Полно работно време Примери за клаузули

Полно работно време. Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно.
Полно работно време. Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно. Работната недела по правило трае 5 ( пет ) работни дена. Распоредувањето на работното време се врши со План кој го носи Директорот на претпријатието, според природата или организацијата на работата или потребите на корисниците на услуги. За одделни работни места на ниво на претпријатие може да се воведе и шестодневна работна недела, при што вкупното неделно работно време не може да биде подолго од 40 работни часа. На работните места каде процесот на работа трае непрекинато, работата се организира во смени. Работодавачот, ако тоа го бара природата на работата може да изврши и прераспределба на работното време на тој начин што вкупното работно време на работникот во просек да не биде подолго од полното работно време во текот на една недела во текот на календарската година, за што одлучува Директорот. Работодавачот е должен да води евиденција за полното работно време. Работодавачот со оглед дека има над 25 вработени, и процесот на работата се врши на повеќе локации, води електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа. Работодавачот води евидентен лист за присуство на работа на работниците со наведување на податоци за почетокот и завршетокот на работното време.
Полно работно време. Полното работно време не смее да биде подолго од 40 ча- са неделно.

Related to Полно работно време

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • ОПШТИ ОДРЕДБИ Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица - резиденти (во понатамошен текст: Рамковен договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи. Во рамки на овој Рамковен договор, Банката на барање на Корисникот може да отвoри една или повеќе платежни сметки во денари и/или во девизи (во понатамошен текст: платежна сметка) и/или може да овозможи користење на платежни услуги наведени во член 2 по отворена платежна сметка под услови и на начин утврдени во Општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) без склучување на посебни договори со Корисникот. Составен дел на овој Рамковен договор се следните документи (во понатамошен текст: Документација за рамковен договор): - Барање за отворање платежна сметка и други поединечни барања за користење на платежни услуги, - Општи услови, - Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопјe (во понатамошниот текст: Посебни општи услови) и други посебни општи услови за платежни услуги кои не се уредени со Општите услови , - Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица, - Извадок од важечката Одлука за Тарифата на надоместоци и провизии за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за Тарифа на надоместоци), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги, - Извадок од важечката Одлука за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за каматни стапки), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги. Со потпишување на овој Рамковен договор Xxxxxxxxxx потврдува дека бил информиран и запознаен пред склучување на истиот со неговата содржина, како и запознаен и согласен со придружната документацијата преку доставување на примерок од Документацијата за рамковен договор. Документацијата за рамковен договор е јавно објавена и достапна на веб страницата на Банката. На барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ја даде Документацијата за рамковен договор и во хартиена форма или на друг траен медиум. Корисникот е согласен со потпишување на Рамковниот договор Банката да врши промена во обемот и содржината на одделните видови на услуги и условите на деловна соработка регулирани со Рамковниот договор, Општите услови, Посебните општи услови, Одлуката за тарифата на надоместоци, Одлуката за каматни стапки, актите на Банката и останатите документи кои го регулираат работењето со платежната сметка и вршењето на платежните услуги, за што го известува Корисникот на начин утврден во Општи услови и Посебните општи услови.

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • ОУД Ангажирање на други изведувачи: Не се применува.

  • Општи Информации Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката. 6.3.2 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи: - податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште), - податоци за застапникот или полномошникот, - назив и седиште на договорниот орган, - број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка, - број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган, - податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган, - опис на фактичката состојба, - опис на неправилностите и образложение по истите, - предлог на докази, - жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и - потпис на овластено лице. 6.3.3 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката. 6.3.4 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена. 6.3.5 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до Договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата Договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот. 6.3.6 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност, - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност, - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомес- ток од 300 евра во денарска противвредност или - над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност. 6.3.7 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи V.2) Услови за доставување на понудите V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 10.05.2019 во 12:00 часот V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 04.05.2019 15:30 V.3) Период на важност на понудата: 90 денови V.4) Услови за отворање на понудите Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите 10.05.2019 во 12:00 Место: скопје V.5) Дополнителни информации V.6) Датум на објава: 26.03.2019