„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста...
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
ЗА НАБАВКА НА ГОТОВ БЕТОН МБ30 СО 1 ФРАКЦИЈА
Отворање на 22.03.2022 во 12:00 часот
Битола, март 2022 година
Врз основа на член 49 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Тендерската документација содржи:
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 7
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 10
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 19
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 21
Прилог 1 – Образец на понуда 37
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорниот орган КЈП НИСКОГРАДБА – БИТОЛА со адреса на xx Xxxxxxx 0 xx xxx xx – Битола телефон за контакт 047/233-600, факс 047/224-520 електронска пошта xxxxxxxxxxxxx@xxxxx.xxx.
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки е готов бетон мб 30 со 1 фракција.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.3.2. Предметот на набавката не е делив.
1.3.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од шест месеци.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.7.1 Електронска аукција
1.7.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел добивање нови цени коригирани надолу, односно нови вредности за одредени елементи од понудите.
1.7.1.2 Предмет на електронската аукција ќе биде: само цената.
1.7.1.3 Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
1.7.1.4 Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.1.5 Доколку во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда, електронска аукција нема да се спроведе.
1.7.1.6 По завршувањето на електронската аукција, доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки, цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.1.2 Тендерската документација ќе биде достапна во хартиена форма или на магнетен медиум, а ќе може да се подигне на следнава адреса: Бул. 1ви Мај бб Битола.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку шест дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од четири дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните шест дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.6 Цена на понудата
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.8 Начин на испорака
3.8.1 Носителот на набавката е должен предметот на набавката да го испорача на следниов начин: ф-ко економски оператор (транспортот на бетонот ќе го врши договорниот орган).
3.10 Начин на плаќање
3.10.1 Начинот на плаќање е вирмански во рок од 60 дена.
3.11 Период на важност на понудата
3.11.1 Понудата треба да е со важност од 60 дена.
3.11.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.12 Средства за обезбедување
3.12.1 Гаранција на понудата
3.12.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.12.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
3.12.2 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
3.12.2.1 Договорниот орган ќе бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вид на банкарска гаранција во вредност од 5% од вредноста на договорот за јавна набавка.
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.11.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 22.03.2022 година, до 12:00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
Изјава за докажување способност (Прилог 3) или документи за докажување на способност.
Изјава дека економскиот оператор има бетонска база во подрачјето на Општина Битола
Сертификат за сообразност на контрола на фабричкото производство, по Закон за градежни производи (Сл. Весник 104/15)
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 22.03.2022 во 12:00 часот како краен рок за поднесување на понудите, на следнава локација КЈП Нискоградба Битола.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност;
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста или документи за утврдување способност.
5.1.3 Доколку економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста, истата треба да биде изработена на образецот даден во Прилог 3 од тендерската документација и да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
5.1.4 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
5.1.5 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1.4 на овој член кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.1.6 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
a) договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
– Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.3 Техничка и професионална способност
5.3.3.1 Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
- Економскиот оператор да има бетонска база во подрачјето на Општина Битола која поседува Сертификат за сообразност на контрола на фабричкото производство, по Закон за градежни производи (Сл. Весник 104/15)
5.3.3.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од потточка 5.3.3.1 со доставување на:
- во случај кога се набавуваат сложени стоки или услуги, или во исклучителни случаи за посебни намени, со проверка на производствените капацитети, или ако е потребно и на капацитетите за проучување и истражување, како и на мерките за контрола на квалитетот, која ја спроведува договорниот орган или во негово име надлежен орган во земјата на основање;
5.3.4 Користење способност од други субјекти
5.3.4.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.4.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со меѓусебен договор или изјава дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.4.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3, 5.3.2.2 и 5.3.3.2 од оваа тендерска документација.
5.3.4.6 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точките 5.3.4.2 и 5.3.4.3 од оваа потточка.
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
цената.
5.6.2. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.7. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Кога има несовпаѓање меѓу вкупниот збир на единечните цени на деловите и износот кој е даден како вкупна цена, тогаш преовладува збирот на единечните цени, а вкупната цена треба да биде соодветно исправена.
