ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ Примери за клаузули

ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. Важноста на осигурителното покритие и обезбедувањето на услуги согласно овие услови за осигурување е на територија на Република Македонија.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. Осигурителното покритие важи на територијата на Република Македонија (домашен сообраќај) и за географското подрачје на Европа (меѓународен сообраќај) вклучувајќи го и европскиот дел на бившите држави на Советски сојуз.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. Територијата кај производот Home Assistance во рамките на овие Општи услови го подразбира само местото (адресата) на подрачјето на Република Северна Македонија, кое корисникот го назначил на Стопанска банка при склучувањето на договорот.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. Осигурителното покритие од автомобилска одговорност важи на територијата на Република Македонија.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. Осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) е просторно неограничено со исклучок на земји и територии каде се одвиваат воени дејствија или е извесно нивното започнување.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. [1] Со осигурувањето покриени се осигурените ризици дефинирани во член 5 став 1 алинеја 1 и 2 од овие Општи услови кои настанале на територијата на целиот свет. [2] Осигурениот ризик дефиниран во член 5 став 1 алинеја 3 од овие Општи услови е покриен само на територијата на Република Северна Македонија. [3] Во случај на осигурен случај престанок на работен однос, тој е покриен доколку осигуреникот остварил работен однос со работодавец кој е регистриран на територијата на Република Северна Македонија, вклучително и странските претставништва во Република Северна Македонија.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. Осигурените ризици од наведени во член 7 од овие Услови се покриени доколку настанале на територија на цел свет, освен ризикот привремена спреченост за работа (боледување) е со осигурително покритие исклучиво на територија на Р. С. Македонија. Во случај на престанок на работниот однос, истиот е покриен доколку Осигуреникот остварил работен однос кај работодавец регистриран во Р. С. Македонија, вклучувајќи ги и странските преставништва во Р. С. Македонија.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. Корисникот може да го користи производот Roadside Assistance Европа така што во случај на настапување на осигурен случај од членот 2 на овие Општи услови, корисникот остварува право на користење на услугите пропишани со членот 4 став 1 на овие Општи услови.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. [1] Осигурувањето важи само при вршење на регистрирани дејности во Република Северна Македонија, освен ако не е поинаку договорено.
ТЕРИТОРИЈАЛНО ПОКРИТИЕ. Осигурителното покритие од дополнително осигурување на возачот - корисникот на моторни возила важи на територијата на Р. С. Македонија, како и во земјите членки на Советот на Бироа за зелена карта.