ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Член 91 Правото на штрајк кај работодавачот се остварува на начин и под услови утврдени со закон и овој договор. Синдикатот има право да повика на штрајк и да го поведе со цел заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос во согласност со закон. Штрајкот мора писмено да се најави на работодавачот. Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да се наведат причините за штрајкот, местото на одржувањето на штрајкот, времетраењето и денот и времето на почетокот на штрајкот. Штрајкот не смее да започне пред завршувањето на постапката за помирување, согласно со закон. Обврската за помирување не смее да го ограничи правото на штрајк, кога таква постапка е предвидена со закон, односно пред спроведувањето на друга постапка за мирно решавање на спорот за која страните се договориле. Штрајкот мора да биде организиран на начин со кој нема да се оневозможува или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за работниците кои не учествуваат во штрајкот, забрана на влез на работниците и на одговорните лица во деловните простории на работодавачот.
Член 92 На предлог на работодавачот, синдикатот и работодавачот спогодбено подготвуваат и донесуваат правила за производно одржување и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк. Правилата содржат особено одредби за работите и бројот на работниците кои на нив мора да работат за време на штрајк, а со цел за овозможување обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи). Со определување на работите од претходниот став не смее да се оневозможува или битно ограничува правото на штрајк. Ако синдикатот и работодавачот не се спогодат, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на предлогот на работодавачот до синдикатот за определување на работите од став 2 на овој член, работодавачот или синдикатот може во рок од наредните 15 дена да бара за тие работи да одлучи арбитража.
Член 93 Организирањето или учеството во штрајк организиран во согласност со одредбите на закон или овој договор, не претставува повреда на договорот за вработување. Работникот не смее да биде ставен во понеповолна положба од другите работници поради организирање или учество во штрајк, во согласност со закон и овој договор. На работникот може да му се даде отказ само ако организирал или учествувал во штрај...
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Правото на штрајк вработените го остваруваат во согласност со закон.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Правото на штрајк работниците можат да го остваруваат согласно закон, на начин и под услови да не се наруши битно редовното извршување на работите во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на работниците. Заради спречување на евентуални штетни последици од неизвршувањето на редовните работи во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на работниците, за време на штрајкот, министерот или од него овластено лице е должно да обезбеди потребно функционирање на процесот на работата во организациските единици во Министерството и виталните функции во Армијата.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Член 51 Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот во висина од основната плата на работникот, доколку синдикатот организирал штрајк заради кршење на правата на работниците утврдени со закон, колективен договор или акт на работодавачот. Работодавачот е должен да исплати придонеси од плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале во штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на работниците.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. (1) Заради остварување на своите економски и социјални права од работен однос работниците можат да го остварат своето право на штрајк во согласност со закон.
(2) Штрајкот е организиран прекин на работата на работниците.Правото на штрајк кај работодавачот се остварува под услови утврдени со закон и овој договор, под услов ако оправданите барања на работницитене се решат по мирен пат, а потоа и во постапка за помирување, согласно закон и овој договор.Работниците слободно одлучуваат за своето ушество во штрајк.
(3) За време на штрајкот работниците се должни да го одржуваат минималното ниво на остварувањето на основните обврски и надлежности на работодавачот за што работодавачот и Синдикатот издаваат спогодбени правила.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Член 126 Правото на штрајк работниците можат да го остваруваат во согласност со закон, на начин и под услов да не се наруши битно редовното извршување на работите во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на работниците. Заради спречување на евентуални штетни последици од неизвршувањето на редовните работи во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на работниците, за време на штрајкот, министерот или од него овластено лице е должно да обезбеди потребно функционирање на процесот на работата во организациските единици во Министерството и виталните функции во Армијата.
Член 127 Организаторот на штрајкот е должен да му го најави штрајкот на министерот и истовремено да ја достави одлуката за стапување во штрајк, најдоцна десет дена пред неговото одржување.
Член 128 Се забранува штрајк во Министерството во воена, вонредна или во кризна состојба. Доколку штрајкот започнал пред настапувањето на условите од став 1 на овој член, Синдикатот е должен веднаш да ги извести учесниците во штрајкот и да преземе мерки за прекинување на штрајкот. Доколку штрајкот започнал пред настапувањето на условите од став 1 на овој член, работниците во Министерството се должни веднаш да го прекинат штрајкот, независно од одлуката на Синдикатот.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Член 64 Правото на штрајк работниците го остваруваат во согласност со закон. На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите. Организаторот на штрајкот може од свои средства да им обезбеди надоместок на плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Член 100 Правото на штрајк вработените во Управата за јавни приходи го остваруваат во согласност со закон и Правилата за штрајк на синдикатот на УПОЗ. Штрајкот мора да биде писмено најавен кај работодавачот. Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да бидат наведени причините за штрајкот, местото на одржување на штрајкот, времетраењето, денот и времето на почеток на штрајкот. Штрајкот мора да биде организиран на начин на кој нема да се оневозможува или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за вработените кои не учествуваат во штрајкот, забрана на влез на работниците и на одговорните лица во деловните простории на работодавачот.
Член 101 За време на штрајк, работодавачот на вработените им исплатува надоместок на плата во висина од 70% од најниската плата утврдена со овој Колективен договор само во случај ако легитимноста на штрајкот е во согласност со актот на соодветниот Синдикат односно ако добие легитимност од соодветниот Синдикат. За време на штрајк, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите. Вработените кои учествуваат во штрајк, несмеат да бидат ставени во понеповолна положба од другите вработени, поради нивното учество во штрајкот.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Член 126 Правото на штрајк работниците можат да го остваруваат во согласност со закон, на начин и под услов да не се наруши битно редовното извршување на работите во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на работниците. Заради спречување на евентуални штетни последици од неизвршувањето на редовните работи во Министерството, односно борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на работниците, за време на штрајкот, министерот или од него овластено лице е должно да обезбеди потребно функционирање на процесот на работата во организациските единици во Министерството и виталните функции во Армијата.
Член 127 Организаторот на штрајкот е должен да му го најави штрајкот на министерот и истовремено да ја достави одлуката за стапување во штрајк, најдоцна десет дена пред неговото одржување.
Член 128 Се забранува штрајк во Министерството во воена, вонредна или во кризна состојба.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК. Правото на штрајк вработените го остваруваат во согласност со Закон. За време на штрајк што е организиран заради повредени права на работниците уредени со закон, Колективен договор и со договорот за вработување: неисплатена плата; неплатени придонеси и надоместоци; непотпишување на колективен договор и необезбедени услови за работа, работодавачот на работникот му исплатува надоместок на плата во висина од 60% од основната плата на работникот за време од 5 работни дена.