5.9.2 Доколку постои несовпаѓање помеѓу единечните цени и вкупната цена која е добиена со единечните цени помножени со дадените количини, тогаш преовладува единечната цена и вкупната цена ќе се исправи, освен ако според мислењето на договорниот орган постои очигледно несовпаѓање на децималите во однос на единечната цена, а во тој случај единечните цени треба да бидат исправени соодветно на вкупната цена.
5.9.3 Кога постои целосно несовпаѓање меѓу вкупната цена и збирот на поединечните цени, тогаш преовладува збирот на единечните цени, а вкупната цена треба соодветно да биде исправена.
5.9.4 Во случај на несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, освен ако напишаниот износ со зборови произлегува од аритметичка грешка, а во тој случај, треба да се постапи соодветно на горенаведените точки 5.9.1 и 5.9.2.
5.9.5 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.10 Поништување на постапката
5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка или рамковната спогодба согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи. и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка 7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
7.2.3 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ќе ги врати мострите, урнеците и документите за кои во оваа тендерска документација е предвидено дека ќе се вратат на понудувачите.
Д О Г О В О Р
ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ
I. ДОГОВОРНИ СТРАНИ
А.КЈП „Нискоградба“ Битола, ул.„Булевар 1ви Мај“ бб Битола, Р.Северна Македонија, застапуван/о од Зоран Талевски (во понатамошниот текст „Договорен орган„) од една страна,
и
Б.„__________________________ , застапуван/о од _________________ (во понатамошниот текст „Носител на набавката„) од друга страна.
II. ДЕФИНИЦИИ (ОБЈАСНЕНИЕ НА ПОИМИТЕ)
Член 1
За целите на овој Договор, одделни поими и изрази употребени во овој Договор го имаат следново значење:
1) „Договорен орган„ - е субјект дефиниран во член 4 став 1 точки а), б), в), г) и д) од Законот за јавни набавки;
2) „Носител на набавката„ - е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
3) „Договор за јавна набавка на стоки„ - претставува набавка на една или повеќе стоки, преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или без опција за купување на стоката;
4) „Договорна цена„ - е цената која ја побарува Носителот на набавката како што е утврдено во овој Договор, вклучувајќи го и евентуалниот попуст што го дал;
5) „Испорака„ - значи предавање на стоките од страна на Носителот на набавката на Договорниот орган во времето и на местото предвидено со овој Договорот, на начин на кој Договорниот орган се стекнува со право на сопственост на стоките;
7) „Сервисирање„ - претставува отстранување на сите грешки (дефекти и слично) и технички недостатоци, како и вградување на потребните резервни делови на испорачаните стоки;
III. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е набавка на следните стоки: Готов бетон МБ30 со 1 фракција, оглас бр. _____________.
IV. ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот, е Македонскиот јазик.
Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е на Македонски јазик.
V. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
Вредноста на договорот ќе изнесува _________________________ денари без ДДВ.
Во вкупната цена на набавка е засметана вредноста на придружните услуги, сите трошоци и попусти, а вредноста на ДДВ е искажана посебно.
VI. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 5
Договорот се склучува на определено време за период од шест месеци од денот на склучувањето.
VII.ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 6
Навременото и квалитетно извршување на Договорот, Носителот на набавката го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за Договорниот орган.
Висината на банкарската гаранција изнесува 5 % од вредноста на договорот, со вклучен ДДВ.
Гаранцијата се наплаќа во следните случаи:
-доколку Носителот на набавката не го почитува договорениот рок за испорака на стоките од најмногу еден ден утврден во член 7 од овој Договор
-во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаната стока/и, верификувано од независна институција за контрола на квалитетот на испорачаната стока/и;
-во случај на раскинување на Договорот по вина на Носителот на набавката;
Гаранцијата за извршување на договорот во услови на навремено и квалитетно извршување на Договорот, му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена по целосното извршување на договорот.
VIII. ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИСПОРАКА НА СТОКАТА/ТЕ
Член 7
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од еден ден од денот на нарачката на стоката. Набавката ќе се одвива сукцесивно по нарачка на следната локација Ф-ко економски оператор (транспортот на бетонот ќе го врши договорниот орган).
Испораката на стоката/те се смета за извршена по потпишувањето на испратницата од овластеното лице на Договорниот орган и овластеното лице на Носителот на набавката.
X. ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРАТА
Член 8
При изготвувањето на фактурата, Носителот на набавката е должен да ги наведе следните елементи:
назив на Договорниот орган, место, седиште, даночен број;
број и датум на Договорот;
количини со опис на стоката, дефинирани по елементи како во член 2 од договорот;
единечни договорни цени на секој од елементите;
вкупни цени по елементи;
вкупна цена на фактурата;
правдање на даден аванс (доколку го имало);
други зголемувања или намалувања, согласно со договорните услови (камати, пенали, разлики на цени и сл.);
пресметка за ДДВ;
вкупна цена за исплата по фактурата (во случаи на правдање на аванс итн.);
валута на плаќање.
XI. НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ, ЗАТЕЗНА КАМАТА ЗА ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
Член 9
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши на следниов начин вирмански.
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши во рок од 60 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, на сметка и банка за која писмено ке го извести Носителот на набавката.
XIV. КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 10
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на испорачаната стока/и.
Член 11
Договорниот орган може да изврши дополнителна контрола и гаранција на квалитетот со спроведување на дополнителни независни испитувања и контроли за квалитет кај овластена институција.
XV. ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Член 12
Носителот на набавката е должен да ја испорача стоката/те на Договорниот орган во времето и на местото предвидено со овој договор.
Носителот на набавката ја извршил обврската од став 1 на овој член, по правило, кога стоката/те ќе му ја врачи на Договорниот орган.
Член 13
Носителот на набавката е должен да ја испорача стоката/те на Договорниот орган во исправна состојба.
Член 14
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од еден ден од денот на нарачката на стоката.
Член 15
Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на следната локација: Ф-ко економски оператор.
Член 16
Кога поради задоцнување на Договорниот орган ризикот преминал врз Договорниот орган пред предавањето на стоката/те, Носителот на набавката е должен да ја чува стоката со внимание на добар стопанственик, односно добар домаќин и за таа цел да ги преземе потребните мерки.
XVI. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
Член 17
Договорниот орган е должен да ја плати договорената цената на Носителот на набавката, по испорака на стоката/ите во рок од 60 дена од денот на доставувањето на фактура од страна на Носителот на набавката.
Член 18
Договорниот орган е должен да ги изврши сите потребни дејствија за да биде возможно предавањето на стоката/ите.
XVII. НАЧИН НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА СТОКАТА/ИТЕ
Член 19
Примопредавањето на стоката/те се состои во вршење на потребните дејствија за да биде возможно предавањето, како и превземањето на стоката/те.
Член 20
Носителот на набавката е должен да му ја предаде стоката/те на Договорниот орган во времето и на местото предвидено со овој договорот.
Носителот на набавката ја извршил обврската за предавање на Договорниот орган, по правило, кога стоката/те ќе му ја врачи.
XIV. ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 21
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Северна Македонија.
XX. ВИША СИЛА
Член 22
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
XXVI. ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАТОЦИТЕ
Член 23
Носителот на набавката одговара за материјалните недостатоци на стоката/те што тој ги имал во моментот на преминувањето на ризикот врз Договорниот орган, без оглед дали тоа му било познато.
Член 24
Носителот на набавката одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминувањето на ризикот врз Договорниот орган ако се последица од причина што постоела пред тоа.
Незначителниот материјален недостаток не се зема предвид.
Член 25
Недостаток постои:
1) ако стоката/те ги нема потребните својства за нејзина редовна употреба или за промет;
2) ако стоката/те ги нема потребните својства за особената употреба за која ја набавува Договорниот орган, а која му била позната на Носителот на набавката или морала да му биде позната;
3) ако стоката/те ги нема својствата и одликите што се изречно или премолчно договорени, односно пропишани, и
4) кога Носителот на набавката предал стока/и која не е соодветна на мострата или на моделот.
Член 26
Договорниот орган е должен примената стока/инавообичаен начин да ја прегледа или да ја даде на преглед, штом тоа според редовниот тек на работите е можно и за видливите недостатоци да го извести Носителот на набавката во рок од осум дена.
