Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата (за секој дел пооделно)
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
/преку ЕСЈН – со е-аукција/
ЗА НАБАВКА НА Сигнализација и резервни делови за ноќна сигнализација на ДВ (по спецификација) – збирни потреби
Скопје, Ноември 2020 година
1
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност на Сигнализација и резервни делови за ноќна сигнализација на ДВ (по спецификација) – збирни потреби
Тендерската документација содржи:
1. Општи информации во врска со договорниот орган и предметот на набавка
2. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација
3. Подготовка на понудата
4. Поднесување и отворање на понудите
5. Евалуација на понудите
6. Склучување на договорот за јавна набавка или на рамковната спогодба
7. Право на жалба и завршување на постапката за јавна набавка
8. Технички спецификации
Прилог 1 – Образец на понуда
Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата (за секој дел пооделно)
Прилог 4 – Табели со технички карактеристики (за секој дел пооделно) Прилог 5 – Модел на договор за јавна набавка
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА
1. Договорен орган
1.1 Договориот орган е Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија
– Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, со седиште на адреса: ул. Максим Горки бр. 4, 1000 Скопје, телефон xx 000 (0) 0000 000, електронска адреса: xxxxxx@xxxxx.xxx.xx, интернет адреса: xxx.xxxxx.xxx.xx.
1.2 Лице за контакт кај договорниот орган е:
- за техничкиот дел:
- Xxxx Xxxxxxxxxxx + 000 (0) 0 000 000, е-mail xxxxx@xxxxx.xxx.xx
- Арди Хамза, тел +389 (72) 800 673 , е-mail xxxx.xxxxx@xxxxx.xxx.xx
- за комерцијалниот дел:
- Xxxx Xxxxxxxxx, тел + 000 (0) 0 000 000, e-mail xxxxx@xxxxx.xxx.xx
2. Предмет на набавка
2.1 Предмет на набавка е Набавка на сигнализација и резервни делови за ноќна сигнализација на ДВ (по спецификација) – збирни потреби.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
2.2 Предметот на набавка е делив на делови и тоа:
- Дел 1 – Набавка на предупредувачка сигнализација за ДВ,
- Дел 2 – Набавка на резервни делови за сигнални светилки.
Економскиот оператор може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на набавката. Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел.
3. Општи мерки за спречување на корупцијата
3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
4. Вид на постапка за јавна набавка
4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка Електронска аукција
5.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција на која ќе се добијат нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
5.1.2 За секој поединечен дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
5.1.3 Предмет на електронска аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.
5.1.4 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат, да достават нови цени или нови вредности за понудата кој е предмет на електронска аукција.
5.1.5 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
5.1.6 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
5.1.7 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку 4 (четири) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од 2 (два) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација и тоа најдоцна 4 (четири) дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.4 Алтернативна понуда
3.4.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.5 Цена на понудата
3.5.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
3.6 Корекција на цени
3.6.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.7 Рок, начин и место на испорака
3.7.1 Носителот на набавката е должен стоката предмет на договорот да ја испорача на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации.
3.7.2 Носителот на набавката е должен стоката предмет на договорот да ја испорача во рок од 60 (шеесет) дена од потпишување на договор за опремата со средства предвидени од 2020 година. Испорака на стоката со средства предвидени од 2021 година до 60 (шеесет) дена од доставена нарачка во 2021 година. Начин на испорака е согласно условите и барањата од техничките спецификации со документ (испратница), на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во Централен магацин на АД МЕПСО во ТС Скопје 1, на ул. Марко Крале бр.142, населба Бутел, Скопје.
3.7.3 Договорниот орган, во присуство на овластено лице на Носителот на набавката, во моментот на испораката на стоката врши квантитативен и квалитативен прием. За извршениот прием се изготвува Записник за квантитативен и квалитативен прием кој треба да биде потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
3.7.4 Рокот, начинот и местото на испорака се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков рок, начин и место на испорака ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.8 Начин и рок на плаќање
3.8.1 Начинот на плаќање ќе биде вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), за секоја посебна целосна испорака на стоката (по години), во рок 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на договорниот орган придружена со примерок од испратница и записник за квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
3.8.2 Начинот и рокот на плаќање се задолжителни. Сите понуди кои предвидуваат поинаков начин и рок на плаќање од предвидениот ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10 Средства за обезбедување
3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.
