Банката се обврзува Примери за клаузули

Банката се обврзува. ⮚ да отвори трансакциска сметка на имателот на сметката, врз основа на негово писмено барање ⮚ на имателот на сметката му издаде картичка, со која се идентификува. ⮚ да го извести имателот на сметката за состојбата и промените на неговата сметката во хартиена форма на шалтер или во електронска форма преку е-банкинг. ⮚ навремено да го извести имателот на сметката за пристигнати девизни приливи преку телефон или по пошта; ⮚ плаќањата во странство од девизната сметка ги извршува исклучиво по доставен писмен налог од имателот на сметката, или од лицата овластени од него, како и приложување на соодветна документација, согласно прописите кои го регулираат платниот промет со странство и важечките прописи во Република Македонија, доколку на сметката има средства. ⮚ да ја гарантира тајноста на податоците за состојбата на сметката; ⮚ да врши сигурен и ефикасен пренос на средства меѓу учесниците во платниот промет; ⮚ да го информира имателот на сметката за третманот на резидент согласно позитивните законски прописи ⮚ на Имателот на сметката да му пресметува камата со висина на каматна стапка утврдена со актите на Банката важечка на денот на пресметка. Доколку во текот на траење на овој Договор дојде до промена на висината на каматните стапки, периодот или начинот на нивната пресметка и исплата, двете договорни страни се согласни измените да се применуваат од денот на влегувањето во сила на истите. ⮚ да засметува и наплатува надоместоци, трошоци, провизии поврзани со работењето на сметката во висина, рокови и на начин определени со Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска банка а.д. Битола чиј дел се прикажани во прилог 1., кој што е составен дел на овој договор важечки на денот на извршување на услугата. Надоместоците од став 1 на овој член се променливи. Во случај на измени и дополни на Тарифата на надоместоците на услугите што ги врши Стопанска банка а.д. Битола , клиентот ќе биде известен за измените и дополнувањата на извадокот на тарифата со објавување на измените и дополнувањата на web. страната на банката или на огласна табла во просториите на банката или на “email” адреса на физичкото лице. ⮚ да изврши ажурирање на документацијата за идентификација на резидентот веднаш по истекување на рокот на важност на личната карта или патната исправа со кои се идентификувал при отворањето на сметката ⮚ да ги извршува решенијата за присилна наплата согласно позитивните законски прописи. ⮚ да врши обработка на личните податоци, вклучувајќи го и ЕМБГ, как...
Банката се обврзува. 5.1.1. да ги извршува исправните платни налози од Xxxxxxxxxx во согласност со важечките прописи и Општите услови, 5.1.2. да го информира Корисникот за промените на платежната сметка во согласност со Општите услови и важечките прописи, 5.1.3. да врши други услуги доколку се исполнети условите од Општите услови.
Банката се обврзува. 1. Да ја уништи вратената ДПК во Банката, во присуство на корисникот. 2. Да ги врши уредно сите плаќања од трансакциска сметка настанати со користење на ДПК во рамки на условите утврдени со овој Договор.

Related to Банката се обврзува

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е : 1.3.2 Предметот на договорот за јавна набавка не е деллив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива. 1.3.3 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација.

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.