Кога прегледот е извршен во присуство на двете страни, Договорниот орган е должен своите забелешки поради видливите недостатоци да му ги соопшти на Носителот на набавката веднаш, инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
Член 27
Кога по приемот на стоката/теодстранана Договорниот орган ќе се покаже дека стоката/те има некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при нејзиното преземање (скриен недостаток), Договорниот орган е должен, под закана на губење на правото, за тој недостаток да го извести Носителот на набавката во рок од осум дена, сметајќи од денот кога го открил недостатокот.
Член 28
Кога поради некој недостаток дошло до поправка на стоката/те, испорака на друга стока/и, замена на делови и слично, рокот за плаќање од овој Договор почнуваат да течат од предавањето на поправената стока/и, предавањето на друга стока/и, извршената замена на делови и слично.
Член 29
Во известувањето за недостатокот на стоката/те Договорниот орган е должен поблиску да го опише недостатокот и да го повика Носителот на набавката да ја прегледа стоката/те.
Ако известувањето за недостатокот кое Договорниот орган навремено го испратил до Носителот на набавката со препорачано писмо, телеграма, или на некој друг сигурен начин, задоцниил и воопшто не стигне до Носителот на набавката, се смета дека Договорниот орган ја извршил својата обврска да го извести Носителот на набавката.
Член 30
Договорниот орган не го губи правото да се повика на некој недостаток и кога не ја извршил својата обврска стоката/те да ја прегледа без одлагање, или обврската во определениот рок да го извести Носителот на набавката за постоењето на недостатокот, како и кога недостатокот се покажал дури по истекот на шест месеци од предавањето на стоката/те, ако тој недостаток му бил познат на Носителот на набавката или не можел да му остане непознат.
Член 31
Договорниот орган кој навремено и уредно го известил Носителот на набавката за недостатокот може:
1) да бара од Носителот на набавката да го отстрани недостатокот или да му предаде друа стока/и без недостаток (исполнување на договорот);
2) да бара намалување на цената и
3) да изјави дека го раскинува договорот.
Во секој од овие случаи Договорниот орган има право и на надомест на штетата.
Покрај тоа и независно од тоа, Носителот на набавката му одговара на Договорниот орган и за штетата што овој поради недостаток на стоката/те ја претрпел на другите свои добра и тоа според општите правила за одговорноста за штета.
Член 32
Кога само дел од предадената стока/и има недостатоци, или кога е предаден само дел од предметот, односно помало количество од договореното, Договорниот орган може да го раскине договорот во смисла на претходните членови само во поглед на делот што има недостатоци, или само во поглед на делот или количеството што недостига.
Договорниот орган може да го раскине целиот договор само ако договореното количество или предадената стока сочинува целина, или ако Договорниот орган инаку има оправдан интерес да ја прими договорената стока или количество во целост.
Член 33
Кога предмет на набавка се стока/и определени според родот, а Носителот на набавката му дал на Договорниот орган поголемо количество отколку што е
договорено, а Договорниот орган во разумен рок од 20 дена не изјавил дека го одбива вишокот, се смета дека го примил и тој вишок, па е должен да го плати по истата цена.
Ако Договорниот орган одбие да го прими вишокот, Носителот на набавката е должен да му ја надомести штетата на Договорниот орган.
Член 34
Договорниот орган го губи правото да го раскине договорот поради недостаток на стоката/те кога му е невозможно да ја врати стоката/те или да ја врати во состојбата во која ја примил.
Сепак Договорниот орган може да го раскине договорот поради некој недостаток на стоката/те ако стоката/те наполно или делумно пропаднала или е оштетена поради недостатокот што го оправдува раскинувањето на договорот, или поради некој настан што не потекнува од него ниту од некое лице за кое одговара тој.
Истото важи ако стоката/те наполно или делумно пропаднала, или е оштетена поради обврската на Договорниот орган да ја прегледа стоката/те, или ако Договорниот орган пред да се открие недостатокот потрошил или изменил еден дел од стоката/те во текот на неговата редовна употреба, како и ако оштетувањето или измената се без значење.
