Contract
|
|
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Овие услови во зависност од содржината на договорот за осигурување, се применуваат на:
1) каско осигурување на моторни и шински возила
2) осигурување од кршење и
3) осигурување на багаж, патни колекции на примероци на стока и други предмети во моторни возила.
Одделните изрази употребени во овие Услови ги имаат следните значења:
1) "осигурувач" - Национална групација за осигурување АД “Осигурителна полиса“ Скопје;
2) "договорувач на осигурување" - лице кое со осигурувачот склучило договор за осигурување;
3) "осигуреник" - лице чиј предмет, односно имотен интерес е осигурен и на кое му припаѓаат правата од осигурување;
4) "премија" - износ што се плаќа по договорот за осигурување;
5) "сума на осигурување" – новонабавна цена на ново возило која служи за пресметка на премија;
6) "вредност на возилото" – износ на кој предметот односно имотниот интерес е осигурен односно стварна вредност при решавање на штета - сума на осигурување намалена за амортизираност на возилото;
7) "полиса" – исправа за договор за осигурување.
I. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
1. ПРЕДМЕТ НА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
Член 1
(1) Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, работни и шински возила ( во понатамошниот текст " возила") и нивните составни делови.
(2) Како составни делови на возилото се сметаат:
1) алат, прибор и резервни делови стандардно испорачани за соодветниот тип на возилото;
2) радио-апарат кој е вграден во возилото од страна на производителот на возилото;
3) уред за обезбедување од кражба, противпожарен апарат во возилото, сигурносен триаголник, сигурносни ремени, тахаграф, јаже, односно руда за влечење, прирачна аптека, резервни сијалици, додатни надворешни и внатрешни огледала, лампа, мигавец за обележување на застанато возило ноќе на патот, халогени светла, магловки, греач на задно стакло, брисач на задно стакло, наслони за глава и ланци за снег;
(3) Ако посебно се договори (посебни видови на осигурувања), предмет на осигурување може да бидат:
1) алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се сметаат како составни делови на возилото;
2) радио апарат, грамофон, магнетофон, телевизор и радио станица во возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот на возилото;
3) рекламни натписи во возилото и на возилото;
(4) Со осигурување не се опфaтени штети кои ќе настанат на делот на возилото за време додека тој просторно е одделен од возилото.
2. ОБЕМ НА ОСИГУРУВАЊЕ Член 2
Осигурувањето може да биде склучено како:
1) "потполно каско осигурување" од ризиците опфатени со член 3 од овие услови;
2) "потполно каско осигурување: со вклучување во осигурување на ризикот кршење опфатени во поглавието Б од овие Услови;
3) "делумно каско осигурување" од ризиците опфатени со член 4 од овие Услови;
4) "дополнителни видови на осигурување" од ризиците на член 5 од овие Услови;
5) посебни видови на каско осигурување.
3. ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
1) Потполно "каско" осигурување Член 3
(1) Потполно "каско" осигурување ги покрива штетите кога осигурениот предмет е уништен, оштетен или исчезне, како последица на неочекувани и од вољата на договорувачот на осигурувањето, осигуреникот или возачот, независни настани, и тоа:
1) сообраќајна незгода, како на пример: превртување, судар, удар. лизгање. урнување и слично;
2) паѓање или удар од некој предмет, освен кај работните машини, доколку за истите не е платена премија за осигурување од кршење;
3) пожар, при што осигурувачот нема обврска да надомести штета на електрична инсталација која настанала со прегорување, освен ако се развил пожар;
4) ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство;
5) удар на гром;
6) експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија;
7) луња при што под луња се смета ветар со брзина од 17.2 м/сек, односно 62 км на час
(јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе;
8) град;
9) снежна лавина, вклучувајќи и штети предизвикани од дејство на воздушниот притисок од снежни лавини;
10) паѓање на воздушни летала;
11) манифестации и демонстрации;
12) кражба како противправно одземање на возилото, провална кражба, разбојничка кражба, разбојништво.
Во случаите од претходната алинеја на оваа точка се смета дека возилото исчезнало ако не се пронајде во рок од 60 дена, сметано од денот на поднесена писмена пријава за исчезнување на надлежниот орган за внатрешни работи.
Кај патничките моторни возила и моторцикли штетите настанати од ризикот на кражба како противправно одземање на возилото, провална кражба, разбојничка кражба, разбојништво, се надоместуваат само ако осигуреникот има платено соодветна доплатна премија.
Штетите настанати поради кражба на делови на возило, алат, прибор, резервни делови и други делови (предвидени со овие Услови) се опфатени со осигурување само ако деловите, алатот или приборот, во моментот на извршувањето на кражбата биле прицврстени на возилото или ако се наоѓале во заклучено возило.
12-a) измама, под која се подразбира дело кога причинителот во намера да оствари за себе или за некое друго лице противправна имотна корист го доведува или чува осигуреникот во заблуда да му го предаде осигуреното возило под наем, односно на користење или чување врз основа на фалсификуван документ за лична индентификација и тоа исклучиво под услов:
- осигуреникот да е правно лице регистрирано за работи на изнајмување на возила (рент-акар) и возилото да биде наменето за изнајмување
- осигуреникот да е правно лице регистрирано за лизинг (финансиски или оперативен лизинг) – давање на возилото во долгорочен наем/закуп.
13) злонамерни постапки или обест на трети лица;
14) оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообрајќајна несреќа или некој друг начин;
15) намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет со цел да се спречи поголема штета на тој или друг предмет или на лица;
16) поплава, порои и високи води:
-под поплава се смета стихијно, неочекувано поплавување на терен од постојани води (реки, езера, море и др.) поради тоа што водата се излила од коритото или пробила одбранбен насип или брана, изливање на вода поради вонредно висока плима и бранови на море и езера со необична јачина и од надојдување на вода од вештачки езера.
Под поплава се смета и неочекувано поплавување на теренот поради нагло формирање на големи количества на водена маса која настанала како последица на атмосферски паѓања.
-под порој се смета стихијно неочекувано поплавување на терен со водена маса која се формира на надолнини, поради силни атмосферски појави и се слива по улици и патишта.
-под висока вода се смета:
а)исклучителна појава на невообичаен пораст на водостојот во неочекувано време
б)подземна вода како последица на високи води. Обврската на осигурувачот за штети од високи и подземни води како нивни последици започнува со порастот на високите води над однапред утврдени месечни коти на водостој или протек на измерен и според покажувачот на водостојот, на најблиското место на штетата.
Со осигурување не се опфатени:
- штети од поплави предизвикани со излевање од канализациона мрежа, освен ако до излевање дошло поради поплави или порои;
- штети на возила додека се наоѓаат на простор меѓу поток, односно река и насип, освен ако тоа посебно не се договори;
- штети на возила додека се наоѓаат во живо или суво корито на поток или река, освен ако тоа посебно не се договори.
Осигурувачот не е во обврска да надомести штета која настанала со движење на возилото низ поплавено подрачје, речно корито или поток кога на возачот му било познато дека се движи во пресрет на стихијно дејство на вода, освен кога се работи за спасување на лица и имоти.
(2) Ако посебно се договори со осигурување се покрива и опасност од потопување на возила. Како потопување се смета ненадејно и неочекувано пропаѓање на возила при работа во касети или за време работа на мочварен, тињовит, насипан и сличен терен.
2) Делумно каско осигурување Член 4
(1) Делумно каско осигурување, било каде да се наоѓа возилото може да се договори по избор така што со осигурувањето да бидат опфатени ризиците, односно, трошоците и тоа:
1) пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина. паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации и сл.
2) кражба како противправно одземање на возилото, провална кражба, разбојничка кражба, разбојништво.
Со осигурувањето од претходната алинеја од оваа точка опфатени се и ризиците сообрајќајна незгода и погонска штета, кои би настанале по остварување на ризикот кражба, провална кражба, разбојништво.
3) кршење и оштетување на стакла на патнички автомобили, освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата;
4) трошоци за влечење, односно превоз на патнички автомобили од местото на живеење, односно седиштето на осигуреникот ако возилото не е во возна состојба поради сообрајќајна незгода или дефект, како и трошоци за превоз на возачот и патниците кои се возеле со соодветното патничко возило, со превозно средство до местото на живеење, а најмногу според бројот на регистрираните места, освен за ризикот од подточка 3) од овој член.
(2) Кај осигурување на стакла од точка 3) од овој став, опфатени се штети настанати од ризици предвидени во членот 3 од овие Услови, како и кршење на стакло настанато како погонска штета.
(3) Делумно каско осигурување на возила - "само за време на мирување" - може да се договори со осигурување да бидат опфатени ризиците и тоа од пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежни лавини, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба, провална кражба, разбојничка кражба, разбојништво и измама.
Осигурувањето важи само за време додека осигуреното возило се наоѓа на местото кое во полисата е означено со поблиска адреса како место на осигурување, со тоа што возилото треба да е сместено во заклучена гаража, освен ако се работи за возила наменети за продажба, сместени на товарен простор кој е заграден и постојано чуван.
