Начин, рок и место на извршување на услуги Примери за клаузули

Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен во временски период од 12 (дванаесет) месеци од денот на склучување на Договорот да ги извршува услугите - предмет на Договорот во просториите на Царинска управа на Р.Македонија, ул.,,Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје и/или преку дозволен далечински пристап, а на начин и во рокови согласно барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација. 7.2.2 Начинот, рокот и местото на извршување на услугите се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на извршување на услугите поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата-предмет на договорот во максимален рок од 5 (пет) дена по претходно добиено писмено барање од договорниот орган - Царинската управа. Услугата-предмет на договорот ќе се извршува сукцесивно во временски период од 12 (дванаесет) месеци, а согласно барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација. 7.2.2 Рокот и местото на извршување на услугите се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на извршување на услугите поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ја испорачува електричната енергија – предмет на договорот сукцесивно во период од 12 ( дванаесет ) месеци, преку соодветниот електроенергетски систем до сите мерни места на Царинска управа на РМ, на цела територија на Република Македонија, од денот на потпишувањето на договорот. 7.2.2 Начинот, рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која ќе содржи рок на испорака подолг од утврдениот во оваа точка и/или начин и место на испорака поинакви од оние утврдени во оваа точка ќе треба да се смета за неприфатлива и како таква ќе треба да биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен услугите-предметот на договорот да ги извршува на начин и на места согласно наведеното во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда за секој ДЕЛ пооделно, како и да започне да ја извршува услугата во рок од 24 часа од доставување на налог по електронска пошта или усно даден налог и конечно да ја изврши во рок од 72 часа . 7.2.2 Начинот, рокот и местото на извршување на услугите се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на извршување на услугите поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките и да ги реализира услугите со нив поврзани согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација за секој ДЕЛ пооделно, а во следните рокови: ➢ За ДЕЛ 1 - рокот на испорака на хардверот-предмет на набавка е 45 дена од потпишување на договор, додека рокот на реализација на услугите за инсталација и конфигурација на хардверската опрема со потребниот системски софтвер, вклучувајќи и бекап на податоци од мигрираните апликации е 9 месеци од денот на потпишување на договорот. ➢ За ДЕЛ 2, ДЕЛ 3 и ДЕЛ 4 - рокот на испорака на стоката-предмет на набвка е 45 дена од потпишување на договор. Местото на испорака на предметот на набавка е на ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје, Р. Македонија - за сите Делови 7.2.2 Начинот, рокот и местото на извршување на услугите се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на извршување на услугите поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите - предмет на Договорот на начин, во рокови и на места согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација од тендерската документација и законските одредби кои ја регулираат оваа материја. 7.2.2 Начинот, рокот и местото на извршување се задолжителни. Секоја понуда која содржи рок и место на испорака поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ја испорачува електричната енергија – предмет на договорот, сукцесивно во период од 12 (дванаесет) месеци, од денот на почетокот на испорака на електричната енергија преку соодветниот електроенергетски систем до сите мерни места на Царинска управа на РМ, на цела територија на Република Македонија, наведени во техничката спецификација. Договорниот орган го задржува правото да врши зголемување или намалување на бројот на мерни места, според потребите. Мерните места наведени во техничката спецификација во текот на важноста на договотот можат да се променат, а носителот на набавката е должен да испорача електрична енергија до сите мерни места вклучуваќи и нови кои ќе бидат пријавени од страна на Договорниот орган. 7.2.2 Начинот, рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која ќе содржи рок на испорака подолг од утврдениот во оваа точка и/или начин и место на испорака поинакви од оние утврдени во оваа точка ќе треба да се смета за неприфатлива и како таква ќе треба да биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите-предмет на договорот според описот наведен во техничката спецификација од тендерската документација и на следнава локација: Царинска управа на Република Македонија, Сектор за ИКТ, ул.,,Лазар Личеноски‘‘, број 13, 1000 Скопје. Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите во временски период од 12 (дванаесет) месеци од денот на склучување на договорот, и тоа: - Превентивното одржување на ИИС системот и неговите компоненти треба да се извршува задолжително еднаш неделно но може и повеќе пати ако има потреба во решавање на некој проблем, во редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот (понеделник до петок), освен за време на национални празници или неработните денови во Република Македонија.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 45 дена, сметано од денот на склучување на договорот, на следната локација: Царинска управа на Република Македонија, ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје. 7.2.2 Рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која ќе содржи рок на испорака подолг од утврдениот во оваа точка и/или начин и место на испорака поинакви од оние утврдени во оваа точка ќе треба да се смета за неприфатлива и како таква ќе треба да биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

Related to Начин, рок и место на извршување на услуги

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .