Прилог 1 – Образец на понуда Error! Bookmark not defined. Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата Error! Bookmark not defined. Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста Error! Bookmark not defined.
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
ЗА НАБАВКА НА
Чистење на канали за климатизација и вентилација со замена на филтри
Ноември, 2022
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За поедноставена отворена постапка за набавка на Чистење на канали за климатизација и вентилација со замена на филтри
Тендерската документација содржи:
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА 4
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 7
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 12
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 13
8. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА 14
Прилог 1 – Образец на понуда Error! Bookmark not defined.
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата Error! Bookmark not defined.
Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста Error! Bookmark not defined.
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и договорниот орган чиј предмет е снабдување стоки и обезбедување услуги;
„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки и услуги;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки и услуги;
„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
„Технички спецификации“ се:
- во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
„Писмено“ или „во писмена форма“ e секој израз што се состои од зборови или бројки што можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации што се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства, под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува;
„Електронско средство“ е електронска опрема за обработка и чување податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесуваат, испорачуваат и примаат преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорниот орган е ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје, адреса Париска бб.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Бобан Јоноски, телефон 000 000 000, факс 30 87 455, електронска адреса xxxxx@xxxxxxx.xxx.xx
1.3 Предмет на постапката за јавна набавка
1.3.1 Предмет на набавка е Чистење на канали за климатизација и вентилација со замена на филтри.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
1.3.2 Предметот на набавката е неделив.
1.3.3 Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 12 месеци.
1.4 Применливи прописи
1.4.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2019) и важечките подзаконски акти.
1.4.2 При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци).
1.5 Општи мерки за спречување на корупцијата
1.5.1 Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.6 Вид на постапка за јавна набавка
1.6.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на поедноставена отворена постапка.
1.6.2 Оваа постапка се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2 Појаснување на тендерската документација
2.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот „Прашања и одговори“ на ЕСЈН, најмалку шест дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.2.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.3 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.3.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од четири дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.3.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните шест дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА 3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
- членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
- членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
- членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
- краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН.
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Посета на локација
3.2.1 Не е предвидена посета на локацијата.
3.3 Трошоци за поднесување на понуда
3.3.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.4 Јазик на понудата
3.4.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.5 Алтернативна понуда
3.5.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.6 Цена на понудата
3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
3.7 Корекција на цени
3.7.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.8 Начин на извршување на услугата
3.8.1 Носителот на набавката се обврзува услугите да ги извршува на лице место или во сопствениот сервис со превземање и враќање на истите без дополнителен надоместок и во задолжителниот рок за извршување на услугата.
3.9 Рок за извршување на услугата
3.9.1 Носителот на набавката е должен да се јави веднаш по телефонско јавување од страна на надлежните служби на договорниот орган, а услугата да ја заврши успешно во рок од 24 часа, при што барањата на договорниот орган ќе имаат предност во однос на барањата од трети лица. Интервенциите и испораките може да се одвиваат во работно време од понеделник до петок од
08.00 до 16.00 часот или вон работно време, за викенд, за празник и во други итни ситуации.
Рокот за интервенциите и испораките е задолжителен. Секоја понуда која содржи рок на испорака поинаков од утврдениот во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
3.10 Начин на плаќање
3.10.1 Начин на плаќање е вирмански во рок од 60 дена по извршена испорака. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
3.11 Период на важност на понудата
3.11.1 Понудата треба да е со важност од 90 дена.
3.11.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.12 Средства за обезбедување 3.12.1 Гаранција на понудата
3.12.1.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.12.1.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
- нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
- ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
- ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда или
- ќе ја обезбеди гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот, ако договорниот орган ја предвидел во тендерската документација.
3.12.2 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
3.12.2.1 Договорниот орган ќе бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вид на банкарска гаранција во вредност од 5% од вредноста на договорот за јавна набавка.
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на
обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот „Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот „Документи“.
