Раскинување на договорот од страна на Македонски Телеком Македонски Телеком може да го раскине Договорот, особено. поради повреда и/или неисполнување на обврските на претплатникот предвидени со Договорот или Општите услови. • доколку јавната комуникациска услуга се користи или е наменета да се користи за цел спротивна на условите од Договорот. • доколку претплатникот ја користи претплатничката линија и соодветните комуникациски услуги за давање на комуникациски услуги на трети корисници со одреден надомест, без претходно склучен соодветен договор со Македонски Телеком. • во случај на смрт на претплатникот, доколку линијата не е пренесена на друго лице во рок од 6 месеци. • со судска одлука за бришење од соодветенрегистар. • во случај на стечај или ликвидација или неликвидност на претплатникот, доколку правото за користење на услугата не е пренесено на друго лице во рок од 2 месеца. • во случај на користење и злоупотреба на услугите од страна на претплатникот за цел спротивна на Законот, прописите донесени врз основа на него и други закони и прописи, констатирани од страна на надлежен орган. • доколку Македонски Телеком не е во состојба да ги обезбедува услугите поради дејство на виша сила подолго од три месеци. Во случај на раскинување на овој Договор, сите финансиски обврски на претплатникот кон Македонски Телеком стасуваат веднаш. Во случај на раскинување на овој Договор поради задоцнето плаќање, претплатникот не може да склучи нов претплатнички договор пред целосно да ги намири своите финансиски обврски кон Македонски Телеком. Ако за претплатникот е отворена стечајна постапка или ликвидациона постапка, стечајниот управник или ликвидаторот е дожен да го извести Македонски Телеком за таквата постапка по пишан пат во рок од 30 дена од денот кога е отворена наведената постапка. Ако стечајниот управник или ликвидаторот во писменото известување побара промена на името (насловот) на претплатникот и пренос на претплатничкиот договор, Македонски Телеком ќе го пренесе претплатничкиот договор и ќе ги направи потребните промени во насловот на претплатникот.
Appears in 4 contracts
Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос