ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА Примери за клаузули

ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА. (1) Осигурувачот е должен да исплати осигурена сума во согласност со договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена пресметувајки од денот кога го примил барањето за исплата и целата потребна документација за настанатиот осигурен случај. (2) ако за утврдување на постоењето на обврската на осигурувачот и нејзиниот износ е потребно одредено време, односно ако не може да се утврди основаноста за постоење на обврската на осигурувачот или висината на надоместот, рокот од став (1) на овој член почнува да тече од денот на утврдувањето на основаноста на обврската и нејзината висина. (3) Осигурувачот во секој случај е должен да го исплати, на барање на овластено лице, неспорниот дел од својата обврска на име на аконтација, ако не е во можност да ја утврди вкупната обврска за исплатата во рокот утврден во став (1) на овој член. (4) Осигурувачот има право сите ненаплатени рати на премијата да ги наплати при секоја исплата која ја врши врз основа на договорот за осигурување. (5) Право на исплата на осигурена сума согласно овие Услови има само корисникот наведен на полисата.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА. Осигурувачот е должен да исплати осигурена сума во согласност со договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена пресметувајќи од денот кога го примил барањето за исплата и целата потребна документација за настанатиот осигурен случај од член 11 на овие Услови.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА. Осигурувачот му ја исплатува осигурената сума односно соодветен дел или договорен надомест на осигуреникот, односно на корисникот во рок од 14 дена, откако обврската на осигурувачот и висината на обврската ќе бидат утврдени. Ако осигурувачот не ја изврши исплатата во предвидениот рок, корисникот има право на затезна камата во висина определена со законски прописи.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА. 1. Осигурителот е должен да ја исплати осигурената сума во случај на смрт од болест, на корисникот на осигурувањето во рок од 14 дена откако обврската на осигурителот ќе бидат утврдени. 2. Осигурителот е должен да ја исплати осигурената сума во случај на смрт од болест само доколку осигурениот случај настанал за времетрање на осигурувањето. 3. Доколку за утврдување на постоење на осигурителна обврска или нејзиниот износ е потребно значително време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска, односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ.
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА. (1) Осигурувачот му ја исплатува осигурената сума, односно соодветен дел или договорениот надомест на осигуреникот, односно корисникот во рок од 14 дена, откако ќе биде утврдена обврската на осигурувачот и висината на обврската. Ако осигурувачот не ја исплати исплатата во предвидениот рок, корисникот има право да бара затезна камата во висина определена со законски прописи. (2) Ако исплатата на надоместот се врши преку пошта или банка, се смета дека е извршена во 24:00 часот оној ден кога во пошта или банка е потврдена уплатата. (3) Осигурувачот е должен да ја исплати договорената осигурена сума, односно надоместот, само ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето и ако последиците на осигурениот случај се предвидени во член 8 од овие услови и настапиле во текот на една година од денот на настанувањето на осигурениот случај. (4) Процентот на инвалидитетот се определува според табелата по завршеното лекување во времето кога кај осигуреникот во однос на претрпените повреди и настанати последици настапила состојба на стабилизација, т.е. кога според лекарското предвидување не може да се очекува дека состојбата ќе се подобри или влоши. Ако таа состојба не настапи ниту по истекот на 3 години од денот на настанувањето на несреќниот случај, како конечна се зема состојбата по истекот на овој рок и спрема неа се определува конечниот процент на инвалидитет. (5) Ако за утврдување на висината на обврската на осигурувачот е потребно одредено време, осигурувачот е должен на барање на осигуреникот да го исплати износот што неспорно одговара на процентот на инвалидитетот за кој веќе тогаш може врз основа на медицинската документација да се утврди дека трајно ќе настане. Осигурувачот нема да исплати аконтација, ако пред тоа не е утврдена неговата обврска со оглед на околностите под кои настанал осигурениот случај. (6) Ако осигуреникот почине пред истекот на една година од денот на настанувањето на несреќниот случај, а конечниот процент на инвалидитетот веќе бил утврден, осигурувачот го исплатува износот што е определен во случај на смрт, односно разликата помеѓу осигурената сума во случај на смрт и износот што бил исплатен пред тоа на име инвалидитет, доколку таква разлика постои. (7) Ако конечниот процент на инвалидитет не бил утврден, а осигуреникот почине поради истиот несреќен случај, осигурувачот ја исплатува осигурената сума определена за случај на смрт, односно само разликата помеѓу таа сума, или евентуално веќе исплатениот дел (аконтација), но, с...
ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА. 1. Кога ќе настане осигурениот случај, осигурителот е обврзан да исплати надоместок во согласност со Договорот за осигурување во рок од 14 (четиринаесет) дена, сметајќи од денот кога осигурителот ја добил комплетната документација за настанатиот случај. 2. Доколку за утврдување на постоење на осигурителна обврска или на нејзиниот износ е потребно значително време, овој рок почнува да тече од денот кога е утврдено постоењето на неговата обврска и нејзиниот износ, односно од денот кога кај осигурителот пристигнал последниот доказен документ. 3. Исплатата се врши во денарска противвредност, пресметана по среден курс на НБРСМ на денот на пресметката на исплатата. 4. Осигурителот е обврзан да ја исплати осигурената сума, односно соодветниот дел од неа, единствено доколку несреќниот случај настапил во времетраењето на осигурувањето.

Related to ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНА СУМА

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот:

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.