[доколку цената на понудата се искажува во евра курсната листа што ќе се користи за евалуације е онаа на Народната банка на Република Македонија, а курсот за размена е оној што важел 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите].
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
[доколку предметот на набавка е поделен во делови, цената на понудата се изразува посебно за оној дел за кој се поднесува понудата].
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.9.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2021 година до 12.00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
− Образец на понуда (Прилог 1),
− Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат (Прилог 2),
− Документ за регистрирана дејност,
− Изјава за сериозност на понудата, за секој дел пооделно (Прилог 3),
− Пополнети табели со технички карактеристики, за секој дел пооделно (Прилог 4),
− Документација побарана во точка Г од техничките спецификации од тендерската документација,
− Модел на договор за јавна набавка (Прилог 5).
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 28.01.2021 година во 12.00 часот во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр. 4, Скопје, III кат.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2.2 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на: цената.
5.3.2 За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член
101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од 5 (пет) дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на стоките што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.4.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5 Заштита на податоци
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки исправка се врши на следниот начин:
1) кадешто има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
2) доколку има неусогласености помеѓу единичната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единичната цена и количината, во тој случај преовладува единичната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единичната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единичната цена ќе се коригира;
3) доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира и
4) во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
5.7 Поништување на постапката
5.7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од 3 (три) дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата на ЕСЈН.
6.1.4 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на договорот или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.3.3 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.3.4 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
6.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка
6.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативна референца.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот .
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
6.5.1 Во текот на реализацијата на договорот може да дојде до негово менување согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од 5 (пет) дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
5. Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
8. Технички спецификации
А. Предмет на набавката:
- Набавка на сигнализација и резервни делови за ноќна сигнализација на ДВ Предметот на набавката е деллив на делови и тоа:
Дел 1 - Набавка на предупредувачка сигнализација за ДВ,
Дел 2 - Набавка на рерзервни делови за сигнални светилки.
Б. Количина за испорака:
Дел 1 - Набавка на предупредувачка сигнализација за ДВ | |||
Име на производ | Ед.мер. | Количини за испорака по години | |
2020 | 2021 | ||
Сигнални предупредувачки сфери (топки) | парче | 30 | 0 |
Сигнални светилки за обележување на далекуводни столбови-(соларни) | парче | 5 | 0 |
Дел 2 - Набавка на рерзервни делови за сигнални светилки | |||
Име на производ | Ед.мер. | Количина за испорака по години | |
2020 | 2021 | ||
Акумулаторски батерии | парче | 0 | 70 |
В. Опис и технички карактеристики
B1. Дел 1 - Набавка на предупредувачка сигнализација за ДВ, B1.1 Сигнални предупредувачки свери (топки)
Технички опис:
Сигналните свери (топки) треба да бидат изработени согласно бараните карактеристики во Табела 1, да можат да се монтираат на заштитен громобрански проводник на далекувод.
Да има поедноставна фиксна монтажа за заштитното громобранско јаже со специјални спојки. Сигналните предупредувачки свери потребно е да бидат изработени согласно важечките прописи и стандарди усвоени од меѓународните организации FAA и ICAO или поточно во Анексите со кој е опишано и стандардизирано обележувањето на надземни конструкции (далекуводни столбови, антенски столбови и сл.).