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
- содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
- во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.11.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 22.11.2022 година, до 09:00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2),
- Изјава за докажување способност (Прилог 3) или документи за докажување на способност
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 22.11.2022 во 09:00 часот, во време определено во тендерската документација како краен рок за поднесување на понудите, во просториите на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје, Париска бб.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ 5.1 Утврдување способност
5.1.1 Во постапката за јавна набавка ќе може да учествуваат економски оператори за кои, договорниот орган преку придружната документација утврдува:
- дека не постојат причини за исклучување од постапката,
- дека се исполнети условите за квалитативен избор, и тоа:
а) способност за вршење професионална дејност;
5.1.2 Економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста или документи за утврдување способност.
5.1.3 Доколку економскиот оператор во прилог на понудата доставува изјава за докажување на способноста, истата треба да биде изработена на образецот даден во Прилог 3 од тендерската документација и да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него.
ДОКОЛКУ ЕКОНОМСКИОТ ОПЕРАТОР ВО ПРИЛОГ НА ПОНУДАТА ДОСТАВУВА ИЗЈАВА ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВИ ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ СПОСОБНОСТ или ДОКОЛКУ ДОСТАВУВА ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ СПОСОБНОСТ НЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВИ ИЗЈАВА ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТ.
5.1.4 Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен да ги достави документите за утврдување способност, доколку не ги доставил со понудата.
5.1.5 Договорниот орган ги прифаќа документите за утврдување на способност од точка 5.1.4 на овој член кои се издадени и по крајниот рок за поднесување на понудите.
5.1.6 Придружната документација се поднесува во скенирана електронска форма.
5.2 Причини за исклучување од постапката
5.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за јавна набавка економскиот оператор:
1) доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик.
2) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
3) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
4) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
5) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
6) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
7) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
5.2.2 Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци.
5.2.3 Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за јавна набавка во случаите доколку:
a) договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со договорниот орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, барање оштета или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган; в) економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
5.2.4 За докажување дека не постојат услови за исклучување од постапката, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има
овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
5.2.5 Изјавата од алинеја 1 од потточка 5.2.4 ја изготвува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
5.2.6 Потврдите од потточка 5.2.4 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако тие не ги опфаќаат сите горенаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
5.2.7 Документите од потточка 5.2.4 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
5.3 Услови за квалитативен избор
5.3.1 Способност за вршење на професионална дејност
5.3.1.1 Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.1.3 За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави:
- Потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.3.4 Користење способност од други субјекти
5.3.4.1 Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на економската и финансиската состојба и техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти.
5.3.4.2 Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара таквата способност.
5.3.4.3 Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со Xxxxxx дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
5.3.4.4 Со цел договорниот орган да може да провери дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, економскиот оператор треба да ја достави документацијата наведена во точките 5.2.4, 5.3.1.3, 5.3.2.2 и 5.3.3.2 од оваа тендерска документација.
5.3.4.5 Доколку економскиот оператор користи способност од друг субјект во однос на условите што се однесуваат на економската и финансиската состојба, договорниот орган може да побара економскиот оператор и субјектот кој дава поддршка да преземат солидарна одговорност за извршување на договорот.
5.3.4.6 Ако во постапката учествува групата економски оператори, истата може да ја користи способноста на членовите во групата или на други субјекти на начин утврден во точките 5.3.4.2 и
5.3.4.3 од оваа потточка.
5.3.4.7 Договорниот орган може, во случаите на јавна набавка на стоки кои вклучуваат услуги за нивно поставување или вградување, услуги и работи, да бара некои од клучните задачи да ги изврши понудувачот, а во случај на групна понуда, да ги извршат учесниците во оваа група.
5.6 Критериум за избор на најповолна понуда
5.6.1. Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на цената.
5.6.2. За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.7 Евалуацијата на понудите
5.7.1. Кај поедноставената отворена постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
5.7.2. При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.7.3 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.7.4. Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.7.5. Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.7.6. Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.7.7. По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.8 Заштита на податоци
5.8.1. Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како деловна тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.8.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.8.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените
стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
5.9 Исправка на аритметички грешки
5.9.1 Кога има несовпаѓање меѓу вкупниот збир на единечните цени на деловите и износот кој е даден како вкупна цена, тогаш преовладува збирот на единечните цени, а вкупната цена треба да биде соодветно исправена.
