Без оглед на клаузула Примери за клаузули

Без оглед на клаузула. 20.4.1 погоре, ако ИЗВЕДУВАЧОТ може да уврди дека било кој ТЕК и било кои односни ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ произлегуваат од исклучивата инвентивна способност на ИЗВЕДУВАЧОТ независно од подготвувањето на спроведувањето на ОПШТИТЕ УСЛОВИ или односниот ДОГОВОР, како и независно од било кои ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ на КУПУВАЧОТ, тогаш односното ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ ќе му припадне на ИЗВЕДУВАЧОТ и ќе се вклучи во лиценцата дадена со клаузула 20.2.2. погоре, без дополнително плаќање.

Related to Без оглед на клаузула

  • Оглас Набавка на ХТЗ Опрема за потребите на ТППЕ во рамките на Општина Штип 35000000-4 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.700.000,00ден. Март Набавка на мебел за потребите на ОпштинаШтип 39100000-3 Стоки Набавки одмала вредност 600.000,00ден. Март Набавка на информатичка опрема за потребите на Општина Штип 30200000-1 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.000.000,00ден. Март Набавка на електрична енергија за потребитена Општина Штип 09310000-5 Стоки Отворенапостапка 16.000.000,00ден. Март Набавка на професионални правосмукалки 39700000-9 39200000-4 Стоки Набавки од мала вредност 300.000,00ден. Април Набавка на моторни бензини и дизел гориво за потребите на Општина Штип и ТППЕ во рамките на Општина Штип 09100000-0 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.000.000,00ден. Јуни Новогодишни украси за потребите наОпштина Штип 39295500-1 Стоки Набавки одмала вредност 300.000,00ден. Јули 79800000-2 Знамиња за потребите на Општина Штип 19000000-6 Стоки Набавки од мала вредност 270.000,00ден. Ноември 22000000-0 Набавка на батерија акомулатор за електрично возило во сопственост на Општина Штип 31400000-0 Стоки Набавки од мала вредност 150.000,00ден. Декември Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • Отворање на понудите 5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице. 5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите. 5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. 5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 10.06.2022 година, во 11:00 часот, во просториите на одделение за јавни набавки при ЈЗУ Општа болница - Куманово. 5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите. 5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. 5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворањето на понудите. 5.1.8 Записникот од јавното отворање на понудите по прикачувањето на ЕСЈН е достапен до понудувачите.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • ВИША СИЛА Ниту една од договорните страни не одговара и нема да биде одговорна за неисполнување на обврските по овој Договор до кое би дошло поради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена поради Виша сила, должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ. По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.