Табела 1 - Сигнални предупредувачки сфери (топки) | |
Барано | |
Дијаметар на свера (±10 %) | 600 mm |
Дебелина на ѕидот од сверата | Min 3 mm |
Тежина | ≤ 10 kg |
Приклучни стегалки (опсег) | од 9 mm до 20 mm |
Боја на сфера | Црвена и Бела |
Материјал на сверата | Композит |
Материјал на клеми за приклучок | Нерѓосувачки материјал |
Штрафови за монтирање | Топлопоцинкувани |
В.1.2 Сигнални светилки за обележување на далекуводни столбови - (соларни)
Технички опис: Предупредувачките светилки наменети за обележување на далекуводни столбови потребно е да бидат изработени согласно важечките прописи и стандарди усвоени од меѓународните организации FAA и ICAO или поточно во Анексите со кој е опишано и стандардизирано обележувањето на надземни конструкции (далекуводни столбови, антенски столбови и сл.). Потребно е да бидат потполнио автономни односно да работат на соларна енергија со вграден или екстерен соларен панел кој ќе ја задоволи потрошувачката на електрична енергија со вградена процесорска единица за управување и полнење на батеријата. Потребно е да има вграден фотосензор за ноќен режим на работа кој ќе извршува автоматско вклучување и исклучување на светилката во ноќен и дневен режим на работа. Доколку производителот или економскиот оператор набави светилки со екстерен соларен панел потребно е истиот да биде изработен согласно приложените стандарди и да има лесен принцип на монтажа со соодветен држач за монтажа. Исто така со испорака на светилката да се испорача и соодветен држач за монтажа на столбот. По однос на зададените опсези на кој може да работи уредот прифатливи се и подобри опсези во кој ќе биде опфатен бараниот.
Табела 2 - Технички карактеристики на сигнални светилки за обележување на ДВ столбови - Тип 1 (соларни) | |
Барано | |
Тип на светилка | LED |
Светлосни карактеристики | |
Боја на светилка | Црвена |
Интензитет на светлина (тип B) | min 32 cd/m2 |
Хоризонтална исполнетост на светилката | 360 ° |
Животен век на LED светилките | min 80 000 h |
Електрични карактеристики | |
Номинален напон на работа на светилка | од 12 до 24 V |
Тип и Капацитет на батерија | min 14 Аh, Rechargeable |
Номинален напон на батерија | од 12 до 24 V |
Физички карактеристики | |
Температурен опсег на работа | - 30°C до 45°C (или подобар) |
Материјал на светлечкиот уред | Поликарбонат, Полиамид (UV стабилизиран) |
Дијаметар на светлосен уред (светилка) | min 100 mm |
Висина на светлечки уред | До 1500 mm |
Mаса на светлосен уред (комплет со управувачка единица, светилка, соларен панел и батерија) | max 50 kg |
Стандарди | |
Photometric standard compliance | ICAO Annex 14, Volume I, Type B - Low intensity obstracle light или еквивалентно |
Ниво на заштита за работа во надворешни услови | min IP 65 или еквивалентно |
Гарантен рок | min 2 години на светилка min 2 години на батерија |
B 2 - Дел 2 - Набавка на рерзервни делови за сигнални светилки
Б.2.1 Акумулаторски Батерии за предупредувачки светилки
Табела 2 - Технички карактеристики на акумулаторска батерија за предупредувачка светилка | |
Барано | |
Електрични карактеристики | |
Тип на батерија | SL-A (Sealed lead Acid Battery) Rechargeable |
Број на ќелии | 6 |
Напон на батерија | 12 V |
Капацитет на батерија | min 7 Аh |
Максимална струја на празнење | min 100 А (5 sec) |
Струја на полнење | max 2.5 A |
Димензии (должина x висина x ширина) ±5 mm | 150 x 95 x 65 |
Напон на полнење | од 13.5 до 14 V, DC |
Гарантен рок | min 2 години |
Г. Документација која понудувачот треба да ја достави со понудата:
• За Дел 1 и Дел 2 - Каталог од производителот/е ,
• За Дел 1 - Изјава за сообразност (Declaration of conformity) или Сертификати за усогласеност (Certificate of Compliance) со барањата согласно меѓународната агенција за цивилно воздухопловство (International Civil Aviation Organization (ICAO) Annex 14, Volume I, Type B - Low intensity obstacle light) за понудениот тип на светилки,
Напомена:
Договорниот орган (АД МЕПСО) по испорака на стоката, го задржува правото кај надлежни органи за контрола за квалитет со признаена компетентност да изврши контрола и испитување на сообразноста на производите со стандардите согласно бараното во Техничката спецификација од ТД, на сопствен трошок, а доколку со испитувањето се утврди дека стоката не ги задоволува бараните технички карактеристики, трошокот за извршеното испитување ќе биде на Носителот на набавката и во тој случај Договорниот орган ќе побара замена на стоката со стока со бараните технички карактеристики на трошок на Носителот на набавката.
Напомена (за гарантниот рок):
Гарантниот рок (гаранцијата) на стоките за Дел 1 и Дел 2 да биде најмалку 2 години од денот на испораката на стоката.
Прилог 1 – Образец на понуда
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, за набавка на стоки: Набавка на сигнализација и резервни делови за ноќна сигнализација на ДВ (по спецификација) – збирни потреби со спроведување на набавка од мала вредност, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II – Техничка понуда
II.1. Согласни сме да ги понудиме предметните стоки за Дел согласно техничката спецификација од тендерската документација.
II.2. Ги прифаќаме рокот, начинот и местото на испорака утврдени во тендерската документација и моделот на договор.
II.3. Гарантниот рок (гаранцијата) на стоките за Дел 1 изнесува години од денот на испораката на стоката. (најмалку 2 години)
II.4. Гарантниот рок (гаранцијата) на стоките за Дел 2 изнесува години од денот на испораката на стоката. (најмалку 2 години)
Дел III – Финансиска понуда
III.1.1. Вкупната цена на нашата понуда за Дел 1 (вкупната вредност за Дел 1 од Excel табелата), вклучувајќи ги сите трошоци, попусти, без вклучен
ДДВ, изнесува денари / евра (со бројки),
(домашниот понудувач цената ја изразува во денари, а странскиот понудувач во евра)
_ букви).
(со
(странскиот понудувач цената на понудата ја пишува со букви на англиски јазик)
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
III.1.2. Вкупната цена на нашата понуда за Дел 2 (вкупната вредност за Дел 2 од Excel табелата), вклучувајќи ги сите трошоци, попусти, без вклучен
ДДВ, изнесува денари / евра (со бројки),
(домашниот понудувач цената ја изразува во денари, а странскиот понудувач во евра)
букви).
(странскиот понудувач цената на понудата ја пишува со букви на англиски јазик)
(со
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
Во прилог на овој образец на понуда е:
- Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат за деловите за кои е поднесена нашата понуда.
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III.3. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме одредбите дадени во моделот на договор за јавна набавка.
Место и датум | Одговорно лице* (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат *
*Деталниот приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата за ДЕЛ 1 - Набавка на предупредувачка сигнализација за ДВ
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме на одговорното лице]* врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки за ДЕЛ 1 во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна
набавка број / за набавка на стоки: Набавка на сигнализација и
резервни делови за ноќна сигнализација на ДВ (по спецификација) – збирни потреби, објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице** (потпис) |
*Xxxxxxxx ја дава одговорното лице на понудувачот [се наведува полното име и презиме на одговорното лице].
**Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата – ДЕЛ 2 - Набавка на резервни делови за сигнални светилки
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот [име и презиме на одговорното лице]* врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот
изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки за ДЕЛ 2 во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна
набавка број / за набавка на стоки: Набавка на сигнализација и
резервни делови за ноќна сигнализација на ДВ (по спецификација) – збирни потреби, објавен од страна на Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен со последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум | Одговорно лице** (потпис) |
*Xxxxxxxx ја дава одговорното лице на понудувачот [се наведува полното име и презиме на одговорното лице].
**Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 4 – Табели со технички карактеристики за Дел 1 *
Табела 1 - Сигнални предупредувачки сфери (топки) | ||
Барано | Понудено | |
Дијаметар на свера (±10 %) | 600 mm | |
Дебелина на ѕидот од сверата | Min 3 mm | |
Тежина | ≤ 10 kg | |
Приклучни стегалки (опсег) | од 9 mm до 20 mm | |
Боја на сфера | Црвена и Бела | |
Материјал на сверата | Композит | |
Материјал на клеми за приклучок | Нерѓосувачки материјал | |
Штрафови за монтирање | Топлопоцинкувани |
Табела 2 - Технички карактеристики на сигнални светилки за обележување на ДВ столбови - Тип 1 (соларни) | ||
Барано | Понудено | |
Тип на светилка | LED | |
Светлосни карактеристики | ||
Боја на светилка | Црвена | |
Интензитет на светлина (тип B) | min 32 cd/m2 | |
Хоризонтална исполнетост на светилката | 360 ° | |
Животен век на LED светилките | min 80 000 h | |
Електрични карактеристики | ||
Номинален напон на работа на светилка | од 12 до 24 V | |
Тип и Капацитет на батерија | min 14 Аh, Rechargeable | |
Номинален напон на батерија | од 12 до 24 V | |
Физички карактеристики | ||
Температурен опсег на работа | - 30°C до 45°C (или подобар) | |
Материјал на светлечкиот уред | Поликарбонат, Полиамид (UV стабилизиран) | |
Дијаметар на светлосен уред (светилка) | min 100 mm | |
Висина на светлечки уред | До 1500 mm | |
Mаса на светлосен уред (комплет со управувачка единица, светилка, соларен панел и батерија) | max 50 kg | |
Стандарди | ||
Photometric standard compliance | ICAO Annex 14, Volume I, Type B - Low intensity obstracle light или еквивалентно | |
Ниво на заштита за работа во надворешни услови | min IP 65 или еквивалентно | |
Гарантен рок | min 2 години на светилка min 2 години на батерија |
*Табелите со пополнети податоци за ДЕЛ 1 задолжително треба да се достават потпишани електронски заедно со понуда
Прилог 4 – Табела со технички карактеристики за Дел 2 *
Табела 2 - Технички карактеристики на акумулаторска батерија за предупредувачка светилка | ||
Xxxxxx | Понудено | |
Електрични карактеристики | ||
Тип на батерија | SL-A (Sealed lead Acid Battery) Rechargeable | |
Број на ќелии | 6 | |
Напон на батерија | 12 V | |
Капацитет на батерија | min 7 Аh | |
Максимална струја на празнење | min 100 А (5 sec) | |
Струја на полнење | max 2.5 A | |
Димензии (должина x висина x ширина) ±5 mm | 150 x 95 x 65 | |
Напон на полнење | од 13.5 до 14 V, DC | |
Гарантен рок | min 2 години |
*Табелата со пополнети податоци за ДЕЛ 2 задолжително треба да се достават потпишани електронски заедно со понудата
Прилог 5 – МОДЕЛ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА *
Склучен во Скопје во 2020 година, помеѓу
Договорни страни:
1. Оператор на електропреносниот систем на Република Северна Македонија – Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна соспственост Скопје, ул. Максим Горки бр.4 Скопје, застапувано од генералниот директор м-р Xxx Xxxxxxx, како набавувач, во понатамошниот текст Договорен орган, од една страна и
2. , ул. , застапувано од одговорното лице , како добавувач, во понатамошниот текст Носител на набавката, од друга страна.
Предмет на договорот
Член 1
Предмет на овој договор е јавна набавка на стоки: Набавка на сигнализација и резервни делови за ноќна сигнализација на ДВ (по спецификација) – збирни потреби, и тоа:
- Дел 1 – Набавка на предупредувачка сигнализација за ДВ,
- Дел 2 – Набавка на резервни делови за сигнални светилки,
во се според тендерската документација, техничките спецификации и понудата на Носителот на набавка по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2020.
Основ на договорот
Член 2
Основ на овој договор е спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2020.
Понудата на Носителот на набавка, тендерската документација и техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2020 се составен дел на овој договор.
Носителот на набавката е врзан за понудата, тендерската документација и техничките спецификации и истите се во важност за целото времетраење на договорот.
Количини и единечни цени
Член 3
Количините и цените на стоките предмет на овој договор, на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во Централниот магацин на АД МЕПСО во ТС Скопје 1 на ул. Марко Крале бр.142 населба Бутел, Скопје, во денари/евра, се:
Дел 1
Ред. број | Опис | Един. мера | Количина | Един. цена без ДДВ | Вк. цена без ДДВ | ДДВ |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 = 4 * 5 | 7 |
1 | Сигнални предупредувачки сфери (топки) | парче | 30 | |||
2 | Сигнални светилки за обележување на далекуводни столбови - (соларни) | парче | 5 | |||
Вкупно за Дел 1: |
Дел 2
Ред. број | Опис | Един. мера | Количина | Един. цена без ДДВ | Вк. цена без ДДВ | ДДВ |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 = 4 * 5 | 7 |
1 | Акумулаторски батерии | парче | 70 | |||
Вкупно за Дел 2 : |
Цените од став 1 на овој член се фиксни за цело времетраење на овој договор и истите не подлежат на измени до крајот на неговото исполнување.
Во цената се вклучени сите трошоци.
, %.
Цените за Дел 1 на секоја од поединечните ставки е пресметана со соодветно намалување кое е еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда (пред спроведување на е- аукција) и цената на последната понуда (по спроведување на е-аукција) во висина од
, %.
Цените за Дел 2 на секоја од поединечните ставки е пресметана со соодветно намалување кое е еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда (пред спроведување на е- аукција) и цената на последната понуда (по спроведување на е-аукција) во висина од
Вредност на договорот
Член 4
Вкупната вредност на овој договор изнесува:
- Вкупно без ДДВ денари
- ДДВ 18% денари Вкупно со ДДВ денари
Вкупната вредност на овој договор изразена со зборови изнесува:
xxxxxx, без вклучен ДДВ.
Вкупната вредност изразена по делови изнесува:
- Дел 1: во износ од денари без вклучен ДДВ и денари со вклучен ДДВ.
- Дел 2: во износ од денари без вклучен ДДВ и денари со вклучен ДДВ.
Времетраење на договорот
Член 5
Овој договор се склучува за определен временски период сметано од денот на неговото потпишување од двете договорни страни, па се до исполнувањето на предметот на договорот, но не подолго од 6 (шест) месеци од денот на неговото склучување.
Права и обврски на договорните страни
Член 6
Правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од овој договор стапуваат во сила на денот на потпишувањето на договорот од двете договорни страни.
Носителот на набавката се обврзува стоката – предмет на овој договор да ја испорача во се согласно условите и барањата од техничките спецификации по спроведена постапка за јавна набавка на Договорниот орган со број на оглас 00/2020, навремено и квалитетно, како и целосно да го реализира овој договор.
Носителот на набавката е должен при извршувањето на обврската да постапува со внимание на добар стопанственик и со внимание на добар стручњак.
Двете страни се должни да ги извршуваат своите обврски и се одговорни за нивното исполнување.
Двете страни се должни да се воздржуваат од постапките со кои можат на другата страна да и предизвикаат штета.
Начин, рок и место на испорака
Член 7
Носителот на набавката е должен стоката предмет на договорот да ја испорача на начин и под услови како што е дефинирано во техничките спецификации.
Носителот на набавката е должен стоката предмет на договорот да ја испорача во рок од 60 (шеесет) дена од потпишување на договор за опремата со средства предвидени од 2020 година. Испорака на стоката со средства предвидени од 2021 година до 60 (шеесет) дена од доставена нарачка во 2021 година. Начин на испорака е согласно условите и барањата од техничките спецификации со документ (испратница), на паритет ДДП (според ИНКОТЕРМС 2010) во Централен магацин на АД МЕПСО во ТС Скопје 1, на ул. Марко Крале бб, населба Бутел, Скопје.
Договорниот орган, во присуство на овластено лице на Носителот на набавката, во моментот на испораката на стоката врши квантитативен и квалитативен прием. За извршениот прием се изготвува Записник за квантитативен и квалитативен прием кој треба да биде потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
Договорниот орган ги задолжува и овластува лицата и да ја следат реализацијата на овој договор.
