Обработка на лични податоци Примери за клаузули

Обработка на лични податоци. 1. Заради усогласување на сопственото работење со позитивните прописи, како и заради остварување на правата и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување, Осигурителот е должен да обработува лични податоци. Обработката на лични податоци од страна на Осигурителот се извршува согласно начелата за обработка на лични податоци предвидени во позитивните прописи, со примена на соодветни мерки за безбедност на обработката на податоците. 2. На официјалната интернет страница на Осигурителот, во делот на интернет страницата кој се однесува на лични податоци, сите заинтересирани страни можат да ги пронајдат следните информации кои се однесуваат на обработката на лични податоци од страна на Осигурителот: (1) идентитет и контакт информации, (2) контакт информации за офицерот за заштита на лични податоци, (3) целите на обработката и правниот основ за обработката на личните податоци, (4) легитимните интереси за обработка на лични податоци, (5) корисниците и категориите на корисници на лични податоци, (6) пренос на лични податоци во трета земја или меѓународна организација, (7) временскиот период за кој се чуваат личните податоци, и (8) правата на субјектите на личните податоци.
Обработка на лични податоци. Ако дадовте согласност, сите Ваши лични податоци можат да се користат и за директен маркетинг, во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци (Закон за заштита на лични податоци ЗЗЛП-1) и други обврзувачки национални правни акти и акти на Европската унија (Општа регулатива за заштита на личните податоци GDPR). ЈУБ непосредно извршува маркетинг главно заради: • редовни новости, за испраќање понуди, промотивен материјал, списанија и покани за настани; • обезбедување на информации за наградни игри организирани од ЈУБ или организирани од друго правно лице во соработка со ЈУБ; • создавање прилагодливи понуди врз основа на Вашите изразени интереси; • Непосреден маркетинг може да се изврши преку сите комуникациски канали: преку редовна и електронска пошта, кратки СМС и ММС пораки, телефон (фиксни и мобилни) Фејсбук и други социјални мрежи. Ние ќе Ве известиме само преку каналите за комуникација за кои ни дадовте согласност. Личните податоци ги обработуваме и за целите на разни внатрешни истражувања, или анализи поврзани со утврдување на успехот на индивидуална маркетинг кампања. Ние ги користиме резултатите од ова истражување за да ги подобриме нашите процеси, снабдувањето со добра и услуги со цел поголем успех
Обработка на лични податоци. (1) Договорувачот на осигурувањето – физичко лице, односно осигуреникот е согласен АД Осигурителна полиса Скопје, согласно прописите што го регулираат осигурувањето, правата на потрошувачите и заштитата на личните податоци, да ги обработува неговите лични податоци со цел склучување на Договор/Xxxxxx за осигурување од автомобилска одговорност и реализирање на осигурувањето. (2) Договарачот на осигурување/осигуреникот е согласен АД Осигурителна полиса Скопје и неговиот договорен обработувач на личните податоци, во согласност со прописите што ја регулираат заштитата на личните податоци, да ги обработува неговите лични податоци само за потребите за спроведување на осигурувањето. (3) Договорувачот на осигурување/осигуреникот може дозволата од претходните ставови на овој член во секој момент бесплатно, трајно или привремено да ја отповика со писмено барање пратено на адреса на АД Осигурителна полиса Скопје. (4) Личните податоци на Договорувачот на осигурувањето/осигуреникот АД Осигурителна полиса Скопје може да ги користи за цели на директен маркетинг само доколку за тоа е добиена изречна согласност од Договорувачот на осигурувањето/осигуреникот. (5) Договорувачот на осигурување со прифаќање на оваа Xxxxxxxx ја дава својата согласност за обработка на неговата електронска адреса заради склучување на Договор/Полиса за осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет. (6) АД Осигурителна полиса Скопје, во својство на контролор на збирки на лични податоци, ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на личните податоци во согласност со законските и подзаконските акти, како и во согласност со интерните акти и процедури. (7) Податоците поврзани со платежна картичка и со сметката во банка се внесуваат директно на интернет страницата, која ја обезбедува банката за реализација на плаќањата и тие не се достапни, ниту видливи за АД Осигурителна полиса Скопје. АД Осигурителна полиса Скопје не ги обработува, ниту има пристап до личните податоци поврзани со платежна картичка, или со банкарска сметка.