5.9.2 Доколку постои несовпаѓање помеѓу единечните цени и вкупната цена која е добиена со единечните цени помножени со дадените количини, тогаш преовладува единечната цена и вкупната цена ќе се исправи, освен ако според мислењето на договорниот орган постои очигледно несовпаѓање на децималите во однос на единечната цена, а во тој случај единечните цени треба да бидат исправени соодветно на вкупната цена.
5.9.3 Кога постои целосно несовпаѓање меѓу вкупната цена и збирот на поединечните цени, тогаш преовладува збирот на единечните цени, а вкупната цена треба соодветно да биде исправена.
5.9.4 Во случај на несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, освен ако напишаниот износ со зборови произлегува од аритметичка грешка, а во тој случај, треба да се постапи соодветно на горенаведените точки 5.9.1 и 5.9.2.
5.9.5 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.10 Поништување на постапката
5.10. 1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.10.2. Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ИЛИ НА РАМКОВНАТА СПОГОДБА 6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе ја донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој
не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи
договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи со кои се уредува предметот на набавка.
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка
или рамковната спогодба и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3. Кај поедноставената отворена постапка, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
1. објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
2. објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
3. отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
4. прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
7.1.4 Жалителот кој пропуштил да изјави жалба во однос на основите од потточка 7.1.3 од 1, 2, 3 и 4, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1. Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
А. ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје,
Париска бб, тел.3087400, факс 3087607, застапувано од директорот Проф. Д-р. Христијан Костов, (во понатамошниот текст „Договорен орган“) од една страна,
Б. НОСИТЕЛ НА НАБАВКА:
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор е набавка на Чистење на канали за климатизација и вентилација со замена на филтри наведени по вид и количина во Спецификација во прилог бр. 1 на овој Договор, кој носителот на набавката се обврзува да ги испорача, а договорниот орган да ги превземе и плати во согласност со одредбите од овој Договор.
Спецификацијата во прилог бр. 1, која е составен дел на овој Договор содржи реден број, назив на услугата, единица мерка, количина, единечна цена без ДДВ, во денари и вкупна вредност, без ДДВ, во денари и е потпишана и оверена од двете договорни страни.
Доколку за некои услуги/стоки од предметот на Договорот, договорниот орган има потреба од набавка на поголеми количини од договорените, истото може да го реализира за сметка на други стоки од спецификацијата но при тоа вкупната сума да не ја надмине вредноста на Договорот.
ЈАЗИК НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Јазик на Договорот и на другите документи кои претставуваат составен дел на Договорот, е Македонскиот јазик. Јазик на целата комуникација во писмена форма помеѓу договорните страни е на Македонски јазик.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Цените на услугите од член 1 на овој Договор се дадени во Спецификацијата во прилог бр. 1 на овој Договор. Вкупната вредност на Договорот изнесува xxxxxxxx денари без ДДВ и со ДДВ xxxxxxxxxx денари.
Во вкупната цена на набавка е засметана вредноста на придружните услуги, сите трошоци и попусти, а вредноста на ДДВ е искажана посебно.
Доколку по исцрпување на Договорот дојде до итна потреба за зголемување на потребните количини, носителот на набавката се обврзува дека во постапка со преговарање нема да дојде до зголемување на цената на стоките, односно ќе останат исти.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 4
Договорот се склучува на определено време за период од 12 (дванаесет) месеци од денот на склучувањето.
ДИНАМИКА И НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГАТА
Член 5
Носителот на набавката е должен да се јави веднаш по телефонско јавување од страна на надлежните служби на договорниот орган, а услугата да ја заврши успешно во рок од 24 часа, при што барањата на договорниот орган ќе имаат предност во однос на барањата од трети лица. Интервенциите и испораките може да се одвиваат во работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00 часот или вон работно време, за викенд, за празник и во други итни ситуации.
Рокот за интервенциите и испораките е задолжителен. Секоја понуда која содржи рок на испорака поинаков од утврдениот во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Носителот на набавката е должен за испорачаната стока да достави Упатство за нејзино користење на македонски јазик.
ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 6
Во случај на доцнење со испораката на од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна.
Договорната казна се определува во висина од 2 промила дневно, но износот не може да биде поголем од 5% од вредноста на подоцна испорачаната стока.
