ОПИС НА ПРОЕКТОТ Примери за клаузули

ОПИС НА ПРОЕКТОТ. Име на проектот: Проект на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите
ОПИС НА ПРОЕКТОТ. Имплементатор на проектот: COSV - Comitato di coordinamento delle Organizzazioni per il Servizio Volontario. Партнер на проектот: Фондација РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА АГЕНЦИЈА НА ПЕЛАГОНИЈА – ПРЕДА. Наслов на проектот: Поддршка на жените Роми за пристапување на пазарот на трудот во Република Македонија. Главна цел на проектот: Унапредување на интеграцијата на жените од малцинските етнички заедници на пазарот на трудот во Р. Македонија.
ОПИС НА ПРОЕКТОТ. СПРОВЕДУВАЧ ДОНАТОР
ОПИС НА ПРОЕКТОТ. Република Македонија со својата географска поставеност во срцето на Балканскиот Полуостров претставува природна крстосница помеѓу Северна, Централна и Јужна Европа, како и помеѓу Средоземното Море и Источна Европа, Азија и Русија. Во овој дел од светот, железничката пруга игра важна историска улога. Железничкиот Коридор Исток‐Запад кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија, инаку познат како Xxxxxxx XXXX, беше дефиниран на Пан‐европска конференција што се одржа во Хелсинки. Со новодонесените европски документи за транспортната стратегија, изградбата и оперативноста на железничкиот Коридор VIII се идентификува како составен дел од еден од петте нови Европски транснационални оски. Исто така, коридорот VIII има многу важна улога за Република Македонија, особено поради влијанието врз економскиот и општествениот развој на земјата. Реконструкцијата на веќе изградените делови на железницата и изградбата на деловите кои недостасуваат од железничкиот Коридор VIII претставуваат висок владин приоритет и тоа е истакнато во рамките на Националната стратегија за транспорт, донесена во 2009 година. Слика 1 Рута на Коридорот VIII и интерконекција со други коридори Железничкиот Коридор VIII, кој поминува низ територијата на Република Македонија, има два недовршени дела: првиот, западниот дел, во правец на Република Албанија, и вториот, источниот дел, кој преку тунел се поврзува со Република Бугарија. Вкупната должина на двата дела изнесува 312 км. Република Македонија, како чекор напред кон аплицирањето за финансиски средства, ја иницира подготовката на физибилити студии за деловите на коридорот кои недостигаат во рамките на македонската територија.
ОПИС НА ПРОЕКТОТ. ◼ Опис на проектното подрачје (површина и користење на земјиштето) Проектното подрачје е лоцирано во планински, ридско-планински и рамничарски терен. Најголем дел од проектното подрачје има природен изглед, но е деградирано на одредени места. Лоцирано е во границите на општините Пробиштип и Кратово. Бројни антропогени објекти поврзани со користење на земјоделското земјиште во руралните области се наоѓаат на проектното подрачје, особено долж системите за наводнување. Населени места во проектното подрачје се: Којково, Јамиште, Зелен град, Злетово, Ратавица, Неокази, Пишица, Бучиште, Пертишино, Дренок, Стрмош, Зарапинци, Лезово, Гујновци, Гајранци, Куково, Пуздерци, Трооло, Стришовце, Петришино, Кратово, Коњух, Вакаф, Амбар Маала, Сакулица, Шопско Рударе, Туралево и Близанци. Проектното подрачје е поврзано со следните главни патишта: Злетово-Штип, Пробиштип-Штип, Пробиштип-Кратово, Злетово-Брана Кнежево и други локални патишта, кои го поврзуваат населените места. Дел од проектното подрачје е лесно достапно, но има места каде пристапот е многу тежок и бара проширување, реконструкција или изградба на нови патишта. Во проектното подрачје се наоѓаат следните реки: Злетовска Река, Емеричка Река, Венеричка Река, река Киселица, река Белошица (Лезовска), Врлеј, Повишница, Будин Дол, Крива Река, Анска Река, Угрин Дол, река Бела Вода и други извори. Главните цевки за наводнување на Горната и Долната Зона на системот за наводнување во општина Пробиштип и изградбата на хидроелектрични централи ќе бидат сместени на планината Осогово, што се карактеризира со специфични пејзажни вредности. Планинските и ридско-планинските терени на проектното подрачје се покриени со високостеблеста и ниско стеблеста шумска вегетација, особено долж реките Злетовска, Емеричка и Венечка во општината Пробиштип, почнувајќи низводно од акумулацијата Кнежево до селото Злетово и високостеблеста и ниско стеблеста шумска вегетација, на некои места деградирана рудерална вегетација, во другите делови во проектното подрачје во двете општини. Планинските делови главно се користат за пасење на добитокот. Разновидниот терен во проектното подрачје нуди можности за различни земјоделски активности. Ридските и рамните пејзажни области главно се користат за земјоделски цели или се необработено земјиште. Долните делови до реките Крива Река (Кратово) и Злетовска Река (Пробиштип) се доста плодни. Земјоделското земјиште е застапено со обработливо земјиште, овоштарници и лозови насади, како и напуштени полиња и лива...
