Начин, рок и место на испорака Примери за клаузули

Начин, рок и место на испорака. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги испорачува стоките- предмет на договорот навремено и квалитетно согласно барањата наведени во техничката спецификација и неговата понуда со доставените мостри од готов производ за секој дел пооделно, и тоа: - Во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на склучување на договорот до договорниот орган Носителот на набавката треба да достави по еден конфекциски број од секој поединечен дел од облеката, како и по еден пар од летните и зимските обувки од сите броеви заради дефинирање на конечниот број на конфекциски броеви на деловите од униформата и броевите (големините) на обувките. - Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договор во рок од 2 (два) месеци од денот на прием на писмената нарачка (со детални податоци ) од страна на назначеното овластено лице од страна на Царинска управа ф-ко централен магацин на Царинска управа, ул. ,,Лазар Личеноски” бр.13, Скопје За изработка на поло маиците и џемперите рокот почнува да тече од денот на прием на амблемите и чиновите од страна на избраните најповолни понудувачи, кои ќе бидат испорачани од страна на Царинската управа. При испорака на деловите на униформата на секој нејзин составен дел треба биде сошиена декларација за одржување на истата. 7.2.2 Начинот, рокот и местото на извршување на услугите се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на извршување на услугите поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на испорака. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги испорачува стоките - предмет на овој Договор во исправна состојба и согласно утврдениот квалитет на стоките наведен во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда. Испораката на стоките–предмет на договорот ќе се врши сукцесивно, согласно потребите на Договорниот орган. Носителот на набавката е должен да ги испрачува стоките-предмет на договорот во рок од 5 (пет) работни дена сметано од денот на прием на писмена нарачка или нарачка по електронска пошта (е-маил) од страна на овластено лице на Договорниот орган, во која ќе ќе бидат содржани видот и количината на канцеларискиот материјал, а на следната локација: Царинска управа на Република Македонија на ул. ,,Лазар Личеноски‘‘ бр.13 Скопје - Централен магацин на Царинска управа. 7.2.2 Начинот, рокот и местото на испорака на стоките се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на испорака поинакви од тие утврдени во техничката спецификација ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на Комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на испорака. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките - предмет на договорот во рок од 45 (четириесет и пет) дена, сметано од денот на потпишување на Договорот од страна на двете договорни страни, на следната адреса: ,,Царинска управа на Република Македонија, ул. Лазар Личеноски‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.2.2 Начинот, рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која ќе содржи рок на испорака подолг од утврдениот во оваа точка и/или начин и место на испорака поинакви од оние утврдени во оваа точка ќе треба да се смета за неприфатлива и како таква ќе треба да биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки. 7.2.3 Носителот на набавката е должен да ја достави стоката која е предмет на Договорот според описот наведен во техничката спецификација од тендерската документација на следнава локација: Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски‘‘, број 13, 1000 Скопје.
Начин, рок и место на испорака. Носителот на набавката се обврзува да ги испорача стоките и да ги изврши услугите со нив поврзани - предмет на Договорот совесно, квалитетно и навремено, на начин и во рокови согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација од тендерската документација, како и неговата понуда поднесена преку ЕСЈН за ДЕЛ . Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките и да ги реализира услугите со нив поврзани–предмет на договорот во просториите на Царинска управа на Р. Македонија на ул.,,Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, во следните рокови: - За ДЕЛ 1, рокот на испорака на стоките е 45 дена од потпишување на договорот, додека рокот на реализација на услугите е 9 месеци од денот на потпишување на договорот. - За ДЕЛ 2, ДЕЛ 3 и ДЕЛ 4 од предметната набавка, рокот на испорака на стоките е 45 дена од потпишување на договор. Носителот на набавката е должен да ги испорача и Гарантните листови заедно со испораката на стоките –предмет на договорот.