(4) Со осигурувањето се надоместуваат и соодветните трошоци предвидени со овие Услови.
(5) Во врска со ризикот кражба, со осигурување се опфатени и оштетувања предизвикани на
возило со насилно отворање заради кражба, како и оштетувања предизвикани на возило со неовластено ставање во погон (оштетувања: врата, брава на врата, волан, електрична инсталација и други склопови во врска на ставање на возилото во погон).
3) Дополнителни видови на осигурување Член 5
(1) Ако посебно се договори, со осигурување од ризиците од член 3 од овие Услови е опфатено и:
1) Алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои се наведени во член 1, точка (3) од овие Услови, како и разни украсни делови и уреди наменети за возилото, кои се дополнително вградени, прицврстени, односно ставени во возилото;
2) радио апарат кој не е вграден од производителот на возила, грамафон, магнетофон, телевизори, радио станица, конструктивно предвидени за употреба во возилото и надвор од него, со тоа што ако нема траги на обивање на вратата од возилото со осигурување не е покриен ризикот од каско од член 3 од овие Услови.
3) рекламни натписи во возило и на возило;
(2) Составни делови на радио апарат, радио станица и телевизор се сметаат антената и звучниците;
(3) Кај осигурувањето од точка (1) од овој член, сумата на осигурување треба да биде еднаква со вредноста на осигурените предмети.
4. ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОБВРСКАТА НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 6
(1) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите кои не се предизвикани од ризиците
од членот 3 и 4 од овие Услови, како ни штетите и трошоците што настанале:
1) поради дефект за време на движење на возилото (така наречени погонски штети), како на пример поради: грешка во материјалот, истрошеност на материјалот, лошо ракување, оштетување на федери и амортизери, продупчување, пресекување или прснување на надворешна или внатрешна гума, оштетување на тркало поради возење со празни гуми, недоволно подмачкување, недостаток на вода во ладилникот, оштетување на електричната инсталација, оптоварување преку дозволена носивост и други погонски штети.
Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да надомести штета од сообрајќајна незгода, пожар и експлозија во смисла на член 3, точка (1), подточки 1), 3) и 6) од овие Услови, кои би настанале непосредно како последица на погонската штета.
Осигурувачот е во обврска да ја надомести штетата предизвикана поради дефект кога возилото е во движење (погонска штета) при остварување на ризиците кражба како противправно одземање на возилото, провална кражба, разбојничка кражба, разбојништво.
2) поради смрзнување на течност во ладилникот или блокот на моторот;
3) на мотор или други склопови на возилото, како последица на губење на масло или течност од ладилникот во текот на продолжувањето на возењето, а после оштетување на возилото;
4) со губење на погонски материјал поради остварен осигурен случај;
5) со губење на масло во моторот, диференцијалот и менувачот и течност за ладење;
6) од товарот што се превезува со возило, освен во случај на сообраќајна незгода или
ако е платена доплаток на премија за штети од товар кој се превезува;
7) од товар при натовар и истовар, ако не е платена посебна премија освен при натовар и истовар со дигалка, ако при тоа се откине јажето или дојде до кршење на дигалката, односно уредот за натовар и истовар и ако од паѓање на товарот возилото биде оштетено.
Ако при натовар или истовар на возилото со самоистоварувачки сандак (кипер возила), дојде до превртување на целото возило, се надоместува само штета настаната како последица на превртување;
8) поради тоа што возилото е ставено во погон пред конечната поправка, освен ако се работи за штета настаната по привремената поправка што треба да овозможи движење или влечење на возилото до работилницата која треба да изврши друга привремена или конечна поправка;
9) поради техничка неисправност на возилото, со исклучок ако техничката неисправност настанала ненадејно во текот на возењето и предизвикала остварување на ризик од член 3 на овие Услови, оптоварување преку дозволената носивост, истрошеност на гуми преку пропишана граница, како и други случаи во кои штетата настанала како исклучива последица на непридржување или повреда на одредбите за заштитни мерки;
10) за време на превезувањето со други возило на суво, внатрешни води и море, освен превезување на скеле (бродарија) или траект на пловење покрај брег, доколку поинаку не се договори;
11) посредно со остварување на осигурениот случај како: загуба на заработувачка, денгуба, казна, трошоци за користење на изнајмено возило, плаќање по основ на
одговорност, освен за чување на возила на најнужно потребно време на место на незгодата или на друго најблиско погодно место, ако не се работи за место на престој односно седиште на осигуреникот;
12) поради намалување на вредноста на возилото по поправка која е извршена во врска со остварениот осигурен случај;
13) поради остварување на ризикот кражба ако извршителот е брачен другар, сродник по крв во права линија, брат или сестра, усвоител или усвоеник на договорувачот на осигурување, односно осигуреникот, или лице кое со договорувачот на осигурување или осигуреникот живее во заедничко домаќинство, а не се работи за лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ;
14) за време додека возилото е мобилизирано или реквирирано од страна на воени или цивилни органи во мирновременски услови од моментот на стигнување на првото одредено место, до моментот на преземање на возилото, освен ако не е поинаку договорено:
15) поради воени операции или побуни;
(2) Доколку поинаку не се договори, осигурувачот не е во обврска да надомести:
1) штети причинети при учество на возилото во натпревари заради постигнување најголема
или просечна брзина, рели натпревари или возење за оцена вклучувајќи го и службениот
тренинг за тоа;
2) штети што настанале надвор од територијата на Европа, ако поинаку не е договорено.
5. ГУБЕЊЕ НА ПРАВАТА ОД ОСИГУРУВАЊЕ Член 7
(1) Осигуреникот ги губи правата од осигурување ако штетата е настаната:
1) за време додека со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој вид возило, освен за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите. Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола и кога со возилото управува за време додека му е изречена забрана за управување на тој вид возило од страна на овластен државен орган, возачката дозвола е со измината важност а не поседува доказ за поднесено барање за продолжување до овластен државен орган, возач-почетник кој управува возило во патен сообраќај во периодот помеѓу 23,00 и 05,00 часот освен ако се наоѓа со лице возач постар од 25 год. на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило, возач почетник кој поседува возачка дозвола од А категорија и управува возило со сила на мотор поголема од 25 киловати, возач почетник кој поседува возачка дозвола од Б категорија и управува возило со сила на мотор поголема од 77 киловати.
2) за време додека со возилото управува лице под дејство на алкохол, дрога или други наркотици. Во смисла на овие услови се смета дека возачот е под дејство на алкохол во момент на случената сообраќајна незгода или при извршено мерење:
- ако во крвта има повеќе од (0,5% алкохол), (0,5 г/кг по ЗБСП) утврдена со извршена анализа на крв и урина или со мерен инструмент алкометар или без оглед на количество на алкохол во
организмот ако се утврди дека покажува знаци на алкохолна пореметеност;
- возачи кои согласно одредбите на ЗБСП не смеат воопшто да управуваат со возило под дејство на алкохол, односно имаат алкохол повеќе од 0,0 г/кг:
i. возач-почетник (возач во период од 2 год. од добивање на возачка дозвола од соодветна категорија),
ii. возач на моторно возило од категориите “Б+Е“, “Ц“,“Ц+Е“,“Д“,“Д+Е“ или од поткатегориите “Ц1“,“Ц1+Е“,“Д1“,“Д1+Е“, додека управува со возило од таа категорија,
iii. возач на возило со кое се врши јавен превоз (автобуси, комби возила, такси возила и сл),
iv. возач на возило на кого управување со возилото му е основно занимање,
v. возач инструктор и кандидат за возач за време на оспособување во практично управување со возилото,
vi. претседатели членови на испитна комисија додека спроведуваат практичен дел од возачкиот испит.
- ако алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со анализа точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност, освен во случај кога земањето на крв е штетно за
неговото здравје (на пр. хемофилија);
- ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување на неговата алкохолизираност, или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта;
- возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други наркотици, како и ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подвргне на испитување неговата дрогираност.
(2) Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да ја надомести штетата ако осигурениот случај не е во заемна причинска врска со управувањето на возилото под дејство на алкохол, дрога или други наркотици или кога со возилото управува лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ, освен ако тој (осигуреникот) знаел или можел да знае дека лицето ќе го управува возилото под околностите од точка (1) од овој член.
(3) Осигуреникот исто така ги губи правата од осигурување ако штетата е причинета намерно, или со измама од страна на договорувачот на осигурувањето, осигуреникот или другите соосигурени лица од член 16 од овие Услови, а не се работи за лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ.
(4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите, ако нивната вредност е содржана во вредноста на уредот.
(5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во
зависност од векот на траење одреден со важечките прописи.
(6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.
(7) При настанувањето на ризикот кражба, осигурувачот е должен да ја надомести штетата доколку дошло до кражба на заклучено возило или предметите се украдени од заклучено возило, односно од возило што се наоѓало во заклучена гаража, или се украдени предмети што биле прицврстени на возило, или од заклучени простории во хотел, гостилница, преноќиште или стан надвор од местото на живеење на сопственикот на предметите. Задолжителна е пријава во надлежен орган за внатрешни работи во спротивно осигурувачот нема обврска за надомест на штета.
II. ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИКОТ КРШЕЊЕ 1.ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 8
(1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени:
(2) работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери, работни возила и
(3) влечни возила (трактори), работни возила, приколки и контејнери во целина;
(2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење-влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, моторот не се смета за составен дел на работниот уред на возилото.
(3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работниот уред.
2.ПРЕДМЕТИ КОИ СЕ ИСКЛУЧЕНИ ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 9
Со осигурување не се опфатени, ниту тогаш кога нивната вредност е содржана во вредноста на осигуреното возило:
1) приклучни уреди на трактори и земјоделски машини;
2) работни елементи на земјоделски машини како: ралници, дискови, клинови, дрљачи (брани), ножеви, коси и запци со сечива, прсти, мотики, ножеви со носачи и сл.
3) делови на машини што се изложени на директно термичко влијание како: сигурносни облоги на садови и уреди, решетки на лежиште, пламеници на согорувачи, електроотпорни грејачи и сл; освен мотори со внатрешно согорување;
4) делови на машини изложени на абење и замена, сита, релјефни и други заменливи облоги на ваљаци, облоги за гребени, чешли, флексибилни цевки, ремени, четки, обрачи, оплати (од гума, текстил или синтетички материјали), влошки за филтер, филтер платна, средства за термичка изолација и затворање, делови на спојки изложени на брзо трошење (гумени прстени, гумени уметоци, ламели и сл), преносни кабли, со исклучок на оние кои автоматски се намотуваат на калеми, клизни и движечки лежаи со внатрешен пречник до 100 мм;
5) материјал за експлоатација, како: гориво, мазиво, средства за разладување, хемикалии, средства за чистење и сл;
6) транспортни траки, ланци и јажиња;
7) пневматици (гуми) за возила;
8) гасеници на возила гасеничари, доколку поинаку не се договорат;
9) алат што може да се менува како: сврдел, алат и делови на машини кои непосредно служат за кршење и ситнење, калапи, матрици, ножеви, примероци и облоги на ваљаци, пили, сита, брусен камен, жигови, (печати).
10) масло за подмачкување;
11) катализатори и
12) средства за затнување и изолација и средства за ладење во уредите за ладење.
3.ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 10
(1) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета причинета со уништување или обештетување на осигурениот предмет поради незгода во погон, под која се подразбира настан што настанал непредвидено и ненадејно во врска со употребата на осигурениот предмет и тоа поради:
(1) Грешки во конструкција, материјал и изработка;
(2) Непосредно дејство на електрична енергија краток спој, атмосферски и друг пренапон, електричен лак и слично;
(3) Прскање или распаднување поради дејство на центрифугална сила;
(4) Мраз, освен замрзнување на вода во склоповите на моторите, притисок на мраз или снег, или непосредно движење на мраз;
(5) Надпритисок и под притисок (имползија);
(6) Откажување (утаја) на уредите за заштита или регулација, како и елементи за автоматско управување со кој машината е опремена;
(7) Заглавување во време на бушење во бушотини;
(2) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест од став 1 од овој член за полнење со масло на осигурената машина, само кога штетата е последица на оштетување или уништување на машината од опасности опфатени со овие услови.
(3) Кај електричните и дизел-електричните локомотиви со кршење и некои други опасности се опфатени само штетите од дејството на електрична енергија, додека останатите ризици од став 1 од овој член не се вклучени во осигурување,
4. ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ) КОИ НЕ СЕ ОПФАТЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 11
(1) Осигурувачот не е во обврска да плати надомест за штети што се предизвикани од опасности (ризици) што не се наведени во член 10 од овие услови, како на пример:
1) Недостатоци и грешки кои постоеле во моментот на склучување на договорот за осигурување, а овие недостатоци или грешки биле или морале да му бидат познати на осигуреникот или лицето одговорно за погонот;
2) Непосредни последици од трајни хемиски, термички, атмосферски, механички и други влијанија и услови на сместување и работа како оксидирање, стареење, корозија, зрачење, прекумерно вибрирање и слично;
3) Последици од сите видови на трошење, абење, аброзија, ерозија, кавитација и друго;
4) Прекумерни наслаги на 'рѓа, воден камен, талог, тиња и сл., дури и тогаш кога поради тоа настанало уништување или оштетување на осигурениот предмет;
5) Пренапнатост или преоптовареност на машината, машински и електрични уреди, апарати и инсталации преку границите на нивните проектни параметри;
6) Недоволно одржување;
7) Ставање во погон пред конечна поправка;
8) При монтирање и пробно испитување на овие предмети;
9) Динамично вртење на ротациони делови од машини турбо мотори и слично, доколку тоа не е посебно договорено;
10) Повреда на законски и технички прописи и упатства за техничка експлоатација на осигурените предмети како и поради непревземање на заштитни мерки;
(2) Осигурувачот, исто така не е обврзан да надомести штети:
1) Посредни, во врска со настанатиот осигурен случај, како: изгубена заработувачка, денгуба, казна итн.
2) Настанати на ремени, покретни траки пнеуматици (гуми) на возила и сл.;
3) Настанати на гасеници на возила гасеничари, доколку поинаку не е договорено;
4) За кои по законските прописи или по договор, одговара производителот или испорачателот на предметот. Ако производителот или испорачателот ја оспорува одговорноста, а штетата е предизвикана со една од причините опфатени со член 10 од овие Услови, осигурувачот ќе го исплати надоместокот од
осигурување и ќе стапи во правата на осигуреникот према производителот и испорачителот;
5) Настанати во врска со трошоците за поправка, ако штетата и поправката се утврди при редовен периодичен преглед со цел за одржување.
III. ОСИГУРУВАЊЕ НА БАГАЖ, ПАТНИ КОЛЕКЦИИ НА ПРИМЕРОЦИ НА СТОКА И ДРУГИ ПРЕДМЕТИ ВО МОТОРНИ ВОЗИЛА
1. ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ И ОСИГУРЕНИ СТВАРИ
Член 12
(1) Предмет на осигурување во смисла на овие Услови, во зависност од содржината на договорот за осигурување може да биде:
1) багаж во автобус, патнички автомобили, камп приколки, товарни и специјални возила;
2) патни колекции на примероци на стока во патнички автомобили и комби возила;
3) алат и прибор кои служaт за вршење на професионална дејност, а кои се превезува во патнички автомобили и комби возила и;
4) подвижна техника која се наоѓа во патнички комби возила (инструменти, апарати, камери и сл.).
(2) Предметите се осигурани кога се во возилото или прицврстени на него. Предмети од точка 1), 2) и 4) се осигурени и за време додека се сместени во хотел, гостилница, преноќиште или стан надвор од местото на живеење на сопственикот на предметите.
(3) Осигурувањето на багаж во автобуси, патнички автомобил, камп приколки, товарни и специјални возила се однесува на предмети за лична потреба кои осигуреникот, возачот
или патниците ги носат со себе во возилото или на возилото, вклучувајќи ја и облеката на себе, а која на овие лица им служи за време додека се на пат.
Багаж, во смисла на претходната алинеја покрај вообичаените предмети за лични потреби, зависно од времето, целта и траењето на патувањето се сметаат уште и: опрема за викенд и кампување, аматерски фотоапарат и кино камера со прибор, батериски радио приемник, грамофон со плочи и касетофон, двоглед, ловечка пушка, лично оружје и спортски реквизити. Не се смета за багаж:
1) Материјал или предмети што служат за вршење на професионална дејност;
2) Пари и документи од било кој вид;
3) Накит и предмети од благородни метали.
(4) Кај осигурувањето на патни колекции на примероци на стока во полисата се наведува каква колекција се осигурува (колекција на сувенири, манифактурна колекција, електо техничка и друга стока, колекции на книги итн).
(5) Кај осигурувања на алат и прибор кој служи за обавување на професионална дејност во полисата се наведува каков алат и прибор се осигурува, од што се состои, и за која професионална дејност служи.
(6) Кај осигурување на подвижна техника во полисата се назначува која подвижна техника се осигурува и од што се состои;
(7) Кај осигурувањето на предмети од став 1 точка 1 од овој член не се осигурени предметите што се превезуваат без присуство на сопственикот, а кај осигурувањето од став 1,точка 3 и 4 од овој член не се осигурени предметите што се превезуваат без присуство на сопственикот или лица кои се во работен однос кај сопственикот на предметите.
2. ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ)
Член 13
(1) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на предметите од член 12 став 1 од овие услови, со остварување на опасности предвидени во член 3 од овие Услови.
(2) При настанувањето на ризикот кражба, осигурувачот е должен да ја надомести штетата доколку дошло до кражба на возило или предметите се украдени од заклучено возило односно од возило што се наоѓа во заклучена гаража, или се украдени предмети што биле прицврстени на возило, или од заклучени простории во хотел, гостилница, преноќиште или стан надвор од местото на живеење на сопственикот на предметите.