Во случај на 2 (две) последователни неиспораки, Договорниот орган има право по предходно доставено писмено известување до Носителот на набавката во дополнително оставен рок, да го раскине Договорот со проста изјава и да склучи Договор со второрангираниот понудувач.
Во случај на став 3 од овој член, Носителот на набавката е должен да му ја надомести штетата на Договорниот орган.
Договорниот орган неможе да бара договорна казна поради задоцнување ако го примил исполнувањето на обврската, а без одлагање не му соопштил на Носителот на набавката дека го задржува своето право на договорна казна.
ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ФАКТУРАТА
Член 7
При изготвувањето на фактурата, Носителот на набавката е должен да ги наведе следните елементи: назив на Договорниот орган, место, седиште, даночен број;
- број и датум на Договорот;
- количини со опис на стоката, дефинирани по елементи како во член 2 од договорот;
- единечни договорни цени на секој од елементите;
- вкупни цени по елементи;
- вкупна цена на фактурата;
- пресметка за ДДВ;
- валута на плаќање.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 8
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Носителот на набавката да го врши во рок од 60 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на Договорниот орган, на сметка и банка за која писмено ке го извести Носителот на набавката.
Прилог на фактурата е уредно заверена испратница.
РАЗЛИКИ ВО ЦЕНА
Член 9
Договорниот орган и Носителот на набавката немаат право на промена на цената на услугата/стоката. Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 10
Навременото и квалитетно извршување на Договорот, Носителот на набавката го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за Договорниот орган.
Висината на банкарската гаранција изнесува 5% од вредноста на договорот. Гаранцијата се наплаќа во следните случаи:
- доколку Носителот на набавката не го почитува договорениот рок за поправка утврден во член 10 од овој Договор;
- по дополнително доставено писмено известување од страна на Договорниот орган и оставен рок од 3 (дена) за поправка на стоката/те;
-во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаната стока/и, верификувано од независна институција за контрола на квалитетот на испорачаната стока/и;
-во случај на раскинување на Договорот по вина на Носителот на набавката;
Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
Гаранцијата за извршување на договорот во услови на навремено и квалитетно извршување на Договорот, му се враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена по целосното извршување на договорот.
Носителот на набавката е должен на Договорниот орган да му достави банкарска гаранција во висина од 5 проценти, со која се обврзува дека навренемо, квалитетно и според условите од договорот ќе ја изврши испораката на стоката која е предмет на овој договор.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде наплатена доколку носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
Договорниот орган ќе ја врати банкарска гаранција од став 1 на овој член на Носителот на набавката, во рок од 14 дена, по истекот на гарантниот период.
КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА КОНТРОЛА
Член 11
Квалитативен и квантитативен прием на стоката од член 1 од овој Договор врши Договорниот орган, со документ (испратница) потпишана од двете договорни страни.
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на испорачаната стока.
Квалитетот на стоката од член 2 на овој Договор мора да одговара на декларираните карактеристики на производителот.
Квалитетот го гарантира носителот на набавката, во рамки на утврдените стандарди на производителот и одговара на одредбите од Законот за лековите и медицинските помагала („Службен весник на РМ“ бр. 106/07).
Стоката од член 1 на овој Договор, носителот на набавката се обврзува да ја испорача во оригинална гратис амбалажа на производителот.
ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Член 12
Носителот на набавката е должен да ја испорача стоката на Договорниот орган во времето и на местото предвидено со овој договор. Носителот на набавката ја извршил обврската од став 1 на овој член, по правило, кога стоката ќе му ја врачи на Договорниот орган. Носителот на набавката е должен да ја испорача стоката на Договорниот орган во исправна состојба.
Носителот на набавката се обврзува вршењето на дефектажа на апаратите да го изврши во присуство на овластено лице на договорниот орган и за истото да изготви записник потпишан од двете договорни страни.
Носителот на набавката се обврзува да обезбеди оригинални делови и потрошен материјал, потребни за сервисирање, одржување и поправка на средствата. Сите заменети стари делови уредно да ги предаде на крајниот корисник, по документ (записник).
Носителот на набавката се обврзува за средствата чија поправка е нерентабилна, да даде писмена проценка за состојбата на
истите.