Начин и рок на плаќање
Член 8
Договорниот орган го врши плаќањето вирмански или со дознака (важи за странски понудувач), за секоја посебна целосна испорака на стоката (по години), во рок 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во архивата на договорниот орган придружена со примерок од испратница и записник за квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластените лица на двете договорни страни.
Носителот на набавката фактурата, поткрепена со примерок од испратницата и од записникот за квантитативен и квалитативен прием потпишан од овластените лица на двете договорни страни, ја доставува до Договорниот орган на следната адреса: АД МЕПСО, ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје, Сектор за финансиски работи, Оддел за комерцијални работи, со назначување на бројот и датумот на договорот, како и количини и единечни и вкупни цени, со посебно искажан ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да ја врати фактурата доколку не е комплетна и да поднесе рекламација на пресметката на фактурата во рок од 8 дена, сметано од денот на приемот на фактурата.
Квантитативна и квалитативна контрола
Член 9
Квантитативен прием на стоката од член 1 од овој договор врши Договорниот орган, со документ Испратница потпишана од овластено лице на Носителот на набавката, лицето доставувач и магационерот на Договорниот орган.
Испратницата се изготвува во 3 примероци, по еден примерок за двете договорни страни, а еден примерок Носителот на набавката доставува со фактурата.
Квалитативен прием на стоката се врши со изготвување на записник за квантитативен и квалитативен прием на испорачаната стока потпишан од и како овластени лица на Договорниот орган и овластеното лице на Носителот на набавката.
Записникот за квантитативен и квалитативен прием ги содржи особено следниве податоци:
- дали стоката е испорачана во рокот кој е договорен,
- дали квантитетот и квалитетот на испорачаната стока одговара на договорениот квантитет и квалитет, односно, кои стоки ќе треба да се заменат и во кој рок тоа треба да се стори.
Договорниот орган ги задолжува лицата и при приемот на стоката на вообичаен начин истата да ја прегледаат во присуство на Носителот на набавката и за видливите недостатоци во рок од 8 дена да го известат Носителот на набавката.
Недостаток на стоката постои:
- ако стоката ги нема потребните својства за негова редовна употреба,
- ако стоката ги нема потребните својства за особената употреба за која ја набавува Договорниот орган,
- ако стоката ги нема својствата и одликите што се изрично договорени, односно пропишани, и
- кога Носителот на набавката предал стока која не е соодветена на техничките спецификации.
Доколку по приемот на стоката, Договорниот орган открил некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при преземањето на стоката (скриен недостаток), Договорниот орган е должен за тој недостаток да го извести Носителот на набавката во рок од осум дена, сметајќи од денот кога го открил недостатокот, но не подоцна од шест месеци од предавањето на стоката.
Кога поради некој недостаток дошло до испорака на други количини и врсти на стока, замена или слично, рокот од претходниот став почнува да тече од предавањето на новата стока, извршената замена и слично.
Во случај на неисправност или недостаток на стоката, Договорниот орган има право да бара:
- замена на стоката со нова неупотребувана иста таква стока, или
- раскинување на договорот и враќање на платениот износ.
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата предизвикана поради неисправноста или недостатоците на стоката која е предмет на овој договор согласно Законот за облигациони односи и Законот за заштита на потрошувачи.
Гарантен рок (гаранција)
Член 10
Носителот на набавка обезбедува гарантен рок (гаранција) на стоките за Дел 1 за временски период од години од денот на испораката на стоката.
Носителот на набавка обезбедува гарантен рок (гаранција) на стоките за Дел 2 за временски период од години од денот на испораката на стоката.
Виша сила
Член 11
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој договор до кое би дошло заради виша сила.
Ако една од договорните страни е спречена во исполнувањето на своите обврски заради виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на вишата сила договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
Подизведување и подизведувачи
Член 12
Носителот на набавката може, за време на извршувањето на договорот за јавна набавка, од Договорниот орган да побара:
- промена на подизведувачите за оној дел од договорот кој претходно го отстапи на подизведувачи,
- воведување еден или повеќе нови подизведувачи чиј вкупен удел не смее да надмине 30% од вредноста на договорот, без вклучен ДДВ, без оглед дали претходно отстапил дел од договорот на подизведувачи или не,
- преземање на извршувањето на дел од договорот за јавна набавка кој претходно го дал на подизведувач.
Во случај на вклучување нови подизведувачи, Носителот на набавката, заедно со барањето, ги обезбедува податоците и документите од точка 4.4 од тендерската документација.
Договорниот орган нема да го одобри барањето на Носителот на набавка:
- доколку Xxxxxxxxx на набавката во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот кој го менува, а новиот подизведувач не ги исполнува истите услови или постојат причини за исклучување,
- ако Xxxxxxxxx на набавка во постапката за јавна набавка ја користел способноста на подизведувачот за да ја докаже својата способност, а самиот Xxxxxxx на набавката не ги исполнува тие услови или ако тој дел од договорот е веќе извршен.
Договорниот орган може да го одбие предлогот за замена на подизведувач, односно вклучување нов подизведувач, доколку тоа може да влијае на непреченото изведување или завршување на работите.
За одбивањето на подизведувачот, Договорниот орган го известува Носителот на набавката во рок од десет дена од денот на приемот на барањето.
Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за Договорниот орган и за Носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од Законот за јавните набавки, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на Носителот на набавката ќе ги покрие Договорниот орган,
- Носителот на набавката, во прилог на неговата фактура ги приложува фактурите на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
Договорниот орган ќе бара од Носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за набавените стоки, во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на Договорниот орган на Носителот на набавката.
Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
Раскинување и санкции за прекршување на договорот
Член 13
Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.
Кога Носителот на набавката ќе задоцни со реализацијата на овој договор во определениот рок, Договорниот орган преку овој договор и без дополнително писмено известување, му определува дополнителен примерен рок од 40 дена (вкупно за двете испораки), за исполнување на обврската, за секој дел од предметот на овој договор посебно, за исполнување на обврската, за што се определува договорна казна во висина од 0,125% од вкупната вредност на секој дел од предметот на овој договор за секој ден задоцнување, но не повеќе од 5% од вкупната вредност на секој дел од предметот на овој договор, без ДДВ. Евентуалната договорна казна ќе се наплати со намалување на износот за плаќање по фактурата на Носителот на набавката.
Кога Носителот на набавката нема да ја исполни својата обврска за реализација на овој договор и во дополнително определениот рок согласно ставот 3 од овој член, или нема да исполни било која друга обврска по овој договор, или Договорниот орган го раскине договорот по вина на Носителот на набавката, Договорниот орган наплаќа договорна казна за неисполнување во висина од 5% од вкупната вредност на секој дел од предметот на овој договор, без ДДВ.
Договорниот орган го задржува правото да бара и надомест на штета што би ја претрпел поради тоа, согласно Законот за облигационите односи.
Решавање на спорови
Член 14
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање.
Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Корупциско или измамничко однесување
Член 15
Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализацијата на овој договор.
Заштита на информации од доверлив карактер
Член 16
Договорните страни се согласни да ги штитат информациите од доверлив карактер, особено кога станува збор за деловна тајна.
Преодни и завршни одредби
Член 17
Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа:
- тендерската документација,
- техничките спецификации, и
- понудата на Носителот на набавката.
За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.
Член 18
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи и другите позитивни законски прописи во РС Македонија.
Член 19
Измени и дополнувања на договорот се вршат со заедничка согласност на двете договорни страни по писмен пат.
Договорот се менува со анекс само во согласност со одредбите на Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и тендерската документација.
Член 20
Овој договор е склучен во 6 (шест) истоветни примероци, од кои 4 (четири) за Договорниот орган и 2 (два) за Носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА АД МЕПСО
Генерален директор Управител
------------------------------- ------------------------------
м-р Xxx Xxxxxxx Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxx
* Моделот на договор за јавна набавка задолжително треба да се достави потпишан електронски заедно со понудата