IV. ОПШТИ ОДРЕДБИ
1.СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 14
(1) Договор за осигурување може да склучи корисникот или сопственикот на возила или предмети кои се осигуруваат, како и секое друго лице кое има интерес за склучување на договор за осигурување за да обезбеди осигурителна заштита.
(2) Договор за осигурување може да склучи договорувачот на осигурувањето во свое име или на туѓа сметка.
Доколку во полисата не е определено дека договорот е склучен за туѓа сметка ќе се смета дека договорот е склучен за сметка на договорувачот на осигурувањето.
(3) Договорот за осигурување се смета за склучен тогаш кога двете страни ќе потпишат полиса за осигурување или лист на покритие.
(4) Договор за осигурување се склучува врз основа на усмено или писмено барање. Писменото барање за склучување на договор го обврзува барателот за време од 8 дена од денот кога барањето пристигнало кај осигурувачот. Ако осигурувачот во определен рок не го одбие барањето, кое не отстапува од условите кои ги предложил за осигурување, ќе се смета дека го прифатил барањето и дека договорот е склучен од денот кога барањето пристигнало кај осигурувачот и обврските на осигурувачот почнуваат во 00 часот следниот ден. Осигурувачот и договорувачот на осигурувањето се должни во рок од 30 дена да го договорат начинот на плаќање на премијата.
(5) Ако осигурувачот по повод применото барање, бара некакво дополнување или објаснување, односно поставува некои нови услови како ден за примање на барањето ќе се смета денот кога на осигурувачот ќе му бидат предадени бараните дополнувања или објаснувања, односно кога ќе биде известен за прифаќање на неговите нови услови.
Ако барателот на осигурувањето не го известил осигурувачот за бараните услови од претходната алинеја во рок од 8 дена ќе се смета дека го повлекол барањето за осигурување.
2. ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ТУЃА СМЕТКА Член 15
(1) Во случај на осигурување за туѓа сметка обврските за плаќање на премијата но и другите обврски од договорот должен е да ги извршува договорувачот на осигурувањето, тој не може да ги превземе правата од осигурувањето дури ако полисата е кај него без согласност на лицето чиј интерес е осигуран и на кого тие му припаѓаат.
(2) Договорувачот на осигурувањето не е должен да му ја предаде полисата на заинтересираното лице додека не му биде надокнадена премијата
што ја платил на осигурувачот како и другите трошоци за договорот.
(3) Договорувачот на осигурувањето има право на предност на наплата на овие побарувања од должничко надокнадување како и право на барање за исплата непосредно од осигурувачот.
(4) Осигурувачот може да ги предочи на секој корисник на осигурување за туѓа сметка сите приговори кои по основ на договорот ги има спрема договорувачот на осигурувањето.
3.СООСИГУРЕНИ ЛИЦА
Член 16
(1) Освен осигуреникот, кој не е правно лице, осигурени се и лицата на кои осигуреникот им го препуштил управувањето на осигуреното возило.
(2) Не се смета за осигурено лице, лицето што без овластување од осигуреникот го користело, односно управувало осигуреното возило.
(3) Знаењето и однесувањето на соосигуреното лице се смета како знаење и однесување на осигуреникот.
(4) Правото на осигурувачот по основ на суброгација (регрес) не преминува спрема лицето што го управувало возилото по овластување на осигуреникот.
4. ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Член17
(1) Договор за осигурување може да се склучи:
1) Со одреден рок на траење за време од 1 година или пократко краткорочно осигурување
2) Со одреден рок на траење за време подолго од 1 година повеќе годишно осигурување или
3) На неодреден рок на траење кој се продолжува од година во година, ако
некоја од договорените страни по писмен пат не го откаже осигурувањето најдоцна 3 месеца пред истекување на тековната година на осигурувањето.
(2) Договор за осигурување склучен за одреден рок на траење подолго од една година автоматски се продолжува за 30 дена на договорниот рок на траење ("продолжен рок") ако договорните страни од истек на договорот не склучат нов договор.
Ако договорувачот на осигурувањето не склучи нов договор за осигурување до истекот на продолжениот рок должен е на осигурувачот да му плати премија за продолжено траење на осигурувањето продолжениот рок.
5. ТЕРИТОРИЈАЛНО ВАЖЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 18
(1) Осигурувањето е во важност за време додека возилото се наоѓа на територија на Р. Македонија и останатите европски земји, доколку поинаку не се договори.
(2) Осигурувањето на возила на работни и други организации кои изведуваат или учествуваат во изведување на градежни, монтажни и слични работи надвор од територија на Р.Македонија посебно се договараат.
(3) Кај осигурувањето на патнички моторни возила и моторцикли осигурувањето од ризикот кражба е во важност доколку осигуреникот плати соодветна премија.
6. ВЛИЈАНИЕ НА ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТА НА ВОЗИЛОТО ВРЗ
ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член19
(1) Со промена на сопственоста на осигуреното возило договорот за каско осигурување со поранешниот сопственик престанува да важи во 24.00 часот од денот кога новиот сопственик го превзел возилото.
(2) Со промена на сопственоста на осигуреното возило договорот за осигурување (полиса) не се пренесува на новиот сопственик на возилото.
(3) Во случај на промена на сопственост на осигурено возило финансирано со финансиски лизинг (целосна исплата на лизингот во рамките на скаденцата од корисникот на лизингот кој воедно е и договорувач во полисата), осигурувањето не престанува со извршената промена на сопственост односно правата и обврските од договорот за осигурување се пренесуваат на корисникот на лизингот од моментот на стекнување на сопственост и договорот (полисата) останува на сила до истекот на тековната осигурителна година (скаденца).
(4) Во случај на промена на сопственост на осигурено возило финансирано со оперативен лизинг, правата и обврските од договорот за осигурување не се пренесуваат односно договорот престанува да важи во 24.00 часот од денот кога новиот сопственик го превзел возилото.
(5) Преносот на сопственоста на возилото се докажува со валиден договор заведен кај надлежен орган.
(6) Поранешниот сопственик на осигуреното возило има право на враќање на премијата за неискористеното време на траење на осигурувањето доколку нема пријавено штета по полисата.
(7) Кај осигурувањето од кршење на стакло кај патнички возила при промена на сопственоста на возилото, договорот за осигурување и
правата што произлегуваат од него се пренесуваат на новиот сопственик.
(8) Доколку се промени сопственоста врз основа на наследство, договорот за осигурување преминува на наследниците.
Член 20
Промената на името, името-фирмата или адресата на договорувачот на осигурувањето и податоци за возилото
(1) Договорувачот на осигурувањето е должен за промената на името и адресата, односно промената на името на фирмата и седиштето (работни простории) да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од настанување на промените.
(2) Доколку договорувачот на осигурувањето не го извести осигурувачот за настанатите промени од претходниот став, за полноважно известување ќе се смета известувањето на осигурувачот кое би се реализирало ако не би настанале промени на адресата, името, регистарски број кај договорувачот на осигурувањето.
(3) Договорувачот на осигурувањето е обавезен да изврши пријава на сите елементи, битни за идентификација на возилото (технички карактеристики).
(4) Осигурувачот е должен сите пријавени промени веднаш да ги регистрира во договорот за осигурување.
7. ВРЕДНОСТ НА ОСИГУРЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ
а) Вредност на осигурени моторни, влечни работи и специјални моторни возила, работни машини, работни специјални приколици, полуприколици и контејнери.
Член 21
Основ на пресметка на премијата на склучени осигурувања е набавната цена на ново возило на денот на заклучување, а кај обнова на осигурувањето денот на скаденцата.
Доколку осигуреникот има склучено долгорочно осигурување, од било која причина го спречи осигурувачот да изврши пресметка: на премијата што стасува по скаденца или во продолжениот рок од 30 дена, основ за пресметка на премијата ќе биде цената на ново возило на денот на поднесувањето на потребните податоци за пресметка.
Цената на ново возило ја содржи калкулативната фабричка цена на возилото зголемена за царинските давачки, данок на промет, транспортни и други вообичаени давачки.
Набавната цена на новото возило се утврдува врз основа на утврдените цени во каталогот за актуелни цени на моторните возила, со исклучок на товарните возила сопственост на граѓаните кога цената се зголемува за данокот за промет.
Ако за поединечни типови и модели на возила не постои цена во каталогот за актуелни цени на моторни возила, се зема предвид набавната цена на слично или сродно ново возило.
Посебната опрема не е пресметана во цената на новото возило и се пресметува спрема упатство кое е составен дел на Ценовникот-Каталогот на актуелните цени на новото возило.
Кај возилата во музејска вредност, трофејните возила, возилата кај кои со реконструкција е променета нивната намена, за пресметка на премијата се зема договорената вистинска вредност на возилото.
Набавната цена на специјално возило се одредува како збир на набавната цена на основното возило, се додава опремата по спецификацијата која е составен дел на полисата (договор) за осигурување. За возила што се користат исклучиво во странство се зема набавната цена на тие возила во земјата во кои тие се користат.
б) Вредност на дополнителната опрема, багаж, патни колекции, примероци на стока и други предмети на моторните возила.
Член 22
Вредноста на дополнителната опрема, багаж, патните колекции, примероци на стока и други предмети во и на моторното возило во член 1 и 12 од овие Услови, се осигуруваат на сума на осигурување најмногу до вистинската вредност на денот на склучување на договорот за осигурување. Сума за осигурување на аудио и видео апарати од член 5 се утврдува како збир на осигурување на пооделни компоненти кои во договорот (полисата) посебно се набројуваат (радио, касетофон, радиокасетофон, еквилајзери, појачала, телефон, ТВ, видео рекордер, звучници, антена и сл).
Со договорот (полисата) не може посебно да се осигуруваат само поедини компоненти туку апаратот во целина.
8. УТВРДУВАЊЕ НА ОКОЛНОСТИТЕ ЗНАЧАЈНИ ЗА ПРОЦЕНА НА РИЗИКОТ
Член 23
(1) Договорувачот на осигурување е должен на осигурувачот при склучување на договор за осигурување да ги пријави-назначи сите околности кои се важни за проценка на опасноста-тежината на ризикот за одредување на премијата, кои му биле познати.
Важни околности за процена на опасноста и одредување на висината на премијата се сметаат нарочито оние за кои што договорувачот е спремен и врз основ на кои е одредена и пресметана премијата, како и оние што се внесени во договорот (полисата) за осигурување.
Околностите од претходната алинеја на овој став може заеднички да ги утврдат договорувачот и осигурувачот.
Податоците за осигурување мора да бидат во согласност со податоците од сообраќајната дозвола, потврдата за регистрација и други документи со кои се утврдува идентитетот на осигураното возило.
(2) Договорувачот на осигурувањето е должен да му овозможи на осигурувачот преглед и ревизија на ризикот.
(3) Во текот на траење на осигурувањето договорувачот односно осигуреникот е должен да го извести осигурувачот во рок од 14 дена поради зголемен ризик на осигуреното возило, а ако е ризикот зголемен по негова вина без одложување.
(4) Во случаеви од претходниот став и ако подоцна се утврди дека договорувачот на осигурувањето при склучување на договорот не дал точни податоци за важните околности за процена на ризикот, или во текот на траење на осигурувањето не го известил осигурувачот за промена на околностите или за тоа дал неточни податоци, а тие околности се битни за утврдување на поголема премија, поради зголемен ризик, осигурувачот во рок од 30 дена по дознавање дека се зголемил ризикот му предлага на договорувачот-осигуреникот по писмен пат нова премија.
Ако договорувачот на осигурувањето не се согласи во рок од 14 дена по (приемот) примањето на предлогот за нова премија, договорот за осигурување престанува по истекување на 24 часа. Ако премијата треба да се намали бидејќи ризикот е намален, осигурувачот ќе ја намали сумата на премијата и ќе му ја врати на договорувачот разликата во премијата за тековниот период на осигурување.
Разликата на премијата за тековниот период треба да се плати или да се врати во рок од 15 дена од денот кога е утврден основот за плаќање или враќање на премијата.
Ако по истекувањето на овој рок договорувачот на осигурувањето не ја плати разликата во премијата
на осигурување, покритието се смалува во однос помеѓу платената премија и премијата која требало да се плати.
(5) Ако после настанувањето на осигурениот случај се утврди и спрема околностите значајни за процена на тежината на ризикот и одредување на висината на премијата, таа треба да биде поголема од премијата, која е впишана во полисата за осигурување, надокнада ќе се исплати во однос помеѓу премијата во полисата за осигурување и премијата што требало да ја плати, ако договорувачот односно осигуреникот намерно дал лажни податоци кои се од значење за висината на премијата. Кога на осигурувачот му биле познати или требало да му бидат познати околностите важни за процена на ризикот надокнадата ќе биде исплатена во полн износ, а осигурувачот има право од договорувачот-осигуреникот на осигурувањето да ја наплати разликата во премијата за тековниот период на осигурувањето помеѓу платената премија и онаа што требало да ја плати ревалоризирана со порастот на цената на возилото на денот на пресметката на штетата.
(6) Ако ризикот за кој се склучува осигурувањето веќе настапил или неговото настанување е познато, а тоа договорувачот на осигурувањето го знаел или требало да го знае договорот за осигурување целосно е неважечки, спрема Условите за осигурувањето на овој Премиски систем.
9. ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА Член 24
(1) Премијата за осигурување договорувачот на осигурувањето ја плаќа при склучување на договорот, ако поинаку не е договорено.
Кај перманентните и повеќегодишни осигурувања премијата за следниот период на осигурување, стасува за наплата на денот што во полисата за
осигурување е означен како почеток на осигурувањето, освен ако поинаку не е договорено.
(2) Договорувачот на осигурувањето ја плаќа премијата на осигурувачот на сопствен ризик и сопствен трошок.
(3) Ако премијата е платена по пошта или банка како ден на плаќање на премијата се смета денот кога премијата е уредно уплатена.
(4) Ако кај потполно каско осигурување и осигурување од ризикот кршење е договорено осигуреникот да сноси дел од штетата (договорен самопридржај-франшиза) кога ќе настане осигурен случај, надоместот се утврдува така што на товар на осигуреникот паѓа делот на штетата до висината на договорениот самопридржај.
(5) Договорениот самопридржај се применува само во случај на остварување на ризиците од член 3 став 1, точка 1 и 2 и член 10 од овие услови.
10. НАМАЛУВАЊЕ НА ПРЕМИЈА (БОНУС)
Член 25
(1) Ако возилото без прекин било осигурено најмалку една година и ако во тоа време не била пријавена штета, договорувачот на осигурувањето има право на попуст на премијата за тоа возило во наредната година на осигурување во висина од:
- 10% ако во текот на изминатата година на осигурување не е пријавена штета;
- 20% ако во текот на изминатите две години на осигурување не е пријавена штета;
- 30% ако во текот на изминатите три години на осигурување не е пријавена штета;
- 40% ако во текот на изминатите четири години на осигурување не е пријавена штета;
- 50% ако во текот на изминатите пет години на осигурување не е пријавена штета;
Договорувачот на осигурување што по поранешните услови за осигурување стекнал право на попуст поголем од 50% го задржува тоа право од прво пријавената штета или до губењето на попустот по некој друг основ.
Одредбите од овој став се однесуваат на договорувачи на осигурувањето кои имаат осигурено до пет возила.
(2) На договорувачот на осигурувањето што има склучено потполно каско осигурување со траење најмалку една година за 6 и повеќе возила, и кај кого односот на пријавените штети спрема полисирана техничка премија во изминатите три календарски години е помал од 80%, му се пресметува попуст на премија на наредниот период на осигурување во висина на една половина од разликата помеѓу 80% и процентот на остварениот резултат.
(3) Осигурениците што ќе склучат повеќегодишен договор за осигурување на моторните возила им следува бонус (попуст) според одредбите од поглавје IV т.2 од премискиот систем Х-АК за комбинирано осигурување на моторните возила.
(4) Бонусот по сите основи за комбинирано осигурување на моторните возила стари до 5 години може да изнесува најповеќе до 50%.
(5) Бонусот по сите основи за комбинирано осигурување на моторни возила постари од 5 и повеќе години може да изнесува најповеќе до 60% од пресметаната премија без бонус.
Член 26
Бонусот остварен по одредбите од претходниот член се пренесува во рамките на иста тарифна група кога возилото кое е осигурано е:
- Уништено
- Одјавено и
- Отуѓено
Пренос на бонусот се врши во моментот на склучување на договорот за осигурување или обнова на осигурувањето.
Пренос на бонусот се врши од едно возило на друго возило од ист сопственик (осигуреник). Бонусот може да се пренесе во рок од две години од моментот на истекување на последната обнова на осигурувањето на возилото од кое се врши пренос на бонусот.
Пренос на бонусот не може да се врши кај осигурувања кои се склучени со рок на траење пократок од година дена.
11. ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА Член 27
(1) Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на осигурувачот, на договорувачот на осигурување му се враќа износот на наплатената премија.
(2) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици кои не се опфатени со осигурување, или тотална штета е надоместена по основ на осигурување од одговорност на штетникот на договорувачот на осигурување му се враќа износот на премија за преостанатиот период на траење на осигурувањето од денот кога осигурувачот добие писмено барање на договорувачот на осигурување, доколку во изминатиот период на траење на осигурувањето не се оствари осигурен случај.
(3) Ако осигурениот предмет биде уништен по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, на осигурувачот му паѓа целиот износ на премијата за тековната година на осигурување, односно за договорениот период на осигурување.
(4) Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблици, осигурувањето може да се откаже и премијата
се враќа за останатиот дел на времетраењето на осигурувањето, доколку осигурувачот до тоа време не платил надомест по договорот за осигурување. Премијата се враќа по писмено барање на договорувачот на осигурувањето.
12. ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Член 28
Се смета дека на осигуреното возило настанал осигурен случај во оној момент кога еден од осигурените ризици и неочекувано почнува да се остварува на осигуреното возило и да го оштетува. Осигурен случај е секаков вид противправно одземање на возило согласно член 3, точка 12), став 1 од Условите.
Правото на надомест кај ризикот од претходниот став се остварува со исполнување на следните услови:
-задолжително пријавување кај надлежен орган на МВР каде што настанал осигураниот случај
-задолжително пријавување кај надлежен орган на МВР каде што е регистрирано возилото
-задолжително предавање на оригиналните 2 клуча од возилото, односно на 1 оригинален клуч кај рент- а-кар возила при затајување.
По истекот на 60 дена од денот на пријавување кај надлежен орган на МВР на РМ, да се достави доказ (потврда) дека предметното возило не е пронајдено. Исплатата на надоместоците е по истекот на 15 дена од доставување на доказот од надлежниот орган на МВР на РМ дека предметното возило не е пронајдено.
13. ПРАВНА ПОЛОЖБА ПО НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 29
(1) По настанување на осигурен случај и исплата на надомест од осигурување, ако се однесува за оштетување на возилото (делумна штета), возилото останува и понатаму осигурено на
неговата стварна вредност во смисла на овие Услови
(2) Во случај на уништување на возилото (тотална штета) осигурувањето престанува.
(3) Одредбите од став 1 и 2 од овој член сходно се применуваат и на другите осигурени предмети, освен кај оние за кои поинаку е договорено.
14. ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 30
(1) Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест од осигурување, осигуреникот е должен да постапи на следниот начин:
1) веднаш да ги преземе сите мерки кои се во неговата можност за отстранување и намалување на штетата, оштетениот осигурен предмет да го обезбеди од натамошни оштетувања, како и притоа да се придржува кон упатствата што ќе му ги даде осигурувачот;
2) веднаш, а најдоцна во рок од три дена по дознавање за штетата, да му се пријави на осигурувачот дека на осигуреното возило настанала штета со остварување на осигурен случај и колку е можно побргу, а најдоцна во рок од три дена, писмено да ја потврди пријавата;
3) при настанување на штета на осигуреното возило од ризиците пожар, експлозија и сите видови противправно одземање на возилото, пријавувањето на надлежен орган на МВР заради вршење увид е задолжително особено:
а) при настанување на штета на осигуреното возило од ризикот сообраќајна незгода, пријавувањето на надлежен орган на МВР е задолжително, освен доколку е настаната “мала материјална штета“. Под поимот “мала материјална штета“ согласно Законот за безбедност во сообраќајот, се подразбира штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и
запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.
4)веднаш по настанување на осигурениот случај, односно кога тоа е можно на осигурувачот да му даде попис на уништените, односно оштетените работи со приближно назначување на нивната вредност;
5)до увидот на оштетувањата од страна на претставникот на осигурувачот да не ја промени положбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес, или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата;
(2) Осигуреникот е должен на осигурувачот да му ги даде сите податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.
Осигурувачот исто така може да бара осигуреникот да му обезбеди и други докази, а особено доказ дека го пријавил настанувањето на случајот на надлежниот орган на сите случаи кога е должен тоа да го стори;
(3) Ако осигуреникот по своја вина не ја изврши во предвиденото време својата обврска од точка (1) став 1) и 2) од овој член, а за тоа нема оправдување, должен е да ја надомести на осигурувачот штетата која тој поради тоа ја имал.
15. ДОГОВОРЕНО УЧЕСТВО (Франшиза) И УЧЕСТВО ВО НАРЕДНА ШТЕТA
Член 31
Учеството на осигуреникот во штета (франшиза) може да се договори во потполно каско осигурување и во делумно каско осигурување.
Доколку во текот на осигурениот период настане осигурен случај, осигуреникот задолжително учествува во евентуална идна штета по иста полиса и тоа:
▪ 10% учество во втора штета;
▪ 20% учество во трета штета;
▪ 30% учество во четврта штета и
▪ 50% учество над четврта и секоја наредна штета.
Кај потполно каско осигурување кое е склучено со учество во штета (франшиза), истата не важи за ризикот кршење на стакло на нови возила, само во случај на прво натанатата штета од наведениот ризик. (се брише)
Кај склучено осигурување само за делумно каско осигурување-кршење и оштетување на стакла (не и во случај на потполно каско осигурување), при второнастаната штета кршење и оштетување на стакла по иста полиса задолжително е учество од 40% од висината на штетата од страна на осигуреникот, а за секоја наредна штета кршење и оштеутвање на стакла учеството е 50% од висината на штетата.
Договорот за потполно каско осигурување или договорот за делумно каско осигурување за ризикот кражба и разбојништво за патнички моторни возила, се склучува со задолжителна франшиза во висина од:
а) 10% во секоја штета за возила чија новонабавна вредност е од 20.001 евра до 30.000 евра (во денарска противвредност);
б) 15% во секоја штета за возила чија новонабавна вредност е од 30.001 евра до 40.000 евра (во денарска противвредност);
в) 20% во секоја штета за возила чија новонабавна вредност е над 40.000 евра.
16. ПРОЦЕНА НА ШТЕТА Член 32
(1) По приемот на пријавата за настанатиот осигурен случај, осигурувачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од три дена да пристапи кон утврдување и процена на штетата. Ако тоа не го направи, осигуреникот може да пристапи кон проценка и отстранување на штетата, под услов претходно да обезбеди доказ во поглед на
настанување на осигурениот случај и обемот на штетата.
17. УТВРДУВАЊЕ (ПРОЦЕНА) НА ВИСИНА И НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 33
"Вредност на возилото" претставува разликата од новонабавната вредност на возилото (сума на осигурување во полисата) и пресметана амортизираност на истото, според старост, поминати км., општа состојба и др. согласно Критериуми за процена на штети на моторни возила.
(1) Висина на штетата се утврдува:
1) Кај уништување или изчезнување на возило (тотална штета) според вредност на возилото во моментот на утврдување на висината на штетата, намалена за пазарната вредност на остатоците на возилото, а според состојбата на возилото непосредно пред штетата.
2) Кај оштетување на возила (делумна штета) според износот на трошоците за поправка, намалени за пазарна вредност на остатоците кои се заменуваат. Во трошоци за поправка се сметаат и трошоци за монтажа, демонтажа и превоз.
3) Кај склучено осигурување за делумно каско осигурување-кршење стакло доколку висина на штета надминува над 50% од вредноста на возилото, утврдена согласно критериуми за проценка на моторни возила, се констатира тотална штета и се утврдува висина на надомест: вредност на возило – 50% корисни остатоци = 50% висина на штета. Со констатирање на тотална штета, осигурувањето престанува.
(2) Висина на штетата може спогодбено да се утврди со пресметка на трошоците на поправката.
Од износот на трошоците за набавка на нови делови заради замена на оштетените и износот на трошоците за лакирање не се одбива соодветен износ поради истрошеност (амортизација), освен кога наместо уништените односно, оштетените, се набавуваат нови гуми, акумулатори или церада, или делови кои се заменуваат на одреден период при редовно одржување и сервисирање (течности, филтри, катализатори, гумени прстени, лагери и сл.) и тоа во процент во кои овие делови се амортизирани.
(3) Ако вредноста на возилото намалена за вредноста на остатоците на возилото на денот на утврдување на висината на штетата е помала од трошоците за поправка, ќе се постапи како возилото да е уништено и штетата ќе се пресмета како тотална (став 1 точка 1 од овој член);
(4) Спасените делови на уништеното возило, односно оштетеното возило, односно остатоците од возилата остануваат на осигуреникот и нивната вредност се утврдува по пазарна вредност според состојбата во која се наоѓа во моментот на утврдување на висината на штетата и таа вредност се одбива од висината на штетата, доколку странките меѓусебно поинаку не се договорат.
(5) Ако во случај на остварување на ризиците од член 3 став 1 точка 12 од овие Услови возилото се пронајде пред истекот на рокот од 60 дена, сметајќи од денот на пријавувањето на исчезнувањето на возилото на надлежниот орган, осигуреникот е должен да го преземе возилото.
Ако возилото не се пронајде до истекот на рокот од претходната алинеја на овој став осигуреникот има право да бара од осигурувачот штетата да му ја надомести како да се работи за потполно уништување на возилото без спасени делови.
Во случај на остварување на ризиците од член 3 став 1 точка 12 од овие Услови ако украденото
односно противправно одземено возило се пронајде по истекот на рокот од 60 дена од денот на пријавата за нестанување кај надлежниот орган, осигуреникот има право да го преземе, односно задржи возилото, но под услов да го врати евентуално исплатениот надомест.
(6) Кај осигурување на алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се сметаат за составни делови на возилото, како и радио апарати, касетофон, ЦД плеери, телевизор и радио станица, клима уреди (компресор) и плински уреди за движење на возилото и рекламни натписи, штетата ќе се надомести во висина на настанатата штета, а најмногу до висина на сумата на осигурување (намалена за амортизацијата согласно критериумите за процена на штети на моторни возила).
(7) По настанување на осигурен случај и исплата на надомест од осигурување, ако се однесува за оштетување на возило (делумна штета), возилото останува и понатаму осигурано на неговата пазарна вредност во смисла на овие услови.
(8) Во случај на уништување на возилото (тотална штета), осигурувањето престанува.
(9) Одредбите од точка (7) и (8) од овој член, соодветно се применуваат и на другите осигурени предмети, освен кај оние за кои е договорено поинаку.
18. ПОСТАПКА СО СПАСЕНИТЕ ДЕЛОВИ И ПРОНАЈДЕНИТЕ-УКРАДЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ
Член 34
(1) Осигуреникот може да се договори со осигурувачот така да осигурувачот да ги превземе спасените делови на возилото или на некој друг осигуран предмет и со нив слободно да располага. Во тој случај при пресметка на
штетата не се одбива вредност на спасените делови на осигурените предмети.
(2) Осигуреникот и осигурувачот можат да се договорат спасените делови на возилото или некои други предмети да се изложат на лицитација (преку претпријатија што се занимаваат со таа дејност) или на некој друг начин да се изврши продажба, намалена за трошоците на продажба, се смета како вредност на спасените делови.
Ако осигуреникот дознае на било кој начин каде се наоѓаат спасените предмети, должен е да ги превземе сите потребни мерки за нивно враќање, како и за превземените мерки и резултатите без одлагање да го извести осигурувачот.
19. НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ ВО ВРСКА СО НАСТАНАТ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 35
(1) Осигурувачот е во обврска да ги надомести:
1) Трошоците за влечење или превоз на оштетеното возило до најблиската сервисна работилница која може да изврши нужна или целосна поправка.
2) Трошоците за влечење или превоз на остатоците од уништеното возило, ако тоа е направено по барање на осигурувачот;
3) Трошоците за чистење на местото на незгодата или превезување на остатоците од возилото до најблиското дозволено место за депонирање. Не се покриени трошоците за превоз на товарот кој возилото го превезувал;
(2) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести:
1) Трошоците за отстранување на причината на штетата;
2) Трошоците за вадење на возилото што се слизнало од патот, а на кое не е остварен осигурен случај (уништување или оштетување);
3) Трошоците за интервенција на противпожарно друштво или други организации, чија должност е бесплатно да укажува помош, кога ќе настапи осигурен случај;
(3) Ако е остварен осигурен случај, осигурувачот е во обврска да надомести и:
1) Штета поради уништување или оштетување на возилото, настаната при негово спасување, а во врска со тоа и влечење или превоз;
2) Штета поради употреба на облека, ќебиња и слично за гасење на пожар;
20. ИСПЛАТА НА НАДОКНАДА ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 36
(1) Кога ќе се случи осигуран ризик, осигурувачот е должен да исплати надокнада во рок од 14 дена сметајќи од денот кога осигурувачот добил известување дека се случил осигурен ризик. Ако за утврдување на обврската на осигурувачот е потребно извесно време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено дека постои негова обврска за исплата.
(2) По истекување на 14 дена од пријавата на штетата доколку не е утврдено обврската на осигурувачот за исплата, осигурувачот е должен на барање на овластено лице да исплати сума на неспорен дел на својата обврска на име аконтација.
(3) После настапување на осигурениот ризик заложните и други права кои од порано постоеле на осигурените предмети имаат ист третман како во случај на осигурување на сопствени предмети, така и во случај на осигурување на туѓи предмети поради обврска за нивно чување и враќање, затоа осигурувачот не може да исплати надокнада
на осигуреникот без согласност на носителот на тие права.
Овие лица може да бараат од осигурувачот да во границите на сумата за осигурување и спрема законските одредби да ги исплати нивните побарувања.
Меѓутоа доколку во моментот на исплата осигурувачот не знаел ниту можел да знае за тие права, извршената исплата на надокнада на осигуреникот останува полноважна.
21. ПРИДРЖУВАЊЕ НА ОДРЕДБИТЕ ЗА ЗАШТИТНИ МЕРКИ
Член 37
(1) Осигуреникот е должен да ги превземе сите пропишани, договорени и сите друти мерки потребни да се спречи осигураниот ризик, а ако осигураниот ризик настапил, должен е да превземе се што е во негова можност да се ограничат неговите последици.
(2) Осигурувачот има право да врши контрола за извршување на одредбите за заштитни мерки од став 1 на овој член.
(3) Ако мерките од став 1 на овој член не се извршуваат, осигурувачот може да го откаже договорот и тоа во рок од 30 дена од денот кога е тоа утврдено, заедно со осигуреникот, освен во случаи кога осигуреникот не е крив за неисполнување на својата должност.
(4) Ако е договорен или одреден рокот до кога е потребно да се спречуваат мерките за одстранување или зголемување на ризикот, надокнадата се исплатува на осигуреникот и кога осигурениот ризик настанал до истекување на тој рок и ако штетата е во причинска врска со прописите, односно со договорените одредби за заштитни мерки.
(5) Осигурувачот е должен да ги надокнади трошоците на загуби, како и другите штети причинети свесно при отстранување на опасностите од осигурениот ризик, како и
заложбите да се ограничат неговите штетни последици, па макар да тие заложби останат и без резултати.
Осигурувачот е должен да исплати надокнада од претходната алинеа на овој став и ако тоа е заедно со надокнадата на штетата кај осигурениот ризик ја поминува сумата на осигурување.
(6) Ако осигуреникот не ги исполни своите обврски од став 1 на овој член и ако за тоа нема оправдување, обврските на осигурувачот се намалуваат за колку се зголемува поради тој ризик.
22. НАЧИН НА ИЗВЕСТУВАЊЕ Член 38
(1) Сите известувања, изјави и пријави кои се даваат во смисла на одредбите од овие Услови, обавезно треба писмено да се потврдат ако се дадени усмено по пат на телефон или на некој друг сличен начин освен:
1) Кога се работи за усмено барање за склучување на договор за осигурување и
2) Кога се работи за известување на осигурувачот за промена на условите по член 39 од овие Услови и Системот на премин за осигурување.
Како ден на примање на известување односно пријава се смета денот кога е примено известувањето односно пријавата. Ако известувањето односно пријавата се праќа со препорачана пошта како ден на примање се смета денот на предавањето на поштата.
(2) Спогодбите кои се однесуваат за содржината на договорот за осигурување полноважни се само ако се склучени во писмена форма.
23. ПОДОСИГУРУВАЊЕ И НАДОСИГУРУВАЊЕ Член 39
(1) Ако осигурувањето е склучено така да премијата е утврдена врз основа на набавната цена на новото возило на денот на склучување осигурувањето да биде:
- платена помала премија, бидејќи договорувачот намерно или со измама дал неточни податоци кои влијаат на висината на премијата - во случај на штета на осигуреникот ќе му се надокнади дел од штетата кој одговара помеѓу премијата која е платена и премијата што требало да ја плати.
- платена поголема премија, а при тоа ни една страна не постапила несовесно-договорот останува на сила а премијата се намалува.
(2) Во случаеви од претходниот став, на осигуреникот на име надокнада од осигурувањето не може да му се исплати повеќе од износот на штетата по одредбите од овие Услови.
(3) Ако ист предмет е осигуран од исти ризици кај повеќе осигурувачи, при утврдување на подосигурување или надосигурување ќе се земат во предвид сите договори за осигурување.
24. ИЗМЕНА НА УСЛОВИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ТАРИФАТА НА ПРЕМИИ
Член 40
(1) Ако осигурувачот за време траењето на договорот за осигурување, ги измени Условите за осигурување или тарифата на премии тие ќе се применуваат на сите ново склучени осигурувања како и на постојните осигурувања доколку се тие поповолни за осигурениците.
25. ПРЕМИН НА ПРАВАТА НА ОСИГУРЕНИКОТ НА ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ ОД ОСИГУРУВАЧОТ
(СУБРОГАЦИЈА)
Член 41
Со исплата на надокнадата од осигурувањето се пренесуваат на осигурувачот сите права на осигуреникот во врска со обештетувањето во висина
на исплатената надокнада спрема лицето кое по било кој основ е одговорно за штетата, освен во следниве случаеви:
1) Ако одговорното лице кое управувало со возилото, управувало со истото со дозвола на осигуреникот и тоа исклучиво на територијата на Република Македонија.
2) Ако штетата ја предизвикало лице што е во роднинска врска со осигуреникот од права линија, или лице за чии што постапки осигуреникот одговара, односнo со лице што живее со него во исто домаќинство или лице што работи кај осигуреникот.
3) Лицата од точка 1 и 2 на овој член кои намерно ќе предизвикаат штета должни се сами да ја надокнадат.
Доколку некое лице од ставот 1 точка (1 и 2) било осигурано од одговорност осигурувачот ќе бара од неговиот осигурувач надокнада во износ што е исплатен на осигуреникот.
Во сите случаеви кои не се регулирани со овој член се применуваат одредбите за Законот задолжително осигурување во сообраќајот.
26. ПОЧЕТОК И ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 42
(1) Обврските на осигурувачот од договорот за осигурување започнуваат по истекот на 24.00 часот на денот што во исправата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, ако до тој ден е платена договорената премија, доколку поинаку не е договорено.
(2) Обврските на осигурувачот престануваат по истекот на 24.00 часот на денот што во исправата на осигурување е означен како ден на истек на осигурувањето.
Ако исправата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето (перманентно осигурување)
договорот за осигурување се продолжува од година во година, се додека една од договорените страни не го откаже најдоцна три месеци пред истекот на годишниот период за осигурување.
(3) Кај осигурување склучено со рок од повеќе години правата и обврските од договорот се продолжуваат за 30 дена ("рок на чекање"), доколку на осигурувачот пред истекот на рокот на осигурувањето не му е врачена изјава од договорувачот дека не пристанува на такво продолжување.
Ако во текот на рокот на чекање настапи осигурен случај договорувачот на осигурувањето е должен да плати премија за цела година на осигурување.
(4) Кај физички лица договорот за осигурување се склучува за период на траење од една година (краткорочно осигурување).
27. НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР Член 43
Во случај на спор меѓу договорувачот на осигурувањето, односно осигуреникот и осигурувачот, стварно е надлежен судот според местото на склучување на договорот на осигурување.
28. ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРЕМИЈА Член 44
(1) За утврдување на премијата меродавна е набавната цена на ново возило во моментот на склучување на договорот за осигурување, а за следниот период на осигурување (една година) набавната цена на денот на почетокот на наредниот период на осигурување.
(2) Набавна цена на ново возило е цената на производителот зголемена за износите на даноците, транспортните трошоци, царина и сл:
(3) Набавна цена на ново возило од странско производство е извозната цена на производителот. пресметана во денари по важечкиот курс на странски средства за плаќање, зголемена за трошоците на царина, даноци, транспорт и останати вообичаени трошоци, доколку поинаку не е договорено.
(4) Ако се работи за возило што го нема во продажба, ниту во каталог за ориентациони цени на моторни возила неговата набавна цена се утврдува според набавната цена на слично односно сродно возило.
(5) Возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составени од делови на две или повеќе возила и сл. се осигуруваат на сума на осигурување со посебна спогодба.
29. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА (МАЛУС)
Член 45
(1) На договорувачот на осигурувањето што има склучено потполно каско осигурување со траење најмалку од една година за 1 до 5 возила, кој во тековната година на осигурување пријавил З (три) или повеќе штети му се пресметува доплаток на премија (малус).
Малусот се пресметува на премијата за осигурување за периодот на осигурување во кој штетите настанале и тоа на премијата за осигурување, без оглед на тоа дали е одобрен евентуален бонус.
Доплаток на премијата за осигурување изнесува:
- Кај трета штета 10%
- Кај четврта штета 20%
- Кај петта и секоја понатамошна штета 30% "Овој доплаток се наплатува при обнова на полиса за пеодинечното возило."
30. НАЧИН НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 46
(1) Договор за осигурување од опасности предвидени со овие услови, може да се склучи само ако е склучен договор за потполно "каско" осигурување.
(2) Договорот за осигурување од став 1 од овој член се склучува со или без франшиза, зависно од начинот на склучувањето на договорот за каско осигурување.
31. СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ И НАДОМЕСТ Член 47
(1) Сумата на осигурување се утврдува спрема вредноста на предметите што можат да се најдат во возилото;
(2) Кај тотална штета на осигуреникот му се надоместува вредноста на осигурениот предмет, но најмногу до висина на сумата на осигурување;
(3) Кај делумна штета оштетата се исплатува во целост, но најмногу до висина на сумата на осигурување;
(4) Кај осигурувањето на багаж во автобуси пресметувањето на надоместокот ќе се изврши во сразмер помеѓу бројот на регистрираните места и бројот на патниците што биле во автобусот, доколку се утврди дека во автобусот се наоѓале поголем број на патници отколку што изнесува бројот на регистрираните места за кои е платена премија.
32. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ ЗА "БОНУС" И "МАЛУС"
Член 48
(1) Се смета дека штетата не е пријавена ако во рок од една година е ликвидирана без исплата на оштета, или во полн износ по било кој основ
е регистрирана. Во тој случај на осигуреникот задолжително му се одобрува бонус.
(2) Штета што е пријавена по потполно каско осигурување, а која не се однесува на ризиците од член 3 став 1 точка 1 и 2 не се смета за пријавена и не влијае на правото на бонус односно малус.
(3) На осигуреник што прв пат склучува потполно каско осигурување му се одобрува бонус од 10% ако за тоа возило има кај истиот осигурувач осигурување од авто одговорност и ако до денот на склучување на потполно каско осигурување за тоа возило не е пријавена штета по осигурување од авто одговорност за период од најмалку две години.
По истекот на периодот на осигурување во кој осигуреникот по оваа основа стекнал право на "бонус" од 10% осигуреникот стекнува право на "бонус" од 20%, ако нема пријавено штета.
(4) Ако осигурувањето било во прекин, осигуреникот по прекинот има право на ист бонус за истото возило или за возилото кое го заменил, ако до прекин во осигурувањето дошло пред истекот на годината на осигурување и ако прекинот не траел подолго од една година, под услов во претходниот период да не пријавил штета.
Ако осигурувањето било прекинато по истекот на годината на осигурување во која осигуреникот не пријавил штета, ниту пак е пријавена штета за време на прекинот, осигуреникот има право " бонус" во смисла на соодветните одредби за "бонус" како да немало прекин, под услов прекинот да не траел повеќе од една година.
(5) Ако осигуреникот по уништување, продажба или слично, наместо порано осигуреното возило осигурува друго возило, оствареното право на "бонус" се користи и за новото возило, ако новото возило е од иста тарифна група. Ако возилото е уништено продадено и сл. пред истекот на годината на осигурување,
тогаш за следната година за осигурување се пресметува ист процент на "бонус" кој се применувал при пресметување на премијата на осигурување на отуѓеното односно уништеното возило, ако заменувањето на возилото е извршено во рок од една година.
(6) Во случај на продажба на возило право на "бонус" се пренесува на новиот сопственик.
(7) Ако осигуреникот го смени осигурувачот му се признава право на "бонус" ако донесе писмена потврда од претходниот осигурувач за претходно траење на возилото и бројот на едноподруго години без пријавена штета.
(8) На осигурениците со шест или повеќе осигурени возила, бонусот односно малусот по овие основи се пресметуваат и на возила кој осигуреникот ги набавил во текот на периодот на осигурување.
(9) Во случај на прекин на осигурувањето и повторно склучување на договор за осигурување на договорувачот на осигурување, со шест или повеќе возила му се пресметува бонус односно малус по одредбите на овие Услови врз основа на односот пријавени штети и полисирана техничка премија во последните три календарски години додека траело осигурувањето. Ако прекинот траел повеќе од две години се пресметува премија за осигурување без бонус односно малус.
Ако осигурувачот не располага со податоци за премиите и штетите за најмалку три претходни години, бидејќи осигуреникот не бил осигуран толкав временски период, за утврдување бонус односно малус ќе се користат податоци за две односно една осигурителна година.
(10) Под потполно "каско" осигурување се подразбираат и случаите кога со ова осигурување се склучи и осигурување на алат дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови, кои не се сметаат
за составни делови на возилото како и осигурување од опасност кршење т.е. премија и штета и по овие дополнителни осигурувања.
(11) Осигурувачот и договорувачот на осигурување имаат право да бараат повторно пресметување на "бонус" односно"малус" ако дополнително се утврди дека во пресметката не биле земени оштетни барања што се основани, односно биле земени оштетни барања што се неосновани.
(12) При осигурување на патнички возила со вклучен ризик кражба за случаи кога во возилата се вградени алармни системи и други средства за заштита од кражба, се одобрува попуст од 10% од висината на додатокот за ризикот кражба.
V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 49
Ако не се во спротивност со овие Услови, на осигурувањата склучени според овие Услови, се применуваат и Општите услови за осигурување на имот.
Овие услови влегуваат во сила од 01.08.2022г. со што престануваат да важат Условите за каско осигурување на моторни и шински возила бр. 02-2084/1 од 30.03.2022 година.
Овие услови ќе се применуваат на сите ново склучени осигурувања како и на постојните осигурувања доколку се тие поповолни за осигурениците.
Одредбите за намалување на премијата бонус ќе се применуваат на новосклучените и обновените договори за осигурување со тоа што доколку осигуреникот во претходната година не остварил право на штета. При склучување на договор по овие услови може да добие попуст во износ од 10% во секоја година.
Одредбите од претходниот став за бонус се однесуваат и на осигурениците кај кои штетата по каско осигурување е рефундирана по основа на Авто-одговорност.
ПРАВНА ПОУКА
Член 50
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
Одбор на Директори
Претседател Xxxxxx Xxxxxx