Обработка на лични податоци а) По завршувањето на регистрацијата на профилот, членот на клубот потврдува дека е запознаен со Општите услови на клубот Бебе центар и ги прифаќа во целост. Тој дозволува Babycenter да ги обработува неговите лични податоци (име, презиме, адреса, тел.број, е-пошта, информации за името, презимето и датумот на раѓање на децата) за да ме информираат за новостите за бизнисот и понудата на Babycenter, за директен маркетинг, за решавање на какви било проблеми пред и по завршување со купување, поплаки и анкети. Babycenter ги користи собраните лични податоци и податоци при купување за да ги анализира и проучи навиките за купување и спроведувањето на насочен маркетинг со цел да се оправда со нови прилагодени понуди и поволности. Член на клубот исто така може да се согласи да биде информиран за новиот бизнис и понудата на Babycenter. Со согласност, членот има право да добива понуди и поволности, кои може да ги добива по пошта, е-пошта или по телефон во форма на повици или СМС / ММС пораки. Со потпишување, тој / таа потврдува дека е свесен дека може во секое време да ја отповика оваа изјава и може да побара од контролорот за лични податоци да престане да ги обработува горенаведените податоци или да се отпише од примање на промотивни известувања. б) По завршувањето на регистрацијата на профилот, членот на клубот потврдува дека дадените информации се вистинити и точни и му овозможува на Babycenter како издавач на картичката да ги провери информациите и електронски да ги обработи. в) Аполо МК д.о.о.е.л. како контролор на личните податоци на сите лични податоци или обработува и штити преку договорен обработувач на лични податоци во согласност со законот за заштита на личните податоци. г) Член на клубот дозволува да неговите лични податоци (име, презиме, адреса, тел.број, е-пошта, податоци за името, презимето и датумот на раѓање на децата) и останат во компјутерската база на податоци на операторот, т.е. во седиштето на компанијата Аполо МК д.о.о.е.л., Киро Глигоров 13, Скопје 1000, Северна Македонија.
Обработка на лични податоци. 16.1. Кога извршувањето на набавката која било обврска, којашто произлегува од нарачката или надзорот на извршувањето на нарачката, вклучува обработка на лични податоци, се применуваат Уредбата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и Совет од 27 април 2016 год. за заштита на лицата при обработката на личните податоци и за слободен проток на такви податоци и за поништување на Директивата 95/46/ЕЗ (во продолжение: Општа уредба за заштита на податоците) и националните прописи од областа на заштитата на личните податоци, коишто важат за нарачателот. Изведувачот се обврзува дека при извршувањето на набавките во целост ќе ги почитува одредбите на Општата уредба за заштита на податоците и националните прописи од областа на заштитата на личните податоци, коишто важат за нарачателот, без оглед на тоа дали со личните податоци ќе се запознае при непосредното вршење на услугите или испораката на стоките на локацијата на контролорот или обработувачот, при надзор на спроведувањето на одредбите на одделна нарачка, преку писмена документација или на некој друг начин. 16.2. Изведувачот во случај на обработка на лични податоци за нарачателот е обврзува дека: a. ќе ги обработува личните податоци само според документарните упатства на нарачателот, вклучувајќи и во врска со преносите на лични податоци во трета држава или меѓународна организација, освен ако обработката од него ја наложува правото на Европската унија или држава членка, коешто важи за неа; во последниот случај изведувачот за тоа правно барање пред обработката на податоците ќе го извести нарачателот, освен ако предметното право забранува такво известување врз основа на значајни причини во јавен интерес; б. ќе обезбеди лицата, коишто се овластени за обработка на личните податоци, да имаат обврска за доверливост или таа обврска да произлегува од соодветен закон; в. ќе ги преземе сите мерки, потребни во согласност со член 32 од Општата уредба за заштита на податоци, при што ќе го извести нарачателот кои мерки ги обезбедува; г. нема да вработи друг обработувач без претходна посебна или генерална писмена дозвола на нарачателот. Во случај на генерална писмена дозвола, изведувачот ќе го извести нарачателот за сите промени што има намера да ги изврши во врска со вработување на дополнителни обработувачи или нивна замена, со што ќе му овозможи на нарачателот да им се спротивстави на тие промени; кога изведувачот ќе задолжи друг обработувач за вршење на специфични активности на обработка во име на нарачателот, за тој друг об...

Related to Обработка на лични податоци

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Посебни услови Образование: правни науки , одбрана или безбедност - Стручни квалификации: ниво на квалификација VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен - Работно искуство: со или без работно искуство

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

  • Набавки од мала вредност Набавки од мала вредност

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот:

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Правниекономскифинансиски И Технички Информации IV.1)Гаранции и авансно плаќање IV.1.1)Изјава за независна понуда:Да IV.1.2)Гаранција на понудата:Не IV.1.3)Изјава за сериозност:Да IV.1.4)Гаранција за квалитетно извршување на договорот:Да [10,00%] IV.1.5)Авансно плаќање:Не IV.1.6)Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда):Не IV.2)Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1)За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2)Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3)Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4)Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5)Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6)Стандарди за управување со животна средина: