We use cookies on our site to analyze traffic, enhance your experience, and provide you with tailored content.

For more information visit our privacy policy.

Начин и рок на плаќање Примери за клаузули

Начин и рок на плаќање. 3.9.1 Начинот на плаќање ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) по испорака, монтажа и пуштање во работа на стоката предмет на набавката по секоја трафостаница поединечно, во рок 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на договорниот орган придружена со примерок од испратницата и записникот за примопредавање потпишан од овластените лица на двете договорни страни. 3.9.2 Начинот и рокот на плаќање се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плаќање од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
Начин и рок на плаќање. Договорниот орган го врши плаќањето вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) по целосна испорака на стоката предмет на договорот, во рок 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на договорниот орган придружена со примерок од испратница и записник за квантитативен и квалитативен прием на испорачана стока потпишан од овластените лица на двете договорни страни. Носителот на набавката фактурата, поткрепена со примерок од испратницата и записникот за квантитативен и квалитативен прием на испорачана стока потпишан од овластените лица на двете договорни страни, ја доставува до Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ. Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Начин и рок на плаќање. Се предвидува следниов начин и рок на плаќање: Плаќањето на работите кои се предмет на овој договор, ќе се врши по доставување на ситуација заедно со градежна книга и градежен дневник како составен дел на ситуацијата за стварно изведени работи (времена или завршна), што ја доставува Носителот на набавката, со дефинирани и изведени позиции, одложено до 60 /шеесет/ дена , сметано од денот на приемот на истата во архивата на Договорниот орган. Времената ситуација Носителот на набавката ја доставува до Договорниот орган во примерен рок по истекот на периодот за кој се однесува, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган. Завршната ситуација Носителот на набавката ја составува и поднесува на исплата до Договорниот орган, врз основа на стварно изведени и завршени работи, потпишана и заверена од страна на определен Надзорен орган од Договорниот орган.
Начин и рок на плаќање. Плаќањето на цената од член 2 на овој Договор, ќе се врши по претходно доставена финансиска документација (фактура) за целиот утврден износ и тоа .
Начин и рок на плаќање. 3.9.1 Начинот на плаќање ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) на месечна основа за извршени услуги во претходниот месец, во рок 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на договорниот орган придружена со примерок од записникот за извршени услуги потпишан од овластените лица на двете договорни страни. 3.9.2 Начинот и рокот на плаќање се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плачање од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
Начин и рок на плаќање. Договорниот орган го врши плаќањето вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) по извршување на услугата предмет на единечната нарачка, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, придружена со Записник за завршена услуга, потпишан од овластените лица на двете договорни страни. Носителот на набавката фактурата, поткрепена со примерок од записникот за завршена услуга потпишан од овластените лица на двете договорни страни, ја доставува до Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ. Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Начин и рок на плаќање. (не се вреднува)
Начин и рок на плаќање. 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански со доставување на фактура по извршена испорака на предметот на договорот за јавна набавка, со одложено плаќање од минимум 60 дена.
Начин и рок на плаќање. Договорниот орган плаќањето го врши вирмански по извршување на услугата (од секој третман поединечно), во рок од 15 дена од денот на приемот на фактурата во Архивата на Договорниот орган, придружена со Записник за завршените услуги. Носителот на набавката изготвува фактура по целосно завршување на услугите од секој третман поединечно. Носителот на набавката, фактурата, со прилог записник за завршена услуга потпишан од овластените лица на двете договорни страни, ја доставува на Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот за јавна набавка, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ. Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Начин и рок на плаќање. Договорниот орган го врши плаќањето вирмански или со дознака (важи за странски понудувач) по целосна испорака на стоката предмет на договорот, во рок 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган придружена со примерок од испратница и записник за квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластените лица на двете договорни страни. Носителот на набавката фактурата, поткрепена со примерок од испратницата и записникот за квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластените лица на двете договорни страни, ја доставува до Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ. Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.