СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ Примери за клаузули

СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 132 Работникот има право на стручно оспособување и образование во зависност од процесот на работа кога тоа е во интерес на работодавачот. Работникот може стручно да се оспособува и образува доколку работодавачот го упати на стручно оспсобување и образование. Доколку стручното оспособување и образование е организирано во текот на работното време, работникот користи платено отсуство поради оспособување и образование. Програмата, времетраењето, правата и обврските на договорените страни во однос на образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците во врска со потребите на работодавачот се уредуваат со акт на работодавачот. Член 133 На работникот кој во интерес на работодавачот е упатен на стручно оспособување и образование, му се исплаќа редовно и соодветен износ на трошоците сврзани со тоа, како што се: − превоз; − котизација, школарина; − трошоци за исхрана и − трошоци за престој. Член 134 По завршувањето на стручното оспособување, преквалификација односно доквалификација, за потребите на работодавачот, работодавачот може да му понуди нов договор за вработување на работникот.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Програмата, времетраењето, правата и обврските на договорните страни во однос на образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците во врска со потребите на работодавачот, се уредуваат со колективен договор, односно акт на работодавачот.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Работникот има право на стручно оспособување и образование во зависност од процесот на работа кога тоа е во интерес на работодавачот. Работникот е должен стручно да се оспособува и образува доколку работодавачот го упати на стручно оспсобување и образование. Доколку стручното оспособување и образование е организирано во текот на работното време, работникот користи платено отсуство поради оспособување и об- разование. Програмата, времетраењето, правата и обврските на договорените страни во однос на образованието, дош- колувањето и оспособувањето на работниците во врска со потребите на работодавачот се уредуваат со колек- тивен договор на ниво на работодавачот.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Работникот има право и должност на постојано образование, дошколување и оспособување во согласност со потребите на работниот процес, со цел за одржување, односно унапредување на способноста за работа на работното место, како и зачувување на работното место. Образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците се врши под услови и на начин утврдени со програма за образование на работниците.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. (1) Работникот има право и должност на образование, дошколување, стручно оспособување и усовршување во зависност од процесот на работа. (2) Во согласност со потребите на установата, работодавачот има право да го упати работникот на образование, дошколување, оспособување или усовршување, а работникот има право и сам да се пријави. (3) Доколку образованието, дошколувањето, стручното оспособување и усовршување е организирано од страна на работодавачот, за време на работното време, времето поминато за тоа се смета во редовно работно време, така што работникот ги има истите права како да бил на работа.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 53 Работниците имаат право и должност да ги развиваат и усовршуваат работните и стручните способности во согласност со потребите на установата, врз основа на донесена програма за работа. Работникот е должен стручно да се оспособува и образува, доколку работодавачот го упати на стручно оспособување и образование. Доколку стручното оспособување и образование е организирано од страна на работодавачот за време на работното време, времето поминато за тоа се смета во редовно работно време, така што работникот ги има истите права како да бил на работа.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Работникот има право на образование кога тоа е во интерес на работодавецот и за сопствен интерес. Работникот е должен да се образува доколку работодавачот го упати на образование. Доколку образованието е организирано од страна на работодавачот во работно време, времето поминато на образование се смета во редовното работно време, така што работникот има исти права како да бил на работа. На работникот кој се оспособува во интерес на работодавачот и кој е упатен на образование му припаѓа надомест на трошоците сврзани со образованието: - превоз; - котизација и школарина; - трошоци за исхрана; - трошоци за престој. Меѓусебните права и обврски меѓу работникот упатен на образование и работодавачот се утврдуваат со посебен договор. Работодавачот е должен работникот кој е упатен на образование да го распореди на работно место согласно добиеното образование, во моментот (период) утврден со договорот. Доколку работодавачот не ги исполни обврските од договорот за образование, работникот е ослободен од своите обврски што произлегуваат од тој договор. Доколку работникот не ги исполни своите обврски од договорот должен е на работодавачот да му ги надомести сите трошоци сврзани со образованието.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 82 Програмата, времетраењето, правата и обврските на договорените страни во однос на образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците во врска со потребите на работодавачот се уредуваат со колективен договор , односно акт на работодавачот.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 85 Работникот има право на стручно оспособување и образование во зависност од процесот на работа кога тоа е во интерес на работодавачот. Работникот може стручно да се оспособува и образува доколку работодавачот го упати на стручно оспсобување и образование. Доколку стручното оспособување и образование е организирано во текот на работното време, работникот користи платено отсуство поради оспособување и образование. Програмата, времетраењето, правата и обврските на договорените страни во однос на образованието, дошколувањето и оспособувањето на работниците во врска со потребите на работодавачот се уредуваат со акт на работодавачот. На работникот кој во интерес на работодавачот е упатен на стручно оспособување и образование, му се исплаќа редовно и соодветен износ на трошоците сврзани со тоа, како што се: - превоз; - котизација, школарина; - трошоци за исхрана и - трошоци за престој. По завршувањето на стручното оспособување, преквалификација односно доквалификација, за потребите на работодавачот, работодавачот може да му понуди нов договор за вработување на работникот.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ. Член 55 Работникот има право и должност на стручно оспособување и образование во зависност од процесот на работа кога тоа е во интерес на работодавачот. Работникот е должен стручно да се оспособува и образува, доколку работодавачот го упати на стручно оспособување и усовршување. Доколку стручното оспособување и образование е организирано за време на работното време, работникот има исти права како да бил на работа. Обемот на работните денови наменети за стручното оспособување и образование се утврдува согласно должината и видот на стручното оспособување и образование. На работникот кој во интерес на работодавачот е упатен на стручно оспособување и образование, му припаѓа надомест на трошоците поврзани со тоа.