Common use of ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО Clause in Contracts

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. 1. Времетраењето на осигурувањето е утврдено во договорот за осигурување. 2. Осигурителното покритие почнува да важи во 00:00 часот на денот, кој е наведен во осигурителната полиса како датум на почеток на осигурувањето, под услов дотогаш да е платена премијата или првата рата од премијата. Ако премијата или првата рата од премијата не се платени до датумот на почеток на осигурителното покритие, осигурителното покритие ќе започне да важи во 24:00 часот на денот, на кој е извршена целосна уплата на премијата или на првата рата од премијата. 3. Договорот за осигурување важи до 00:00 на денот, кој во осигурителната полиса е наведен како датум на истекување на осигурувањето, односно до настанувањето на осигурен случај или на околностите наведени во членовите 8, 9, 11, 12, 16 или 24 од овие Општи услови. 4. Со завршувањето на договорот за осигурување завршуваат и сите договорени дополнителни осигурувања.

Appears in 4 contracts

Samples: Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови, Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови, Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови