Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот Примери за клаузули

Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот. Економскиот оператор да има вработено или ангажирано лица кои ќе бидат одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, за кои лица економскиот оператор треба да се обезбеди дека нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на овој договор за јавна набавка, и тоа лица кои ќе ги покриваат минимум следниве области, односно ќе ги вршат следниве задачи: • Тим лидер – експерт за земјоделство -пасишта (Клучен експерт бр.1), • Експерт за земјоделство - земјоделски култури (Клучен експерт бр.2), • Експерт за земјоделство -сточарство (Клучен експерт бр.3), • Експерт за биодиверзитет (Клучен експерт бр.4) • Експерт за шумарство (Клучен експерт бр.5) • Експерт за ГИС (Клучен експерт бр.6). Едно исто лице може да се предложи за вршење на само една задача. Во спротивно, понудата на понудувачот ќе биде отфрлена како неприфатлива.
Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот. Економскиот оператор да има ангажирано лица кои ќе бидат одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, за кои лица економскиот оператор треба да обезбеди дека нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на овој договор за јавна набавка. Во биографиите на предложените членови на тимот треба јасно да се изнесе релевантноста и подрачјата кои секој од нив ќе ги покрие, како и нивните квалификации за проектната задача. Понудувачот потребно е да понуди тим од квалификувани експерти со искуство во полиња релевантни на програмската задача. Тимот треба да биде раководен од главен координатор на проектот и да вклучува клучни експерти за одредени специфични области и тоа: Дозволено е главниот координатор на проектот да биде еден од клучните експерти за геологија или геоморфологија. Доколку понудувачот предложи повеќе од еден експерт за некоја/секоја од специфичните области, тогаш треба да се назначи кој е клучен експерт бидејќи само клучните експерти ќе бидат оценувани во процесот на евалуација на техничките понуди.
Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот. Понудувачот да има вработено или ангажирано лица кои ќе бидат одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, за кои лица понудувачот треба да се обезбеди дека нема да бидат ангажирани од друг понудувач за извршување на задачите предмет на конкретниот повик, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на овој договор, и тоа лица кои ќе ги покриваат минимум следниве области, односно ќе ги вршат следниве задачи: - тим лидер и дизајнер на кампањата - експерт за заштитени подрачја - експерт за биолошка разновидност - концепт експерт - пр одговорно лице - интернет маркетинг Во биографиите на предложените членови на тимот треба јасно да се изнесе релевантноста и подрачјата кои секој од нив ќе ги покрие, како и нивните квалификации за проектната задача. Лицата одговорни за реализација на оваа програмска активност треба да ги поседуваат следниве квалификации: - учество во најмалку 10 (десет) проекти од различни области како дизајнер и одговорен за комуникации - учество во најмалку 5 (пет) проекти од областа на заштита/зачувување на природата како дизајнер и одговорен за комуникации - учество во најмалку 2 (два) проект од областа на заштита/зачувување на природата во подрачјето од интерес, како дизајнер и одговорен за комуникации - учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на заштита/зачувување на природата како експерт за заштитени подрачја - учество во најмалку 1 (еден) проект од областа на заштита/зачувување на природата во подрачјето од интерес, како експерт за заштитени подрачја - учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на заштита/зачувување на природата како експерт за биолошка разновидност - учество во најмалку 1 (еден) проект од областа на заштита/зачувување на природата во подрачјето од интерес, како за биолошка разновидност - учество во најмалку 5 (пет) проекти од различни области како концепт експерт - учество во најмалку 1 (еден) проект од областа на заштита/зачувување на природата, како концепт експерт - учество во најмалку 5 (пет) проекти од различни области како ПР одговорно лице и - учество во најмалку 1 (еден) проект областа на заштита/зачувување на природата, како ПР одговорно лице Врз основа на јавниот повик број 0507-201/2/2016 објавен од страна на Центар за развој на Источен плански регион - Штип, за доделување на договор за набавка на услуги

Related to Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.