговите претставници не може да се ограничи со акт на работодавецот доколку е во согласност со закон и овој колективен договор. Работодавецот, односно директорот или некој друг орган и застапникот на работодавецот не смеат да користат закани против синдикатот. Работодавецот треба континуирано да обезбедува услови на синдикатот за непречено функционирање и спроведување на своите активности преку обезбедување стручни, административни и технички услови за работа, користење електронски средства и средства за телекомуникација на негов товар.
Член 65 Синдикатот и синдикалните претставници имаат право во постапка пред работодавецот да ги штитат и промовираат правата и интересите на членовите на синдикатот во секое време во текот на работата, доколку постојат индиции и потреба од заштита на правата. Промовирањето на правата и интересите на членовите на синдикатот се врши преку перманентно информирање на синдикалната огласна табла, интерно-информативно гласило, флаери, постери, синдикални состаноци и слично. Работодавецот е должен на најбројниот репрезентативен синдикат да му обезбеди просторни услови за вршење дејност и активности во врска со остварувањето на правата утврдени во став 1 од овој член. По барање на синдикатот, работодавецот е должен на синдикатот и неговите претставници да им доставува податоци и информации за оние прашања што имаат непосредно влијание на материјалната и социјалната положба на членовите на синдикатот (работниците) и ги разгледува мислењата и предлозите на синдикатот во постапката на донесување одлуки и решенија што имаат битно влијание на материјалната и социјалната положба на работниците, односно на остварување на правата на работниците. На синдикалните повереници им се овозможува непречено комуницирање со работодавецот, или од него овластен работник кога тоа е неопходно за остварување на функциите и активностите на синдикатот. Работодавецот на синдикалниот претставник му доставува покани, со материјали за седниците на органите на кои се одлучува за правата на работниците и му се овозможува учество. Работодавецот на синдикалниот повереник му овозможува и обезбедува стручни, административни и технички услови за работа заради остварување на синдикалните функци...
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. Работодавачот е должен да создаде услови за извршување на активностите на Синдикатот во врска со заштитата на правата на работниците од работниот однос, утврдени со закон и колективен договор. Активноста на Синдикатот во согласност со став 1 од овој член, не може да се спречи со акт на работодавачот.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. Министерството е должно да создаде услови за активности на Синдикатот согласно закон и одредбите од овој колективен доовор, а во врска со заштитата на правата на работниците од работен однос утврдени со закон и колективен договор. На барање на Синдикатот, Министерството му доставува податоци и информации за оние прашања што имаат најнепосредно влијание на материјалната и социјалната положба на членовите на Синдикатот (работниците) и ги разгледува мислењата и предлозите на Синдикатот во постапката на донесување на одлуки и решенија што имаат влијание врз материјалната и социјалната положба на работниците односно во остварувањето на правата на работниците. Синдикални претставници се членовите на органите и телата утврдени со статутот на Синдикатот. Синдикатот изготвува список на синдикални претставници и истиот го доставува до министерот односно соодветната организациска единица надлежна за управување со човечки ресурси за потребите на Министерството, во Бирото односно Управата. Министерството на синдикалниот претставник му доставува покани со материјали за работните состаноци на кои се одлучува за правата на работниците и му се овозможува негово учество на истите. На претседателот и генералниот секретар на Синдикатот им се овозможува непречено комуницирање со министерот, а по исклучок во случај на негова спреченост со раководниот работник што тој ќе го овласти, а на другите синдикални претставници на ниво на организациска единица им се овозможува непречно комуницирање со раководните работници на ниво на организирање на синдикалната организација (полициска станица, сектор за внатрешни работи, регионален центар за гранични работи), кога тоа е неопходно за остварување на правата на работниците, функциите и активностите на Синдикатот. Министерот и претседателот на Синдикатот најмалку еднаш во период од два месеци остваруваат работна средба, со цел анализа на социјално-економската и професионална состојба на работниците во Министерството.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. Активностите на синдикалната организација и на неговиот претставник, не може да се ограничат со акт на работодавачот.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. Работодавачот е должен да му создаде услови за работа и дејствување на СОНК согласно законот, како и: - на барање на синдикатот да му достави податоци и информации за оние прашања што имаат најнепосредно влијание на материјалната и социјалната положба и да ги разгледува мислењата и предлозите на синдикатот во постапката за донесување на одлуки и решенија што имаат влијание на материјалната и социјалната положба на работниците, во присуство на претставник на синдикатот; - стручни, административни и технички услови за работа на синдикатот за остварување на синдикалните функции; - на претставникот на синдикатот да му овозможи непречено комуницирање со работодавачот, односно од него овластен претставник, како и да му дозволи пристап на работните места на работниците кога тоа е неопходно за остварување на функциите на синдикатот.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. Работодавачот кај кој Агро Синдикатот има члено- ви е должен да создаде услови за извршување на фун- кциите на Агро Синдикатот во врска со заштитата на правата на работниците од работниот однос, утврдени со закон и овој Колективен договор. Активноста на Агро Синдикатот и на неговите преставници во согласност со став 1 од овој член, не може да се ограничи или спречи со акт на органите на работодавачот.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. Член 67 Работодавачот е должен без надомест на репрезентативниот синдикат да му обезбеди неопходни услови за работа: - користење на канцелариски простор за работа на синдикатот и за одржување на состаноци во текот на работното време; - право на користење на телефон, други технички средства и опрема (компјутер, фотокопир), како и пристап до интернет заради остварување на синдикалните активности; - слободен простор на одредени јавни површини (табли) и пристап до нив за истакнување на соопштенија, извештаи за активностите на синдикатот, а во време на штрајк и на други места со одлука на синдикатот; - пресметка на синдикалната членарина и други одбивања преку платните листи за пресметка на платата; - редовни синдикални активности; - поставување на огласна табла во единицата која има најголем број на членови на синдикатот или известување на веб-страницата на единицата.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. Заради унапредување, заштита на интересите на работниците и остварување на економските и социјалните права од работниот однос утврдени со закон, работниците имаат право да основаат Синдикат.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. (1) Работодавачот е должен да создаде услови за активноста на Синдикатот во врска со заштитата на правата работниците од работен однос, утврдени со закон и колективен договор.
(2) Работодавачот обезбедува административни и технички услови за работа на Синдикатот за остварување на синдикалните функции,како и услови за наплата на членарината (врз основа на писмена изјава од секој работник - член на СФОМ).
(3) Пресметување и уплата на синдикална членарина се врши согласно Одлуката за распределба на членарината на Претседателството на СФОМ.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ. 4.1. Kushtet e punës së Sindikatës