Член 35
Договорниот орган кој поради невозможност да ја врати стоката/те или да ја врати во состојбата во која ја примил го загубил правото да го раскине договорот, ги задржува другите права што му ги дава законот поради постоењето на некој недостаток.
Член 36
Раскинувањето на договорот поради недостаток на стоката/те произведува исти дејства како и раскинувањето на двостраните договори поради неисполнување.
Договорниот орган му должи на Носителот на набавката надомест за користа од стоката/те и кога му е невозможно да го врати целиот или еден негов дел, а договорот е сепак раскинат.
Член 37
Намалувањето на цената се врши според сразмерот меѓу вредноста на стоката/те без недостаток и вредноста на стоката/те со недостаток во време на склучувањето на договорот.
Член 38
Договорниот орган кој постигнал намалување на цената поради постоењето на некој недостаток, може да го раскине договорот или да бара ново намалување на цената ако дополнително се открие некој друг недостаток.
Член 39
Правата на Договорниот орган кој навремено го известил Носителот на набавката за постоењето на недостаток се гаснат по истекот на една година, сметајќи од денот кога е испратено известувањето до Носителот на набавката, освен ако со измама на Носителот на набавката Договорниот орган бил спречен да ги употреби.
Меѓутоа, Договорниот орган кој навремено го известилНосителот на набавката за постоењето на недостаток може, по истекот на овој рок, ако уште не ја исплатил цената, да го истакне своето барање цената да се намали или да му се надомести штетата како приговор против барањето на Носителот на набавката да му се исплати цената.
XXVII. ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 40
Договорните страни се должни да ги исполанат обврските кои произлегуваат од овој Договор.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување, другата договорна страна има право да бара и надомест на штетата што ја претрпел поради тоа.
За штетата поради задоцнување со исполнувањето одговара договорната страна на која другата договорна страна и дала примерен дополнителен рок за исполнување.
Договорната страна одговара и за делумната или целосната невозможност за исполнување иако не ја криела таа невозможност ако настапила по нејзино доаѓање во задоцнување за кое одговара.
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека она што е предмет на обврската случајно би пропаднало и кога таа својата обврска би ја исполнил на време.
Член 41
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека не можела да ја исполни својата обврска, односно дека задоцнила со исполнувањето на обврската поради околности настанати по склучувањето на договорот кои не можела да ги спречи, отстрани или избегне.
Член 42
Со договор може да се прошири одговорноста на договорната страна и врз случај за кој таа инаку не одговара.
Исполнувањето на ваквата договорена одредба не може да се бара ако тоа би било во спротивност со начелото на совесност и чесност.
Член 43
Одговорноста на договорната страна за намерата или крајното невнимание не може однапред со договор да се исклучи.
Судот може, по барање од заинтересираната договорна страна, да ја поништи и договорната одредба за исклучување на одговорноста за обично невнимание, ако таквата спогодба произлегла од монополската положба на договорната страна или воопшто од нерамноправниот однос на договорните страни.
Член 44
Договорната страна има право на надомест на обичната штета и испуштената корист, кои другата договорна страна морала да ги предвиди во време на склучувањето на договорот како можни последици од повреда на договорот, со оглед на фактите што тогаш и биле познати или морале да и бидат познати.
Во случај на измама или намерно неисполнување, како и неисполнување поради крајно невнимание, договорната страна има право да бара од другата договорна страна надомест на целокупната штета што настанала поради повреда на договорот, без оглед на тоа што другата договорна страна не знаела за посебните околности поради кои настанале тие.
Ако при повреда на обврската, покрај штетата, за договорната страна настанала и некоја добивка, при определувањето на висината на надоместот за неа ќе се води сметка во разумна мера.
Страната што се повикува на повреда на договорот е должна да ги преземе сите разумни мери за да се намали штетата предизвикана од таа повреда, инаку другата страна може да бара намалување на надоместот.
Член 45
Договорната страна која е должна да ја извести другата страна за фактите што се од влијание врз нивниот меѓусебен однос, одговара за штетата што ќе ја претрпи другата страна поради тоа што не била известена на време.
XXVIII. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 46
Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.
XXIX. УСЛОВИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 47
Кога една од договорните страна не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнувањето на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штетата.