Носителот на набавка е должен најдоцна 3 (три) дена пред да ја изврши испораката, за тоа писмено да го извести набавувачот-
примателот на средствата од член 1 на овој Договор.
Во известувањето потребно е носителот на набавка да го наведе точниот датум и време на испорака, како и име и презиме на лицата кои ќе ја вршат испораката.
Носителот на набавката превзема обврска во согласност со прописите за тестирање и вообичаените правила за одржување и сигурност на шишињата да врши правилно одржување и сервисирање на сите шишиња т.е. и на оние што се во сопственост на договорниот орган заради гарантирање на нивната сигурност.
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
Член 13
Договорниот орган е должен да ја плати договорената цената на Носителот на набавката, по испорака на стоката во рок од 60 дена од денот на доставувањето на фактура од страна на Носителот на набавката, пополнета на начин пропишан со тендерската документација.
НАЧИН НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА СТОКАТА
Член 14
Носителот на набавката е должен да му ја предаде стоката на Договорниот орган во времето и на местото предвидено со овој договорот.
Носителот на набавката ја извршил обврската за предавање на Договорниот орган, по правило, кога стоката ќе му ја врачи. За примопредавањето се составува записник кој ги содржи особено следните податоци:
1) дали стоката е испорачана во рокот кој е договорен;
2) дали квантитетот и квалитетот на испорачаната стока одговара на договорениот квантитет и квалитет, односно, кои стоки ќе треба да се замената, поправат и во кој рок тоа треба да се стори;
Записникот за примопредавање го потпишуваат двете договорни страни.
Од денот на составувањето и потпишувањето на записникот настануваат последиците во врска со примопредавањето.
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
Член 15
Врз сите евентуални спорови кои би произлегле од овој Договор, ќе се применуваат важечките прописи на Република Македонија.
ВИША СИЛА
Член 16
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на овој Договор до кое би дошло заради Виша сила. Ако една од договорните страни е спречена заради Виша сила должна е во рок од 24 часа писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за Вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
По отстранување на Вишата сила Договорот може да се реализира по потреба со заеднички прифатено дополнување или да се раскине договорно.
ОСИГУРУВАЊЕ
Член 17
До предавањето на стоката на Договорниот орган, ризикот за случајна пропаст или оштетување на стоката го поднесува Носителот на набавката, а со предавањето на предметот ризикот преминува врз Договорниот орган.
Ризикот не преминува врз Договорниот орган ако тој поради некој недостаток на предадената стока го раскинал договорот или барал замена на стоката.
Ако предавањето на стоката не е извршено поради задоцнување на Договорниот орган, ризикот преминува врз Договорниот орган во моментот кога паднал во задоцнување.
ГАРАНТЕН ПЕРИОД
Член 18
Носителот на набавката се обврзува рокот на употреба за испорачаната стока од член 2 на овој Договор, да трае до датумот на употреба назначен на амбалажата на средствата.
Гаранцијата важи под услови на правилно чување на средствата.
Рекламацијата на квалитетот и квантитетот се поднесува во рок од 15 дена од приемот на средствата.
Договорниот орган може поради неисправност на стоката, да бара од Носителот на набавката, односно од производителот, замена на стоката во текот на гарантниот рок, без оглед на тоа кога се појавил недостатокот во функционирањето.
Тој има право на надомест на штетата што ја претрпел поради тоа што бил лишен од употребата на стоката од моментот на барањето замена до нивното извршување.
Ако Носителот на набавката во разумен рок од 10 дена не изврши замена на стоката, Договорниот орган може да го раскине договорот или да ја намали цената и да бара надомест на штетата.
Носителот на набавката, односно производителот е должен на своја сметка да ја пренесе стоката до местото каде што треба да се замени, како и заменетата стока да му ја врати назад на Договорниот орган.
ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДОСТАТОЦИТЕ
Член 19
Носителот на набавката одговара за материјалните недостатоци на стоката што тој ги имал во моментот на преминувањето на ризикот врз Договорниот орган, без оглед дали тоа му било познато.
Носителот на набавката одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминувањето на ризикот врз Договорниот орган ако се последица од причина што постоела пред тоа.
Незначителниот материјален недостаток не се зема предвид.