ОПИС НА ПРОЕКТОТ. Проектираното е поделено на три делници: Делница 1: Куманово до Бељаковце – се однесува на првите 30,764 km од линијата којашто претходно била оперативна. Делницата започнува на 0,400км на северниот крај од станицата Куманово. На оваа делница потребна е реконструкција. Делница 2: Бељаковце до Крива Паланка – средната делница на постројката води од 31,164 км 65,091км непосредно пред градот Крива Паланка. Во оваа делница, околу една третина од сите градежни работи се завршени. Делница 3: Крива Паланка до бугарска граница – последната делница се протега од 65,091км до границата со Бугарија, во Деве Баир, на 88,514км. Оваа делница треба да се изгради отпочеток. Слика 1 подолу ги илустрира трите делници од целиот проект: Слика 1 Делници од проектот „Железнички коридор VIII ‐ Источна делница”
ОПИС НА ПРОЕКТОТ. Се предлага да се изгради ПСОВ за град Радовиш и приградските населби за опслужување на проектираното население, односно за предвидени 25 000 еквивалент жители, за комерцијалните,административните и индустриските оптоварувања од градот и приградските населби. Во проектот се опфатени постројки за третман на отпадната мил што ќе сесоздава со технолошкиот процес во ПСОВ. ПСОВ ќе биде изградена во согласност со важечките прописи на ЕУ и на македонското законодавство, вклучувајќи ја и Директивата на ЕУ за третман на урбани отпадни води (91/271/EEЗ).
ОПИС НА ПРОЕКТОТ. Референца на проектот: LD 2172 (2023) Заемопримачот: РБСМ АД Скопје
ОПИС НА ПРОЕКТОТ. Предложените работи по делница се резимирани подолу: • Шините од постојната пруга ќе бидат целосно обновени, на пругата повторно ќе се насипе подлога од баласт и пак ќе се израмни; • Кај станицата Шупли Камен, пругата ќе се демонтира и ќе се замени; • Постојното тесно грло на северниот дел од станицата Куманово ќе биде отстрането; • Постојните армирано‐бетонски мостови по должината на оваа делница ќе бидат реновирани; • Постојните надвозници по должината на оваа делница ќе бидат опремени со заштита од електричен шок и земни проводници; • Безбаластниот челичен мост кај Лопате ќе биде заменет со нов; • Оштетениот железнички мост над реката Пчиња ќе биде заменет со нов мост поставен спротиводно; • Постојните 17 патни премини во ниво на оваа делница ќе бидат заменети со 8 над/подвозници; и • Нема потреба од ископ за Делницата 1, па како резултат на тоа не се очекува вишок почва и камења. Мешаниот отпад што ќе се создаде при изградбата повторно ќе се употреби. • Изградба и завршување на земјени работи и одвод; • Завршување на 25 мостови и изградба на 11 нови мостови, вклучувајќи и мост со долг распон во предниот дел на планираната брана Вакуф; • Завршување на 10 тунели и изградба на 4 нови тунели; • Монтирање 33,3 км главна пруга, 7,05 км станични колосеци и 28 скретници; • Изградба на потстаница во близина на Бељаковце; и • Во Делницата 2 ќе има рамнотежа помеѓу ископаната и повторно употребена почва и камења, па како резултат на тоа не се предвидува отстранување на вишок инертен материјал (отпад). • Изведба на земјени работи и одвод; • Изградба на 47 мостови и 22 тунели, вклучувајќи и обнова на граничен тунел долг 1,150 м на македонска територија; • Изведба на 23,5 км главна пруга, 4,3 км станични колосеци и 14 свртници; • Изградба на потстаница западно од Крива Паланка; и • За Делницата 3, иако ископаната почва и камења ќе бидат повторно употребени како градежен материјал колку што е можно, се проценува дека ќе има вишок почва и камења кои ќе треба да се отстранат во специјално направени неподвижни депонии. Исто така, отпад ќе се создаде и со рушењето на куќите и зградите. Вкупниот број планирани неподвижни депонии за Делницата 3 е

Related to ОПИС НА ПРОЕКТОТ

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.