Намалување на премија (бонус) Примери за клаузули

Намалување на премија (бонус). (1) Ако возилото без прекин било потполно каско осигурено најмалку една година и ако во тоа време не била пријавена штета, договорувачот на осигурувањето има право на попуст на премијата за тоа возило во наредната година на осигурување во висина од: • 10% - Ако во текот на изминатата година на осигурување не е пријавена штета; • 20% - Ако во текот на изминатите две години на осигурување не е пријавена штета; • 30% - Ако во текот на изминатите три години на осигурување не е пријавена штета; • 40% - Ако во текот на изминатите четири години на осигурување не е пријавена штета; • 50% - Ако во текот на изминатите пет години на осигурување не е пријавена штета. Договорувачот на осигурување што по поранешните услови за осигурување стекнал право на попуст поголем од 50%, го задржува тоа право до првопријавената штета или до губењето на попустот по некој друг основ. Одредбите од овој став се однесуваат на договорувачи на осигурување кои имаат осигурено до пет возила. (2) На договорувачот на осигурувањето што има склучено потполно каско осигурување, со траење најмалку една година за 6 и повеќе возила и кај кого односот на пријавени штети спрема полисирана техничка премија во изминатите три календарски години е помал од 80%, му се пресметува попуст на премија за наредниот период на осигурување во висина на една половина од разликата помеѓу 80% и процентот на остварениот резултат.
Намалување на премија (бонус). (1) Ако возилото без прекин било осигурено најмалку една година и ако во тоа време не била пријавена штета, договорувачот на осигурувањето има право на попуст на премијата за тоа возило во наредната година на осигурување во висина од: - 10% ако во текот на изминатата година на осигурување не е пријавена штета; - 20% ако во текот на изминатите две години на осигурување не е пријавена штета; - 30% ако во текот на изминатите три години на осигурување не е пријавена штета; - 40% ако во текот на изминатите четири години на осигурување не е пријавена штета; - 50% ако во текот на изминатите пет години на осигурување не е пријавена штета; Договорувачот на осигурување што по поранешните услови за осигурување стекнал право на попуст поголем од 50% го задржува тоа право од прво пријавената штета или до губењето на попустот по некој друг основ. Одредбите од овој став се однесуваат на договорувачи на осигурувањето кои имаат осигурено до пет возила. (2) На договорувачот на осигурувањето што има склучено потполно каско осигурување со траење најмалку една година за 6 и повеќе возила, и кај кого односот на пријавените штети спрема полисирана техничка премија во изминатите три календарски години е помал од 80%, му се пресметува попуст на премија на наредниот период на осигурување во висина на една половина од разликата помеѓу 80% и процентот на остварениот резултат. (3) Осигурениците што ќе склучат повеќегодишен договор за осигурување на моторните возила им следува бонус (попуст) според одредбите од поглавје IV т.2 од премискиот систем Х-АК за комбинирано осигурување на моторните возила. (4) Бонусот по сите основи за комбинирано осигурување на моторните возила стари до 5 години може да изнесува најповеќе до 50%. (5) Бонусот по сите основи за комбинирано осигурување на моторни возила постари од 5 и повеќе години може да изнесува најповеќе до 60% од пресметаната премија без бонус.

Related to Намалување на премија (бонус)

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Отворање на понудите 5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице. 5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите. 5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. 5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 10.06.2022 година, во 11:00 часот, во просториите на одделение за јавни набавки при ЈЗУ Општа болница - Куманово. 5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите. 5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. 5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворањето на понудите. 5.1.8 Записникот од јавното отворање на понудите по прикачувањето на ЕСЈН е достапен до понудувачите.