Член 20
Недостаток постои:
1) ако стоката ги нема потребните својства за нејзина редовна употреба или за промет;
2) ако стоката ги нема потребните својства за особената употреба за која ја набавува Договорниот орган, а која му била позната на Носителот на набавката или морала да му биде позната;
3) ако стоката ги нема својствата и одликите што се изречно или премолчно договорени, односно пропишани, и
4) кога Носителот на набавката предал стока која не е соодветна на мострата или на моделот освен ако мострата или моделот се покажани само заради известување.
Член 21
Договорниот орган е должен примената стока на вообичаен начин да ја прегледа или да ја даде на преглед, штом тоа според редовниот тек на работите е можно и за видливите недостатоци да го извести Носителот на набавката во рок од осум дена, а кај трговските договори без одлагање, инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
Кога прегледот е извршен во присуство на двете страни, Договорниот орган е должен своите забелешки поради видливите недостатоци да му ги соопшти на Носителот на набавката веднаш, инаку го губи правото што му припаѓа врз таа основа.
Член 22
Кога по приемот на стоката од страна на Договорниот орган ќе се покаже дека стоката има некој недостаток што не можел да се открие со вообичаениот преглед при нејзиното преземање (скриен недостаток), Договорниот орган е должен, под закана на губење на правото, за тој недостаток да го извести Носителот на набавката во рок од осум дена, сметајќи од денот кога го открил недостатокот, а кај трговски договор без одлагање.
Носителот на набавката не одговара за недостатоците што ќе се покажат откако ќе изминат шест месеци од предавањето на стоката, освен кога со договорот е определен подолг рок.
Во известувањето за недостатокот на стоката Договорниот орган е должен поблиску да го опише недостатокот и да го повика Носителот на набавката да ја прегледа стоката.
Член 23
Договорниот орган кој навремено и уредно го известил Носителот на набавката за недостатокот може:
1) да бара од Носителот на набавката да го отстрани недостатокот или да му предаде друга стока без недостаток (исполнување на договорот);
2) да бара намалување на цената и
3) да изјави дека го раскинува договорот.
Во секој од овие случаи Договорниот орган има право и на надомест на штетата.
Покрај тоа и независно од тоа, Носителот на набавката му одговара на Договорниот орган и за штетата што овој поради недостаток на стоката ја претрпел на другите свои добра и тоа според општите правила за одговорноста за штета.
Ако Договорниот орган не го добие бараното исполнување на договорот во разумен рок од 10 дена, тој го задржува правото да го раскине договорот.
Договорниот орган може да го раскине договорот само ако претходно му оставил на Носителот на набавката дополнителен примерен рок од 10 дена за исполнување на договорот.
Договорниот орган може да го раскине договорот и без оставање на дополнителен рок ако Носителот на набавката, по известувањето за недостатоците, му соопштил дека нема да го исполни договорот, или ако од околностите на конкретниот случај очигледно произлегува дека Носителот на набавката не ќе може да го исполни договорот ни во дополнителниот рок.
Ако Носителот на набавката во дополнителниот рок не го исполни договорот, тој се раскинува според самиот закон, но Договорниот орган може да го одржи ако без одлагање му изјави на Носителот на набавката дека договорот го одржува во сила.
Член 24
Кога предмет на договорот се повеќе стоки, па само некои од нив имаат недостатоци, Договорниот орган може да го раскине договорот само во поглед на тие стоки, а не и на другите.
Меѓутоа, ако тие сочинуваат една целина така што нивното раздвојување би било штетно, Договорниот орган може да го раскине целиот договор, или ако тој сепак изјави дека го раскинува договорот само во поглед на предметите со недостаток, Носителот на набавката од своја страна може да го раскине договорот и во поглед на другите предмети.
Раскинувањето на договорот поради недостаток на стоката произведува исти дејства како и раскинувањето на двостраните договори поради неисполнување.
ОБЕШТЕТУВАЊЕ
Член 25
Договорните страни се должни да ги исполанат обврските кои произлегуваат од овој Договор.
Кога една од договорните страни не ќе ја исполни обврската или ќе задоцни со нејзиното исполнување, другата договорна страна има право да бара и надомест на штетата што ја претрпел поради тоа.
