Технички Опис Примери за клаузули

Технички Опис. Раставувачите треба да бидат „Centre-brake” тип, за надворешна монтажа, како што е наведено во „Технички карактеристики“. Раставувачите треба да се проектирани да ги издржат механичките напрегања во најнеповолна насока. Надворешните делови треба да се од материјал отпорен на корозија. Челичните делови треба да се од не`рѓосувачки челик или да се заштитени со топло поцинкување. Лежиштата пожелно е да се проектирани така да не ма потреба од нивно подмачкување. Таму каде ова барање не може да се исполни, лежиштата треба да имаат лесно достапни приклучоци за подмачкување. Деловите од раставувачот кои спроведуваат струја треба да се проектирани така да овозможат термографско испитување. Примарните приклучоци треба да се кружни (болцни) или плочи од алуминиум или од посребрен бакар. Доколку приклучоците се од бакар или легури на бакар тогаш тие треба да се посребрени со слој од најмалку 20 μm. Приклучоците кои се во облик на плоча треба да бидат со дупки Φ 14 mm за завртките на меѓусебно растојание од 50 mm. Раставувачите треба да имаат натписни таблички со единствен сериски број за секој пол и погонски механизам. Деловите што спроведуваат струја треба да имаат трајна ознака според полот на кој припаѓаат. Порцеланот за изолаторите треба да од најдобар квалитет, т.е да ги исполнува барањата za C130 наведени во МКС EN 60672-3:2010 со толеранции според МКС EN 60168:2010 или еквивалентни на нив стандарди. Поврзувањето на порцеланoт со металните делови да е изведено на начин и од материјал кој ќе гарантира трајна работа со висок квалитет во наведените временски услови и услови на загадување.
Технички Опис. Мерните трансформатори треба да се еднофазни, индуктивни, во маслена изведба, херметички затворени за надворешна монтажа. Внатрешната изолација треба да е вакуумски импрегнирана хартија во изолационо масло (инхибирано) и истото не смее да содржи PCB (polychlorinated biphenyl) и PCT (polycholrinated terphenyl). Изолационото масло треба да ги исполнува барањата според МКС EN 60296 (или еквивалентен). Мерните трансформатори треба да се со доверлив, без потреба за одржување, експанзионен систем. Изолаторите на мерните трансформатори треба да се од порцелан со квалитет С130. Сите метални делови на трансформаторите треба да се изработени од материјал отпорен на корозија или да се заштитени со квалитетна антикорозивна заштита (топло поцинкување и бојадисување). Сите надворешни завртки, навртки и подлошки треба да се од челик отпорен на корозија. На трансформаторите треба да бидат изведени вентили за испуштање на маслото и за земање примероци од истото. Нивото на масло во трансформаторите треба да биде видливо од земја. Секундарните гранки на напонскиот и струјниот дел на комбинираните мерни трансформатори треба да бидат изведени во посебни приклучни кутии. Приклучните кутии треба да се изведени со степен на заштита IP55. На приклучните кутии да бидат монтирани кабелски уводници. Трансформаторите траба да имаат приклучок за мерење Cx и tan δ. Мерните трансформатори треба да имаат можност да се транспортираат во хоризонтална положба. Примарните приклучоци треба да се плочи од алуминиум, со дупки за прицврстување според IEC стандард.
Технички Опис. Блок шема на дигиталниот терeстријален систем Конфигурација кај корисникот (телевизијата)
Технички Опис. Предметот на набавката се состои од следниот технички опис: Демонтажа на постоечките кровни елементи со димензии и количина кои се дадени во табелите во прилог, со одвоз на демонтираниот материјал до депонија, а на нивно место набавка, транспорт и монтажа на нови кровни елементи и целата потребна помошна опрема за кров, со квалитет по ИСО стандард, детално наведен во описот на позициите од техничката спецификација, со завршно поправање (крпење) на оштетувањата настанати при демонтажа на старите кровни елементи. Новите кровни елементи да бидат изработени во боја, нијанса од тон карта по избор на барателот. За вградените материјали да се достават сертификати, според техничките стандарди за квалитет ISO 9000, како и гаранции за вградените материјали, (монтажата на кровните елементи). Во приложената шема на кровот со скица и табеларно, се прикажани сите позиции со количина, димензии и локација на поставување, со напомена сите мерки да се земат на лице место по извршената демонтажа на постоечките кровни елементи. Во прилог исто така се дадени скици и пресеци на кровот од постоечката конструкција. Сите резервни делови кои се вградуваат мора да имаат ознака и сертификат. Во цената треба да се вклучени трошоците за испорака, трошоците за работна рака, вградување, монтажа и промена на истите. 1 Демонтажа на лимени опшивки од калкани со ширина од 15 см. со транспорт до депонија / отпад (по потреба, според оценка на надзорен орган на лице место) м1 28.00 2 Демонтажа на лимени опшивки од венец со ширина 15 см. со транспорт до депонија / отпад м1 128.00 3 Демонтажа на кровен покривач од ребрести плочи ONDULINE, утовар и транспорт до депонија (по потреба, на барање на Инвеститорот, според состојба на лице место) м2 977.00 4 Отворање на отвори 100/60 во оплатата од даски за увид во постоечка состојба и мерење парче 8.00 5 Демонтажа на громобранска лента пред отпочнување на работите и нејзина повторна монтажа после поставувањето на новиот лим, со повторна монтажа на 70% постоечки држачи и накрсни спојки, со повр-зување на постоечките вертикали м1 160.00 6 Набавка и монтажа на нови држачи на громобранска лента-стандардни парче 40.00 7 Набавка и монтажа на нови накрсни спојки на громобранска лента-стандардни парче 18.00 8 Набавка, транспорт и монтажа на поцинкована лента за громобран 30/4 мм м1 30.00 9 Набавка, транспорт и монтажа на рогови 10/12 на секои 200 см, по косина (од слеме до парапет кај скриен олук), врз постоечка кровна површина, над секоја втора кровна решетка,...
Технички Опис. Сигналните свери (топки) треба да бидат изработени согласно бараните карактеристики во Табела 1, да можат да се монтираат на заштитен громобрански проводник на далекувод. Да има поедноставна фиксна монтажа за заштитното громобранско јаже со специјални спојки. Сигналните предупредувачки свери потребно е да бидат изработени согласно важечките прописи и стандарди усвоени од меѓународните организации FAA и ICAO или поточно во Анексите со кој е опишано и стандардизирано обележувањето на надземни конструкции (далекуводни столбови, антенски столбови и сл.).
Технички Опис. Предупредувачките светилки наменети за обележување на далекуводни столбови потребно е да бидат изработени согласно важечките прописи и стандарди усвоени од меѓународните организации FAA и ICAO или поточно во Анексите со кој е опишано и стандардизирано обележувањето на надземни конструкции (далекуводни столбови, антенски столбови и сл.). Потребно е да бидат потполнио автономни односно да работат на соларна енергија со вграден или екстерен соларен панел кој ќе ја задоволи потрошувачката на електрична енергија со вградена процесорска единица за управување и полнење на батеријата. Потребно е да има вграден фотосензор за ноќен режим на работа кој ќе извршува автоматско вклучување и исклучување на светилката во ноќен и дневен режим на работа. Доколку производителот или економскиот оператор набави светилки со екстерен соларен панел потребно е истиот да биде изработен согласно приложените стандарди и да има лесен принцип на монтажа со соодветен држач за монтажа. Исто така со испорака на светилката да се испорача и соодветен држач за монтажа на столбот. По однос на зададените опсези на кој може да работи уредот прифатливи се и подобри опсези во кој ќе биде опфатен бараниот.
Технички Опис. На проект за реконструкција на спортска сала во општина Крушево
