ПРЕДУСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ДОГОВОРНИОТ ОРГАН Примери за клаузули

ПРЕДУСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ДОГОВОРНИОТ ОРГАН. Со цел успешна реализација на предметот на јавната набавка, Договорниот орган ќе го овозможи следното: o Во рок од 5 (пет) работни дена од склучување на Договорoт, Договорниот орган ќе назначи контакт лице/лица и за истото ќе го извести Носителот на набавката. Назначеното контакт лице/лица ќе ја следи реализацијата на договорот и целокупната комуникација помеѓу Договорниот орган и Носителот на набавката ќе се одвива преку него.
ПРЕДУСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ДОГОВОРНИОТ ОРГАН. Со цел успешна реализација на предметот на јавната набавка, Договорниот орган ќе го овозможи следното: - Во рок од 5 (пет) работни дена од склучување на Договорoт, Договорниот орган ќе назначи контакт лице/лица и за истото ќе го извести Носителот на набавката. Назначеното контакт лице/лица ќе ја следи реализацијата на договорот и целокупната комуникација помеѓу Договорниот орган и Носителот на набавката ќе се одвива преку него. - Миграцијата на софтверските апликации на ИКТ системите на новата инфраструктура, согласно точка 2.8 од спецификацијата, ќе се направи во рокот договорен во Акциониот план за реализација на активностите од Договорот.
ПРЕДУСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ДОГОВОРНИОТ ОРГАН. Со цел успешна реализација на предметот на јавната набавка, Договорниот орган ќе го овозможи следното:

Related to ПРЕДУСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ДОГОВОРНИОТ ОРГАН

  • Разлики во цена (корекција на цени) 7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка 1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. 1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx). 1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“. 1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган I.1.1) Назив на договорниот орган: Народна банка на Република Македонија I.1.2) Адреса: Xxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxx бр.1 I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000 I.1.4) Интернет адреса: I.1.5) Лице за контакт: Xxxx Xxxxxxxxx Адреса на е- пошта: xxxxxxxxxx@xxxx.xx Телефон/Факс: ++000 0 0000 000/ I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат На горната адреса I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 4 став 1 алинеја б) од Законот - Општи јавни услуги II.1) Предмет на договорот за јавна набавка: УСЛУГИ ЗА СЕРВИСРАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И ГОДИШНА ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА НА ЛИФТОВИТЕ II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 1.500.000,00 II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга број: 1 Услуги за одржување и поправка Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: Народна банка на Република Македонија со седиште на бул. „Кузман Xxxxxxxxxx Xxxx’ бр. 1 Скопје II.3) Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): Не II.4) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не II.5) Групна набавка: Не II.6) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: е даден во тендерската документација II.7) Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): Не II.8) Дали предметот на набавката е делив: Да Дел број Опис на делот за набавка

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.