Член 48
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна, ќе и остави примерен дополнителен рок од 1 ден за исполнување на обврската.
Ако договорната страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна, може да го раскине договорот.
Член 49
Договорниот орган може да го раскине договорот и без да му остави на Носителот на набавката, дополнителен рок за исполнување ако од неговото однесување произлегува дека тој нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Член 50
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штетата.
Член 51
Кога во Договорот со последователни обврски (сукцесивна испорака), Носителот на набавката не ќе ја исполни својата обврска од Договорот, Договорниот орган може во разумен рок, да го раскине Договорот во поглед на сите идни обврски, ако од дадените околности е очигледно дека и тие нема да бидат исполнети.
Договорниот орган може да го раскине договорот не само во поглед на идните обврски, туку и во поглед на веќе исполнетите обврски, ако нивното исполнување без изостанатите исполнувања не е од интерес за него.
Член 52
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Член 53
Договорот не може да се раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврската.
Член 54
Со раскинувањето на договорот двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета.
Ако една страна го извршила договорот целосно или делумно има право да и се врати она што го дала.
Ако двете страни имаат право да бараат враќање на даденото, заемните враќања се вршат според правилата за извршувањето на двостраните договори.
Секоја страна и должи на другата надомест за користа што во меѓувреме ја имала од она што е должна да го врати, односно да го надомести.
Страната што враќа пари е должна да плати затезна камата од денот кога ја примила исплатата.
Член 55
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната договорна страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која и е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
Раскинување на договор не може да се бара ако страната што се повикува на променетите околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие околности или можела да ги избегне или да ги совлада.
Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од договорот да се изменат справедливо.
Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна, ќе ја обврзе страната што барала раскинување да и надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради тоа.
Член 56
Страната што е овластена да бара поради променетите околности раскинување на договорот е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја извести другата страна штом дознала дека настапиле такви околности, а ако тоа не го сторила одговара за штетата што другата страна ја претрпела поради тоа што барањето благовремено не и било соопштено на време.
XXX. ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 57
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма.
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на договор за изменување и дополнување на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 58
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Член 59
Овој Договор е составен во 4 (четири) примероци, од кои секоја страна задржува по 2 (два) примерока и стапува во сила со денот на неговото склучување.
Изготвил:
_____________
Проверил:
_____________
Одобрил:
_____________
Договорен орган Носител на набавката
__________________________ _________________________
Составни делови на овој Договор се:
а) листа на стоки и цени
|
Готов бетон |
Ед. мера |
планирани количини |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
1 |
МБ 30 со 1 фракциja (0-4) |
м3 |
340 |
|
|
[меморандум на понудувачот]
Врз основа на огласот број ________ објавен од страна на КЈП Нискоградба Битола, за набавка на готов бетон мб30 со 1 фракција со спроведување на поедноставена отворена постапка, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
I.5. Матичен број: ____________________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве стоки:
|
Готов бетон |
Ед. мера |
планирани количини |
Единечна цена без ДДВ |
Вкупна цена без ДДВ |
1 |
МБ 30 со 1 фракциja (0-4) |
м3 |
340 |
|
|
II.3. Ги прифаќаме начинот и рокот на испорака утврдени во тендерската документација.
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: _______________________________________________________ [со бројки] (__________________________________________________________) [со букви] денари. Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________.
III.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација.
III. 4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот __________________________________________ [име и презиме] врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот_________________________________________________________________________________ изјавувам дека нема да ги преземам дејствијата од став 6 на член 101 од Законот за јавните набавки во постапката која се спроведува по огласот за доделување на договор за јавна набавка број ___________ за набавка на ___________ објавен од страна на ___________ и дека понудата е правно обврзувачка за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
И З Ј А В А
Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за _____________________________________________________________ [се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за поедноставената отворена постапка за набавка на _______________________________________ [се наведува предметот на набавка] која се спроведува по оглас бр. __________ [се наведува бројот на огласот] објавен од страна на __________________________________________ [се наведува договорниот орган].
Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.
Место и датум ___________________________ |
Одговорно лице ___________________________ (потпис) * |
**Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
41