За штетата поради задоцнување со исполнувањето одговара договорната страна на која другата договорна страна и дала примерен дополнителен рок за исполнување.
Договорната страна одговара и за делумната или целосната невозможност за исполнување иако не ја криела таа невозможност ако настапила по нејзино доаѓање во задоцнување за кое одговара.
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека она што е предмет на обврската случајно би пропаднало и кога таа својата обврска би ја исполнил на време.
Член 26
Договорната страна се ослободува од одговорноста за штетата ако докаже дека не можела да ја исполни својата обврска, односно дека задоцнила со исполнувањето на обврската поради околности настанати по склучувањето на договорот кои не можела да ги спречи, отстрани или избегне.
Член 27
Во случај на измама или намерно неисполнување, како и неисполнување поради крајно невнимание, договорната страна има право да бара од другата договорна страна надомест на целокупната штета што настанала поради повреда на договорот, без оглед на тоа што другата договорна страна не знаела за посебните околности поради кои настанале тие.
Ако при повреда на обврската, покрај штетата, за договорната страна настанала и некоја добивка, при определувањето на висината на надоместот за неа ќе се води сметка во разумна мера.
Страната што се повикува на повреда на договорот е должна да ги преземе сите разумни мери за да се намали штетата предизвикана од таа повреда, инаку другата страна може да бара намалување на надоместот.
Договорната страна која е должна да ја извести другата страна за фактите што се од влијание врз нивниот меѓусебен однос, одговара за штетата што ќе ја претрпи другата страна поради тоа што не била известена на време.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 28
Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред арбитражна комисија која ќе ја сочинуваат 3 (три) члена и тоа по 1 (еден) од двете договорни страни, а третиот член ќе го одберат заеднички од редот на арбитрите на Арбитражниот суд при Стопанска Комора на Република Северна Македонија.
Доколку Арбитражната Комисија не даде обострано прифатливо решение сите евентуални спорови ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
УСЛОВИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ ИЛИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 29
Кога една од договорните страна не ќе ја исполни својата обврска, другата договорна страна, може да бара исполнувањето на обврските или да го раскине договорот, а во секој случај има право на надомест на штетата.
Кога една од договорните страна не ќе ја исполни својата обврска во определениот рок, другата договорна страна, ќе и остави примерен дополнителен рок од 15 дена за исполнување на обврската.
Ако договорните страна која не ја исполнила својата обврска во определениот рок, не ја исполни обврската ни во дополнителниот рок, другата договорна страна, може да го раскине договорот.
Договорниот орган може да го раскине договорот и без да му остави на Носителот на набавката, дополнителен рок за исполнување ако од неговото однесување произлегува дека тој нема да ја изврши својата обврска ниту во дополнителниот рок.
Кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската е очигледно дека едната договорна страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата страна може да го раскине договорот и да бара надомест на штетата.
Член 30
Кога во Договорот со последователни обврски (сукцесивна испорака), Носителот на набавката не ќе ја исполни својата обврска од Договорот, Договорниот орган може во разумен рок, да го раскине Договорот во поглед на сите идни обврски, ако од дадените околности е очигледно дека и тие нема да бидат исполнети.
Договорниот орган може да го раскине договорот не само во поглед на идните обврски, туку и во поглед на веќе исполнетите обврски, ако нивното исполнување без изостанатите исполнувања не е од интерес за него.
Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање.
Член 31
Договорот не може да се раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврската.
Член 32
Со раскинувањето на договорот двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета.
Ако една страна го извршила договорот целосно или делумно има право да и се врати она што го дала.
Ако двете страни имаат право да бараат враќање на даденото, заемните враќања се вршат според правилата за извршувањето на двостраните договори.
Секоја страна и должи на другата надомест за користа што во меѓувреме ја имала од она што е должна да го врати, односно да го надомести.
Страната што враќа пари е должна да плати затезна камата од денот кога ја примила исплатата.
ЗАВРШНИ И ОПШТИ ОДРЕДБИ
форма.
Член 33
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена
Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување на Договорот за изменување и дополнување
на основниот Договор.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна, без взаемна писмена согласност.