Технички Опис. Предметот на набавката се состои од следниот технички опис: Демонтажа на постоечките едноструки прозорски крила со оквири од браварија со димензии и количина кои се дадени во табелите во прилог, со одвоз на демонтираниот материјал до депонија, а на нивно место набавка, транспорт и монтажа на нови прозори со двоструки прозорски крила од ПВЦ, застаклени со термопан стакло, со венецијанер ролетни и целиот потребен оков, со квалитет детално наведен во описот на позициите од техничката спецификација, со завршно поправање (крпење) на оштетувањата настанати при демонтажа на старите прозорски крила. Новите прозорски крила да бидат изработени во бела боја, нијанса од RAL тон карта по избор на барателот, од петкоморен ПВЦ профил со ширина на профилот од минимум 70мм, појачан со поцинкувани челични прачки и со три гуми за дихтување, со коефициент на топлопроводливост на профилот, крилото и штокот Uf до 1,3 W/m2K, од минимум 45db звучна заштита, да бидат застаклени со термопан стакло М1 со бутил лента во пакет 4/16/4мм со звучна изолација од минимум 32db и коефициент на топлопроводливост на стаклото Ug=2,7 W/m2K. Во приложената шема на столарија за новите ПВЦ прозори, со скица и табеларно, се прикажани сите позиции по катови, со количина, димензии и локација на поставување на прозорски крила, начинот на отварање по хоризонтала, вертикала или отклоп, со напомена сите мерки да се земат на лице место по извршената демонтажа на постоечките прозори. Внатрешните ролетни да бидат изработени од тип венецијанер, ширина 16мм, во боја од RAL тон карта по избор на барателот, комплетирани со соодветни водилки за прицврстување.
Технички Опис. За Царинска управа под Кале, стара зграда на ул. Лазар Личеноски број 13 во Скопје Предметот на набавката се состои од следниот технички опис: Демонтажа на постоечките едноструки прозорски крила со оквири од алуминиум DURANODIC БРОНЗЕН со димензии 140х180см и 180х180см и количина од 15 парчиња, со одвоз на демонтираниот материјал до депонија, а на нивно место набавка, транспорт и монтажа на нови прозори со двоструки прозорски крила од алуминиум DURANODIC БРОНЗЕН, застаклени со термопан стакло, со венецијанер ролетни и целиот потребен оков, со квалитет идентичен на постоечкиот алуминиум, со завршно поправање (крпење) на оштетувањата настанати при демонтажа на старите прозорски крила и молерисување на оштетените делови. Начинот на отварање да биде по хоризонтала и отклоп, со напомена сите мерки да се земат на лице место по извршената демонтажа на постоечките прозори. Внатрешните ролетни да бидат изработени од тип венецијанер, ширина 16мм, во боја од RAL тон карта или еквивалент по избор на барателот, комплетирани со соодветни водилки за прицврстување.

Related to Технички Опис

  • ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ Прилог 1 – Образец на понуда Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата Прилог 4 – Изјава за докажување на способноста Прилог 5 – Модел на договор за јавна набавка

  • ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.

  • ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа: - тендерската документација, - техничките спецификации, и - понудата на Носителот на набавката. За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Набавки од мала вредност Набавки од мала вредност

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:

  • Клучен персонал Понудувачот мора да прикаже дека ќе има соодветно квалификуван (и во соодветен број) Клучен персонал, како што е прикажано во табелата подолу, кои се потребни за изведба на Договорот. Понудувачот ќе обезбеди детали за клучниот персонал и другите клучни лица кои Понудувачот смета дека се соодветни, заедно со нивните академски квалификации и работно искуство. Понудувачот ќе ги пополни релевантните обрасци дадени во Поглавје IV, Обрасци на понудата. Изведувачот ќе побара согласност од Работодавачот доколку треба да направи замена на клучниот персонал (Посебни услови на договорот 9.1).

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Информации од доверлив карактер 1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и истата да ја достави заедно со својата понуда. 1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер. 1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.