Начин, рок и место на испорака. Носителот на набавката е должен стоката предмет на договорот да ја испорача на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации. Носителот на набавката е должен стоката предмет на договорот да ја испорача во рок од 60 (шеесет) дена од денот на потпишување на договорот од двете договорни страни, со документ (испратница), на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010), во магацинот во Дирекцијата на АД МЕПСО на ул. Максим Горки бр.4, Скопје. Договорниот орган, во присуство на овластено лице на Носителот на набавката, во моментот на испораката на стоката врши квантитативен и квалитативен прием. За извршениот прием се изготвува Записник за квантитативен и квалитативен прием на испорачана стока, кој треба да биде потпишан од овластените лица на двете договорни страни. Договорниот орган ги задолжува и овластува лицата реализацијата на овој договор. и да ја следат
Начин, рок и место на испорака. Носителот на набавката е должен да ги испорача возилата- предмет на договорот најдоцна во рок од 90 (деведесет) дена од денот на потпишувањето на договорот, на следната локација: во објектот на Царинската Управа на улица Лазар Личеновски број 13, Скопје. При испораката на возилата, Носителот на набавката е должен да достави: − Потврда за сообразност со која потврдува дека возилата се сообразени со сите регулативни акти во моментот на нивното пуштање на пазар во нашата земја, − Упатство за употреба на возилата, − Сервисна книшка за редовно сервисирање на возилото, или изјава дека возилото има дигитална сервисна кншка, и − Гаранција за возилото. Возилата треба да бидат испорачани со сите потребни документи за регистрација. За извршената испорака се врши квалитативен прием при што двете договорни страни потпишуваат документ - испратница и/или записник.
Начин, рок и место на испорака. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува работите – предмет на договорот, согласно наведеното во Техничката спецификација од тендерската документација. 7.2.2 Носителот на набавката е должен припремните работи како и работите на санација на асфалните површини со БНС 22 и АБ 16, да ги заврши во рок од 30 дена од денот на воведување во работа, додека припремните работи и работите на крпење на делови од асфалтните површини со АБ 16 треба да бидат завршени во рок од две недели од воведувањето во работа. 7.2.3 Начинот, рокот и местото на извршување на предметот на договорот се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на испорака поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на испорака. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот, согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација од тендерската документација и прифатената понуда, на следната локација: во Скопје на ул. Архимедова, бр.5, Одделение за царинска лабораторија. 7.2.2 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во следните рокови: • Опремата да ја испорача најдоцна во рок од 3 (три) месеци од денот на потпишувањето на договорот, • Целиот потрошен материјал, референтни стандарди, додатоци и библиотеки да ги испорача заедно со испораката на соодветната опрема, • Компјутер (десктоп или лаптоп) за управување на инструментот, со инсталирани и лиценцирани (со неограничено времетраење на лиценцата) оперативен систем и софтвер за управување, за квалитативна и квантитативна анализа на примероците, со можност за самостојно тестирање на исправност на инструментот, снимање, создавање на библиотеки и пребарување на библиотеки и ласерски печатач да се испорачаат заедно со испораката на опремата . • Упатства за работа на англиски и македонски јазик да се достават заедно со испораката на опремата, • Инсталацијата на опремата да ја изврши во рок од 5 (пет) работни дена по приемот на опремата, • Обуката за инсталираната опрема да се одржи во рок од 20 (дваесет) работни дена од инсталацијата на опремата, во просториите на Одделение за царинска лабораторија и • Сертификати за извршена обука да се достават во рок од 5 работни дена по завршувањето на обуката . 7.2.3 Начинот, рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која ќе содржи рок на испорака подолг од утврдениот во оваа точка и/или начин и место на испорака поинакви од оние утврдени во оваа точка ќе треба да се смета за неприфатлива и како таква ќе треба да биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Начин, рок и место на испорака. Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот, согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација од тендерската документација и прифатената понуда, а на следната локација: во Скопје на ул. Архимедова број 5, Одделение за царинска лабораторија.
Начин, рок и место на испорака. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорачува предметот на договорот сукцесивно, во исправна состојба, навремено и квалитетно согласно описот наведен во техничката спецификација, на следниов начин: 7.2.2 Начинот, рокот и местото на испорака се задолжителни. Секоја понуда која содржи начин, рок и место на испорака поинакови од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.