Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
Оглас Набавка на ХТЗ Опрема за потребите на ТППЕ во рамките на Општина Штип 35000000-4 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.700.000,00ден. Март Набавка на мебел за потребите на ОпштинаШтип 39100000-3 Стоки Набавки одмала вредност 600.000,00ден. Март Набавка на информатичка опрема за потребите на Општина Штип 30200000-1 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.000.000,00ден. Март Набавка на електрична енергија за потребитена Општина Штип 09310000-5 Стоки Отворенапостапка 16.000.000,00ден. Март Набавка на професионални правосмукалки 39700000-9 39200000-4 Стоки Набавки од мала вредност 300.000,00ден. Април Набавка на моторни бензини и дизел гориво за потребите на Општина Штип и ТППЕ во рамките на Општина Штип 09100000-0 Стоки Поедноставена отворенапостапка 1.000.000,00ден. Јуни Новогодишни украси за потребите наОпштина Штип 39295500-1 Стоки Набавки одмала вредност 300.000,00ден. Јули 79800000-2 Знамиња за потребите на Општина Штип 19000000-6 Стоки Набавки од мала вредност 270.000,00ден. Ноември 22000000-0 Набавка на батерија акомулатор за електрично возило во сопственост на Општина Штип 31400000-0 Стоки Набавки од мала вредност 150.000,00ден. Декември Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги
Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Информации од доверлив карактер 1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација и истата да ја достави заедно со својата понуда. 1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер. 1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
Инструкции За Економските Оператори II ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој договор се следните прилози, и тоа: - тендерската документација, - техничките спецификации, и - понудата на Носителот на набавката. За сите права, обврски и одговорности кои произлегуваат за договорните страни, а кои не се наведени во договорот, соодветно ќе се применуваат одредбите содржани во прилозите (наведени во став 1 на овој член) кои се составен и интегрален дел на овој договор.