Овој Договор е составен во 5 (пет) еднакви примероци, од кои 2 (два) се за носителот на набавката, а 3 (три) за договорниот орган и стапува во сила со денот на неговото склучување.
Изработил: Бобан Јоноски Одобрил: Ѓорѓе Тошиќ | |
НОСИТЕЛ НА НАБАВКА XXXXXX УПРАВИТЕЛ XXXXXXX | ДОГОВОРЕН ОРГАН ЈЗУ ГРАДСКА ОПШТА БОЛНИЦА „8-ми СЕПТЕМВРИ“ СКОПЈЕ ДИРЕКТОР Проф. Д-р. Христијан Костов |
Предмет на договорот за јавна набавка се Чистење на канали за климатизација и вентилација со замена на филтри.
Реден број | Опис на постапка | Единица мерка | количина |
1 | Чистење на лимени канали од поцинкуван лим на климатизација со робот за хоризонтални и вертикални канали со издавање на мониторинг снимка. | M2 | 1 |
2 | Чистење на лимени канали од поцинкуван лим на вентилација со робот за хоризонтални и вертикални канали со издавање на мониторинг снимка. | M2 | 1 |
3 | Отварање и затварање на ревизини отвори на лимените канали со атестиран поклопец | парче | 1 |
4 | Отварање и затварање на ревизини отвори во рабиц мрежа | парче | 1 |
5 | Отварање и затварање на ревизини отвори во гипскартон прегради | парче | 1 |
6 | Чистење на решетки | парче | 1 |
7 | Испитување на непропусливост на лимени канали | M2 | 1 |
8 | Интервенција на оштетени канали од корозија со помош на сув мраз | M2 | 1 |
9 | Стерилизација на простории со помош на озон (озон генератор) | M2 | 1 |
10 | Чистење на топлоизменувачи наклима комори со активна пена | M2 | 1 |
11 | Редовна тримесечна контрола на системите за стерилизација AIR KNIGHT IPG инсталирани во вентилационите канали | паушал | |
12 | Хепа филтер Н14 по класа минимум МКС ЕН 1822-1- 2012.Материјал од алуминумска рамка,експандирана мрежа на двете страни,дихтунг гел поради изведба на рамките каде се вградуваат. Q=3400m3/h,пад на притисок 135 Ра или помал Дим.1525/610/69мм | парче | 1 |
13 | Хепа филтер Н14 по класа минимум МКС ЕН 1822-1- 2012.Материјал од алуминумска рамка,експандирана мрежа на двете страни,дихтунг гел поради изведба на рамките каде се вградуваат. Q=630m3/h,пад на притисок 250 Ра или помал Дим.203/610/292мм | парче | 1 |
14 | Хепа филтер Н14 по класа минимум МКС ЕН 1822-1- 2012.Материјал од алуминумска рамка,експандирана мрежа на двете страни,дихтунг гел поради изведба на рамките каде се вградуваат. Q=940m3/h,пад на притисок 95 Ра или помал Дим.762/762/90мм | парче | 1 |
15 | Хепа филтер Н14 по класа минимум МКС ЕН 1822-1- 2012.Материјал од алуминумска рамка,експандирана мрежа на двете страни,дихтунг гел поради изведба на рамките каде се вградуваат. Q=753m3/h,пад на притисок 95 Ра или помал Дим.762/610/90мм | парче | 1 |
16 | Филтер со дим.892/287/96мм Со Рм 2,5 од 65% до 70% according iso 16890 Eurovent4/23-2017 ,пад на притисок 75 Ра или помал. Мини плеат изведба и бактерициден премаз на филтер касетите.(intersept или слично). | парче | 1 |
• За Хепа филтрите понудувачите да достават индивидуален скин тест (Individual test report to) ЕN 1822,2009
• И да се обврзат дека ке ги монтираат со скенирање на секој филтер за што ке донесат дополнително извештај за исправно работење.
• Избраниот понудувач при испорака на секој поединечен филтер од типот на апсолутни филтри(класа Н13, Н14) да го наведе серискиот број и да достави тест сертификат за непропусливост според МКС ЕН 1822-1,2009 или еквивалентно.
• При монтажата потребно е да се изврши стерилизација со УВ радијација или со озонирање.