БАРАЊЕ Примери за клаузули

БАРАЊЕ. (1) Договорните страни се согласни Корисникот да ги користи платежните услуги кои ги дава Банката согласно Барање доставено од Корисникот и прифатено и одобрено од страна на Давателот на платежни услуги. Овие Барања Банката ги регистрира по хронолошки редослед. Давателот на услуги има право да не прифати Барање од Корисник на услуга за што соодветно го информира Корисникот на услуга на начин уреден во соодветните Општи правила и услови и важечките прописи.
БАРАЊЕ. 2.1. Банката го склучува овој Договор врз основа на Барањето за користење на платежна услуга од Корисникот, кое е составен дел на овој Договор. 2.2. Банката се обврзува да му овозможи на Корисникот да ги користи услугите наведени во Барањето и со одредбите на овој Договор.
БАРАЊЕ. Во оваа фаза потребно е да се испорача, вгради и пушти во работа целокупната потребна опрема ( hardver i softver): • Ултразвучен мерач на ниво на доводниот канал од изворот Рашче I • Управувачки ормани со мастер PLC контролор, модем за GPRS комуникација и touch панели на бунарските подрачја Нерези и Лепенец • Ормари на фреквентни регулатори со припадниот управувачки орман на енергетика и автоматика на бунарските подрачја Нерези и Лепенец со комуникациските контролери за GPRS комуникација • Управувачки ормари со софт стартери за бунарските пумпи на бунарските полиња Нерези и Лепенец со комуникациони контролери за GPRS комуникација И да се изведат потребните работи за изградба на управувачките ормари, софтвер и пуштање во работ, да се реализира следното: - Измена на апликативниот софтвер на ПС Рашче 2 и ХПС Кондово за да се обезбеди одржување на нивото во доводниот канал од изворот Рашче 1 и управување со работата на пумпите на ПС Рашче 2 и бунарите на бунарските подрачја Нерези и Лепенец преку GPRS комуникација - GPRS комуникација помеѓу командната куќа и бунарот на бунарските подрачја Нерези и Лxxxxxx, за реализација на надзор и управување - Автоматско уклучување/исклучување на пумпните агрегати на ПС Рашче 2 со цел одржување на нивото во доводниот канал од изворот Рашче 1 кога тој е под/над зададената вредност, а нивото во каптажата Рашче 2 е доволен да се обезбеди работа на пумпните агрегати, односно поголем од нивото за исклучување. - Автоматско уклучување/ исклучување на пумпните агрегати на бунарските подрачја Нерези и Лепенец со цел одржување на притисокот на потисот на бунаското подрачје кога постои дозвола за работа, односно кога нивото во доводниот канал од изворот Рашче 1 и нивото во каптажата Рашче 2 е под нивото за вклучување - Приказ на статусот на бунарите на бунарските подрачја Нерези и Лепенец на операторски touch панели: во командната куќа на бунарското подрачје на припадните бунари на ПС Рашче II и ХПС Кондово
БАРАЊЕ. 1. Барателите можат да се пријават врз основа на јавното или приватното право на раководителот на инфраструктурата за да побараат договор кој им дава права да ја користат железничката инфраструктура за надоместокот што е предвиден во главата II. 2. Барањата што се однесуваат на редовниот работен возен ред мораат да ги почитуваат роковите одредени во Анексот III. 3. Еден барател, кој е страна во рамковна спогодба, се пријавува во согласност со таа спогодба. 4. Барателите можат да бараат инфраструктурните капацитети да минуваат преку повеќе од една мрежа со пријава кај еден раководител на инфраструктурата. Тој раководител на инфраструктурата тогаш има дозвола да дејствува во име на барателот и да побара капацитети кај други релевантни раководители на инфраструктурата. 5. Раководителите на инфраструктурата обезбедуваат за инфраструктурните капацитети што минуваат повеќе од една мрежа барателите да можат да се пријават директно кај секој заеднички орган основан од раководителите на инфраструктурата.
БАРАЊЕ за издавање на двојазичен образец за работници упатени на привремена работа во држава со која РМ има склучено (преземено) Договор за социјално осигурување
БАРАЊЕ. 2.1. Банката го склучува овој Рамковен врз основа на Барање за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги (во натамошниот текст: “Барањето”) на Корисникот, која е составен дел на Договорот. 2.2. Банката се обврзува да му овозможи на Корисникот да ги користи услугите наведени во Барањето и со одредбите на овој Договор.

Related to БАРАЊЕ

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОУД 48.1 Валутата на земјата на работодавачот е: Македонски денари (МКД).

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да IV.1.2) Гаранција на понудата: Не IV.1.3) Изјава за сериозност: Да IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не IV.1.5) Авансно плаќање: Не IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не

  • Информации од доверлив карактер 1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и истата да ја достави заедно со својата понуда. 1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер. 1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.