Раскинување на договор Примери за клаузули

Раскинување на договор. Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок.
Раскинување на договор. Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок. Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање по писмен пат. Во случај на раскинување на договорот по вина на BSP, АД МЕПСО ја наплаќа банкарска гаранција.
Раскинување на договор xxxxxx.xx може еднострано да го раскине овој договор: доколку сопственикот на корисничкиот профил не се придржува до условите за користење на xxxxxx.xx; доколку сопственикот на корисничкиот профил ја користи е-продавницата за продажба на производи или услуги што се забранети согласно законодавството на државата во која е регистриран корисничкиот профил или пак во државата/државите во која сопственикот ги испорачува производите или услугите; доколку не се користи за продажба на производи или услуги туку преку истата се прикажува навредлива и штетна содржина за xxxxxx.xx или за трети странки; доколку дејствијата што ги превзема сопственикот на корисничкиот профил на било кој начин се спротивставуваат на корпоративната регулатива на xxxxxx.xx, или пак на било која точка од овој договор.
Раскинување на договор. При раскин на Трипартитниот договор, од која било догговорна страна која ќе достави писмено известување до останатите две страни, Брокерската куќа е должна во рок од десет работни дена сметано од денот на поднесување на писменото известување со кое се откажува договорот да изработи Извештај со пресметки на сите провизии и надоместоци согласно Xxxxxxxxxx и Општите услови на Брокерската куќа и на Управувачот, а Управувачот истиот да го достави до клиентот. Клиентот е должен да ги намири сите обврски по доставените пресметки во рок од 14 дена. Доколку клиентот не ги намири обврските во предвидениот рок, Брокерската куќа го задржува правото на наплата на обврските на клиентот од паричните средства на клиентот на Наменската парична сметка. Во случај клиентот да нема доволно парични средства за порамнување на обврските, Управувачот го задржува правото да продаде хартиии од вредност и од продажбата Брокерската куќа да ги намири обврските. Брокерската куќа ги исплаќа средствата од наплатените провизии кои му припаѓаат на Управувачот, по доставување на фактура од страна на Управувачот. Клиентот е должен во отказниот рок преку Управувачот да достави до Брокерската куќа податоци за својата лична старателска сметка во финансиска институција чувар на имот по сопствен избор на која Брокерската куќа ќе може да ги префрли хартиите од вредност од странските пазари од Старателската сметка за хартии од вредност на Брокерската куќа кај Чуварот на имот, на старателската сметка во финансиската институција чувар на имот по избор на клиентот. Доколку во портфолиото на Клиентот има парични средства кои се наоѓаат на Старателската парична сметка на Брокерската куќа кај Чуварот на имот, истите ќе се префрлат на Наменската парична сметка на Брокерската куќа и од таму заедно со сите преостанати парични средства на клиентот на Наменската парична сметка, доколку ги има, ќе се префрлат на трансакциската сметка на Клиентот. Доколку до истекот на отказниот рок клиентот не постапи по своите договорни права и обврски и/или доколку клиентот не достави соодветни податоци за лична старателска сметка согласно претходниот став од овој член, Брокерската куќа може да го ликвидира целото портфолио на клиентот и да ги исплати само во парични средства на трансакциската сметка на клиентот.
Раскинување на договор. Член 7 Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот. Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот должна е тоа да го соопшти на другата договорна страна без одлагање, по писмен пат.

Related to Раскинување на договор

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка 1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. 1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx). 1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“. 1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени. 1.10.2 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со Методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот за јавна набавка во бодови („Службен весник на Република Македонија“ број 41/08).