Привремен принуден одмор Примери за клаузули

Привремен принуден одмор. На ниво на работодавач се уредуваат причините, условите и постапката за воведување на привремен принуден одмор.
Привремен принуден одмор. Член 67 Работоводниот орган, врз основа на изготвена Програма за надминување на потешкотии- те во работењето на претпријатието, претходно разгледана и усвоена од Синдикатот ги ут- врдува условите и околностите во кои може да се организира привремен принуден одмор. Во услови на целосно или делумно престанување на производниот процес на намалување на обемот на работа, економски тешкотии во определени организациони делови, односно делови на производниот процес на претпријатието, работниците од тие организациони делови односно производни процеси се упатуваат на привремен принуден одмор (во понатамошниот текст ППО). Под организационен дел во смисла на претходниот став се подразбираат погони, односно работни единици на јавното претпријатие. Под делови на производниот процес се подразбира заокружен дел на техничко-технолошкиот процес во погон (работна единица), односно заокружен дел од процесот на работа во стручните служби. Член 68 При определувањето на работниците кои се упатуваат на ППО мора да се обезбеди техничка сигурност и физичко-техничко обезбедување и одржување на објектите и постројките во организациониот дел во кој се организира ППО, да се обезбеди сигурноста на електроенергетскиот систем на претпријатието и квалитетот во работата на останатите организациони делови на претпријатието од процесот на производството. Член 69 Работоводниот орган го определува организациониот дел односно делот на производниот процес односно работата во кој се организира ППО и неговото времетраење. Врз основа на одлуката на работоводниот орган за организирање на ППО, одговорното лице на организациониот дел во кој се организира ППО изготвува план за спроведување на ППО, и со решение поединечно ги определува работниците кои се упатуваат на ППО, како и времетраењето на одморот. Приговорот поднесен против решението за упатување на работникот на ППО не го задржува извршувањето на решението. Планот за спроведување на ППО содржи: број на работници кои се упатуваат на ППО, времетраењето на ППО поединечно за секој работник, бројот на работници кои останува- ат на работа, работите кои се извршуваат од работниците кои не се упатени на ППО зара- ди обезбедување на работите од претходниот член од овој Договор, можности за наизме- нично упатување на работниците на ППО, очекуваните економско-финансиски ефекти од организирањето на ППО и други прашања значајни за неговото организирање. По престанувањето на причините поради кои бил организиран ППО работоводниот орган со Одлука утврдува дека п...
Привремен принуден одмор. Во услови и околности на целосно или делумно престанување на производниот процес од деловни причини или намалување на обемот на работата во одредени организациски делови, односно работа кај работодавачот, работниците од тие организациски делови се упатуваат на привремен принуден одмор (во понатамошниот текст ППО). Синдикалниот претставник не може да биде упатен на ППО.
Привремен принуден одмор. Член 39 Со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач се уредуваат причините, условите и постапката за воведување на привремен принуден одмор.
Привремен принуден одмор. Во услови на целосно или делумно престанување на процесот на работата, намалување на обемот на работата или економски тешкотии кај работодавачот, организационен дел на работодавачот или дел на процесот на работата, може да се воведе принуден привремен одмор (во натамошен текст: ППО). ППО се воведува со одлука на работодавачот врз основа на изготвена програма за надминување на тешкотиите во работењето по претходно информирање на Синдикатот. Програмата за надминување на тешкотиите во работењето на работодавачот претходно ја разгледува и по неа се изјаснува Синдикатот.
Привремен принуден одмор. Со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач се уредуваат причините, условите и постапката за воведување на привремен принуден одмор.

Related to Привремен принуден одмор

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.